Рим, 8 ноември - Италија ќе упати 2.700 припадници на пешадијата, морнарицата и авијацијата во Авганистан кои ќе се приклучат на воените операции во оваа азиска земја што во борбата против тероризмот ги предводат САД, соопшти вчера италијанскиот министер за одбрана Антонио Мартино.
САД АНГАЖИРААТ СОЈУЗНИЦИ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА ВО АВГАНИСТАН Американскиот претседател Џорџ В. Буш завчера изврши притисок врз сојузниците, па и врз сите светски нации, барајќи од нив поактивно да се вклучат во глобалната антитерористичка операција, јави Ројтерс.