TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црвенковски доби предизборно ветување од Бучковски

Утрински - 22.04.2006

Претседателот и премиерот повторно во љубов, а СДСМ ги засилува своите редови Дали премиерската и лидерска суета на Бучковски ќе ги голтне овациите на членството на СДСМ упатени до Црвенковски Соња Крамарска "Ќе победиме на претседателските избори во 2009 година и ќе му дадеме уште еден мандат на ...

Дувнаа 15 свеќички и си посакаа победа

Време - 21.04.2006

СДСМ ВО РОДЕНДЕНСКА ЕУФОРИЈА Со пораки дека ќе победат и на претстојните парламентарни избори и дека ќе ја внесат Македонија во ЕУ, но и со мала доза на самокритичност за грешките, сдсмовците прексиноќа еуфорично го прославија 15-тиот роденден, на свечена академија во Универзалната сала во Скопје.

Роденденска честитка со потпис за изборна победа

Утрински - 21.04.2006

Владејачките социјалдемократи го славеа 15. роденден на партијата Овации и скандирања за претседателот Црвенковски, кој дојде на роденденската свеченост на СДСМ Со свечена академија во Универзална сала во Скопје, со ветувања за победа на претстојните парламентарни избори, со тапани и роденденски ...

Бучковски му вети уште еден мандат на Црвенковски

Утрински - 21.04.2006

Ветување Лидерот на СДСМ и актуелен премиер, Владо Бучковски, му вети уште еден мандат на шефот на државата, Црвенковски. "Победив на локалните избори во 2005 година, ќе победиме на парламентарните избори во 2006 година, а ќе победиме и на претседателските избори во 2009 година и ќе му дадеме уште ...

Опозицијата го обвини СДСМ за негативна кампања

Утрински - 21.04.2006

Реакција на експерти и на партиски опоненти по прославата на социјалдемократите Бучковски се повеќе сознава дека дефинитивно ги губи изборите БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Пораките од роденденската прослава на социјалдемократите дадоа јасна најава за кампањата што ќе ја води владејачката партија на ...

Папандреу повика на реализам околу спорот со името

Утрински - 21.04.2006

Собирот на СДСМ можност за рунда неформален македонско-грчки дијалог Верувам дека ќе најдеме решение што ќе ја одразува историската и географската реалност, вели Папандреу Лидерот на грчкиот ПАСОК, Јоргос Папандреу, повика на реализам и заемен компромис во спорот меѓу Македонија и Грција околу ...

Бучковски: Ако не постоеше СДСМ, ќе мораше да го измислиме

Дневник - 21.04.2006

Не беше лесно од меѓународно изолирана да се направи држава што е меѓународно почитувана, пример и за другите држави во регионот, рече лидерот на СДСМ Еуфорично, во преполна сала и со ветувања дека уште најмалку 115 години ќе постојат и ќе победуваат на македонската политичка сцена, ...

Рама и Бучковски со слични ставови за Косово

Дневник - 21.04.2006

Со премиерот Владо Бучковски имаме слични ставови за најбитните прашања и, пред се', за косовското, изјави вчера градоначалникот на Тирана Еди Рама по разговорите со македонскиот премиер. Рама, кој е и претседател на Социјалистичката партија на Албанија, рече дека неговата партија има јасен став, ...

Не' обвинуваат тие што заборавија на социјалдемократијата

Дневник - 21.04.2006

Не' обвинија за предавство тие што ја продадоа идеологијата на социјалдемократијата. Тоа што го прави СДСМ нема ништо со вредностите на таа идеологија. Очигледно е дека луѓето што сега го водат СДСМ не се наше друштво. Ова е одговорот на лидерот на НСДП Тито Петковски на обвинувањата на ...

Со решението за името треба да се гордеат двете страни

Дневник - 21.04.2006

Атина и Скопје треба да најдат заедничко решение за името, со кое и двете страни ќе се гордеат и со кое ќе можат да живеат, порача претседателот на грчкиот опозициски ПАСОК, Јоргос Папандреу. - Очекуваме по парламентарните избори во вашата земја двете влади позитивно да работат за заедничко решение ...

Прашањето за името ќе се реши позитивно

Вечер - 21.04.2006

Прашањето за името ќе се реши позитивно за време на процесот на проговорите за влез на земјава во ЕУ, а решението ќе биде на задоволство на двете страни, најави завчера Јоргос Папандреу, претседател на грчки ПАСОК и на Социјалистичката интернационала.

Црвенковски и Бучковски се смирија

А1 - 20.04.2006

Црвенковски и Бучковски во љубов. По две години тактика дека не се сакаат, на два месеци пред изборите не можат еден без друг. Претседателот го спаси Премиерот од ММФ, овој за возврат му дели комплименти, му ветува уште пет години мандат.

Јоргос Папандреу одржа лекција за изборна кампања

А1 - 20.04.2006

Контролирани емоции, прикриена воздржаност и дистанца, страст и верување во идеологија, државнички пораки кои се фокусирани на верба во подобра иднина и свет. Јоргос Папандреу одржа лекција со школски пример на модел на изборна кампања.

Ќе има ли директен изборен дуел Бучковски-Груевски?

А1 - 20.04.2006

Изборите се официјализирани за 5 јули, но останува дилемата дали ќе видиме директно соочување на Бучковски и Груевски како носители на листите во првата изборна единица. Официјално, ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ не соопштуваат каде ќе се појават нивните ударни тупаници.

Воздухопловците го предупредија Бучковски

Дневник - 20.04.2006

Синдикатите на воздухопловците се закануваат со прекин на работата ако не бидат вклучени во процесот на преобразба на Управата за цивилна воздушна пловидба во Агенција за цивилно воздухопловство, од која ќе се оддели Контролата за летање како државно акционерско друштво.

Рама: Со Бучковски имаме слични ставови за најбитните прашања за регионот

Канал5 - 20.04.2006

Премиерот Владо Бучковски претпладнево во Владата на Република Македонија го прими градоначалникот на Тирана и претседател на Социјалистичката партија на Албанија Еди Рама. Скопје, 20 април (МИА) - Премиерот Владо Бучковски претпладнево во Владата на Република Македонија го прими градоначалникот на ...

Ќе ја закопа ли Бучковски воената секира со претседателот Црвенковски пред изборите

Канал5 - 20.04.2006

Настапот на претседателот на социјалдемократите Владо Бучковски вчера разреши две прашања на кои СДСМ доскоро немаше одговор- ќе се закопа ли воената секира со претседателот Црвенковски пред изборите... Настапот на лидерот на СДСМ Бучковски вчера разреши две прашања на кои СДСМ доскоро немаше ...

СДСМ слави 15 години постоење

А1 - 19.04.2006

Во Универзалната сала ќе се одржи свечената академија по повод 15-годишното постоење на СДСМ. Се започна на 20 април 1991 година, кога Сојузот на комунисти на Македонија партија за демократска преобразба на конгрес се преименува во Социјалдемократски сојуз.

Бучковски се сретна со Јоргос Папандреу

А1 - 19.04.2006

Пред вечерашната прослава Бучковски му беше домаќин на лидерот грчката опозиција Јоргос Папандреу во хотелот „Александар палас“. Доаѓањето на Папандреу е прва посета на висок грчки политичар на Македонија по американското признавање на нашето уставно име.

Бучковски вратен од Добрашинци

Време - 19.04.2006

ПРЕМИЕРОТ ПРЕД БАРИКАДА ВО СТРУМИЧКО Премиерот Владо Бучковски во неделата не успеал да влезе во струмичкото село Добрашинци, каде што требало да се сретне со жителите, бидејќи патот му го попречиле поднапиени селани, тврдат очевидци.

Петковски не го сака Бучковски за коалициски партнер

Утрински - 19.04.2006

Трибина Лидерот на НСДП, Тито Петковски, на трибина во Општина Кисела Вода изјави дека нема постизборно да коалицира со СДСМ ако раководи со неа актуелното лидерство. “НСДП е нов субјект на македонската политичка сцена кој сака да ги сруши стандардите на досегашните политички партии, а тоа значи да ...

Папандреу гостин на роденденот на СДСМ

Дневник - 19.04.2006

Претседателот на Социјалистичката интернационала и лидер на грчкиот ПАСОК Јоргос Папандреу денеска ќе се обрати на свечената академија по повод 15-годишнината од формирањето на СДСМ. На свеченоста во Универзалната сала ќе присуствуваат делегации од речиси сите социјалдемократски партии во регионот, ...

Петнаесет години СДСМ - им дојде претседателот на социјалистичката интернационала Папандреу

Канал5 - 19.04.2006

Бучковски и Папандреу вечерва во Скопје договорија ПАСОК да го помага евроинтегрирањето на Македонија. Бучковски и Папандреу вечерва во Скопје договорија ПАСОК да го помага евроинтегрирањето на Македонија. Грчката опозициска партија и СДСМ ќе формираат заеднички комитет преку кој партијата на ...

Црвенковски на средба со Бучковски околу аранжманот на ММФ

А1 - 18.04.2006

Шефот на државата ги викна Премиерот и ресорните министри да му ја објаснат драматичноста што ја предизвика најавата од Башингтон дека Меѓународниот монетарен фонд ќе го замрзне аранжманот со Македонија. Црвенковски утре ќе се сретне со Бучковски, Поповски и Јакимовски да чуе зошто од него бараат ...

За границата ќе реши меѓународната заедница

Време - 18.04.2006

ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ ТВРДИ Клучот за решавање на границата во делот кон Косово пред финалниот статус е во рацете на меѓународната заедница и, доколку Косово сака да разговара за независност, прво треба да го реши отвореното прашање со Македонија и да продуцира стабилност, изјави вчера премиерот ...

Бучковски и Груевски „за“ јулски термин

Утрински - 18.04.2006

ЛИДЕРИ Власта и опозицијата имаат исто образложение за потребата од одржување на изборите во јулскиот термин, како што веќе се најавува во Собранието. И премиерот Владо Бучковски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, оценуваат оти одржувањето избори на 5 јули е потребно заради довршување на ...

Груевски: Власта не се грижи за хашките притвореници

Утрински - 18.04.2006

Власта и опозицијата во дуел Премиерот Бучковски ги отфрла обвинувањата на Груевски Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ја обвинува Владата дека не Ј помага на одбраната на обвинетите Македонци, Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски, ниту материјално ниту со обезбедување на потребните документи од ...

Бучковски се „крши“ помеѓу Струмица и Скопје

Дневник - 18.04.2006

Лидерот на СДСМ Владо Бучковски се' уште размислува дали да биде носител на листата во четвртата изборна единица и да ги спасува СДСМ и коалицијата „За Македонија заедно“ од поразот што им се заканува во овој регион. Според анкетата на ИРИ од февруари, во „четворката“ ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат 53,7 ...

Бучко тешко дава пари

Вест - 17.04.2006

При вчерашната посета на струмичкиот регион, претседателот на СДСМ и премиер Владо Бучковски , во селото Зубово го пречекаа девојки облечени во бело како лазаринки. Како што е обичајот, по повод празникот Цветници, девојките сред село каде се собра народот му испеа една лазарска песна на што пак ...

Бучко се плаши и неговите да не си летнат на одмор

Вест - 17.04.2006

ИЗБОРИТЕ ЌЕ СЕ РАСПИШАТ ПО ВЕЛИГДЕН, ПЕТТИ ЈУЛИ СЕ ПОИЗВЕСЕН На тајната средба во саботата, пред сопартијците лидерот на СДСМ Владо Бучковски ја кажал личната дилема дали и дел од нивното членство нема да ги послуша и место на гласање ќе си замине на одмор што би било порази Партискиот врв на СДСМ ...

СДСМ пресече - ќе се гласа на 5 јули

Утрински - 17.04.2006

Најтесниот врв на СДСМ оценил дека гласањето во првиот редовен термин ќе им донесе победа Власта одлучи - парламентарните избори ќе се одржат на 5 јули. Најтесниот врв на социјалдемократите, на тајна средба во саботата, оценил дека гласањето во првиот редовен датум има повеќе предности за нив и ...

Бучковски тврди дека Петкоски ќе завршел како Ѕинго

Утрински - 17.04.2006

Викенд-посети на Бучковски и на Груевски во Штипско Иван Бојаџиски ШТИП - Претседателот на СДСМ, Владо Бучковски, во саботата остро го нападна неговиот донеодамнешен сопартиец Тито Петковски, предвидувајќи му очајна политичка иднина.

По „Јасен“, 5 јули с’ појасен

Дневник - 17.04.2006

Бучковски не ја исклучува можноста да биде носител на листа во Четвртата изборна единица Се' поизвесно е дека 5 јули, првиот редовен термин, ќе биде датумот за кога претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски, ќе ги закаже изборите.

БУЧКОВСКИ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО БИСКУПОТ СКОПСКИ И АПОСТОЛСКИ ЕГЗАРХ СТОЈАНОВ

Канал5 - 17.04.2006

Претседателот на Владата на Република Македонија Владо Бучковски по повод католичкиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден денеска ќе го посети и ќе разговара со Бискупот на Скопската Бискупија и Апостолски Егзарх во Македонија Киро Стојанов.