TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тачи: Нема да го промениме ставот за планот на Бан Ки Мун

Нетпрес - 16.11.2008

Премиерот на Косово Хашим Тачи изјавил дека Приштина нема да го промени ставот за планот од шест точки на Генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун. “Косово нема да го промени ставот. Точките од тој план мора да бидат променети. Ние имаме државен став и тој став ќе го браниме до крај“, рекол Тачи вчера во Косовска Митровица.

Во Вашингтон самит Г-20

Телма - 15.11.2008

Меѓународен финансиски самит на групата Г20, која покрај најразвиените земји во светот (Г8) ги собира и новите силни економии во развој, како и меѓународните финансиски институции започна во Вашингтон. На собирот, чиј домаќин е американскиот претседател Џорџ Буш лидерите расправаат за глобалната финансиска криза, нејзините причини, последици и како да се избегне евентуално повторување.

Вашингтон: Економските сили на самит против кризата

Алсат-М - 15.11.2008

Меѓународен финансиски самит на групата Г20, која покрај најразвиените земји во светот (Г8) ги собира и новите силни економии во развој и меѓународните финансиски институции започнува во Вашингтон. На собирот, чиј домаќин е американскиот претседател Џорџ Буш лидерите ќе расправаат за глобалната финансиска криза, нејзините причини, последици и како да се избегне евентуално повторување.

Самит на најразвиените земји

Форум - 15.11.2008

Лидерите на групата на најразвиените индустриски земји во светот Г-20, денеска во Вашингтот ќе се сретнат со цел да го изготват пакетот стимуланси за потикнување на економиите погодени од глобалната финансиска криза и планот за реформи во финансискиот систем.

Економските сили на самит против кризата

Макфакс - 15.11.2008

Меѓународен финансиски самит на групата Г20, која покрај најразвиените земји во светот (Г8) ги собира и новите силни економии во развој, како и меѓународните финансиски институции започнува во Вашингтон. На собирот, чиј домаќин е американскиот претседател Џорџ Буш лидерите ќе расправаат за глобалната финансиска криза, нејзините причини, последици и како да се избегне евентуално повторување.

Бан Ки Мун со апел до лидерите на Г-20

А1 - 14.11.2008

Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун ги повика светските лидери да не дозволат глобалната финансиска криза да стане трагедија за жителите на сиромашните држави. Ки Мун, во писмо до лидерите на Г-20 што во текот на викендот ќе се соберат на Самит во Вашингтон, предупреди дека отпуштање на милиони лица од работа би можело да има сериозни политички и безбедносни последици.

Бан Ки Мун: Г-20 да им помогнат на сиромашните држави во кризата

Алсат-М - 14.11.2008

Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун ги повика светските лидери да не дозволат глобалната финансиска криза да стане трагедија за жителите на сиромашните држави. Ки Мун, во писмо до лидерите на Г-20 што во текот на викендот ќе се соберат на Самит во Вашингтон, предупреди дека отпуштање на милиони лица од работа би можело да има сериозни политички и безбедносни последици.

Апели спроти почетокот на светскиот финансиски самит

Форум - 14.11.2008

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги повика учесниците на светскиот финансиски самит да најдат сеопфатни решенија за меѓународната финансиска криза. Мора да биде спречено таа криза да стане трагедија за целото човештво, се вели во писмото од Бан упатено до шефовите на држави или на влади на 20-те најважни индустриски и земји во подем.

Бан Ки Мун со апел до лидерите на Г-20

Макфакс - 14.11.2008

Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун ги повика светските лидери да не дозволат глобалната финансиска криза да стане трагедија за жителите на сиромашните држави. Ки Мун, во писмо до лидерите на Г-20 што во текот на викендот ќе се соберат на Самит во Вашингтон, предупреди дека отпуштање на милиони лица од работа би можело да има сериозни политички и безбедносни последици.

Приштина: Бан Ки Мун очекува флексибилност од Косово за планот на ОН за мисијата Еулекс

Р.С.Европа - 12.11.2008

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави дека очекува флексибилност од Приштина за планот на Обединетите Нации за распоредување на мисијата Еулекс на Косово. Разочаран сум што моите предлози и преговори со српската Влада за шесте точки, иако договорени со Белград, повторно се соочија со некакви резерви и спротивставувања од страна на Владата во Приштина, истакна на прес-конференција Бан ...

Бан Ки Мун - најбитна е помошта за најсиромашните

Форум - 12.11.2008

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун побара се’ поголемите проблеми на сиромашните да бидат ставени во фокусот на претстојниот светски финансиски самит на 15-ти ноември во Вашингтон. Ублажување на последиците од финансиската криза за најсиромашните и најнезаштитените е поважно, отколку реформа на меѓународни организации како Светската банка и ММФ.

Бан Ки-мун разочаран од одложувањето на седницата на Советот за безбедност на ОН

Канал5 - 12.11.2008

Њујорк, 12 ноември (МИА) - Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави вчера дека е разочаран од одложувањето на седницата на Советот за безбедност на која тој требало да го претстави извештајот за Косово, додавајќи дека очекува флексибилност од Приштина.

Бан Ки-мун разочаран во Приштина

Вечер Прес - 12.11.2008

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави дека е разочаран од одложувањето на седницата на Советот за безбедност на која тој требало да го претстави извештајот за Косово, додавајќи дека очекува поголема флексибилност од Приштина. "Разочаран сум што моите предлози и преговори со српската Влада за шесте точки, иако договорени со Белград, повторно се соочија со некакви резерви и спротивставувања ...

Јеремиќ: Одложена седницата на Советот за безбедност за извештајот за Косово

Канал5 - 11.11.2008

Лондон, 10 ноември (МИА) - Генералниот секретаријат на ОН одлучи на барање на две постојани членки на Советот за безбедност да ја одложи седницата на највисокото извршно тело на организацијата, на која утре генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун требаше да го претстави извештајот за Косово, изјави шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ.

Одложена седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово

Нетпрес - 11.11.2008

Генералниот секретаријат на Обединетите нации одлучил на барање на две постојани членки на Советот за безбедност да ја одложи седницата на највисокото извршно тело на светската организација на која денес требаше генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун да го претстави извештајот за Косово, изјавил шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ.

Јеремиќ: Одложена седницата на Советот за безбедност за извештајот за Косово

Алсат-М - 10.11.2008

Генералниот секретаријат на ОН одлучи на барање на две постојани членки на Советот за безбедност да ја одложи седницата на највисокото извршно тело на организацијата. На седницата утре генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун требаше да го претстави извештајот за Косово, изјави шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ.