TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Второлигашот Илинден продолжува да игра во Новаци

Дневник - 06.10.2006

Фудбалскиот второлигаш Илинден, кој заработи казна од 12 натпревари неиграње во Велмеј, продолжува како домаќин во Новаци. Тоа е локацијата оддалечена 100 километри од Велмеј, што Илинден ја пријави за дуелот со Слога Југомагнат во неделното 8. коло.

Победа два меча ќе игра надвор од Прилеп

Време - 05.10.2006

КОМЕСАР ЗА ДИСЦИПЛИНА Победа е казнета со забрана на играње на стадионот во Прилеп на два првенствени натпревара и парично со 500 евра поради присуство на неслужбени лица на теренот на средбата со Македонија ЃП. Средбите со Башкими (8. коло) и со Влазрими (11.

Победа домаќин на Башкими и на Влазрими во Охрид

Утрински - 05.10.2006

МИОДРАГ МИЦКОВИЌ Поради инцидентот по завршувањето на средбата соМакедонија ЃП кога главниот судија Љубомир Крстевски беше малтретиран од одредени клупски функционери на Победа, прилепскиот прволигаш е казнет со два натпревари негирање дома како домаќин.

Победа два меча надвор од Прилеп

Дневник - 04.10.2006

Второлигашот Илинден во Велмеј нема да може да игра 12, а прволигашот Победа само два меча во Прилеп, реши Дисциплинската комисија во ФФМ, по инцидентите што се случија по натпреварите на овие две екипи со Турново, односно Македонија ЃП.

Илинден не допатува во Струмица

Вест - 02.10.2006

ВТОРА ЛИГА - 7. КОЛО Илинден од Велмеј не допатува во Струмица за средбата против Беласица од седмото коло на Втората фудбалска лига, во кое лидерот Меридијан ФЦУ беше задржан на 0:0 на гостувањето кај Лозар. Резултати: Турново-Милано 0:2, Слога Југомагнат-Скопје 2:1, Лозар Декамел-Меридијан ФЦУ ...

За Илинден останува уште една шанса да се пишмани

Дневник - 02.10.2006

За новакот во второлигашкото фудбалско друштво Илинден од селото Велмеј, останува уште една шанса да се пишмани, ако сака да продолжи да се натпреварува во овој ранг. За 8. второлигашко коло, закажано за идната недела, Илинден треба да пријави терен каде ќе игра како домаќин, по изречената ...