TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Дали кандидатскиот статус е готова работа?

А1 - 11.12.2005

Државниот врв соочен со пресвртот на ситуацијата, дали кандидатскиот статус е готова работа? Настапува во Брисел со резервниот план. Шефицата на дипломатијата утре, на 12 декември, сепак ќе биде во седиштето на Унијата , да го слушне пресудниот збор на министрите за надворешни за Македонија - дали ...

Франција, Холандија и Данска го кочат статусот за Македонија

А1 - 10.12.2005

Франција, Холандија и Данска го забавуваат постигнувањето согласност за објавување на кандидатски статус на Македонија за членство во Европската Унија. Ова како што пренесува Макфакс, го изјавија синоќа за Ројтерс анонимни дипломати во седиштето на Унијата во Брисел.

Поддршка од Словенија за кандидатурата

Време - 10.12.2005

ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА САМИТОТ НА ЕУ Словенија побарала од Велика Британија, како претседавач со Унијата, македонската кандидатура да биде на дневниот ред на самитот идната недела и на Македонија да и се додели статусот земја-кандидат за членство во ЕУ.

Македонија заслужи да го добие статусот кандидат за ЕУ

Утрински - 10.12.2005

Изјава на вицепремиерката Шекеринска "Македонија заслужи да го добие статусот кандидат за Европската унија. Тоа не е став на државата, на Владата или мој личен став. Македонија го заврши својот дел од обврските. Европската комисија, која беше задолжена да направи објективна процена, предложи ...

Само Франција е против кандидатурата на Македонија

Утрински - 10.12.2005

Сите очекувања за кандидатскиот статус од Брисел ќе добијат разврска в понеделник Министерката Илинка Митрева в понеделник пак ќе се врати во Брисел за да лобира Слободанка Јовановска Франција остана осамена во ставањето сопки на македонската кандидатура за членство во Европската унија, бидејќи ...

Македонија засега ја нема во Лондон

Дневник - 10.12.2005

ЈАНША ЛОБИРА Словенечкиот премиер Јанез Јанша во Лондон се заложи на самитот на Европската Унија во Брисел, на 15 и 16 декември, на Македонија да и се додели статусот кандидатка за членство во ЕУ. Јанша прексиноќа во Лондон разговараше со претседавачот на ЕУ, британскиот премиер Тони Блер, и се ...

„Би-Би-Си“: Македонија може да стане жртва на француско-британскиот спор во ЕУ

Канал5 - 10.12.2005

Македонија можно е да биде кревка жртва во судирот во ЕУ помеѓу Франција и Велика Британија, јавува „Би-Би-Си“. В понеделник министерите за надворешни работи на Унијата, ќе ја разгледуваат препораката на комисијата, да и се даде кандидатски статус на Македонија.

Македонија заслужи кандидатски статус

Вечер Прес - 10.12.2005

Потпретседателката на Владата, Радмила Шекеринска, не сака да прогнозира дали Македонија наредната недела ќе добие кандидатски статус за Европската Унија. "Македонија и јас лично е во исчекување на одлуката на Советот на ЕУ. Македонија заслужи статус кандидат и тоа не е став кој што го кажувам јас ...

Франција најголем противник на Македонија за статусот кандидат

А1 - 09.12.2005

Остануваат 48 часа неизвесност со нерешлив проблем. Франција е непоколеблива и не попушта. Таа е најголемото стравување за македонскиот државен врв следниве два дена. Дали официјален Париз ќе се спротивстави на кандидатскиот статус - дознава А1 од дипломатски извори.

Се намалува отпорот - Франција најпроблематична

Време - 09.12.2005

ОЛИ РЕН ПОВИКА НА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНИЈА Боби Христов Ги охрабрувам земјите-членки на ЕУ да ги поддржат препораките на Европската комисија и на Македонија да и доделат кандидатски статус, порача вчера еврокомесарот за проширување Оли Рен.

Одлуката за кандидатскиот статус без македонска делегација

Утрински - 09.12.2005

Министрите на ЕУ в понеделник ќе решаваат за европскиот пат на Македонија Поради неизвесноста околу исходот, планот е македонскиот државен врв да го чека кандидатскиот статус дома Слободанка Јовановска Портпаролката на британското Министерство за надворешни работи, Деспо Мајкл, потврди вчера дека ...

Грција со името ќе го условува кандидатскиот статус

Дневник - 09.12.2005

ВО АТИНА ДЕБАТА ЗА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА Грчките политичари и интелектуалци се свесни дека не може да се оствари нивната желба името на северниот сосед да не го содржи зборот Македонија, но повикуваат да се најде решение што ќе им одговара.

Словенија јасно застана зад кандидатурата на Република Македонија

Канал5 - 09.12.2005

Словенија како што вети отворено лобира за македонската кандидатура за членство во унијата. Словенечкиот премиер Јанез Јанша вчера во Лондон на средбата со претседавачот со ЕУ британскиот премиер Тони Блер рекол дека на самитот на унијата закажан за наредната седмица Македонија треба да стане земја ...

Оли Рен ја повика ЕУ да гласа за Македонија

Вечер Прес - 09.12.2005

Еврокомесарот за проширување Оли Рен вчера ги повика земјите-членки на ЕУ да изгласаат кандидатски статус за Македонија на 12 декември. Поддршката на Рен доаѓа само три дена пред состанокот на Советот на министри на Европската Унија на кој 25-те членки на Унијата ќе гласаат за македонскиот ...

Словенија за кандидатски статус на Македонија

Макфакс - 09.12.2005

Лондон Словенечкиот премиер Јанез Јанша во Лондон се заложи на самитот на Европската унија в Брисел на 15 и 16 декември на Македонија да и се додели статусот кандидат за членство во ЕУ. Јанша синоќа во Лондон разговараше со претседавачот на ЕУ британскиот премиер Тони Блер и се заложи за ...

На 12 декември Советот на Европа ќе решава за Македонија

А1 - 08.12.2005

Поддршка за кандидатски статус. Ова е последната вест која доаѓа од Оли Рен, комесарот за проширување, кој прецизирал дека понеделник е денот Д за Македонија, кога Европскиот совет во Брисел ќе решава за статусот. Рен додава дека економската состојба на Македонија е причина што државава не е ...

Државниот врв лобира за кандидатски статус

Време - 08.12.2005

СО ПИСМА ДО ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ Верувам дека на претстојното заседание на Европскиот совет во декември, заедно со другите земји-членки на ЕУ, ќе и биде признаен напредокот на Македонија истакнат во мислењето на Европската комисија ако и дозволат на Македонија да влезе во следната фаза на процесот на ...

Шест земји против македонската кандидатура

Време - 08.12.2005

СПРОТИВСТАВЕНИ СИГНАЛИ ОД БРИСЕЛ Советот на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Брисел не донел конкретен став или препораки дали Македонија на европскиот самит идната недела да го добие статусот земја-кандидат за членство во Унијата.

Државниот врв лобира за кандидатурата

Утрински - 08.12.2005

Првите луѓе на државата упатија писма до претседателите на земјите од ЕУ за да обезбедат поддршка за кандидатскиот статус на земјава Позитивната одлука за Македонија ќе биде сигнал за јасна европска перспектива за сите земји од регионот и дополнително ќе придонесе за стабилноста и просперитетот на ...

Кандидатскиот статус веќе бил завршена работа?

Утрински - 08.12.2005

Европарламентарците со поддршка и препораки за Македонија Европарламентарците ја поддржуваат препораката на ЕК за давање кандидатски статус на Македонија бидејќи, според нивна оцена, таа е на добар пат да ги оствари критериумите од Копенхаген.

Ќе добиеме ли кандидатски статус?

Канал5 - 08.12.2005

Македонскиот амбасадор во Лондон и британскиот во Скопје денеска преку видео-конференциска врска ја потврдија неизвесноста пред која е исправена Македонија. Ништо нема да се знае до 13-ти декември, кога британскиот премиер, Тони Блер, чија земја претседава со Европската унија, ќе го соопшти ...

Оли Рен порача да ни се даде статус земја-кандидат

Канал5 - 08.12.2005

Оли Рен ги охрабрува земјите – членки на унијата да го прифатат предлогот на комисијата и на Македонија да и доделат кандидатски статус во декември.. Комесарот за проширување бара на состанокот в понеделник министрите за надворешни работи да ги земат во предвид објективните проценки на комисијата ...

ЕУ треба да ни додели кандидатски статус

Вечер Прес - 08.12.2005

Верувам дека на претстојното заседание на Европскиот Совет во декември, вашата земја, заедно со другите земји-членки на ЕУ, ќе го признаат напредокот на Македонија истакнат во мислењето на Европската комисија, ако и дозволат на Македонија да влезе во следната фаза на процесот на пристап кон ...

Државниот врв лобира за кандидатскиот статус на Македонија

А1 - 07.12.2005

Станува критично дали Македонија ќе добие кандидатски статус на самитот на ЕУ следната недела, клучното прашање кое ги натера Претседателот и Премиерот синхронизирано да лобираат. Во исто време, на ист начин, со писмо со исто барање, на истата адреса - до земјите на ЕУ.

Потврда за кандидатскиот статус - в понеделник?

Време - 07.12.2005

БРИСЕЛ ПОДГОТВУВА НЕКОЛКУ СЦЕНАРИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА Боби Христов Кандидатскиот статус на Македонија можно е да биде потврден и доделен в понеделник, на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија.

Данска со резерви за кандидатурата

Дневник - 07.12.2005

МИТРЕВА НА СОСТАНОКОТ НА ОБСЕ Македонија заслужува да го добие статусот кандидатка за членство во ЕУ, но не зависи се од неа. Ова е генерално ставот на земјите-членки на Унијата пред декемврискиот совет, на кој Македонија очекува кандидатски статус.

Македонските европратеници убедени дека на 15 ќе добиеме кандидатски статус

Канал5 - 07.12.2005

Македонските пратеници по дводневната одисеја низ Брисел и седницата на Мешовитиот парламантарен комитет, во татковината се вратија силно уверени дека на 15-ти декември Унијата ќе ни даде кандидатски статус. Македонските пратеници по дводневната одисеја низ Брисел и седницата на Мешовитиот ...

Македонија ја повика ЕУ да и додели статус кандидат за членство

Макфакс - 07.12.2005

Скопје Верувам дека на претстојното заседание на Европскиот Совет во декември, вашата земја, заедно со другите земји-членки на ЕУ, ќе го признаат напредокот на Македонија истакнат во мислењето на Европската комисија, ако и дозволат на Македонија да влезе во следната фаза на процесот на пристап кон ...

Рен: Кандидатурата на Македонија сигнал за целиот Балкан

Макфакс - 07.12.2005

Брисел Европскиот комесар за проширување Оли Рен го поздрави одобрувањето на статусот кандидат на Македонија за прием во Европската унија (ЕУ), оценувајќи дека тоа е вистинскиот сигнал упатен кон целиот Балкан. Рен рече дека продолжувањето на процедурата ќе "зависи од капацитетот на државата" да ...

Македонија кандидат за членство во Европската унија

Макфакс - 07.12.2005

Скопје Македонија го доби долго очекуваниот статус кандидат за членство во Европската унија (ЕУ), без датум за почеток на преговорите со Унијата. “Визијата на ЕУ е обединета Европа во сите форми и тоа се однесува и на Македонија“, изјави рано изутрината во Брисел претседавачот со Унијата, ...

И Грција го поддржа кандидатскиот статус за Македонија

Вечер Прес - 07.12.2005

Парламентарците од сите земји членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Грција вчера ја поддржаа препораката на Европската Комисија за доделување кандидатски статус на Македонија без спомнување на конкретен датум. Ова е главниот заклучок од вчерашниот и завчерашниот состанок на мешовитиот комитет на ...

Светската банка го поздрави кандидатскиот статус на Македонија

Макфакс - 07.12.2005

Скопје Светската банка ја поздрави денеска одлуката на Европскиот совет за доделување кандидатски статус на Македонија за членство во Европската унија. “Одлуката на ЕУ го потврдува местото на Македонија во Европа и е признание на импресивното досие на земјата за нејзините заложби за мир и реформи“, ...

Митрева собира поддршка за кандидатскиот статус

Време - 06.12.2005

НА САМИТОТ НА ОБСЕ ВО ЉУБЉАНА Шпанија и Италија ќе ја поддржат Македонија на самитот на ЕУ на 15 декември да го добие статусот земја-кандидат за членство во Унијата, соопштено е по вчерашните средби на шефицата на македонската дипломатија Илинка Митрева со нејзиниот шпански колега, Мигуел Анхел ...

Мешовитиот комитет предложи кандидатски статус за Македонија

Канал5 - 06.12.2005

На 15 –ти декември на Македонија да и се додели кандидатски статус. Ова е еден од заклучоците во завршната изјава на мешовитиот европско-македонски парламентарен комитет кој денеска во Брисел ја финишираше дводневната сесија.

Кандидатурата на Македонија најверојатно ќе биде потврдена

Макфакс - 06.12.2005

Скопје/Брисел Одлука за статусот кандидат за Македонија вечерва би требало да биде донесена и се прогнозира позитивен исход, без оглед на исходот на расправата за буџетот на Европската унија. Ова, како што дознава Макфакс од дипломатски извори во Скопје и Брисел, стана реалност, откако британското ...

Македонија чека кандидатски статус

Макфакс - 06.12.2005

Скопје Европските лидери најверојатно денеска ќе одлучат дали на Македонија ќе и доделат статус на кандидат за членство во Европската унија, откако вчера, на првиот ден од самитот, расправаа, но не постигнаа договор за заедничкиот буџет.

ФТ: ЕУ ќе и додели кандидатски статус на Македонија

Макфакс - 06.12.2005

Лондон Лидерите на Европската Унија (ЕУ ) подготвени се формално да ја прогласат Македонија за кандидат за членство, но без одреден датум за почеток на преговорите за приклучување, пишува денеска Фајненшл Тајмс. Лидерите одлучиле да нема нови преговори за проширување на ЕУ се додека не се одржи ...

Би-Би-Си: Франција ја условува одлуката за Македонија со буџетот

Макфакс - 06.12.2005

Лондон/Брисел Франција стави до знаење дека одлуката за доделување кандидатски статус на Македонија, дури и без датум за преговори за членство, ќе зависи од договорот за буџетот. Ова, како што пренесува Макфакс, го јави претпладнево Би-Би-Си, додавајќи дека одлуката за Македонија, што европските ...

Заслужувате кандидатски статус

Време - 05.12.2005

ЈОХАНЕС СВОБОДА ЗА „ЕВРОЗУМ“ Кандидатскиот статус за Македонија би бил позитивен знак за стабилизација на регионот на Западен Балкан, смета европратеникот Јоханес Свобода, според кого Македонија заврши огромна работа и заслужува да добие кандидатски статус.

Македонија ќе добие кандидатски статус за ЕУ

Дневник - 05.12.2005

СПОРЕД ЕВРОПРАТЕНИЧКАТА АНГЕЛИКА БЕР Европратеничката од германската партија Зелени и голем македонски лобист, Ангелика Бер, е оптимист и очекува на 15 декември Македонија да добие статус земја-кандидат за членство во Европската Унија. - Позицијата на Зелените во Европскиот парламент е многу чиста.

Пред 15-ти декември нема да знаеме дали ќе го добие кандидатскиот статус за влез во ЕУ

Канал5 - 05.12.2005

Македонија до последен момент нема да знае дали на 15-ти декември ќе го добие кандидатскиот статус. Првиот поконкретен сигнал можеби ќе стигне за три дена од состанокот на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ. Македонија до последен момент нема да знае дали на 15-ти декември ќе го добие ...

Европските амбасадори препорачуваат кандидатски статус за Македонија

Макфакс - 05.12.2005

Брисел Државите членки на Европската унија се приближија до донесување на решение за давањето статус на кандидат за членство на Македонија, покрај резервите, искажани од Франција, изјавија европски дипломати. Амбасадорите на 25-членки на Унијата усвоија изјава во која препорачуваат на Скопје да му ...

Македонија со статус кандидат за ЕУ - стои во нацрт заклучоците на Самитот

Макфакс - 05.12.2005

Брисел Лидерите на Европската Унија се очекува на Македонија да и доделат статус на кандидат за полноправна членка на дводневниот самит што започнува денеска, јавија западните агенции, наведувајќи оти тоа се наведува во нацртот заклучоци што треба да се усвојат на самитот.

Самит на Унијата-Македонија чека кандидатура

Макфакс - 05.12.2005

Брисел/Скопје Самит на Европската унија, важен за иднината на самата унија, но и за Македонија, се одржува денеска и утре во Брисел. Лидерите на земјите членки на Унијата ќе се обидат да ги „испеглаат“ разликите околу буџетот на Унијата за периодот 2006-2013 година – прашање, од кое според повеќе ...

Македонија мора да добие кандидатски статус

Вечер Прес - 05.12.2005

"Позицијата на Зелените во Европскиот парламент е многу чиста. Ние го поздравивме позитивниот одговор од Европската комисија за Македонија и убедени сме дека одлуката на Европскиот совет на 15 декември мора да претставува зелено светло за Македонија да го добие статусот земја-кандидат за членство ...