TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вниманието насочено против трите пресуди на новинарите

А1 - 15.11.2003

Неделава што изминува вниманието на јавноста беше насочено кон трите судски пресуди што ги заработија новинарите Крамарска, Антоновски и Маркозанов. 100.000 денари за Антоновски, 20.000 за Крамарска и условно една година или два месеци затвор за Маркозанов се изречените казни.

Уште еден осуден новинар

А1 - 14.11.2003

По Соња Крамарска од „Утрински весник“ и Драган Антоновски од судот ригорозно казнет уште еден новинар. Зоран Маркозанов главен и одговорен уредник на неделникот „Зум“ заработи казна една година условно, ако ја прекрши ќе му следуваат 2 месеци затвор.

Крамарска не кажала лага за Андов

Утрински - 14.11.2003

РЕАКЦИИ Асоцијацијата на печатени медиуми - Македонија (АПМ), во која членуваат 15 највлијателни дневни весници, неделници и новинската агенција Макфакс, изразува најостар протест против прогласувањето на новинарката Соња Крамарска од ?Утрински весник" за виновна за навреда поради искажување на ...

Кривичарите изненадени од експедитивноста на судовите

Утрински - 14.11.2003

ЕКСПЕРТИ Експертите по кривично право во земјава се изненадени од експедитивноста на судовите во случаите на новинарите. „Едноставно, ова е новина во судската практика, затоа што, според моите сознанија, судските спорови, кога станува збор за клевета и навреда, досега траеја со години.

Пресудите се притисok врз медиумите

Дневник - 14.11.2003

ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ РЕАГИРА ЗНМ бара да не постои затворска казна за клевета и навреда Здружението на новинарите (ЗНМ) и Синдикатот на издавачката дејност реагираа поради тоа што тројца новинари за еден месец се осудени за клевета и навреда.

Двајца новинари добија парични казни за клевета

А1 - 13.11.2003

Судските пресуди на Соња Крамарска и Драган Антоновски се изрекуваат во време кога се подготвуваат измените во кривичниот законик и со кој за новинарите се предвидуваат ригорозни парични и затворски казни за изречени навреди и клевети.

"Случајот Крамарска" е многу матен тврди, Ѓорѓи Марјановиќ

Утрински - 13.11.2003

Реакции од познат кривичар и од ЗНМ на изречената пресуда против новинарката на "Утрински весник" Во врска со изречената пресуда на новинарката на "Утрински весник", Соња Крамарска, претседателот на Лигата за демократија и професор по кривично право на Правниот факултет во Скопје, Ѓорѓи Марјановиќ, ...

ЗНМ „Револт поради експресно изречената пресуда за Соња Крамарска новинар на Утрински Весник“

Канал5 - 13.11.2003

Здружението на новинарите на Македонија го изразува својот револт против експресно изречената пресуда на колешката од утрински весник, Соња крамарска. ЗНМ не навлегува во правото на судот да си ја врши својата работа и да изрече пресуда на секој вино Здружението на новинарите на Македонија го ...

Новинарка го изгуби процесот против Стојан Андов

А1 - 12.11.2003

Експресна судска постапка и еден новинар е осуден за навреда на јавна личност. Казната е 20.000 денари. Во понеделникот новинарката на „Утрински весник“ Соња Крамарска го изгубила процесот. Претходно јавното обвинителство по службена должност ја обвинува новинарката за навреда на тогашниот ...

Новинарката Крамарска од "Утрински весник" осудена за навреда на Андов

Утрински - 12.11.2003

Судството ажурно во заштита на политичарите од новинарски критики Завчера во Основниот суд 1 во Скопје судијката Гордана Димова и изрече пресуда на новинарката на "Утрински весник" Соња Крамарска за кривично дело навреда на поранешниот претседател на Собранието на Македонија Стојан Андов.