Северна Кореја ги заплаши САД дека доколку ја нападнат конфликтот ќе прерасне во нуклеарна војна и ќе предизвика атомска катастрофа во Азија и во целиот свет, соопштија западните агенции повикувајќи се на севернокорејскиот владин весник „Рондон синмун“.
Северна Кореја ги обвини САД дека минатиот месец извршиле повеќе од 180 шпионски летови над нејзината територија, објави севернокорејската новинска агенција КЦТА, повикувајќи се на воени извори. Во обвинувањето се наведува дека американските разузнувачки авиони „РЦ-135“ го нарушувале воздушниот ...
Јужна Кореја денеска изрази загриженост и жалење поради севернокорејската одлука за реактивирање на нуклеарниот реактор во Јонгбун и го повика Пјонгјанг по мирен пат да го реши нуклеарниот спор со САД. Претходно, портпаролот на американскиот Стејт Департмент Ричард Баучер изјави дека „единствена ...
Нова провокација на Северна Кореја за продлабочување на кризата СЕУЛ - Северна Кореја го рестартираше реакторот и покрај сомневањата за поседување нуклеарно оружје кои и понатаму растат, а се причина за дипломатските притисоци од САД, соопштија официјални американски претставници.
Северна Кореја повторно го реактивира нуклеарниот реактор во Јонгбун, што беше вон употреба од 1994 година, објавија американски официјални претставници, повикувајќи се на разузнавачки извори. Од Северна Кореја нема ниту потврда, ниту демант за наводите од Вашингтон.
ПО НАЈАВЕНИТЕ ВОЕНИ ВЕЖБИ Владата на Северна Кореја завчера ги повика армијата и народот да се подготват за војна, јави МИА - Севернокорејскиот народ и армијата треба да ги мобилизираат сите ресурси за да бидат подготвени за евентуални воени дејства - се наведува во соопштението на Министерството ...
Министерството за надворешни работи на Северна Кореја синоќа ја повика армијата и народот да се подготват за војна. „Севернокорејскиот народ и армија треба да ги мобилизираат сите ресурси за да бидат подготвени за евентуални воени дејствија“, се наведува во соопштението.
КРИЗА НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК Армијата на Северна Кореја вчера истрелала крстосувачки проектил во морето кон Јапонија, во време кога американскиот државен секретар Колин Пауел е во посета на Јужна Кореја, во обид да ја намали кризата на Корејскиот Полуостров, јави Ројтерс.
Северна Кореја вчера изврши ракетна проба во морето меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија, изјави претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана. Се претпоставува дека пробата е извршена со мала, конвенционална ракета, а не со балистичката „Тепо Донг-1“, која има дострел и до некои делови ...
Северна Кореја денеска го отфрли предлогот на 113 членки на Движењето на неврзаните да се врати кон Договорот за неширење на нуклеарното оружје. Во документот не е вклучено барањето на Северна Кореја за гарантирање на правото за безбедност и самоодбрана, што може да биде протолкувано како поддршка ...