TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Приватните превозници неподготвени за месечни билети

Утрински - 15.11.2008

Стопроцентна покриеност со електронска наплата има на линиите „22“, „23“, „63“,„73“ и „12“. Приватните превозници од „Слобода превоз“ се' уште не се подготвени за издавање месечни електронски билети, а главен проблем е недоволната покриеност со електронски апарати во автобусите. Досега се инсталирани 80 валидатори во возилата, а десетина сопственици биле во постапка на инсталирање.

Слободни карти и во приватните автобуси

Вест - 14.11.2008

Приватните автобусчии од следната недела воведуваат електронски месечни билети. На електронските картички за наплата, кои приватниците ги воведоа летово, учениците, студентите, пензионерите и вработените ќе имаат попуст, па тие ќе функционираат како месечни слободни карти, додека промотивниот билет од 15 денари во еден правец веќе нема да важи.

Кумановските ученици добија бесплатен превоз

Нетпрес - 14.11.2008

Учениците кои живеат на повеќе од два километри од матичните училишта им е обезбеден бесплатен превоз. Четири компании кои Министерството за образование ги избра на тендер го вршат превозот на 14 релации. Родителите се задоволни бидејќи на ваков начин децата се заштитени и безбедно заминуваат и се враќаат од училиште.

Нема веќе групен превоз на деца во „олдтајмери“

Н.Македонија - 11.11.2008

Министерството за транспорт и врски почна постапка за утврдување на построги критериуми во однос на старосната структура на возилата со кои се врши групен превоз на деца и на конкретни технички барања што треба да ги исполнуваат возилата наменети за групен превоз на деца, соопштија вчера во министерството. Целта е групниот превоз на деца да биде подобар и побезбеден.

Граѓаните плаќаат висока цена за возење со автобус

Време - 10.11.2008

Граѓаните плаќаат висока цена за возење со автобус Елена Мачевска Скопјани реагираат на најавата дека ЈСП „Скопје“ сака да ја зголеми цената на билетите. Тие велат дека нивната цена и така е повисока од билетите на приватните градски превозници и дека секаде во светот приватниот превоз е поскап од државно финансираниот, а кај нас е обратно.

Ќе се воведе електронска наплата и во автобусите на „Мак-експрес“

Утрински - 10.11.2008

До Нова година ќе бидат опремени две третини од вкупно 95 автобуси. Електронската наплата ќе стане практика и во автобусите на приватното превозничко претпријатие „Мак-експрес“. До Нова година ќе бидат опремени две третини од вкупно 95 автобуси на претпријатието, колку што учествуваат во јавниот градски превоз на патници. Другите, веројатно, ќе се опремуваат во текот на јануари идната година.

Ем со картички, ем со кеш во приватните автобуси

Н.Македонија - 10.11.2008

Голем број патници што го купиле новиот „интелигентен билет“ за приватните автобуси реагираат дека и покрај тоа мораат да плаќаат во многу возила, затоа што не се опремени со читачи. Од здружението на приватните превозници „Слобода превоз“, пак, појаснуваат дека употребата на електронските чип-картички засега е промотивна, а тие ќе се користат во сите возила од почетокот на идната година.

Групен превоз на деца со понови автобуси

Вечер Прес - 10.11.2008

Групен превоз на деца со понови автобуси. Министерството за транспорт и врски почна постапка за утврдување построги критериуми во однос на старосната структура на возилата со кои се врши групен превоз на деца и конкретни технички барања што треба да ги исполнуваат овие возила.

Построги критериуми во однос на старосната структура на возилата со кои се врши групен превоз на деца

Нетпрес - 10.11.2008

Построги критериуми во однос на старосната структура на возилата со кои се врши групен превоз на деца Министерството за транспорт и врски со цел организирање подобар и побезбеден групен превоз на деца, отпочна постапка за утврдување на построги критериуми во однос на старосната структура на возилата со кои се врши групен превоз на деца и на конкретни технички барања што треба да ги исполнуваат ...