TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ракометарите на Пелистер Кометал се поразени од Босна на гостувањето во Сараево

А1 - 10.10.2004

Ракометарите на Пелистер Кометал се поразени од Босна на гостувањето во Сараево, во првиот меч од второто коло во купот на победниците на куповите. Откако попладнево загубија со 29:22, разликата од 7 гола тие ќе треба да ја надоместат во возвратниот дуел што ќе се одигра во Битола следната недела.

Засилените битолчани очекуваат победа во „Скендерија“

Време - 09.10.2004

РАКОМЕТ - ПЕЛИСТЕР КОМЕТАЛ ГОСТУВА ВО 2. КОЛО ОД КПК Битолскиот ракометен суперлигаш Пелистер Кометал очекува да се врати како победник од Сараево, каде што со Босна, утре (17 часот) го игра првиот меч од 2. коло од европскиот Куп на победниците на куповите (КПК).

Пелистер Кометал во Босна ќе оди на победа

Дневник - 09.10.2004

Ракометарите на Пелистер Кометал ќе одат на победа утре (17 ч.) на гостувањето во Сараево, против Босна, во рамките на 2. коло од Купот на победниците на куповите. Отпатуваа комплетни, со исклучок на Наумче Мојсовски, кој ја издржува казната од ЕХФ, но засилени со пивотменот Ванчо Димовски, кој во ...

Димовски и Ангеловски потпишаа за Пелистер Кометал

Време - 08.10.2004

РАКОМЕТ - ВО ПРЕСРЕТ НА МЕЧОТ СО БОСНА ВО КПК Пелистер Кометал, ракометниот машки суперлигаш, доби две засилувања пред денешното заминување за Сараево, каде што в недела ќе го игра првиот натпревар од 2. коло од Купот на победниците на куповите (КПК) против домашната Босна.

Ангеловски и Димовски во дресот на Пелистер Кометал

Вест - 08.10.2004

РАКОМЕТ БИТОЛА. - Од вчера битолскиот суперлигаш е посилен за уште двајца искусни ракометари. По едномесечна неизвесност и натегање својот потпис на осуммесечна верност со Пелистер го стави поранешниот пелистерец, Бранислав Ангеловски, кој последните две сезони повремено играше во неколку странски ...

Против Босна во Скендерија на победа

Утрински - 08.10.2004

КПК во ракомет : Пелистер Кометал гостува во Сараево со нескриени амбиции ТИХОМИР ГРУЕВСКИ БИТОЛА - Во рамките од Второто коло на КПК во ракомет Пелистер Кометал гостува во Сараево каде в недела попладне во салата Скендерија (17 ч.) ќе го подели мегданот со домашната Босна.

БИТОЛЧАНИ ОЧЕКУВААТ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Вечер Прес - 07.10.2004

БИТОЛА.По веста и официјализирањето на преземањето на Пелистер од страна на Кометал, битолската спортска јавност е задоволна и, конечно, ракометот како тема почна да се врти низ битолските кафеани, кафулиња, улици, чаршија. Сите веруваат дека влегувањето на Кометал и ставањето на таа придавка на ...

Битолчани со ново име - Пелистер Кометал

Време - 06.10.2004

РАКОМЕТ - ОТКАКО ТРИФУН КОСТОВСКИ СТАНА СПОНЗОР Битолскиот ракометен суперлигаш Пелистер од вчера и официјално е со додавката Кометал во своето име и до крајот на натпреварувачката сезона ќе се вика Пелистер Кометал. Ова се случи по влегувањето на Трифун Костовски, познат бизнисмен, сопственик на ...

Пелистер со Кометал во името

Вест - 06.10.2004

ОТКАКО ТРИФУН КОСТОВСКИ ГО ПРЕЗЕДЕ КЛУБОТ БИТОЛА. - Битолскиот суперлигаш од вчера на своите дресови го носи името на новиот спонзор "Кометал" и ќе настапува како Пелистер Кометал, наместо досегашната додавка Македонска банка, која ги спонзорираше битолчани во изминативе две сезони.

Битолчани ќе настапуваат како Пелистер Кометал

Утрински - 06.10.2004

По преземањето на клубот од Трифун Костовски БИТОЛА - Од вчера наместо Пелистер Македонска Банка, битолскиот ракометен супер лигаш го носи името на новиот спонзор Кометал и ќе настапува како Пелистер Кометал. Ваквата промена доаѓа откако пред пет дена сопственикот на "Кометал трејд", Трифун ...

Пелистер и Мојсоски ќе се жалат до ЕХФ

Време - 04.10.2004

РАКОМЕТ - ПО КАЗНАТА Македонскиот репрезентативен среден бек Наумче Мојсоски од синоќа почна и официјално да ја одработува казната изречена од Европската ракометна федерација (ЕХФ) поради потпишаниот двоен договор со Пелистер и со францускиот клуб Реал Вилпент.

Трифун Костовски го презеде Пелистер

Дневник - 04.10.2004

РАКОМЕТ - СПАСен КЛУБОТ ОД БИТОЛА ЦИП Продукт вети дека ќе го преземе клубот, но се дистанцира - рече Костовски Трифун Костовски, бизнисмен, пратеник и претседател на Ракометната федерација на Македонија, и официјално ги презеде финансирањето и раководењето на машката екипа на РК Пелистер од Битола ...