TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Мртва трка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 12.11.2005

Испитувања на јавното мислење за рејтингот на партиите и за парламентарните избори Кога изборите би се одржале утре, Социјалдемократскиот сојуз би ја освоил довербата на 17,6 отсто од определените и два отсто на гласовите на неопределените граѓани.

Македонците не очекуваат фер избори

Вечер Прес - 12.11.2005

Досегашните избори во Македонија не беа фер и слободни мислат 68,5 отсто од испитаниците во најновата, ноемвриска, анкета на Брима Галуп. И повторно сега високи 42 отсто, сметаат дека и следните избори ќе бидат нерегуларни. Исто толкав е процентот и на оние кои се неопределени или не дале одговор ...

Граѓаните во Македонија даваат голема поддршка на интегрирањето на земјата во НАТО и ЕУ

Канал5 - 11.11.2005

Македонските граѓани речиси едногласно посакуваат државата да стане дел од Европската унија и нато, но независно од приемот за нив се поважни реформите. За стабилноста во државата според нив најмногу ќе придонесе економскиот развој.

Третина граѓани не би гласале за ниту една партија

Време - 09.11.2005

ИНСТИТУТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА Повеќе од 33 отсто да граѓаните во моментов не би гласале за ниту една партија, покажало последното истражување на Институтот за демократија. Истражувањето било направено преку телефонска анкета. Биле испитувани граѓани од различна старост, пол, образование, професија и ...

Над 50% од граѓаните нема да излезат на гласање

А1 - 08.11.2005

Над 50% од граѓаните нема да гласат, или не знаат за кого би гласале, ако идната недела во Македонија би се одржале избори. Вака велат резултатите од последната анкетата, спроведена од Центарот за истражување на институтот за демократија.

Колку и на кого му веруваат граѓаните?

Канал5 - 08.11.2005

На дваесеттина дена пред промоцијата на партијата на Тито Петковски, за неа би гласале 1,6 проценти од граѓаните-повеќе отколку за ПДП, ВМРО Народна и ЛДП, покажа телефонската анкета спроведена минатиот викенд, од Институтот за демократија.