Владата бара да се одржи уште една средба со партнерот на Линк Телеком, CVP пред да се прекинат разговорите со Линк. Министерот Балкоски тврди дека таа средба вчера е одржана и не дала резултати. Од Линк велат дека вчерашните претставници во министерството воопшто не беа од CVP.
ИЗБОРОТ НА ВТОР МОБИ-ОПЕРАТОР ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ПРЕД ВЛАДАТА "Линк телеком" треба да ги зацврсти уверувањата дека има стабилни и цврсти договори со нејзините партнери. Ова е мислењето на Комисијата за економски систем, која откако на вчерашната седница ја разгледа целосната тендерска документацијата ...
Владината комисија за економски систем му го продолжи животот на Линк Телеком во трката за втор мобилен оператор. Спас за Линк чија понуда беше одбиена како непотполна сега може да биде третиот партнер фондот Си Ви Пи, чии претставници се веќе дојдени во Скопје и чекаат средба со министерот за ...