TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

УЈП мижи пред автопазарот

Време - 14.11.2008

Управата за јавни приходи не сака да одговори дали ќе бидат преземени казнени мерки за нерегуларностите конструирани при неделната акција на повеќе државни инспекторати на автопазарот на „Фершпед“. При рацијата ниту еден продавач немаше фискална каса, ниту, пак, се издаваа фискални сметки.

„Фершпед“ да плати и за неиздавање фискални сметки

А1 - 13.11.2008

За неиздадена фискална сметка и непочитување на Законит за готовинско плаќање, УЈП по 30 дена затвора дуќанчиња, кафеани, фризерници, обложувалници. Казна за управителите на објектите е до 1.500 евра. Но, за работата на автопазарот, каде инспекторите утврдија кршење на низа закони, од УЈП не коментираат дали е прекршен и Законот за готовинско плаќање.

Ситна казна за крупен криминал

Време - 13.11.2008

Емилија Јовановска Автопазарот на „Фершпед“ доби само прекршочна пријава. Државниот пазарен инспекторат, по неделната рација, утврдил дека е прекршен Законот за трговија. За тие неправилности на „Фершпед“ му е изречена казна од 5.000 евра во денарска противвредност. Одговорниот во фирмата треба да плати 600 евра, а службеникот кој бил затекнат на самото место е казнет со 400 евра.

5.000 евра казна за „Фершпед“

А1 - 12.11.2008

„Фершпед“ заработи прекршочна пријава. Ќе плати казна од 5.000 евра во денарска противвредност, 600 евра заработило одговорното лице, а 400 службеното кое било затекнато на автопазарот. Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат во неделната рација на автопазарот утврдиле дека „Фершпед“ го прекршил законот за трговија, според кој на специфичните пазари може да се продава само одредена стока.

Автопазарот го казнија, ама не го затворија

Време - 12.11.2008

Поради незаконско работење, автопазарот на „Фершпед“ доби парична казна од 4.200 евра за прекршоци констатирани пред рацијата во неделата. „Фершпед“ издавал деловен простор на нерегистрирани трговски субјекти, а ќе се утврдува и дали ги исполнувал минималните технички услови за вршење на дејноста.

Економија без одговор за случајот Фершпед

А1 - 11.11.2008

Фершпед ќе заработи парична казна за незаконското работење на автопазарот. Издавал деловен простор на нерегистрирани субјекти, а се проверува дали ги исполнувал минималните технички услови за вршење на дејноста. Од пазарниот инспекторат велат дека е можно да се направи уште една контрола за да се утврди кои се закони се прекршени по што ќе се изрече конечната казна.

Зошто не е затворен автопазарот?

Време - 11.11.2008

Автопазарот на „Фершпед“ се уште не е затворен иако во неделната акција на повеќе државни инспекторати е утврдено дека тој работи нелегално и не се издаваат фискални сметки. Кој било дуќан за вакво, па дури и помало, прекршување на законот добива казна до 5.000 евра и затворање на објектот до три месеци.

Автопазарот на Фершпед работи законски

Алфа - 11.11.2008

Инспектори од Управата за јавни приходи, пазарната инспекција и Мвр во засилена контрола на автопазарот на Фершпед. Неделната акција на инспекторите била насочена кон увид во стоката на тезгите. Автопазарот постои 18 години. Работи само во недела од 6 до 14 часот. Тезгаџиите кои овде продават авотделови и поволни моторни возила велат дека го почитуваат пазарниот ред.

По рацијата на автопазар - закани до А1

А1 - 10.11.2008

По серијата прилози на А1 за нелегалното работење на автопазарот на „Фершпед“, стасаа анонимни закани до нашата новинарка Емилија Јовановска. На мејлот на А1 стаса писмо со следната содржина:. „Браво за успешната приказна. Го уништија автопазарот. Пази си ја сега главата од распуштените автопазарџии. Земена е голема количина на легална стока. Ти се виновна за цела оваа постапка“.

Рација на автопазарот

Време - 10.11.2008

Емилија Јовановска Повеќе државни инспекторати вчера во голема акција го исчистија автопазарот на „Фершпед“, па освен половните автомобили и старите автоделови не остана ништо друго за продавање. „Пајак-службата“ ги собра автомобилите што непрописно беа паркирани на околните улици, а тргнати беа и импровизираните тезги, картонските кутии, шаторски крила и ќебиња на кои се продаваа разни дребулии.

Автопазарот исчистен од нова стока

Дневник - 10.11.2008

Од скопскиот автопазар вчераизутрина полицијата ги отстрани продавачите на цедиња, на фалсификувана стока, на нови автоделови , облека и стока за широка потрошувачка. Беа оставени само продавачите на старите автоделови по акцијата на Државниот пазарен инспекторат и полицијата. Акцијата беше спроведена како дел од активностите за заштита на интелектуална сопственост.