TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Охрид - центар на православието на Балканот

А1 - 27.04.2008

Повеќе од осум илјади гости од земјава, Балканот и европските држави, синоќа го прославија Исусовото Воскресение во охридските Цркви. Духовната престолнина Охрид, станува центар на православието на Балканот, со масовното присуство на верници и гости, кои за големите христијански празници како ...

Православните верници го празнуваат Велигден

А1 - 27.04.2008

Со свечена богослужба синоќа пред Соборниот храм архиепископот г.г. Стефан го објави Христово Воскресение. Пред полноќ, во име на светото тројство, отецот, синот и светиот дух Поглаварот и свештениците направија три круга околу храмот.

Велигден - најголем христијански празник

Канал5 - 27.04.2008

Православните верници го одбележуваат најголемиот христијански празник Христовото Воскресение - Велигден, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Скопје, 27 април (МИА) - Православните верници го одбележуваат најголемиот христијански празник Христовото ...

Натпревар во кршење велигденски јајца во кој учествуваа 400 натпреварувачи

Канал5 - 27.04.2008

Велигденското јајце на тригодишната Тамара Ефремова е најотпорно на трдиционалното кршење на велигденски јајца в на овогодишниот петти натпревар. Ванчо, нејзиниот татко, и помогна телевизорот како главна награда да го пренесе до масата каде вчеравечер нејзиното семејство го славеше воскресението ...

Православните храмови преполни со верници

А1 - 26.04.2008

Православните храмови утрово беа преполни со верници. Денеска е Велика Сабота. Во предвечерието на Велигден во сите цркви се одржуваше литургија. Стотици граѓани палеа свеќи за здравје и земаа крстена вода. Други, пак, во редици чекаа да ја земат светата причест.

Велигденска служба во храмовите на МПЦ

А1 - 26.04.2008

Верниците веќе полека доаѓаат во Соборниот храм, вечерва околу 23 часот ќе биде многу помасовно, кога сите заедно со свеќа во рацете ќе го прослават најголемиот христијански празник Велигден и Христовото Воскресение. Ден кога Исус Христос ја докажал својата божественост, со тоа што воскреснал.

Дојран се полни со посетители за Велигден

А1 - 26.04.2008

Се полни Дојран со посетители, најмногу во викенд куќите, а многу помалку во неколкуте хотелски капацитети. Најбројни се скопјани, кои со своите семејства, велигденските празници ќе ги поминат тука. Има гости и во останатите градови во земјата. Странци нема.

Велики петок

Вест - 26.04.2008

Во сите храмови на Македонската православна црква во Македонија и светот вчера бше одбележан Велики петок, Ден на страдањата и смртта на Исус Христос. Според преданието, Христос починал на крст во "шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се ...

Велигденска трпеза на гробишта

Вест - 26.04.2008

ВЕКОВЕН АДЕТ ВО СЕЛОТО ДРЕНОВО, КАВАДАРЕЧКО Адетот е уште од турско време, кога беговите им забраниле на христијаните да го слават Велигден среде село, па тие го избрале местото каде што Турците никогаш немале стапнато - селските гробишта.

Брисел не сака да слави два Велигдена

Утрински - 26.04.2008

БРИСЕЛ - Европската комисија и НАТО одложија неколку состаноци в понеделник за да им овозможат на претставниците на православната религија да го прослават Велигден, но и двете институции не сакаат да го промовираат овој празник во формален, иако четири земји во ЕУ и три во НАТО го одбележуваат овој ...

Велигден и обичаите

Утрински - 26.04.2008

ПРАЗНИК Графика на Енциклопедија Британика и ...

Г. Г. Стефан - Христовото воскресение да ни биде духовна пролет

Утрински - 26.04.2008

„Денот на воскреснувањето Христово е најголемиот настан во човековата историја. Тоа е аголен камен, темел на верата наша христијанска. Зашто ако Христос не воскреснал, тогаш празна е нашата проповед, празна е и вашата вера (1 Кор. 15, 14).

Велигден се одредува според еврејската Пасха

Утрински - 26.04.2008

Дека Велигден може да падне на 35 различни датуми меѓу 22 март и 8 мај е утврдено во 526 година Билјана Јовановска Празнувањето на најголемиот празник кај православните христијани – Велигден не е поврзано со одреден датум. Пресметано е дека празникот над празниците може да падне дури на 35 датуми ...

„Мимоза“ и печено јагнешко задолжително на велигденската трпеза

Утрински - 26.04.2008

Стил Во црква на полноќ и празничен семеен ручек со традиционални јадења се обичаи што ги почитуваат познатите Јасмина Митковска Богата велигденска трпеза, вапсани јајца, одење во црква, пост, се дел од обичаите што се поврзуваат со најголемиот христијански празник Велигден.

Кокошка снесла јајце со ликот на Тоше

Дневник - 26.04.2008

Јајце со ликот на Тоше снесла кокошка во средата вечерта, во кокошарникот на Горица Видеска,во селото Ропотово кај Прилеп. Семејството на Проески го побарало јајцето да биде експонат за спомен домот на Тоше во Крушево. Видеска возбудено раскажува дека прво видела оти јајцето има необична шара.

Избор на најубаво велигденско јајце во Луна-парк

Дневник - 26.04.2008

Детски фестивал, забава на отворено и избор на најубави велигденски јајца ќе бидат дел од програмата што во чест на Велигден ја организираат Луна-паркот и Ансамблот за народни песни и ора „Скопје“. Тие заеднички ги организираат осмото издание на манифестацијата „Децата во чест на Христовото ...

Воскресението е верба и во нашата победа

Дневник - 26.04.2008

Неправдите кон нас овој пат може и треба да ни помогнат да станеме поединствени и поцврсти во зачувувањето на се' што е македонско, порача во своето велигденско послание поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан Неправдите кон нас овој пат може и треба да ни помогнат да станеме поединствени и поцврсти во ...

И во Дојран за велигден само домашни туристи

Канал5 - 26.04.2008

Повеќе спуштена отколку подигната рампа. Вака за велигденските празници изгледа граничниот премин Стар Дојран. Ретко кога во денот, ќе помине возило, или камион. Повеќе спуштена отколку подигната рампа. Вака за велигденските празници изгледа граничниот премин Стар Дојран.

Свештен трепет пред објавувањето на радосната вест – Христос воскресе

Канал5 - 26.04.2008

Вечерва точно на полноќ на најголемиот христијански празник велигден, на празникот на победата на смртта во православните храмови ширум светот ќе биде објавено воскреснувањето на Исус. Апостол Павле рекол ако Христос не воскреснеше залудна ќе беше нашата вера.

Предвелигденска потрошувачка грозница

Вечер Прес - 26.04.2008

Зелените пазари во Скопје вчера беа преполни со граѓани кои пазареа за најголемиот христијански празник Велигден. Иако секоја година пред Велигден, ситуацијата со турканиците пред тезгите за зеленчук е иста, граѓаните и годинава се жалат на високите цени.

Шарени јајца за честит Велигден

Вечер Прес - 26.04.2008

Пред зори, пред да се појави сонцето како по обичај секоја година водителката Лила М. Стојановска на Велики четврток вапсува јајца. Покрај црвените велигденски јајца, кај неа се застапени и сите останати бои. Јајцата задолжително ги става во специјални кошнички со слама.

Неправдите не прават посилни и поединствени

Вечер Прес - 26.04.2008

Државниот врв бара од МПЦ да остане духовен столб на македонската нација. Поглаварот г.г. Стефан порачува да не не обесхрабрува неправдата што и оваа година во Букурешт и беше нанесена на Македонија. -Сите ние како чеда на Македонија, должни сме да придонесеме во запазувањето на нашето минато и на ...

Охрид подготвен за туристи

А1 - 25.04.2008

Продолжениот празничен викенд да донесе повеќе илјади гости, иако Велигден е семеен празник, Охрид секоја година е привлечен за граѓаните од земјава. А сега уште повеќе по бојкотот на Грција, од страна на македонските туристи.

Велигденско јајце со ликот на Тоше

А1 - 25.04.2008

Велигденско јајце со ликот на Тоше се појави во прилепското село Ропотово кај семејството Видески. Јајцето е со црвеникава боја на која што се гледа еден лик, во првиот момент Видески не знаеле за што се работи. Прво помислиле дека можеби е лик на некој светец, потоа кај нив се собрале голем број ...

Денеска е Велики Петок, најстрогиот пост во годината

А1 - 25.04.2008

Денеска е Велики Петок, ден кога православните Христијани ја оплакуваат смртта на Исус Христос. Најстрогиот пост во годината. Го посетивме семејството Димитриевски-Кејзлерт кои се подготвуваа за најголемиот христијански празник Велигден. Според обичаите за ручек подготвија бело гравче.

Охрид ќе биде полн и без грчките туристи

Време - 25.04.2008

ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Нина Кепеска За велигденските празници Охрид се очекува повторно да личи на центар на православието на овие простори, поради што го нарекуваат балкански Ерусалим. Најмногу гости ќе дојдат од земјава, а меѓу странците најбројни ќе бидат Србите, кои, според најавите, ...

Велигден повикува на враќање кон нашата вистинска татковина - совршенството

Време - 25.04.2008

ИНТЕРВЈУ СО МИТРОПОЛИТ АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКИ, ГОСПОДИН МЕТОДИЈ Ивана Васева Денот на Христовото воскресение Велигден е не само најголемиот, туку и најстариот христијански празник што се слави уште од вториот век. Тој е суштината на Христијанството, потврда на самата вера зашто, како што рекол свети ...

В недела се празнува Велигден најголемиот христијански празник

Време - 25.04.2008

СПОЈ НА ВЕРАТА И НА ТРАДИЦИЈАТА Денот на Христовото воскресение - Велигден не е само најголемиот, туку и најстариот христијански празник што се празнува од вториот век. Тој е суштината на христијанството, потврда и на самата вера, како што рекол свети Апостол Павле: „Ако Христос не воскреснеше, ...

Слават во име на вербата во доброто

Време - 25.04.2008

ПОЗНАТИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН ТАТЈАНА ЛАЗАРЕВСКА, ТВ-ВОДИТЕЛ Без ритуалот на вапсање јајца Велигден не е Велигден. Можноста за изразување на креативноста во украсување на јајцата и на домот е тоа што посебно не радува мене и мојот син Матеј.

Народни обичаи и верувања поврзани со Велигден

Време - 25.04.2008

Меѓу нашиот народ постојат повеќе обичаи и верувања поврзани со Велигден и деновите што му претходат, особено со Великата или Страсна недела. Многу од овие обичаи и верувања водат потекло од многу старо време. На овој ден именден празнуваат Велјан, Веле, Велимир, Велика, Вела, Воскресија Во текот ...

За прв пат како неработен ден православните христијани го чествуваат велики петок

Канал5 - 25.04.2008

Од рано изутрината реки народ се слеваа во храмовите ширум земјата. Православните христијани, го чествуваат велики петок – најтешкиот ден во православието, денот на страдањата и смртта на Исус Христос. Според преданието Христос починал распнат на крст во шестиот час на денот, тогаш сонцето се ...

Велигден - најголем христијански празник

А1 - 24.04.2008

Православните верници в недела ќе го одбележат најголемиот христијански празник Велигден - Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште ...

Сефте вапцам јајца

Вест - 24.04.2008

ПРВ БРАЧЕН ВЕЛИГДЕН НА РОК-ПЕЈАЧКАТА АЛЕКСАНДРА ПИЛЕВА Велигденските празници за мене секогаш имале големо значење, магијата која се чувствува во воздухот - од чинот на фарбање јајаца, па се до држењето свеќи пред црква, чукањето со јајца на полноќ и велигденската семејна трпеза Во семеен амбиент, ...

Велигденското јајце како симбол на животот

Утрински - 24.04.2008

Денеска, на Величетврток, пред изгрејсонце, домаќинките вапсаат јајца во црвена боја Секоја година на Величетврток, рано наутро, пред изгрејсонце, домаќинките го изведуваат традиционалното велигденско вапсање јајца во црвена боја, која е симбол на Исусовата крв.

Велигденски крос на кејот на Вардар

Утрински - 24.04.2008

Вчера, на кејот на Вардар, од хотелот „Александар палас“ до Луна-паркот, се одржа Велигденскиот крос за ученици од основните и од средните училишта. Натпреварот го организираше Сојузот на спортски федерации на ...

За среќа во семејството првото јајце се чува во текот на целата година

Канал5 - 24.04.2008

Со вапсување на првото црвено јајце, пред изгрејсонце – вака на Велики четврток започнуваат подготовките за Велигден, кој се празнува во чест на христовото воскресение по третиот ден од неговата смрт. Народното верување вели дека пред боењето на јајцата домаќинката мора да касне барем еден залак ...

Кој ќе работи за празнициве?

Канал5 - 24.04.2008

За време на претстојните велигденски празници маркетите ќе бидат затворени само во недела, на Велигден. На првиот ден во понеделник ќе работат само во прва смена. За утрешниот ден, Велик петок, прогласен за државен празник има најави дека отворени ќе бидат и другите дуќани.

Да бидеме во мир со сите и на лошото да возвратиме со добро, порака од архиепископот г. г. Стефан

Канал5 - 24.04.2008

Велигденските денови не потсетуваат да бидеме во мир со сите луѓе и на лошото да возвратиме со добро - порака од архиепископот господин господин Стефан на почетокот од празнувањето на Велигден. Велигденските денови не потсетуваат да бидеме во мир со сите луѓе и на лошото да возвратиме со добро - ...

Велики Петок најтежок христијански празник

Вечер Прес - 13.04.2017

Велики Петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на тој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во христијанската религија. Велики Петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со ...

Подари книга за велигденско јајце

Време - 23.04.2008

ОПШТИНА ИЛИНДЕН Во општина Илинден утре ќе се одржи донаторска акција „Подари книга за велигденско јајце - симбол на воскресението Христово“. Манифестацијата се одржува по вторпат, а годинава домаќини ќе бидат основните училишта „Гоце Делчев“ од населбата Илинден, „Ристо Крле“ од село Кадино и ...

Подарете книга, ќе добиете велигденско јајце

Вест - 23.04.2008

Општина Илинден в четврток ќе организира донаторска акција за собирање книги за библиотеките на основните училишта. Секој граѓани што ќе донесе книга, од општинарите ќе добие велигденско јајце. Од Општината веќе обезбедиле 2.008 јајца кои ќе им бидат поделени на граѓаните што ќе донираат книги.

Подари книга за велигденско јајце

Дневник - 27.04.2016

Општина Илинден ја организира јубилејната 10-та по ред манифестација ,,Подарете книга за велигденско јајце - симбол на Христовото воскресение“. Оваа единствена од ваков вид манифестација ќе се одржи на 28 април од 10 до 14 часот во Домот на ...

Велигденски крос

Вечер Прес - 23.04.2008

Под мотото "Младите сакаат да спортуваат", денеска, од 12 до 13 часот, на кејот на Вардар и во Забавниот парк, ќе се одржи пролетен велигденски крос. Во кросот ќе учествуваат ученици од целата територија на Република Македонија.

Велигденска продажна изложба

Вечер Прес - 23.04.2008

Во Основното училиште "Љубен Лапе" во Општина Аеродром, денеска, во 16 часот ќе биде отворена продажна изложба по повод претстојните велигденски празници. Пред посетителите ќе бидат изложени предмети изработени од учениците. Заинтересираните граѓани кои ќе ја посетат изложбата ќе можат да купат ...

Велигденски концерт во Куманово

Вечер Прес - 23.04.2008

Во црквата "Свети Никола" во Куманово, по повод Велигденските празници вечерва (19 ч.) концерт ќе одржи хорското-музичко друштво "Кочо Рацин" од Скопје. Под диригенската палка на Жанета Дивјаковска Донева ќе бидат изведени дела на Бадев, Голабовски, Архангелски.

Мотиви и бои од природата

Вечер Прес - 23.04.2008

И покрај големата понуда на бои и апликации за јајца, традиционалните методи на украсување се уште се незаменливи. Домашните, особено најмладите, ќе бидат одушевени ако јајцата ги направат сами. Природните бои од "кујната на баба": оние добиени од лушпи од кромид, цвекло, мотиви од цвеќе и листови, ...

Првото црвено јајце има магиска моќ

Вечер Прес - 12.04.2017

Црвеното јајце е симбол на Велигден.
 Првите три јајца се вапсуваат на Велики Четврток пред изгрејсонце за да не ги види сонцето и затоа, според верувањата, не се расипуваат со години. Старите адети кажуваат дека в зори на Величетврток треба да се ...

Ќе се избира најубаво, најголемо, најмало и најукрасено јајце

Вест - 22.04.2008

ВЕЛИГДЕНСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ЛУНА-ПАРК В недела, на Велигден, во Луна-паркот, освен избор на највелигденско јајце, ќе има и настап на фолклорни друштва од шест земји В недела, на Велигден, Луна-паркот организира велигденски фестивал со настап на фолклорните друштва под наслов "Децата во чест на ...

Продажба на јајца и велигденски украси во градинката "Весели цветови"

Вест - 22.04.2008

В СРЕДА Сите средства кои ќе бидат собрани од продажбата на велигденските украси и јадења ќе бидат искористени за лекување на дете болно од церебрална парализа На штандови поставени во градинката "Весели цветови" во Кисела Вода, в среда, по повод празникот Велигден, децата од градинките и од ...

Децата во чест на Христовото воскресение

Утрински - 22.04.2008

Денес започнува петдневниот интернационален фестивал „Децата во чест на Христовото воскресение“, на кој покрај учесници од Македонија, ќе има и претставници од Србија, Хрватска, Бугарија, Босна и од Украина. Манифестацијата ќе започне во струшкото село Ложани, во чија црква во сабота навечер сите ...

Игри, песни и најубави вапсани јајца

Вечер Прес - 22.04.2008

Голема забава на отворено со игри, песни и избор на најубаво украсени велигденски јајца во Летното кино, најавуваат вработените од Луна парк и Фолклорното душтво Скопје. Тие и годинава, по осми пат се организаторите на меѓународниот детски фестивал "Децата во чест на христовото раѓање" на којшто ќе ...