TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЦУК: Нови пожари во Тетовско

Канал5 - 22.07.2007

Регионалниот центар за управување со кризи во Тетово денеска соопшти дека во селата Желино и Долна Лешница избивнал нов пожар во кој гори ниска стеблеста мешана шума. Пожарот има висок пламен, но се уште нема податоци за зафатнината.

Се уште беснее пожарот во Катланово

А1 - 21.07.2007

Се уште беснее пожарот над Катланово. Непристапниот терен на повеќе места го отежнува гасењето на огнот. Огнената стихија денеска стигна речиси до селото Брезница. „Во атарот на село Катланово пожарот синоќа, бидејќи имаше силен ветер, се префрли над тунелот каде интервенираме со четири ...

Трет ден беснее пожарот кај Дебреште

А1 - 21.07.2007

Пожарот кај прилепското село Дебреште, кој зафати површини со дабова шума веќе трет ден е активен. На терен се екипи на Прилепската противпожарна единица, на шумското претпријатие „Црн бор“, како и месното население. Пожарот се уште не може да се стави под контрола и веќе се прошири и во атарот на ...

Изгоре совеста на надлежните

Утрински - 21.07.2007

ЕДИТОРИЈАЛ СВЕТЛАНА УНКОВСКА Последниве два месеца во пожарите што ја зафатија цела Македонија се уништени илјадници хектари шуми. Само последниве две недели се регистрирани 217 пожари, во Скопско изгореа околу 400 хектари шума, во Катланово уште толку, а во овој пожар настрада и викенд- населбата.

Македонија во пламен, шумите пеплосани

Утрински - 21.07.2007

Нови пожари има кај Катланово, Крушево, Македонски Брод, Велешко и Штипско СВЕТЛАНА УНКОВСКА Неколку поголемите пожари што беснееја изминатите неколку дена се' уште се активни. И во текот на вчерашниот ден гореше во шумскиот резерват „Јасен“, потоа кај Горна Матка, а пожарот кој се префрли во ...

Изгореа стотици хектари шума

Дневник - 21.07.2007

Авионите на фирмата „Бониер“ во пет наврати атерираа и го гаснеа пожарот на врвот од планината во националниот парк „Јасен “ Во Македонија деновиве беснеат големи пожари, кои изгореа стотици хектари шуми и пасишта. Од Центарот за кризи велат дека и покрај големиот интензитет, засега нема опасност ...

Во парковите не смее да се палат огнови

Дневник - 21.07.2007

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ апелира до граѓаните крајно внимателно да се однесуваат со палењето оган на територијата на Водно, Гази Баба, Сарај, кај езерото Треска и во Градскиот парк. - Поради исклучително високите температури, големата суша и сувата трева, опасностите од пожари се ...

Проширување на мерките за справување со пожарите кои секојдневно пеплосуваат стотици хектари шума

Канал5 - 21.07.2007

Шеесетина војници на АРМ од претпладнето помагаат во гаснењето на пожарот кај Катланово кој веќе трет ден ја пустоши шумата. Шеесетина војници на АРМ од претпладнето помагаат во гаснењето на пожарот кај Катланово кој веќе трет ден ја пустоши шумата. Пожарот попладнето се уште не беше изгаснат.

Не палете оган во паркови и шуми

Вечер Прес - 21.07.2007

Крајно внимателно однесување со палењето оган на територијата на Водно, Гази Баба, Сарај, СРЦ Езеро Треска и Градски парк. Ова е апелот што ЈП "Паркови и зеленило" го упатува до граѓаните. Исто така, ги предупредуваат младите посетители на овие локации да престанат со навиката на кршење на стаклена ...

Гори во „Јасен“ и во Суводол

Време - 20.07.2007

ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ Пожарот во националниот парк „Јасен“, кој се уште е активен, се шири и ко потегот Буковиќ-Раовиќ, кој може да премине ко Тетово, соопшти Центарот за управување со кризи. За негово гаснење ќе се интервенира со авиони, само со еде налет, бидејќи, како што истакнуваат од ...

Расветлени четири подметнати пожари

Време - 20.07.2007

МВР МВР од почетокот на годинава успеало да расветли четири случаи во кои бил подметнат пожар во шуми. Досега Министерството поднело четири кривични пријави против вкупно осум лица, кои се товарат за предизвикување општа опасност.

Пожарот кај Горна Матка се спушта кон Тетово

Утрински - 20.07.2007

Aктивни жаришта има во Демирхисарско, Струмичко, на Голак, а пожар има и на прилепската Могила на непобедените СВЕТЛАНА УНКОВСКА Горна Матка вчера изгледаше морничаво. Се' уште се чувствуваше мирисот на изгорено од огромните опустошени делови од планината, изгорените дрвја и пеплосаната земја.

Пожарот кај Катланово му се заканува на автопатот – по изгорени две илјади хектари шума

Канал5 - 20.07.2007

Македонските шуми се десеткувани, околу 2 илјади хектари шума изгореа во пожарите само во последниве дваесетина денови. Македонските шуми се десеткувани, околу 2 илјади хектари шума изгореа во пожарите само во последниве дваесетина денови.

Организирано спречување и гасење на пожарите

Вечер Прес - 20.07.2007

Над 217 пожари се регистрирани во јуни а опожарена е површина од околу 3,5 илјади хектари, додека од 1 до 17 јули околу 1.700 хектари, се информациите презентирани од Главниот штаб за управување со кризи -Проблемот со пожарите со кои се сретнуваме не е ексклузивно присутен само на територијата на ...

Пожар во националниот парк „Јасен“

А1 - 19.07.2007

Гори шумата во националниот парк „Јасен“. На повеќе места на планината пожарот не може да се стави под контрола, гори нискостеблеста шума, а гаснењето е отежнато поради недостапните места. Противпожарни бригади на терен нема, гаснењето го вршат три авиони кои повремено фрлаат млазови вода врз ...

Локализира пожарот на Матка

Време - 19.07.2007

ВО АКЦИЈА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ И МЕСНОТО НАСЕЛЕНИЕ Скопските пожарникари успеале да го локализираат пожарот што завчера изби на падините на Матка, јави агенцијата Нетпрес. Вчераутро огнот го зафатил и врвот на Матка, но овојпат пожарникарите брзо го локализирале, информира Благоја Менковски, командант ...

Со огнот се бореа и пожарникарите и селаните

Вест - 19.07.2007

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ОКОЛИНАТА НА МАТКА Силен пожар во вторникот напладне беснееше во атарот на селото Горна Матка во околината на Скопје. Во пожарот кој зафати дел од околината на Матка, опожарена беше поголема површина со сува трева и деградирана Силен пожар во вторникот напладне беснееше во атарот на ...

Дури 18 пожари за еде ден

Време - 19.07.2007

ЗАВЧЕРА Екипите на противпожарната бригада завчера интервенирале на дури 18 пожари што избувнале на подрачјето на Скопје, информираат градските власти. Оттаму додаваат дека благодарение на брзите и навремени интервенции во пожарите немало загинати ниту повредени, а вкупната материјална штета ...

Пожари беснеат насекаде, горат стотици хектари шума

Утрински - 19.07.2007

Во пожарот на планината Древеник се зафатени 300 хектари шума. Огнот што ја зафати Горна Матка и Чајлане е под контрола СВЕТЛАНА УНКОВСКА Големи пожари се' повеќе се шират низ целата држава и речиси нема регион во земјава кој не е зафатен од огромна огнена стихија, која ги пустоши планините.

Стотина пожари во Грција

Дневник - 19.07.2007

Во Грција беснеат 95 огнени жаришта, објавија вчера изутрината грчките медиуми. Огнената стихија опфати различни области на полуостровот Пелопонез, особено околу градот Патра и кај древниот Коринт. Некои од пожарите се локализирани, а има претпоставки дека се подметнати.

Гори шума на границата со Србија

Дневник - 19.07.2007

Над 15 хектари борова шума од завчера гори во атарот на селото Герман, во општина Ранковце, во близина на македонско-српската граница. Во гаснење на пожарот учествуваат екипи на Подружницата „Осогово“ од Крива Паланка на ЈП за стопанисување со шуми и Противпожарната екипа од Крива Паланка, но ...

Центар за управување со кризи - известување за пожарите

Канал5 - 19.07.2007

Пожарот во атарот на селото „Горна Матка“ кон селата Чајлане и Семениште е локализиран но, сепак една екипа од Противпожарната бригада е оставена на терен да дежура, додека кон националниот парк “Јасен“ пожарот се шири од сртот кон реката Треска.

Огнена стихија се приближува кон Скопје

Вечер Прес - 19.07.2007

Пожарите пустошат низ повеќе региони во земјава, а најавените пеколни температури се очекува да предизвикаат и нови пожари Два големи пожари два дена беснеат над Матка, во непосредна близина на главниот град. Едниот е само на неколку километри од село Чегране.

Поради високите температури се закануваат опасности од нови пожари

Утрински - 18.07.2007

Огнената стихија во Кумановско е под контрола, но има нови пожари во Демирхисарско, Струмичко и Горна Матка Пожарите пустошат низ повеќе региони во земјава, а најавените африкански температури се очекува да предизвикаат и нови огнени стихии.

Изгореа над сто хектари млада шума во двата пожари што беснееја во околината на Делчево

Канал5 - 18.07.2007

Изгореа над сто хектари млада шума во двата пожари што беснееја во околината на Делчево во исто време во текот на вчерашниот ден. Дури изутрина беше локализиран шумскиот пожар на Голак во атарот на с. Разловци. Изгореа над сто хектари млада шума во двата пожари што беснееја во околината на Делчево ...

Горат над 5 хектари мешана шума

Вечер Прес - 18.07.2007

Голем пожар што зафати поголема површина на мешана шума од вчера беснее во Горна Матка. Според првичните податоци од противпожарните служби, огнената стихија избувнала вчера во 10 часот и 50 минути и опфатила над пет хектари мешана шума, меѓу кои и папрат.

Апел до граѓаните да не палат оган

А1 - 17.07.2007

Апел до граѓаните на Македонија да не палат оган на отворен простор поради сериозна опасност од предизвикување на пожар упати денеска владиниот Центар за управување со кризи. „Се предупредуваат граѓаните, заради превенција од пожари и предизвикување на општа опасност да не палат стрништа, плевел ...

Пожар беснее на Горна Матка

А1 - 17.07.2007

Два големи пожари беснеат над Матка. Едниот е само на неколку километри од село Чојлане. Две противпожарни возила со 10 пожарникари се стационирани во близина на селото. Во гасењето на огнот учествува месното население, но теренот е непристапен и гасењето на огнената стихија е отежната.

Викендов избувнале 26 пожари

Дневник - 17.07.2007

Единиците на Бригадата за противпожарна заштита викендов гаснеле 26 пожари на подрачјето на Скопје, информираат градските власти. Огновите предизвикале материјална штета во висина од 370.000 денари, а загинати и повредени нема.

Пожари беснеат кај Анталија и на грчки острови

Дневник - 17.07.2007

Во околината на градот Аланија во јужната турска областа Анталија, беснее голем пожар, јави турската телевизија Си-ен-ен Турк. Во пламен се 200 хектари шума, евакуирани се три села, а над 20 куќи изгореле. Пожарот почнал завчеравечер околу 22 часот.

Пожар во Горна Матка

Канал5 - 17.07.2007

Околу пет хектари мешана шума, меѓу кои и папрат се зафатени со големиот пожар што денеска избувна во Горна Матка, соопштија од Центарот за управување со кризи. Скопје, 17 јули (МИА) - Околу пет хектари мешана шума, меѓу кои и папрат се зафатени со големиот пожар што денеска избувна во Горна Матка, ...

Авиони ги гаснеа пожарите во Кумановско

Утрински - 16.07.2007

Пожарот кон беснееше во Кумановскиот регион е ставен под контрола со помош на авионска интервенција. Со тоа е изгаснат и пожарот во село Колицко и е спречена можноста за негово проширување кон Скопје. Како што информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК), благодарениe на интервенцијата со ...

Изгаснат пожарот на Плачковица

Дневник - 16.07.2007

Стотина хектари нискостеблеста шума изгореа во пожарот што од четвртокот вечерта до завчера на пладне беснееше на планината Плачковица во близина на селото Припечани. Пожарот е изгаснат, а во локализирањето учестуваа противпожарна екипа од Штип и вработени во шумското стопанство „Серта“.

Големиот пожар кај Куманово бега од контрола - горат нови двесте хектари шума - тројца се повредени

Канал5 - 16.07.2007

Излегува од контрола пожарот кај Куманово. Горат нови двесте хектари шума, вкупно 500-тини Излегува од контрола пожарот кај Куманово. Горат нови двесте хектари шума, вкупно 500-тини. Огнот кој седми ден беснее опасно се заканува да ги загрози околните села на Скопје, Куманово и Свети Николе.