По неколкудневниот прекин, граѓаните на Крушево, Дојран, Гостивар, Свети Николе, Ресен, Миравци, Лозово и на Демир Хисар добија вода откако ЕВН ја вклучи струјата во комуналните претпријатија. Само општина Карбинци остана без вода затоа што комуналците илегално ги приклучиле пумпите во електричната мрежа.
Повторно сме сведоци на самоволието на фирми кои вршат услуга од јавен интерес кои проблемот со наплатата го решаваат на сила. ЕВН поради нерасчистени побарувања од комуналците ги исклучува пумпите од струја, а овие, пак, оставаат градови и региони без вода. Во 21 век се решаваат должничко-доверителни односи со методот кој е посилен - тој пресудува.
Она што на неколку илјади македонски граѓани им се случи во 21 век цели пет дена да живеат без вода и во страв од епидемии сигурно не го доживеале ни луѓето од многу посиромашни земји од нашата. И, што е најтрагично, причината за таквата голгота не беше некоја, не дај боже, елементарна катастрофа, ниту пак некаква сериозна хаварија на водоводниот систем.
Силвана Јовановска Никој нема право да ги остави граѓаните без вода, затоа што таа е дадена од природата и е јавно добро, тврдат правните експерти. За нив е парадоксално тоа што случајот со затворањето на вентилите на Липковската брана беше процесуиран до Хаг поради едностраниот прекин со вода, а за секнувањето на чешмите во половина Македонија не е одговорен никој.
Кој ќе ја плати струјата - градските татковци креваат рамена и сега бараат помош од државата. Нина Нинеска-Фиданоска По пет дена поминати како во камено време, граѓаните од неколку општини во земјава од вчера повторно имаат вода. Но, оваа „привилегија“ ја добија само на одредено време или попрецизно на неколку дена, но пак ќе ја изгубат доколку нивните градски татковци не најдат пари да и' ги ...
Крушевчани, по пет дена, конечно вчера попладне добија вода. ЈКП „Комуна“ се договори со ЕВН за плаќање на стариот долг од осум милиони денари на рати, со што е пуштена струјата за да можат пумпите да работат и да се искачува водата до градот. Сепак, велат надлежните, количествата што доаѓаат од регионалниот водовод „Студенчица“ не се доволни за снабдувањето со вода на градот.
После неколку дневна голгота Крушево и Дојран конечно добија вода. На денешниот состанок со ЕВН и локалната самоуправа било договорено заостанатиот долг кон ЕВН од 8 милиони денари да се плаќа на 18 рати, почнувајќи со исплата на првата рата од идниот месец. По вчерашните протести и жителите на Дојран по шест дена добија вода.
Сузана Тасева ЕВН не попушта, локалната власт нема пари, а Дојран повторно шест дена е без вода. Дојрани се плашат од појавата на заразни болести и за здравјето на своите деца затоа што една недела од чешмите нема протечено ниту капка вода. Поради неподносливиот живот на суво, вчера дојрани протестираа пред зградата на Општината, барајќи итно решение за проблемот. - Ова повеќе не се трпи.
Дојран вчера попладне доби вода за пиење, откако пет дена немаше ниту капка, бидејќи "ЕВН Македонија" ја исклучи струјата на дојранското водоводно претпријатие. Ленче Карпузовска, портпарол на ЕВН, рече дека раководството на компанијата вчера одлучило на неодредено време да му пушти струја на водоводното претпријатие од Дојран, за да можат луѓето да ги задоволат основните хигиенски потреби.
Секнатите чешми донесоа жолтица во Дојран. ДОЈРАН - Последното секнување на водата во Дојран во траење од шест дена предизвика жолтица кај едно дете. Поради долг од 200.000 евра на комуналното претпријатие кон ЕВН, во последната недела Дојран најдолго остана без вода. Во знак на револт жителите на Дојран вчера се собраа на мирен протест пред зградата на локалната самоуправа.
Дојран без вода доби жолтица. ЕВН вети дека ќе ја пуштат струјата без која не функционира водоводот, а граѓаните се заканија дека децата нема да одат в училиште бидејќи е регистриран прв случај на жолтица. Со вода за пиење и за готвење жителите на Стар Дојран се снабдуваат од единствената чешма. Жители на Стар Дојран вчера со мирен протест пред зградата на општината го искажаа револтот поради ...
Ако некој од потрошувачите смета дека е оштетен, може да побара нова пресметка. Граѓаните се жалат дека „ЕВН Македонија“ во октомвриските сметки за струја им пресметала помалку потрошени киловати, па ќе мора разликата да ја платат по новата повисока цена, која важи од 1 ноември.
Дојран, Крушево, Богданци, Демир Хисар и уште други шест општини од Македонија, веќе пет дена се без вода, бидејки “ЕВН“ им ја исклучила струјата на јавните комунални претпријатија, поради неплатени долгови. Тоа го нарушило и водоснабдувањето во овие општини, бидејќи без струја останале и пумпите за вода.
Судбината на дојранци - да живеат без вода и во страв од епидемии - им се заканува и на луѓето во најмалку десетина града. Ако не почнат итно да ги плаќаат долговите, ЕВН ќе им ја исклучи струјата, а со тоа и пумпите за вода. Јавните локални комунални претпријатија му должат на ЕВН околу 7 милиони евра, според нецелосните анализи на Асоцијацијата на комуналните претпријатија (АТКОМ).
Со нова спогодбата за одложено плаќање на 7 милиони денари, на осумгодишни обврски, ЕВН синоќа ја вклучи во мрежа пумпната станица Норово. Водоснабдувањето на Крушево делумно е нормализирано. Локалните власти тврдат дека во повременото нарушување на водоснабдувањето на градот и уште неколку други општини во Македонија, каде што градоначалниците се од СДСМ, има политика.
Крушево е на работ на функционирањето. Сите институции се блокирани. Веќе пет дена овој град има само по половина час од денот вода. Општината му должи на ЕВН осум милиони денари и тој сега ја исклучи струјата од пумпите со која водата се качува до градот. Семејството Станкоски се шестмина дома, велат најмногу им е страв за децата.
Над 1.600 домови во Нов и во Стар Дојран цели пет дена се без капка вода. Хуманитарната катастрофа почна во средата вечерта, откако "ЕВН Македонија" одлучи целосно да му ја исклучи струјата на дојранското водоводно претпријатие поради неплатен долг од околу 200 илјади евра. И претходните два месеца жителите на Дојран мака мачеа со водоснабдувањето, но никогаш толку долго не останаа без вода.