TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Најмалку 11 ирачки војници загинаа при експлозија

А1 - 03.12.2005

Најмалку 11 ирачки војници загинаа, а двајца други се повредени денеска при експлозија на бомба и при напад на бунтовниците, соопшти претставник на Вооружените сили на Ирак. Нападот се случил во реонот на Адхаим на 95 километри северно од Багдад.

САД ќе повлечат две борбени бригади од Ирак

Макфакс - 03.12.2005

Фалуџа САД ќе повлечат две борбени бригади (меѓу пет и девет илјади војници) од Ирак до пролетта 2006 година, изјави денеска во Фалуџа американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд. САД веќе решија да ги повлечат засилувањата испратени во Ирак за време на парламентарните избори, со што вкупниот ...

Единаесет ирачки војници загинаа во судири кај Бакуба

Макфакс - 03.12.2005

Багдад Единаесет ирачки војници се убиени, а 10 се ранети во судирот помеѓу бунтовниците и ирачката војска во Адхаим, крај Бакуба, на 100 км северно од Багдад. Бомбата експлодирала додека минувал конвој на ирачката војска кој во истиот момент го нападнале и бунтовниците, додава истиот извор.

Убиени десет ирачки војници во напад врз контролен пункт

Макфакс - 03.12.2005

Бакуба Десет ирачки војници загинаа, а 20 се ранети во бунтовнички напад што се случи денеска врз еден контролен пункт северно од Багдад, соопшти извор од безбедносните сили. “Осум војници се убиени, а 17 се ранети во нападот што го извршија вооружени лица кои користеа минофрлачки ракети врз еден ...

Предизборен состојба во Ирак блиску до хаотична

Макфакс - 03.12.2005

Багдад Продолжувањето на насилството, војна со плакати, остри препукувања на политичките соперници и нови закани од екстремистите, се главни обележја на атмосферата спроти редовните парламентарни избори во Ирак. За 275 места во националниот парламент, кој први пат се избира на четири години, се ...

Пропагандата на Пентагон завршила во ирачки весници

Време - 02.12.2005

ВОЈСКАТА НА САД ПИШУВАЛА СТАТИИ Американската војска тајно пишувала текстови за демократскиот развој на Ирак и против негативните ставови на некои земји за иднината на арапската земја. Натписите биле објавувани во ирачките весници и потпишани од ирачки новинари, пишува весникот „Лос Анџелес тајмс“.

Американската армија плаќала за рекламни написи во Ирак

Дневник - 02.12.2005

ПЕНТАГОн Американската армија им плаќала на ирачки весници да објавуваат написи од американски војници, обидувајќи се да го подобри имиџот на американските трупи распоредени во Ирак, јави МИА. Новинарските текстови ги пишувале припадници на армијата, а потоа биле преведувани и пласирани во ирачки ...

Почна гласањето во Ирак

Макфакс - 02.12.2005

Багдад Ирачаните во болниците, воените бази и во затворите денеска можат предвреме да го дадат својот глас на општите избори во Ирак, закажани за 15 декември. Ирачките гласачи кои живеат во странство, ќе можат предвреме да гласаат во 15 држави во вторник и во ...

Ирачките избори започнаа со крвави напади

Макфакс - 02.12.2005

Багдад Најмалку седум лица загинаа, а 32 се ранети во низа напади денеска во Багдад во време кога дел од ирачкиот електорат го започна гласањето на парламентарните избори, соопштија силите за безбедност. Тројца полицајци и еден цивил биле убиени, а уште осум полицајци ранети при вооружен напад на ...

Нова американско - ирачка операција против бунтовниците

Макфакс - 02.12.2005

Багдад Близу 500 американски и ирачки војници започнаа денеска нова операција против бунтовниците во Рамади, ден по бунтот во тој град, на 110 километри западно од Багдад. Американската војска соопшти дека цел на операцијата под кодно име “Кобра“, е уништување на бунтовничките засолништа во Рамади, ...

Ново мачење на затвореници во ирачки затвор

Макфакс - 02.12.2005

Багдад Најмалку 13 затвореници во еден ирачки затвор во Багдад морале да бидат испратени на лекување од последиците на мачењето на кое биле изложени во затворот, јавуваат ирачките медиуми. Според истите извори, затворениците биле мачени со електрошокови и кршење на коските.

Американски војник - жртва на самоубиствен напад во Ирак

Макфакс - 02.12.2005

Багдад Американски војник загинал во самоубиствен напад што со автомобил - бомба бил извршен за време на воена операција во западен Ирак, соопшти денеска американската Армија. Според последните податоци на Пентагон, од почетокот на воената офанзива во Ирак, во 2003 година, досега во таа земја ...

Ирачките бунтовници извршија напад врз Рамадани

А1 - 01.12.2005

Десетици ирачки бунтовници утрово го нападнаа градот Рамади во западен Ирак, јавија западните медиуми повикувајќи се на изјави на очевидци. Според очевидците, бунтовниците вооружени со тешко оружје поставиле барикади на главните приоди кон Рамади и патролираат низ градските улици.

САД и Британија виновни за киднапирањата во Ирак

Време - 01.12.2005

ХУМАНИТАРНАТА ГРУПА ХРИСТИЈАНСКИ МИРОТВОРЦИ ОБВИНУВААТ Хуманитарната група Христијански миротворци ги обвинила САД и Британија, а не ирачките терористи, за низата киднапирања странски државјани во Ирак, при што беа грабнати и четворица припадници на оваа организација.

Ирак долго ќе се бори со насилството, САД ќе се повлечат

Вест - 01.12.2005

ВАШИНГТОН (Ројтерс) - Белата куќа вчера објави дека Ирак уште многу години ќе се бори против насилството, но американските сили полека ќе се повлекуваат додека ирачките сили постепено преземаат контрола над ВАШИНГТОН (Ројтерс) - Белата куќа вчера објави дека Ирак уште многу години ќе се бори против ...

Киднапирани четворица хуманитарни работници

Утрински - 01.12.2005

Во услови на кобна безбедност, нова заложничка криза во Ирак Хуманитарните работници, двајца Канаѓани, по еден Британец и Американец, беа прикажани на видеоснимката емитувана на Ал Џезира БАГДАД - Четворица заложници од западните земји, именувани како шпиони, во вторникот беа прикажани на ...

Петтина од американските војници може да се повлечат од Ирак в година

Дневник - 01.12.2005

оценка на ВИСОК ИРАЧКИ ФУНКЦИОНЕР Една петтина од американските трупи лоцирани во Ирак би можело да се повлече в година ако порасне борбената ефикасност на ирачката војска, изјави висок ирачки функционер, јави Ројтерс. Мовафик ал Руби, советник за национална безбедност на владата во Багдад, смета ...

Ирачките бунтовници извршија напад врз Рамади

Канал5 - 01.12.2005

Десетици ирачки бунтовници утрово го нападнаа градот Рамади во западен Ирак, јавија западните медиуми повикувајќи се на изјави на очевидци. Багдад, 1 декември (МИА) - Десетици ирачки бунтовници утрово го нападнаа градот Рамади во западен Ирак, јавија западните медиуми повикувајќи се на изјави на ...

Јужна Кореја го намалува бројот на војници во Ирак

Макфакс - 01.12.2005

Сеул Парламентот на Јужна Кореја го усвои владиниот план, што предвидува речиси една третина од распоредените војници во Ирак да се вратат дома, но, и јужнокорејската војска да остане во таа држава уште една година. Собранието, со 110 гласови “за“, 31 “против“ и 17 воздржани изгласа да продолжување ...

Грабнат Јорданец во Ирак

Макфакс - 01.12.2005

Багдад Јорданец вработен во јорданската амбасада во Багдад беше грабнат утрината во моментот кога излегувал од својот дом, соопштија извори блиски до ирачката полиција. Вооружените напаѓачи со три автомобили запреле пред куќата на Махмуд Саедат во јужниот дел на градот и го грабнале.

Белата куќа со стратегија за победа во Ирак

Макфакс - 01.12.2005

Вашингтон Белата куќа синоќа ја објави нацрт стратегијата за победа во Ирак ветувајќи дека американските војници ќе можат да бидат повлечени од земјата кога ирачките сили ќе бидат во можност да ја превземат одговорноста за нејзината безбедност.

Романија сака да ги замени војниците во Ирак со технички персонал

Макфакс - 01.12.2005

Аман Романскиот претседател Трајан Басеску, кој се наоѓа во дводневна посета на кралството Јордан, изјави дека Романија би сакала да ги замени 860-те војници во Ирак со технички персонал, јавуваат јорданските медиуми. “Наша искрена желба е да ја повлечеме војската и во изградбата на Ирак да ...

Двајца војници на САД загинаа во Ирак

Макфакс - 01.12.2005

Багдад Двајца американски војници им подлегнале на раните здобиени во борби во Ирак, соопшти денеска американската Армија. Еден војник починал откако бил ранет во средата во Багдад, а друг им подлегнал на раните добиени во престрелка во околината на Фалуџа.

Бериша во посета на Ирак

Макфакс - 01.12.2005

Тирана Албанскиот премиер Сали Бериша ќе отпатува денеска во посета на Багдад каде што ќе ја изрази поддршката што Албанија и ја дава на меѓународната мировна коалиција во Ирак, соопшти неговиот кабинет. Во рамки на дводневната посета на Ирак, Бериша ќе има средби со припадниците на албанскиот ...

Ирак ги затвора границите поради изборите

Макфакс - 01.12.2005

Багдад Ирак ќе ги затвори границите и ќе воведе полициски час со цел да обезбеди ред и мир за време на парламентарните избори закажани за в четврток. Властите во Багдад соопштија дека мерките стапуваат на сила од вторник и ќе траат до сабота наредната недела.

Убиени 9 лица северно од Багдад

А1 - 30.11.2005

Најмалку 9 луѓе се убиени, а двајца ранети во денешниот вооружен напад врз еден минибус северно од Багдад, соопшти ирачката полиција. Нападот го извршиле десет маскирани лица во градот Бакуба, 65 километри северно од Багдад, а други детали, засега, не се познати.

Грабнати Германка и ирански аџии

Време - 30.11.2005

НОВ БРАН КИДНАПИРАЊА ВО ИРАК Германка и нејзиниот ирачки возач, кои од минатиот петок се воделе како исчезнати, најверојатно биле киднапирани во Нинава, во северозападниот дел на Ирак, јави АФП, пренесувајќи соопштение на германската влада.

Ирачки терористи се заканија оти ќе убијат Германка

Дневник - 30.11.2005

АКО БЕРЛИН ПРОДОЛЖИ ДА СОРАБОТУВА СО БАГДАД Ирачки герилци се заканија дека ќе ги убијат Германката Сузан Остоф и нејзиниот возач ако Берлин не прекине да ја помага владата во Багдад, јави Ројтерс. - Германската влада се обидува да ги ослободи заложниците.

Грабнати Американец, Британец и двајца Канаѓани

Време - 29.11.2005

НОВИ КИДНАПИРАЊА НА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ ВО ИРАК Четири хуманитарни работници, двајца Канаѓани, Британец и Американец биле киднапирани во Багдад, а тројца Британци со индиско потекло биле убиени во заседа, јави АФП. Британските, американските и канадските власти не објавиле подетални информации за ...

Нови киднапирања на странци во Ирак

Канал5 - 29.11.2005

Шестмина Иранци и двајца Ирачани се киднапирани во текот на минатата ноќ северно од Багдад, соопшти денеска ирачко-американскиот Координативен центар со седиште во Тикрит. Багдад, 29 ноември (МИА) - Шестмина Иранци и двајца Ирачани се киднапирани во текот на минатата ноќ северно од Багдад, соопшти ...

Хуманитарни работници киднапирани во Ирак

А1 - 28.11.2005

Четворица хуманитарни работници во Ирак се киднапирани синоќа - јавува „Франс прес“. Двајца од нив се Канаѓани, еден Американец и еден Британец. Канадски дипломат ја потврдил информацијата за киднапирањето, но одбил да го соопшти нивниот идентитет и организациите за кои работат, нагласувајќи дека ...