ЊУ ДЕЛХИ, 2 февруари (МИА) - Во градот Буџ во индиската држава Гуџарат, регистрирани се случаи на колера. Властите во Гуџарат, каде беше епицентарот на катастрофалниот земјотрес, вчера предупредија дека целиот регион е соочен со опасноста од епидемија.
БУЏ, Индија, 1 февруари, (Ројтерс) - Спасувачите извадија една тешко повредена жена од под урнатините, шестиот ден од опсежното пребарување на теренот. Надежите да се најдат преживеани се мали, така што спасувачите обрнуваат внимание на згрижувањето на илјадниците гладни бездомници кои го ...
АХМЕДАБАД, 31 јануари, (Ројтерс) - Илјадници преживеани од најкатастрофалниот земјотрес што досега го погодил Индија, избегаа од погодената зона, плашејќи се од нови потреси и обидувајќи се истовремено да спасат уште некого од под урнатините.
ЊУ ДЕЛХИ, (Ројтерс) - Едно бебе што се родило во индиската западна држава Гуџарат, го крстиле Земјотрес. Весникот "Азиска ера" објавува дека Букамп, што значи земјотрес на хинду јазикот, се родил во темница, бидејќи поради земјотресот немало струја.
БУЏ, Индија, 30 јануари, (Си-Ен-Ен) - Официјалната бројка на загинати од катастрофалниот земјотрес се искачи на 11.000 со барем 32.000 повредени и илјадници исчезнати. Сепак, министерот за одбрана на Индија изјави, дека извештаите од официјалните лица на владата индицираат дека е можно да има дури ...
ЊУ ДЕЛХИ, 29 јануари - Црниот биланс од катастрофалниот земјотрес до сега ја достигна цифрата од 11.000 жртви, но властите велат дека таа цифра може да се искачи на 15.000. Западната индиска држава Гуџарат вчера беше погодена од еден силен последователен потрес то предизвика паника кај жителите на ...