Ерусалим Израелската влада усвои решение за ослободување на повеќе од 450 палестински затвореници пред меѓународната средба за Блискиот исток, која треба да се одржи кон крајот на ноември во САД, соопшти висок израелски претставник.
Анаполис Израелците и Палестинците се согласни веднаш да започнат мировни преговори, во насока на воспоставување на палестинска држава и траен мир со Израел, и да ги завршат до крајот на 2008. година. Ова синоќа го изјави американскиот претседател Џорџ Буш, на отварање на еднодневната блискоисточна ...
Лисабон Израелската министерка за надворешни работи Ципи Ливни го повика арапскиот свет да го поддржи процесот на преговори меѓу Израел и Палестинците, не прецизирајќи го исходот. „Очекуваме арапскиот свет да го поддржи преговарачкиот процес и умерените Палестинци, а не да го диктираат резултатот ...
Газа Неколку илјади Палестинци, кои се противат на блискоисточната мировна конференција во Анаполис, денеска протестираат во центарот на градот Газа, пренесуваат локалните медиуми. Пoголемиот дел од демонстрантите се млади луѓе кои во градот пристигнаа со автобуси од сите делови на Појасот Газа.
Ерусалим Значителното присуство на арапски држави на меѓународната средба за израелско – палестинскиот конфликт што се одржува во Анаполис, се објаснува со заканата што ја претставува Иран за блискоисточниот регион. Ова денеска за државното радио го изјави израелскиот претседател Шимон Перес.
Рамала Влијателен милијардер основа нова партија во Палестина, добивајќи ја подршката на околу стотина палестински бизнисмени, незадоволни од работата на Фатах и Хамас. Партијата на милијардерот Муниб ал Масри се вика „Палестински форум“, а цел на нејзиното делување ќе биде економијата, социјалната ...
Кондолиза Рајс и Ехуд Олмерт Израел и Палестинците се надеваат дека ќе се направи документ што ќе послужи како основа за преговори за границите, Ерусалим и за палестинските бегалци ЕРУСАЛИМ - Израелскиот министер за надворешни работи вчера и' кажа на американската државна секретарка Кондолиза Рајс ...
Рамала Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го повика својот народ да го сруши исламистичкото движење Хамас, и додаде дека Палестинците се подготвени за „вистински мир“ со Израел. „Мораме да го урнеме Хамас кој што насила ја презеде контролата над Појасот Газа и кој што го искористува ...