„СТРУШКИ ВЕЧЕРИ“ НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“ Весна Дамчевска Иако повеќемина македонски поети и писатели најавија дека нема да присуствуваат на „Вечерите“ во Скопје, бидејќи не ги сметаат за „струшки“, ниту еден од поканетите домашни поети досега не го откажал своето учество на официјалните поетски ...
Недоразбирањата околу поетскиот фестивал продолжуваат, а Управниот одбор на СВП е при крај со подготовките Меѓународната преведувачка работилница во охридскиот хотел †Парк" веќе почна со работа Невена Поповска - Александар Димовски Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, и покрај големите ...
ристо лазаров Во 1966 година, како припадник на јуниорската екипа, првпат учествував на Струшките вечери на поезијата. Подоцна учествував и во организацијата на фестивалот, па, по толку години, сетики треба да се произнесам за дереџето на кое дојдоа СВП.
На најпознатиот југословенски сајт, кајшто освен рецензии за новите изданија се објавуваат интервјуа и актуелни теми од областа на книжевноста (њњњ. кнјизара. цом), деновиве, меѓу случувањата што добија приоритет да се најдат на главната страница, се превирањата околу одржувањето на „Струшките ...
Реакција на Македонскиот ПЕН Во околностите што се создадоа и што ја загрозуваат автономијата на културата, Македонскиот ПЕН-центар им искажува целосна поддршка на Управниот одбор и на Дирекцијата на СВП во напорите да го организираат и годинешниот поетски фестивал, макар и надвор од Струга.
ПО НАЈАВАТА ДЕКА ОХРИД НЕМА ДА ГИ ПРИМИ СВЕТСКИТЕ ПОЕТИ "Советот на Општината Охрид, ниту расправал, ниту пак има намера да расправа за одржувањето на дел од Струшките вечери на поезијата во Охрид. Завчерашната изјава дека и Охрид не сака да биде домаќин на оваа престижна светска поетска ...
СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Македонските писатели Радован Павловски и Венко Андоновски се првите кандидати за учество на Струшките вечери на поезијата што ги организираат стружани. Како што јавуваат оттаму, во тек се и други технички подготовки за одбележувањето на меѓународно познатиот поетски ...
Струга се мултиплицира Весна Дамчевска Во моментов, во Македонија се подготвуваат дури четири поетски фестивали што ќе носат исто име „Струшки вечери на поезијата“. Дури сега македонските поети и писатели се во вистинска конфузија за тоа која манифестација да ја удостојат со своето присуство, ...
РЕАКЦИЈА "Несфатливо е, еден градоначалник, во случајов на Охрид, да забранува да се влезе во градот на македонските граѓани и на УНЕСКО и да се одржи една манифестација како што се Струшките вечери на поезијата"- се вели, меѓу другото, во соопштението на Македонскиот ПЕН-центар.
По договорот на министерот Стефановски со владиката Тимотеј за користење на "Св. Софија" Управниот одбор на СВП вели дека за свеченоста во "Св. Софија" имаат дозвола од Црквата Невена Поповска ?Не знам зошто наградата "Златен венец" на Струшките вечери на поезијата се доделува во црквата ?Св.
Судир меѓу градоначалникот и советниците на Охрид за СВП Неизвесноста околу одржувањето на дел од Струшките вечери на поезијата во Охрид, што ја предизвика завчерашната изјава на градоначалникот на Охрид, Никола Наумов, е завршена, бидејќи според договорот меѓу Министерството за култура и ...
ПОДГОТовки ЗА ПОЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ Кризниот штаб го покани португалскиот поет Васко Граса Мура да ја посети Струга, да засади дрво во паркот на поезијата, да се запознае со изворното место на поетскиот фестивал и да го доживее автентичниот Мост на поезијата од каде што 42 години години венценосците ...
реакции од дпм Претседателот е виновен што ДПМ е надвор од случувањата со СВП, тврдат членови на претседателството Оставка и отчет од претседателот на Друштвото на писателите, Трајан Петровски, ќе бараат неколку од дванаесеттемина членови на претседателството, а по повод случувањата со Струшките ...
РЕАКЦИЈА Македонскиот ПЕН-центар им ја искажува својата целосна поддршка на Струшките вечери на поезијата, како национална и меѓународна манифестација од првостепено значење за афирмацијата на македонската литература и култура, стои во соопштението на Македонскиот ПЕН-центар, потпишано од ...
Коментар - Тоше Огњанов Додека целата културна јавност е разбранувана од случувањата со Струшките вечери на поезијата, најмасовната писателска асоцијација во земјава молчи. Нејзиниот прв човек, кој работи според принципот "Друштвото на писателите - тоа сум јас", си даде за право својот став за ...
Македонскиот ПЕН центар се огласи со соопштение во кое им искажува целосна поддршка на Струшките вечери на поезијата како национална и меѓународна манифестација од првостепено значење за афирмирањето на македонската литература и култура.
По вчерашното огласување на градоначалникот на Охрид Никола Наумов, кој преку соопштение порача дека местото на одржување на Струшките вечери на поезијата и сите придружни манифестации единствено може да биде само во Струга, со што индиректно од името на Охриѓани се обиде да го стави под прашалник ...
Апел на поетесата Гордана Михаилова-Бошнаковска Ги повикувам сите доблесни македонски поети што го ценат своето творештво и делото на Миладиновци, кое е нашата света химна, први да појдат во Струга. „Струшките вечери на поезијата“ и припаѓаат единствено на Струга.
СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ОТПОРОТ Во Струга ќе се одржи протестна поетска манифестација, која ќе трае од 25 до 29 август, во рамките на струшките вечери на отпорот. Досега ниту еден од поканетите странски и домашни поети не го откажале своето присуство.
СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА СЕ ПРЕСЕЛИЈА По одлуката за дислокација на Струшките вечери на поезијата, вчера Управниот одбор на фестивалот ги утврдуваше новите локации во Скопје, каде ќе се одвива свеченото отворање, затворањето со манифестацијата и дел од останатите содржини.
Според Кризниот штаб По одлуката на УО на Струшките вечери на поезијата за дислоцирање на поетскиот фестивал во Скопје и Охрид, Кризниот штаб за опстанок на Струга реагираше со најава за одржување на Струшките вечери на поезијата во Струга со целата програма Според Кризниот штаб, вечерите ќе бидат ...
Се компликува ситуацијата по одлуката Струшките вечери на поезијата да се преместат во главниот град на државава Најважната културна манифестација во државава, Струшките вечери на поезијата, годинава ќе има два паралелни фестивала, едниот во Струга а другиот во Скопје.
ЗОШТО МОЛЧИ ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА? Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија досега ниту се состанало ниту, пак, зазело официјален став за случувањата со СВП Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Трајан Петровски, ја поддржува одлуката на Управниот ...
струшки веЧери на поезиЈата Кризниот штаб вчера формира отпор за организација на Струшки вечери на поезијата, кои ќе се одржат од 25 до 29 август, на изворното место во Струга. Струшките вечери на поезијата ќе бидат во функција на отпорот на стружани против Законот за територијалната организација ...
одлука на управниот одбор Струшките вечери на поезијата ќе бидат отворени во Македонскиот народен театар во Скопје, а врачувањето на престижниот "Златен венец" на Васко Граса Мура ќе биде на Камениот мост на реката Вардар, реши Управниот одбор на манифестацијата.
Македонскиот ПЕН центар им искажа целосна поддршка на Управниот одбор и Дирекцијата на Струшките вечери на поезијата во напорите да го организираат годинешниот поетски фестивал, макар и надвор од Струга, по откажувањето на гостопримството од страна на Македонскиот ПЕН центар им искажа целосна ...
И покрај одлуката на Кризниот штаб за опстанок на Струга тотално да се бојкотираат сите манифестации од културата и спортот во градот и во целост да се почитува Повелбата, што во знак на револт од новата територијална организација ја усвоија граѓаните на Струга, поради што светската поетска ...
РАКОМЕТ - ДЕНЕСКА ПОЧНУВА „СТРУГА 2004“ Традиционалниот ракометен турнир „Струга 2004“ што секоја година се игра на отвореното игралиште во овој град годинава ќе биде во функција на „Струшките вечери на отпорот“. Ова го соопшти организаторот на турнирот, Крсте Иљоски.
СТРУГА ДЕФИНИТИВНО ИМ ОТКАЖА НА ПОЕТИТЕ " Без еднодушна поддршка на сите граѓани на Струга фестивалот не може да се одржи", заклучи Управниот одбор на СВП, кој во наредните ден - два ќе ја реорганизира програмата на фестивалот за да оди во Охрид и во Скопје, каде најверојатно ќе биде свече ...
БЛАГОЈ СТЕФАНОВСКИ, МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА Управниот одбор донесе една рационална одлука, наспроти сето она што ирационално се случуваше со годинашниве Струшки вечери на поезијата. Скопје е престолнина на Република Македонија, а таа врска и порано постоела.
Дневните весници „Флака“ и „Факти“ објавуваат Група албански интелектуалци завчера во Струга одржала средба со министерот за култура Благој Стефановски на која тие се понудиле да бидат организатори на поетскиот фестивал доколку Управниот одбор на СВП одлучи дека „Вечерите“ не можат да се одржат во ...
СТРУЖАНИ ОДГОВОРИЈА НА НАЈАВИТЕ ЗА ПРЕМЕСТУВАЊЕ НА СВП Мери Јордановска Стружани ќе си организираат свои Вечери на поезијата, на денот на отворањето на официјалните „Струшки вечери“ на 25-ти месецов. Во рамките на Кризниот штаб ќе бидат отворени посебни одбори за култура и спорт, кои ќе ...
„СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА“ ДЕФИНИТИВНО ЈА НАПУШТИЈА СТРУГА Весна Дамчевска „Струшките вечери на поезијата“ ќе се одржат во предвидениот термин од 25 до 30 август, но не во Струга - е одлуката на Управниот одбор на СВП донесена на состанокот одржан завчера вечерта во Охрид, на кој присуствуваа ...
Струшките вечери на поезијата ќе се дислоцираат. Управниот одбор и Кризниот штаб не постигнаа договор Струшките вечери на поезијата годинава дефинитивно нема да се одржат во Струга. Станува збор, како што стои во соопштението на Управниот одбор на СВП, за "привремено преместување на други локации", ...
Писмо за поддршка на Струшките вечери на поезијата Група интелектуалци-Албанци од Струга упатија писмо до државните институции, меѓународните организации и јавноста со кое ја истакнуваат поддршката за одржување на традиционалната меѓународна поетска манифестација и ги повикуват организаторот и ...
СВП израсна во институција со строги програмски критериуми Струшките вечери на поезијата годинава го доживуваат своето 43-то издание.Идејата за установување на оваа манифестација се родила на 15 јули 1961 година, за време на едно литературно читање на група македонски автори, организирано по повод ...
Жестока дебата во Кризниот штаб на Струга за СВП на која учествувале над стотина граѓани Кај дел од луѓето од Кризниот штаб постоела и процена дека доколку Фестивалот се одржи во Струга, се отвора можност за посериозен меѓуетнички судир СИМОН ИЛИЕВСКИ СТРУГА - По обелоденувањето на ставот на ...
се плашевме за едната, а Ќе добиеме две изданиЈа на истата манифестациЈа Управниот одбор планира СВП да се одржат во Скопје, а Кризниот штаб ќе ги организира во Струга Струшките вечери на поезијата годинава, првпат во 42-годишната историја, нема да се одржат во Струга, реши Управниот одбор на ...
Писмо Во 1961 година, на 24 јуни, по повод 100-годишнината на "Зборникот на бугарски народни песни", во ресторанот "Огниште", крај Црн Дрим, познатиот авторитет, теоретичар и книжевен критичар Димитар Митрев, во своето научно излагање направи демистификација за причините на погрешно насловеното име ...
БЛЕСКАВА ИСТОРИЈА Поводот за основање меѓународен поетски фестивал Струшки вечери на поезијата бил литературното читање на група истакнати македонски писатели на одбележувањето на јубилејот 100 години од издавањето на "Зборникот" на браќата Миладиновци, на 15 јули 1961 година.
Коментар - Лилјана Грџо Дамовска Чарето го најдоа - Струшките вечери на поезијата ќе се одржат каде било, само не во Струга. Тоа му доаѓа исто како Канскиот филмски фестивал да се одржи во Париз. Само што за Французите тоа е незамисливо.
ЗОРАН АНЧЕВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Политиките се менуваат и заминуваат, а колку само империи и војски пропаднале поради лоша политика или власт! Културата останува. Само културата Одлуката падна: Струшките вечери на поезијата нема да се одржат во Струга.
БЛАГОЈА СТЕФАНОВСКИ, МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА Ако Кризниот не сака манифестацијата да се одржува во Струга, јас не можам да ја сменам нивната одлука Првпат по 42 години Струшките вечери на поезијата нема да се одржат во Струга. Министерот за култура Благоја Стефановски не е задоволен од таквото решение, ...
Струшките вечери на поезијата годинава се непожелни во Струга - реши синоќа кризниот штаб за опстанок на Струга во постојните граници, соопштувајќи дека стои зад Повелбата на граѓаните на Струга донесена на 8 август во која децидно пишува дека, доколку Собранието на Македонија го усвои новото ...
По синоќешната одлука на граѓаните на Струга и Кризниот штаб за опстанок на Струга во постојните граници да се бојкотираат сите културни и спортски манифестации во градот, што е предвидено со повелбата со која Стружани се спротивставија на новата територијална организација и соопштението на ...
Откако Стружани синоќа принципиелно застанаа зад својата повелба и одбија да бидат домаќини на 42-те Струшки вечери на поезијата, синоќа пред полноќ раководството на фестивалот, Министерот за култура и неговиот совет решија поетската манифестација годинава да не се одржи во Струга.
СЛУЧАЈОТ „СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА“ ПРЕД РАЗВРСКА Весна Дамчевска Конечна одлука дали меѓународната поетска манифестација „Струшките вечери на поезијата“ и годинава ќе се одржи во Струга, вчеравечер, требаше да биде донесена на состанокот во Охрид меѓу претставници на Управниот одбор на оваа ...
КРИЗНИОТ ШТАБ ПРЕД КОНЕЧНА ОДЛУКА Кризниот штаб за спас на Струга вчера доцна попладне требаше да одржи состанок на кој ќе се договорат понатамошните активности на стружани за зачувување на општината во старите граници. Како што најавија од Кризниот штаб, на состанокот треба да се соберат сите ...
И ПОКРАЈ ТЕНЗИЈАТА ОКОЛУ СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Вчера попладне по 17 часот, се одржа состанок на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, а час потоа и на Кризниот штаб на Струшките вечери на отпорот. До затворањето на весникот успеавмеда контактираме со Министерот за култура ...
СИНОЌА ВО ОХРИД СЕ РЕШАВАШЕ Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата синоќа во Охрид, на средба со министерот за култура Благој Стефановски и со претставници од Струга, требаше да решат дали манифестацијата годинава ќе биде дислоцирана.
Група интелектуалци од албанска националност од Струга денеска преку отворено писмо до јавноста, Министерството за култура и до меѓународните организациии, бара од Владата и од Одборот на Струшките вечери на поезијата да ги преземат сите потребни актив Група интелектуалци од албанска националност ...
Скопје и Охрид се градовите во кои ќе се оддржат “Струшките вечери на поезијата“, изјави Зоран Анчевски претседателот на управниот одбор на фестивалот. Вака одлучивме за да го спасиме достоинството на Македонија - рече тој. Управниот одбор на “Стру Скопје и Охрид се градовите во кои ќе се оддржат ...
Во моментов во Струга заседава не само Кризниот штаб за опстанок на Струга, туку тука се и Стружани не еден голем собир, кои што го искажуваат своето мислење за судбината на Струшките вечери на поезијата. На почетокот на овој собир, кој што е доста масовен,можеше да се забележи дека има различни ...
Управниот одбор на престижната светска манифестација на поетиката беше исправен пред компромис, бидејќи во оваа земја се е компромис на штета на вредностите и универзални и културни. „Заседанието не е одложено, иако тоа го правиме во последниот момент и сакаме да чуеме дека ќе им посакаат ...
Весна Дамчевска Денеска е денот кога конечно, по долги превирања, ќе се знае судбината на најстариот и еден од најпрестижните поетски фестивали, „Струшките вечери на поезијата“. Се зависи од стружани, или како што во последно време се повторуваше, од нивното (не)расположение.
СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Тито Петковски, пратеник од СДСМ, во петокот попладне во струшкиот хотел „Макпетрол“ кај стружани лобирал за одржување на Струшките вечери на поезијата. Познато е само местото на средбите, но не и со кого разговарал Петковски и што договорил за СВП.
Кога веќе се доведовме во ситуација инаетот да ни го води разумот, ситните политички поени да бидат над културата, личните интереси да ја жртвуваат тешко стекнатата традиција, тогаш секаков компромис е добредојден. ЗаШто приоритет на оваа држава, нејзин висок национален интерес е Струшките вечери ...
ДЕНЕСКА КОНЕЧНА ОДЛУКА ЗА Струшките ВеЧери на ПоезиЈата Фестивалот може да биде отворен во Скопје, вели Зоран Анчевски, претседател на Управниот одбор на СВП Кризниот штаб за опстанок на Струга и членовите на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата денеска треба да решат каде ќе се одржи ...
ПОРАНЕШНИТЕ ПРВИ ЛУЃЕ НА Струшките ВеЧери на ПоезиЈата ДЕЦИДНИ Актуелниот Управен одбор на СВП денеска треба да го добие одговорот од Кризната група за спас на Струга и да реши дали СВП да остане во родното место Писателите-поранешни учесници во организацијата на поетската манифестација во Струга ...