TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Членови на ДУИ вчерашниот избор на Рамиз Мерко го сметаат за нелегитимен

Алсат-М - 16.11.2008

Вчерашниот реизбор на Рамиз Мерко за претседател на струшкиот огранок на ДУИ е нелигитимен и вон статутот на партијата. Со ова најдиректно е деградиран и обезличен кредибилитетот на ДУИ како водечка партија во албанскиот политички блок реагира Миљаим Адеми кој заедно со некогашниот пратеник Азис Положани, претседателот на струшкиот совет Сејфула Хани и претседателот на месниот одбор Струга, Урим ...

Рамиз Мерко останува на чело на струшкиот огранок на ДУИ

А1 - 15.11.2008

Актуелниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко попладнево беше реизбран за нов претседател на струшкиот огранок на ДУИ. Откако на крајот пред изборното собрание останаа двајца кандидати, од кои претседавачот на струшкиот градски совет Сејфула Хани, не беше присутен на седницата, делегатите едногласно го избраа Мерко за лидер на ДУИ во Струга.

Мерко остана на чело на струшката структура на ДУИ

Телма - 15.11.2008

Делегатите на партиските одбори на ДУИ од Струга на денешното Изборно собрание го реизбраа актуелниот градоначалник Рамиз Мерки за претседател на општинскиот огранок на партијата за уште еден четиригодишен мандат. Кандидатурата на Мерко едногласно ја поддржаа 78-те делегати кои учествуваа во работата на денешното Собрание, на кое присуствуваше и централното партиско раководство, предводено од ...

Мерко повторно избран за прв човек на ДУИ во Струга

Алсат-М - 15.11.2008

Рамиз Мерко денес е реизбран на функцијата претседател на струшкиот огранок на ДУИ, со довербата која му ја дадоа 78 од вкупно 84 делегати. И покрај стравувањата за инциденти пред и за време на одржувањето на изборното собрание, истото помина во мирна атмосфера во присуство на највисокото партиско раководство предводено од лидерот на партијата Али Ахмети.

Струшкиот градоначалник Мерко останува на чело на партискиот огранок на ДУИ

Канал5 - 15.11.2008

Струга, 15 ноември (МИА) - Делегатите на партиските одбори на ДУИ од Струга на денешното Изборно собрание го реизбраа актуелниот град Рамиз Мерко за претседател на општинскиот огранок на партијата за уште еден четиригодишен мандат. Кандидатурата на Мерко едногласно ја поддржаа 78-те делегати кои учествуваа во работата на денешното Собрание, на кое присуствуваше и централното партиско раководство, ...

Али Ахмети го смирува струшкиот огранок на ДУИ

Канал5 - 15.11.2008

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, попладнево дојде во Струга да ги смири раскараните групи во огранокот на неговата партија. Тој учествува во работата на изборното собрание што е во тек, на кое треба да се избере новиот локален лидер, што всушност е и причината за раздорот во партијата.

ДУИ им порачува на локалните моќници да се вразумат

Утрински - 12.11.2008

ДУИ им порачува на локалните моќници да се вразумат. Од централата на ДУИ вчера стигна предупредувачката порака до локалните моќници откако во неделата на изборното собрание на разгранокот во Струга дојде до сериозни конфликти меѓу двете партиски струи.

ДУИ ќе расчистува со непослушните кадри

А1 - 11.11.2008

Централата во Речица се закани дека ќе бидат искклучени сите кои предизвикуваат немири во партијата. На ваквиот чекор се решија откако ДУИ се соочува со серија кавги за градоначалнички и советнички позиции. Порачаа дека партискиот врв ги следи изборите во сите локални организации и ќе интервенира кога ќе проценат дека ситуацијата излегла од контрола.

Превирања и во струшкиот разгранок на ДУИ

Утрински - 11.11.2008

Превирања и во струшкиот разгранок на ДУИ. Светлана Унковска. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, со триесетина свои приврзаници во неделата вечерта упаднал на седницата на струшкиот месен одбор на ДУИ, на која требало да се одлучува за избор на општинските партиски органи.

ДУИ избегнала тепачка во Струга

Дневник - 11.11.2008

ДУИ избегнала тепачка во Струга. Внатрепартиските избори во ДУИ завчеравечер, во Струга за малку ќе завршеле со тепачка помеѓу членовите. Претседавачот на разгранокот на Струга, Милјаим Адеми, го обвини струшкиот градоначалник Рамиз Мерко дека со 30 приврзаници упаднал на изборното собрание за да изврши притисок врз членовите.

Превирања во ДУИ

Алфа - 11.11.2008

Внатрепартиска војна во ДУИ , во партијата врие, различни струи на теренот водат битка за превласт...Ваквите информации за партијата на Ахмети од ден на ден земаат се поголем замав...најновата е дека вчера имало инцидент на партиски состанок во Струга ...

ДУИ подготвува преиспитување на владината коалиција

Н.Македонија - 11.11.2008

Структури во ДУИ од поширокото партиско раководство се крајно незадоволни од коалицијата со ВМРО - ДПМНЕ и побарале од лидерот Али Ахмети прашањето да го стави на дневен ред пред Централното раководство на партијата. Ова вчера го пишува весникот на албански јазик „Лајм“ повикувајќи се на анонимни партиски извори.

Нов раскол во ДУИ

Н.Македонија - 11.11.2008

Нов раскол во ДУИ за превласт се случил завчеравечер во Струга помеѓу раководството на партискиот разгранокот. Миљаим Адеми, претседавач на Советот на партискиот разгранок, вчера обвини дека претседателот на разгранокот и градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, упаднал со триесетина лица и ја прекинал седницата на разгранокот. - Мерко упадна во салата со триесетина непознати лица.

ДУИ со партиски казни за инцидентите

Форум - 11.11.2008

Централата на ДУИ ќе ги дисциплинира партиските ограноци кои ќе предизвикаат инциденти за време на внатрешните партиски избори за делегати на следниот редовен конгрес. Предупредувањето денеска во името на лидерот Али Ахмети, го пренесе пратеничката Ермира Мехмети по инцидентите што викендов се случија во струшката општинска организација кога градоначалникот од редовите на ДУИ, Рамиз Мерко упадна ...

Потврден инцидентот во Струга

Алсат-М - 11.11.2008

Секретарот на огранокот на ДУИ во Струга, Сејфула Хани денеска го потврди инцидентот кој се случи пред два дена на седницата на изборниот одбор на партијата во Струга. “...баравме да се оддалечат лицата кои не беа повикани како советници и како гости на тоа собрание.

ДУИ ќе ги дисциплинира градоначалниците

Вечер Прес - 11.11.2008

ДУИ ќе ги дисциплинира градоначалниците. -Претседателството на ДУИ со внимание ги следи изборите во сите локални органи на партијата и во оној момент кога ќе оцениме дека ситуацијата излегува од контрола ќе интервенираме одговорно и согласно со нашите надлежности. Во партијата се случува процес кој е тесно поврзан со конгресот кој треба да се одржи идниот ноември.

Врие во ДУИ за градоначалничките фотелји

А1 - 10.11.2008

Градоначалничките фотелји слатки - борбата за функции речиси секогаш ги раскарува сопартијците. И како по правило, партијата се обидува проблемот да го поттурне под тепих. Врие во ДУИ, малку фотелји, а многу желби. Синоќа кулминираше во Струга. Пратениците денеска ни чуле, ни виделе.

Се распаѓа тетовската коалиција СДСМ - ДУИ

Утрински - 10.11.2008

Се распаѓа тетовската коалиција СДСМ - ДУИ. ТЕТОВО - Партиско-политичките прегрупирања во централната власт непосредно влијаат и на создадените локални коалиции. Во Тетово официјални никој не потврдува дека веќе се распаднала коалицијата на СДСМ со ДУИ, но фактот што нема меѓусебни среќавања и договори најавува незадоволство кај еден од партнерите.

Превирања во струшкиот огранок на ДУИ

Алсат-М - 10.11.2008

Внатрепартиските избори во ДУИ ги предизвикаа и првите недоразбирања во раководството на некои ограноци. Инцидент се случил во огранокот во Струга. Прекинат е состанокот на раководството кога требало да се дебатира токму за внатре партиските избори кои треба да завршат кон средината на декември.

Распукаа локалните организации на ДУИ

Форум - 10.11.2008

Триесетчлена вооружена група блиска до струшкиот градоначалник и претседател на струшкиот огранок на ДУИ, Рамиз Мерко вчера упаднала на состанокот на општинската организација на партијата со цел да извршат притисок Мерко повторно да биди избран за партиски функционер, тврдат членови на ДУИ кои биле присутни на состанокот.

Рамиз Мерко предизвика инцидент

Вечер Прес - 10.11.2008

Инцидент на седницата на огранокот на ДУИ во Струга. Инцидентот го предизвикал струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој заедно со уште триесетина приврзаници вчера упаднал во просторијата каде се одржувал состанокот. Претседателот на струшкиот огранок на интегративците вели дека Мерко кога влегол во просторијата, на присутните започнал да им се обраќа на висок тон.