TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Меморијален карате турнир Никола Грдановски - Нике

А1 - 07.10.2007

Натпреварувачи од Словенија, Бугарија, Србија и секако од Македонија учествуваа на интернационалниот и традиционален меморијален карате турнир Никола Грдановски - Нике. Во салата Расадник во Скопје вчера беше одржан 26-от турнир во чест на еден од основачите на клубот Металург во 1969 година.

Четири златни медали за Македонија

Време - 03.10.2007

КАРАТЕ На штотуку завршеното Балканско првенство во карате за јуниори и кадети што се одржа во Скопје, во дисциплините кати и борби во поединечна и екипна конкуренција, македонската карате-репрезентација освои 12 медали од кои четири златни, два сребрени и шест бронзени.

Македонија со 12 медали

Дневник - 03.10.2007

Каратистите Томе Тодоровски и Иво Цветковски станаа младински шампиони на Балканијадата што се одржа во Скопје. Македонската репрезентација освои вкупно 4 златни медали, 2 сребрени и шест бронзени или вкупно 12. Злата освоија уште младинката Верица Трајковска и кадетката Зорица Спиркоска, двете во ...

Каратистите имаат 17 кандидати за спортска пензија

Време - 02.10.2007

Македонската федерација за традиционално карате експресно реагираше на барањето на Агенцијата за млади и за спорт (АМС) и уште вчера достави список со 17 каратисти што во минатото освојувале медали на светски и на европски првенства.

Недев оди на медал на Светскиот куп

Време - 02.10.2007

КАРАТЕ Дејан Недев, физички подготвен како никогаш досега, од утре до недела ќе учествува на 4. Светскиот куп (СК) во традиционално карате, во Полска, и ќе се обиде од таму да се врати со медал. - На овој СК учествуваат осумте најдобри каратисти од целиот свет, и тоа по специјален избор на ...

Дејан Недев меѓу осумте најдобри каратисти на светот

Утрински - 02.10.2007

Дејан Недев Најдобриот македонски натпреварувач во традиционално карате, Дејан Недев, доби големо признание од Меѓународната федерација во традиционално карате (ИТКФ) и ќе учествува на 4. светски карате куп во Варшава, Пoлска, на кој ќе настапат најдобрите осум каратисти од целиот свет.

Дејан Недев вторпат ќе учествува на светски куп

Дневник - 02.10.2007

Македонскиот каратист Дејан Недев по вторпат во кариерата ќе учествува на 4. светски куп на најдобрите осум „традиционалисти“, од 3 до 7 октомври во Варшава (Полска). Изборот кои осуммина ќе учествуваат го прави претседателот на Светската традиционална карате федерација, сенсеи Хидетака Нишијама.