TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јанкуловски се иззема од одговорност за шеќерната репка

А1 - 11.11.2007

Во петокот тетовските земјоделци излегоа на блокада поради неоткупената шеќерна репка. Од кабинетот на вицепремиерот за земјоделство Живко Јанкуловски, кој беше прозван, велат дека тој само помагал земјоделците и шеќераната да склучат договор, за репката да се врати на нивите.

Автопатот Тетово - Гостивар блокиран од шеќерна репка

Вест - 10.11.2007

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ГНЕВНИ И НА ВЛАДАТА И НА ШЕЌЕРАНАТА Група производители на шеќерна репка од тетовско-гостиварските села Пирок, полошко Неготино, Боговиње, Чегране, Седларце и Челопек вчера со трактори, преполни со род од оваа земјоделска култура, два часа го блокираа сиот сообраќај на автопатот Тетово ...

Шеќерната репка треба да биде застапена

Време - 10.11.2007

ЖИВКО ЈАНКУЛОВСКИ И понатаму ќе настојувам шеќерната репка, како релативно подоходовна култура, што е можно повеќе да биде застапена на земјоделските површини во Македонија, изјави вицепремиерот Живко Јанкулоски одговарајќи на обвинувањата што до него ги упатија земјоделците од тетовското село ...

Трактори на автопатот Тетово – Гостивар

Утрински - 10.11.2007

Земјоделците се лути зашто битолската Шеќерана не ја откупува репката што ја нарача претходно Земјоделците, просечно, вложиле по 1.500 евра на хектар за обработка и сеење, а сега родот е оставен да им скапува на нивите ТЕТОВО - Вчера од 9 до 11 часот кај клучката Жеровјане беше блокиран автопатот ...

Шеќерна блокада на автопатот Тетово - Гостивар

Дневник - 10.11.2007

Поради проблеми со откупот на шеќерната репка, дваесетина земјоделци од Тетовско, со механизација и со трактори натоварени со репка, вчера од 9 до 11 часот го блокираа автопатот Тетово - Гостивар. Сообраќајот кај селото Жеровјане беше запрен само на автопатот, а споредните патишта беа проодни.

Земјоделците од Пирок бараат откуп на шеќерната репка

А1 - 09.11.2007

Два часа земјоделците од тетовско Пирок го блокираа сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар во двата правца. Ова е, велат, предупредувачка блокада и протест поради неоткупувањето на нивната шеќерна репка од битолската шеќерана „4 Ноември“.

Земјоделци најавија блокада на автопатот Тетово-Гостивар

Макфакс - 09.11.2007

Тетово Група од триесетина индивидуални производители на шеќерна репка од тетовското село Пирок за денеска најавија двочасовна блокада на автопатот Тетово-Гостивар, јави дописникот на Макфакс. Според првичните информации, протестот е поради недоразбирање помеѓу производителите на репката и ...

Шеќерната репка остана неискорната

Утрински - 08.11.2007

Наместо во погоните на фабриката во Битола, шеќерната репка од Пирок се' уште е неизвадена ТЕТОВО - Околу 2.500 тони шеќерна репка остана неискорната во нивите во атарот на тетовското село Пирок. Наместо во погоните на фабриката во Битола, 30-ина семејства кои годинава засеале 40 хектари шеќерна ...

Шеќерната репка го загорчи животот во Пирок

Дневник - 08.11.2007

Шеќерната репка остана на нивите во тетовското село Пирок, а околу 30 фамилии што обезбедуваа егзистенција од оваа култура сега не знаат што да прават со родот. Проблемот настанал поради недоразбирања за терминот за откуп на репката во битолската шеќерана.