TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Уапсени убијците на полицајците во Гостивар

А1 - 30.08.2002

Две лица за кои постојат основани сомненија дека во понеделникот ги убија полицајците во Гостивар се уапсени ноќеска, јавува Макфакс, повикувајќи се на сигурни извори. Идентитетот на двете лица, кои биле уапсени во широка полициска акција, засега не е познат.

Кај осомничен за убиството на полицајците во Гостивар по втор пат најдено оружје

Вест - 30.08.2002

При повторен претрес во куќата на Сулејман Сулејмани во гостиварското село Дебреше кој е еден од осомничените нарачателите на двојното убиство на резервните полицајци во гостиварската населба Циглана, вчера полицијата пронашла и запленила поголемо количество на оружје и муниција.

Осомничениот за убиството на полицајците во болница

Вест - 30.08.2002

Селам Селами кој е осомничен како еден од нарачателите на убиството на Александар Николиќ и Данаил Јанковски во гостиварската населба Циглана, завчера во попладневните часови поради влошена здравствена состојба, од Истражниот затвор "Скопје" бил префрлен во Ургентниот центар.

Полициските кривични пријави ги нема никаде

Утрински - 30.08.2002

истрага МВР соопшти дека поседува податоци за злосторството пред четири дена во Гостивар, кога од автоматско оружје беа убиени двајца резервни полицајци во гостиварската населба Циглана. Истиот извор соопшти дека биле подготвени и кривични пријави против осомничените за недозволено поседување ...

МВР самото се демантира со соопштенија

Утрински - 30.08.2002

Сличности во полициската истрага по убиството во Гостивар и со онаа за убиството на тројцата полицајци во Арачиново Коста ПОПОВСКИ Во овој момент има многу работи кои не се јасни околу убиството на двајцата полицајци-резервисти во Гостивар.

Братучед на Ахмети осомничен за убиството на полицајците во Гостивар

Вест - 29.08.2002

ПОЛИЦИЈАТА ТВРДИ ДЕКА ГИ НАШЛА НАРАЧАТЕЛИТЕ, А ТРАГА ПО УБИЈЦИТЕ Главните егзекутори за кои полицијата има сознанија дека се извршители на убиството на резервните полицајци се во бегство, но тие сеуште се наоѓаат на територија на Македонија, сите тие се членови на ОНА и Рамазан Јаовски, Селам ...

Семејството Јовановски не може да го прежали својот Даил

Утрински - 29.08.2002

Три дена по злокобното убиство на двајцата полицајци-резервисти во Гостивар ГОЈКО ЕВТОСКИ ГОСТИВАР - Три дена по злокобното убиство, Гостивар сў уште е потресен и мошне болно ја преживува трагедијата кај Циглана, местото каде што беа убиени нивните сограѓани Даил Јанковски и Александар Николиќ.

Опозицијата загрижена за кампањата

Утрински - 29.08.2002

По убиството во Гостивар Оваа седмица ќе биде пресудна за натамошниот тек на кампањата и воопшто на целиот изборен процес, гласат оцените на високи функционери на коалицијата "За Македонија заедно". Случајот со убиството на двајца полицајци во Гостивар драстично може да го смени текот на кампањата, ...

Нарачателите на убиството на полицајците - луѓе на Ахмети?

Утрински - 29.08.2002

МВР со нови податоци за последните трагични настани во Гостивар Даниела Трпчевска МВР вчера изнесе нови податоци за убиството на двајцата полицајци кај Гостивар на 26 овој месец, потенцирајќи дека сите инволвирани во настанот се поранешни припадници на ОНА и луѓе кои одржуваат тесни врски со ...

Нарачателите на убиството на полицајците блиски на Ахмети

А1 - 28.08.2002

Недозволено поседување оружје, поранешни членови на ОНА, а сега на новоформираната АНА, блиски до Алија Ахмети, киднапери, терористи, насилници и дилери на дрога. Ова се доказите на македонската полиција со која ги товари Рамазан Јаоски, Селам Селами и Сулејман Сулејмани, сите од Гостиварско, дека ...

Кај уапсените најдени арсенал оружје и униформи на УЧК

Вест - 28.08.2002

ПО ДВОЈНОТО УБИСТВО НА РЕЗЕРВНИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ГОСТИВАРСКАТА НАСЕЛБА ЦИГЛАНА Веднаш по убиството на граничниот премин Јажинце, при обид да ја минат државната граница, биле уапсени гостиварците Рамазан Јаовски и Селам Селами, и Сафет Н.

Полицајците погребани, семејството на Јанковски го одби сочувството на Бошкоски

Утрински - 28.08.2002

На новите градски гробишта во Гостивар Гостивар - Телата на убиените полицајци Данаил Јанковски и Александар Николиќ беа погребани вчера во 13 часот на новите градски гробишта во Гостивар Двајцата полицајци беа убиени завчера рано изутрината од истрели од автоматско оружје од возило во движење во ...

АНА ја презеде одговорноста за убиството на полицајците во Гостивар

Утрински - 28.08.2002

СООПШТЕНИЕ Скопје - Терористичката организација т.н. АНА вчера ја презеде одговорноста за убиството на двајца припадници на резервниот состав на МВР во Гостивар. Во соопштението број 16, објавено на веб-страницата на т.н. АНА, потпишано од извесен командант Дреница, се вели дека на 26 август 2002 ...

Обвинителството и судот немаат осомничени, МВР тврди дека привела тројца организатори

Утрински - 28.08.2002

Гостиварското обвинителство се уште нема добиено известување од полицијата за доказите Коста Поповски Горан Наумовски "Јас, како претседател на Основниот суд во Гостивар, заедно со заменикот на јавниот обвините на Гостивар, извршивме увид на местото на злосторството на двајцата припадници на ...

Гостиварци со болка се простија од подмолно убиените полицајци

Дневник - 28.08.2002

ВЧЕРА НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА ВО ГОСТИВАР Даил Јанковски и Александар Николиќ загинаа на браникот на татковината, истакна полицискиот генерал Зоран Јовановски Со највисоки полициски почести вчера на градските гробишта во Гостивар беа погребани полицајците Даил Јанковски и Александар Николиќ, кои во ...

Гостивар во шок и жалост - тројца осомничени во притвор

А1 - 27.08.2002

Попладнево на градските гробишта во Гостивар беа погребани полицајците Даниел Јанковски и Александар Николиќ кои беа убиени вчера во гостиварската населба „Циглана“. Илјадници гостиварчани денеска за последен пат ги поздравија своите сограѓани оддавајќи им почит.

Убиени двајца полицајци во Гостивар

Вест - 27.08.2002

ТЕНЗИИТЕ ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА НЕ ПОПУШТААТ Полицајците резервисти Даниел Јанковски (47) и Александар Николиќ (40) се убиени по полноќ , кусо време по завршувањето на смената, од рафал испукан од голф без регистерски таблички.

Криминално и бесчуствително убиство

Утрински - 27.08.2002

Стејт департмент Владата на Соединетите Американски Држави го осудува криминалното и бесчувствително убиство на двајца припадници на резервниот состав на македонската полиција, што се случи рано утринава во близината на Гостивар.

Грозоморен и злосторнички чин што го загрозува мировниот процес

Утрински - 27.08.2002

Реакции на политичките партии по убиството на двајца полицајци во Гостивар Верче Георгиевска ВМРО-ДПМНЕ и ЛПМ најостро го осудуваат терористичкиот напад во Гостивар во кој загинаа двајца припадници на резервниот состав на МВР и изразуваат длабоко сочувство до семејствата на загинатите бранители.

Во Гостивар убиени двајца полициски резервисти

Утрински - 27.08.2002

Во класичен терористички напад во гостиварската населба Циглана убиени резервистите Даниел Јанковски и Александар Николиќ ГОСТИВАР - Данаил Јанковски (47) и Александар Николиќ (40), полицајци од резервниот состав на СВР-Гостивар, вчераутро, се убиени во класичен терористички напад, за време на ...

Убиени двајца полицајци во Гостивар

Дневник - 27.08.2002

ИНЦИДЕНТ ШТО ГИ ДИГНА ТЕНЗИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Претставници на САД, ЕУ, ОБСЕ и на НАТО го оценија убиството како криминален и кукавички акт без политичка заднина, а сите политички партии го осудија Данаил Јанковски (47) и Александар Николиќ (39), полицајци од резервниот состав на МВР, вчера по полноќ ...

Акт за дестабилизација

Дневник - 27.08.2002

РЕАКЦИИ НА ПАРТИИТЕ Партиите вчера изразија жалење поради убиството на двајцата резервни полицајци и притоа побараа МВР да ги пронајде сторителите и нив да им се суди. ВМРО-ДПМНЕ оцени дека тоа е "акт на урбан тероризам", кој е недвосмислен доказ за сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа ...

Подмолно убиство на двајца полицајци во Гостивар

Дневник - 27.08.2002

ВЧЕРАУТРО ВО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД МВР привело осум лица, од кои три биле задржани на информативен разговор Двајца полицајци се убиени вчераутро во гостиварската населба Циглана, кога кон нив било пукано од возило во движење. Полицајците од резервниот состав на МВР, Даниел Јанковски (47) и Александар ...

Убиени двајца полицајци во Гостивар

А1 - 26.08.2002

Даниел Јанковски и Александар Николиќ од Гостивар и двајцата припадници на резервниот состав на македонската полиција беа убиени синоќа 50-тина минути по полноќ во гостиварската населба „Циглана“, каде беа на должност. МВР официјално соопшти дека четири или пет непознати лица од возило „Голф-2“ без ...

Убиството во Гостивар терористичко - екстремистички чин со политичка цел

А1 - 26.08.2002

Убиството на двајцата полицајци во Гостивар е терористичко - екстремистички чин со политичка цел, тешка провокација за демократските политички процеси, а со тоа и за безбедноста на Република Македонија, стои во соопштението од кабинетот на претседателот Борис Трајковски, каде денеска беше одржан ...

Осуда на убиството и сочувство до најблиските на загинатите

А1 - 26.08.2002

Американскиот Стејт Департмент, руската амбасада во Македонија и политичките партии остро го осудија двојното убиство на полицајците во Гостивар и изразија сочувство до најблиските на загинатите. Владата на САД го осудува криминалното и безчувствително убиство на двајцата припадници на резервниот ...

ВМРО Македонска: Убиството во Гостивар е испланирано

А1 - 26.08.2002

Некој се плаши дека ќе ги изгуби изборите, па затоа прави и вакви грозоморни убиства. Убиството е испланирано, а тоа е порака дека во тој дел од Македонија власта не е добредојдена, коментира ВМРО Македонска на Борис Стојменов.