TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

И Руд ван Нистелрој во Скопје

Време - 09.10.2004

ХОЛАНЃАНИТЕ ДОПАТУВАА Иако нема право на настап, првата ѕвезда на холандската фудбалска репрезентација Руд ван Нистелрој допатува во Скопје, заедно со другите 18 репрезентативци на Холандија, вчера, околу 13.20 часот, во пресрет на денешниот квалификациски меч од првата група.

СВЕТСКАТА ФУДБАЛСКА ВЕЛЕСИЛА ВО СКОПЈЕ

Вечер Прес - 09.10.2004

Поранешниот европски шампион и моментно петтата фудбалска репрезентација во светот (според ФИФА) - Холандија, вчера, пристигна во Скопје, пред утрешниот квалификациски меч со Македонија на Градскиот стадион.Ч артер-летот на “лалињата" од Амстердам, пристигна во точно најавеното време (13:30 ч.

„Балерина“ што ги тероризираше противничките одбрани

Време - 08.10.2004

ФУДБАЛ - В САБОТА ДОАЃА НАЈГОЛЕМАТА ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА ДОСЕГА - МАРКО ВАН БАСТЕН Фудбалски велемајстор, шампион, спектакуларен стрелец. Три карактеристики за доволни детално да го опишат најголемиот напаѓач во историјата на холандскиот фудбал - Марко ван Бастен, актуелниот селектор на Холандија, кој ...

Мајстори што пленат со напаѓачкиот фудбал

Дневник - 08.10.2004

ХОЛАНДИЈА НИЗ БРОЈКИ Селекторот Марко ван Бастен во составот против Македонија доаѓа со само петмина класични бекови, а во нападот на располагање ќе има шест докажани стрелци Поранешниот европски фудбалски првак, Холандија, денеска треба да допатува во Скопје, во пресрет на утрешниот квалификациски ...

ВАН БАСТЕН ДОАЃА СО УБИСТВЕНО НАПАЃАЧКО ТРИО

Вечер Прес - 08.10.2004

Официјално петтата фудбалска сила на светот, репрезентацијата на Холандија, денеска (13,30 ч.), ќе допатува на аеродромот во Скопје, пред утрешниот натпревар со македонската селекција, во рамките на средбата од Првата квалификациска група за СП 2006.

Холандија без Робен и без Ван ден Берг

Време - 06.10.2004

ФУДБАЛ Кевин Бобсон, фудбалерот на Еспањол, е новото име во списокот на Марко ван Бастен за саботното гостување на Холандија на Градскиот стадион во Скопје, во квалификацискиот меч од првата група за пласман на фудбалското СП 2006, откако по разговорите со Арјен Робен и Дејв Ван ден Берг, двајцата ...

Ѓорѓи Христов: Потценувањето на Холанѓаните е наша шанса

Вест - 06.10.2004

Староседелецот во Холандија и наш фудбалски репрезентативец верува во успех против Холандија Холандските медиуми се уште не веруваат дека најдобриот македонски репрезентативен стрелец нема да настапи в сабота. - Според Христов, треба да играме исто како што игравме и против Англија.

Ван ден Берг и Робен не доаѓаат во Скопје

Утрински - 06.10.2004

Неочекувани грижи за холандскиот селектор Ван Бастен Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Марко ван Бастен доживеа големи изненадување за време на вчерашната прва прозивка на фудбалерите на Холандија пред саботното гостување во Скопје, во рамките на квалификациите за СП 2006 година.

Робен, Ван ден Берг и Хофланд нема да играат во Скопје

Дневник - 06.10.2004

Напаѓачот на англискиот премиерлигаш Челси, Арјан Робен, нема да настапи за холандската репрезентација . Робен повеќе од два месеца е надвор од терените поради повреда на коленото, а селекторот на "лалињата", Марко ван Бастен, го повика во репрезентацијата, надевајќи се дека младиот напаѓач ќе биде ...

Робен ќе блесне против Македонија

Време - 05.10.2004

ФУДБАЛ - МАРКО ВАН БАСТЕН, СЕЛЕКТОР НА ХОЛАНДИЈА Марко ван Бастен, селекторот на Холандија, изјави дека Арјен Робен, крилото на премиерлигашот Челси, може да се истакне во претстојните два квалификациски меча на „лалињата“, со Македонија, в сабота, во Скопје и со Финска, во татковината, идната ...

Руд е пресреќен зашто Ван Бастен му е селектор

Време - 04.10.2004

ФУДБАЛ Руд ван Нистелрој, првата напаѓачка ѕвезда во селекцијата на Холандија, верува оти соработката со неговиот идол од детството Марко ван Бастен, актуелен негов селектор во селекцијата на „лалињата“, ќе го направи уште „пострашен“ стрелец.

Макаи и Ван Хојдонг ќе го предводат нападот

Утрински - 04.10.2004

Холанѓаните без ѕвездата на Манчестер Јунајтед Ван Нистелрој ќе допатуваат во Скопје Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Марко ван Бастен за претстојната квалификациска средба со репрезентацијата на Македонија која ќе се одигра на 9 октомври на Градскиот стадион во Скопје, нема да ...