TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јован може да гласа – Јоаким, Марко и Давид без право на глас

Алфа - 16.11.2008

Јован Вранишковски може да гласа во српскиот Сабор но без право на глас останаа неговите приврзаници Јоаким, Марко и Давид – решија владиците на СПЦ на саборот во Белград. Зад исходот од ваквата одлука стои внатрешната борба меѓу владиката Иринеј Буловиќ кој инсистирал сите четворица да можат да гласаат и црногорскиот владика Амфилохие кој барал само Вранишковски да може да одлучува – тврдат ...

СПЦ тргува со недвижнини во Хрватска

Н.Македонија - 15.11.2008

Малку е познато дека Српската православна црква (СПЦ) во Загреб покрај своите многубројни верски активности има развиено и бизнис преку сопствената фирма „Господар д.о.о.“ на чие чело, како претседател на управниот одбор стои ни помалку ни повеќе туку лично загрепскиот митрополит Јован Павловиќ.

Патријархот Павле прифатил да остане поглавар на СПЦ

Н.Македонија - 14.11.2008

Патријархот Павле вчера ја прифатил одлуката на Соборот на Српската православна црква да остане поглавар на СПЦ до крајот на животот, јави Б92, повикувајќи се на соопштение на СПЦ. Патријархот, кој веќе една година е на лекување на Воено-медицинската академија во Белград, на 8 октомври упати писмена молба до Соборот да му одобри повлекување од функцијата поради здравствената состојба.

Јован Вранишковски со право на глас во СПЦ?

Алфа - 14.11.2008

Српските владици се пред одлука дали на Јован Вранишковски и на уште тројца епископи од неговата ПОА ќе им дадат право на глас во саборот на СПЦ. Прашањето да можат да гласаат за избор на партијарх, односно да имаат право да избираат и да бидат избрани во структурите на СПЦ се отвора на есенскиот сабор во Белград.

Патријарх Павле се согласи да остане на чело на СПЦ

Нетпрес - 14.11.2008

Патријарх Павле вчера се согласи со решението на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква да остане на чело на црквата, пишува весникот “Данас“. Од СПЦ посочиле дека тричлената делегација, предводена од митрополит Амфилохие, “го замолила патријархот да остане на чело на црквата, со целосно уважување на неговата молба за повлекување од активна служба“.

Патријархот Павле доживотно на чело на СПЦ

А1 - 13.11.2008

Српскиот патријарх Павле денеска ја прифатил одлуката на Саборот на Српската православна црква да остане на чело на црквата. „Неговата светост со смирување ја прифати одлуката на Саборот и ја благослови неговата понатамошна работа“, се вели во соопштението објавено на сајтот на СПЦ. Патријархот Павле, поради болест, на 8.

Патријархот Павле доживотно на чело на СПЦ

Време - 13.11.2008

Патријарх Павле доживотно ќе остане на тронот на СПЦ бидејќи Саборот на Српската православна црква вчера одби да ја прифати неговата молба и да го разреши од должноста поглавар на СПЦ, пренесоа српските медиуми. На расправата повеќе од дваесет владици се спротивставиле на предлогот на Синодот, молбата на патријархот да се стави како прва точка, и побарале да не се пристапува кон избор на нов, ...

Патријархот Павле останува на врвот на СПЦ

Утрински - 13.11.2008

Епископите кои ја иницираа неговата смена сега ќе го замолат да ја повлече спорната молба за детронизирање. Билјана Јовановска. Соборот на Српската православна црква не ја прифати молбата на патријархот Павле за повлекување од тронот. Одлучено е црковна делегација да отиде на ВМА, каде што се лекува поглаварот, и да го замоли да го повлече барањето за тргнување од кормилото на СПЦ.

Патријархот Павле доживотно на тронот на СПЦ

Дневник - 13.11.2008

На утринска литургија, што ја служел митрополитот Амфилохие, присуствувале само 18 од 45-те архијереи, што се толкува како бојкот. Патријархот Павле до крајот на својот живот ќе остане поглавар на Српската православна црква, бидејќи Синодот одби да ја прифати неговата писмена оставка.Патријархот Павле, кој повеќе од една година е згрижен на Воено-медицинската академија во Белград, дури неодамна ...

Патријархот Павле останува на чело на СПЦ

А1 - 12.11.2008

Светиот Архиерејски сабор на Српската православна црква не ја потврди писмената молба на патријархот Павле за повлекување од црковната служба, јави синоќа Б92. Истиот извор наведе дека, Саборот на првиот ден од заседанието не гласал за молбата на патријархот, туку е одлучено тој да остане на чело на СПЦ, додека е жив.

Оставката на Павле ја вжешти состојбата во СПЦ

Утрински - 12.11.2008

Оставката на Павле ја вжешти состојбата во СПЦ. Билјана Јовановска. Соборот на Српската православна црква, на кој учествуваат 45 епископи, до доцна синоќа не успеа да се договори ниту за дневниот ред на ова заседание. Од Патријаршијата вчера попладне само беше соопштено дека епископите се' уште го утврдуваат дневниот ред и дека никој не знае дали ќе се случи избор на наследникот на болниот ...

Патријархот Павле останува доживотен поглавар на спц

Телма - 12.11.2008

Синодот на Српската православна црква не го прифати барањето на патријархот Павле да се повлече од функцијата. Синодот одлучи тој да биде доживотно на чело на Црквата. Синодот исто така, донесе одлука митрополитот Амфилохие кој од мај ги извршува функциите на патријарх, да продолжи да го заменува во иднина Павле додека е неопходно. Патријархот Павле (94) е духовен лидер на Србите од 1990 година.

Патријархот Павле останува на чело на СПЦ

Алсат-М - 12.11.2008

Светиот Архиерејски сабор на Српската православна црква не ја потврди писмената молба на патријархот Павле за повлекување од црковната служба. Истиот извор наведе дека, Саборот на првиот ден од заседанието не гласал за молбата на патријархот, туку е одлучено тој да остане на чело на СПЦ, додека е жив.

Патријархот Павле доживотно на чело на СПЦ

Алфа - 12.11.2008

Светиот Архиерејски сабор на Српската православна црква (СПЦ) не ја потврди писмената молба на патријархот Павле за повлекување од црковната служба, објавија српските медиуми. Саборот на првиот ден од заседанието не гласал за молбата на патријархот, туку е одлучено тој да остане на чело на СПЦ, додека е жив.

СПЦ одлучува за судбината на патријархот Павле

Н.Македонија - 12.11.2008

Во Белград вчера почна есенското заседание на светиот архијерејски синод на Српската православна црква, на кој се очекуваше да биде донесена одлука за нов поглавар на СПЦ на местото на сегашниот патријарх Павле, кој веќе една година се лекува на Воено-медицинската академија, јави Б92.

Синодот на спц не ја прифати оставката на патријархот Павле

Сител - 12.11.2008

Синодот на Српската православна црква не го прифати барањето на патријархот Павле да се повлече од функцијата. Синодот одлучи тој да биде доживотно на чело на Црквата. Синодот исто така, донесе одлука митрополитот Амфилохие кој од мај ги извршува функциите на патријарх, да продолжи да го заменува во иднина Павле додека е неопходно. Патријархот Павле (94) е духовен лидер на Србите од 1990 година.

Патријархот Павле доживотно на тронот

Вечер Прес - 12.11.2008

Патријарх Павле (94) ќе остане доживотно на тронот на СПЦ, бидејќи Саборот на Српската православна црква завчеравечер одбил да ја прифати неговата молба и да го разреши од должноста поглавар на СПЦ, пишува "Блиц". Според информациите, повеќе од дваесет владици се спротивставиле на предлогот на Синодот, молбата на патријархот да се стави како прва точка и побарале да не се пристапува кон избор на ...

Патријарх Павле доживотно на тронот на СПЦ

Нетпрес - 12.11.2008

Патријарх Павле ќе остане доживотно на тронот на СПЦ, бидејќи Саборот на Српската православна црква вчера одбил да ја прифати неговата молба и да го разреши од должноста поглавар на СПЦ, пишува “Блиц“. Во однос на расправата за дневниот ред, според информацијата, повеќе од дваесет владици се спротивставиле на предлогот на Синодот молбата на патријархот да се стави како прва точка и побарале да не ...

Патријархот Павле останува на чело на СПЦ

Макфакс - 12.11.2008

Светиот Архиерејски сабор на Српската православна црква (СПЦ) не ја потврди писмената молба на патријархот Павле за повлекување од црковната служба, јави синоќа Б92. Истиот извор наведе дека, Саборот на првиот ден од заседанието не гласал за молбата на патријархот, туку е одлучено тој да остане на чело на СПЦ, додека е жив.

СПЦ бира нов поглавар?

А1 - 11.11.2008

Архиерејски сабор на Српската православна црква, на кој би можел да биде избран нов поглавар на црквата откако патријархот Павле поради лошото здравје побара пензионирање, отворен е денеска во Белград. Највисокото тело на СПЦ би требало како прва точка на дневниот ред да разгледа дали ќе ја одобри молбата на 94-годишниот патријарх Павле, кој побара „повлекување од активната служба“.

Во СПЦ молк околу изборот на наследникот на г. Павле

Утрински - 11.11.2008

Во СПЦ молк околу изборот на наследникот на г. Павле. Билјана Јовановска. Дали Соборот што почнува денес во Белград ќе биде изборен и при жив патријарх Српската православна црква ќе избере и устоличи нов е најстрого чуваната тајна. Атмосферата е крајно наелектризирана, епископите се поделени, а се најавува и вештачење на веродостојноста на оставката на 94-годишниот г. Павле.

СПЦ одлучува за повлекувањето на патријархот Павле

Алсат-М - 11.11.2008

Денеска во патријаршиската соборна црква во Белград со учество на сите 46 епископи почна годишното заседание на Соборот на СПЦ. Mеѓу другото се очекува да се разгледува и молбата на патријархот Павле за повлекување од службата. Доколку биде прифатена, Српската православна црква во наредните три месеци ќе треба да избере нов поглавар.

Соборот на СПЦ сеуште одлучува дали ќе ја прифати молбата на патријархот Павле за повлекување

Канал5 - 11.11.2008

Соборот на Српската православна црква, што започна утринава, се одржува во најголема тајност. Вратите на Патријаршијата се затворени се додека трае заседанието. Владиците одлучуваат дали ќе ја прифатат оставката на Павле, кој речиси две децении раководи со црквата и ќе започне процедура за избор на негов наследник.

Почна Соборот на СПЦ

Сител - 11.11.2008

Последните информации велат дека во највисокото црковно тело на СПЦ постои сериозна поделеност дали да се прифати барањето на патријархот Павле за повлекување од тронот на Печката патријаршија. Сите 46 архиереи се воздржуваат од какви било коментари, се додека не ја поминат точката од дневниот ред која се однесува за отворање процедура за избор на нов патријарх.

Заседава Светиот архиерејски сабор на СПЦ

Нетпрес - 11.11.2008

Есенското заседание на Светиот архиерејски сабор на Српската православна црква (СПЦ) започна денеска со молитва Повик на светиот дух во патријаршката капела на Свети Симеон Мироточив, пренесе Танјуг. Молитвата почнала по архиерејската литургија во Соборната црква, а се очекува српските архиереи, членови на највисоката црковна-законодавна власт, да одлучат дали на ова заседание ќе биде избран нов ...

СПЦ го започна архиерејскиот Сабор

Макфакс - 11.11.2008

Архиерејски сабор на Српската православна црква(СПЦ), на кој би можел да биде избран нов поглавар на црквата откако патријархот Павле поради лошото здравје побара пензионирање, отворен е денеска во Белград. Највисокото тело на СПЦ би требало како прва точка на дневниот ред да разгледа дали ќе ја одобри молбата на 94-годишниот патријарх Павле, кој побара „повлекување од активната служба“.

Денеска за патријархот Павле

Вечер Прес - 10.11.2008

Денеска во Белград започнува есенското заседание на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ), на кое би можело да биде донесена одлука за избор на нов поглавар на СПЦ на местото на сегашниот патријарх Павле, кој веќе подолго време е во лоша здравствена состојба.