TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Работиме со платени авторски права

Време - 09.11.2007

„КЕЈБЛТЕЛ“ ДЕМАНТИРА Кабелскиот оператор „Кејб-лтел“ ја демантира информацијата на Советот за радиодифузија дека реемитува ТВ-канали без регулирани авторски права. „Кејблтел“ ДООЕЛ Скопје е фирма со стопроцентен странски капитал и од неодамна изврши комплетна аквизиција на 13 кабелски оператори од ...

Адамчевски ќе не остави без телевизија!

Вечер Прес - 09.11.2007

Од Кејблтел велат дека со дел од домашните телевизии е уредено реемитувањето со авторски договори, додека со А1, Сител, Канал 5, Телма и Алсат, преку нивното здружение АПЕММ се водат интензивни преговори за уредување на правата На македонските граѓани ќе им биде скратено правото да ги следат ...

Пријава против „Кејблтел“

Време - 07.11.2007

РАДИОДИФУЗИЈА Операторот „Кејблтел“ го прекршил Законот за радиодифузна дејност бидејќи бесправно објавувал програми надвор од регистрираниот пакет и отстапувал од одредбите за јазикот на кои се преведени програмите, информираа во Советот за радиодифузија по извршениот мониторинг.

„Кејблтел“ не смее да користи бугарски превод

Дневник - 07.11.2007

Кабелскиот оператор „Кејблтел“ не смее да пренесува телевизии со српски, бугарски, холандски и арапски превод и надвор од регистрираниот пакет да ги реемитува телевизиите „Нова“, „Зона“, „Визион плус“ и „Реалити“. Оваа одлука ја донесе Советот за радиодифузија, врз основа на поплаки од граѓани.

Кејблтел работи незаконски

Вечер Прес - 07.11.2007

Кабелскиот оператор Кејблтел реемитувал програми кои не се во регистрираниот пакет и ги прекршил одредбите на Законот за радиодифузната дејност кои се однесуваат на јазикот на кои се преведени програмите, соопшти вчера Советот за радиодифузија.