TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Косовските Срби на преговорите ќе патуваат со делегацијата од Белград

Макфакс - 09.10.2005

Белград Претставниците на косовските Срби ќе учествуваат во преговорите за иднината на Косово, но ќе бидат во делегацијата на Србија. “Претставниците на косовските Срби активно ќе учествуваат во престојните преговори за статусот на Косово, но не во состав на косовската делегација, туку на страната ...

Приштина го почитува територијалниот интегритет на Македонија

Макфакс - 09.10.2005

Скопје Нема ништо спектакуларно, добив уверување од пријателите од Приштина дека го почитуваат територијалниот интегритет на Македонија и сакаат да ги унапредат добрите односи меѓу Косово и Македонија. Ова доцна синоќа го изјави претседателот на македонската влада Владо Бучковски по неформалната ...

САД инсистираат на наоѓање на злосторниците

А1 - 08.10.2005

САД нема да го поддржат влезот на Хрватска во НАТО се додека е на слобода генералот во бегство Анте Готовина, обвинет од Хашкиот трибунал, изјави американскиот државен потсекретар Николас Барнс. Тој додаде дека САД нема да го поддржат ниту влегувањето во Партнерството за мир на Босна и Херцеговина ...

Белград и Приштина подготвени за разговори

А1 - 08.10.2005

Преговорите за идниот статус на Косово меѓу Белград и Приштина можат да почнат, препорача генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан. Кога преговорите ќе почнат и кој ќе биде посредникот на Обединетите Нации, ќе реши Советот за безбедност на седницата закажана за 24 октомври.

Приштина прифаќа само независност

Дневник - 08.10.2005

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ РУГОВА И КОСОВСКИТЕ ЛИДЕРИ СЕ ЕДИНСТВЕНИ Косовскиот претседател Ибрахим Ругова изјави дека неговиот тим на претстојните преговори ќе прифати само независност за Косово, јави Ројтерс. - Единствен компромис и решение за сите Албанци во регионот е независно Косово - рече Ругова, кој ќе ...

Препораката на Анан почеток на најзначајниот период во историјата на Косово

Макфакс - 08.10.2005

Приштина Препораката на генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан за започнување на преговори за конечниот статус на Косово, претставува почеток на најзначајниот период во историјата на Косово. Ова синоќа во Приштина го изјави косовскиот премиер Бајрам Косуми, додавајќи дека почнува ...

Опозицијата побара собраниска седница за српските преговарачи

Макфакс - 08.10.2005

Белград Најголемата опозициона Српска радикална партија повика свикување седница на српското Собрание, чии заклучоци би ги обврзале претставниците на Белград, кои ќе учествуваат во преговорите за Косово. Ова, синоќа во Белград го побара генералниот партиски секретар Александар Вучиќ, додавајќи дека ...

Преговорите за статусот на Косово на 2 ноември?

Макфакс - 08.10.2005

Приштина Разговорите за статусот на Косово би требало да започнат на 2 ноември, изјави шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен. Во изјавата за денешниот број на приштинскиот весник “Коха диторе“, Петерсен најави дека разговорите ќе започнат веднаш по најавената седница на Контакт групата во Вашингтон, ...

Втор состанок на преговарачката група

Макфакс - 08.10.2005

Приштина Втор состанок на преговарачката група, во рамки на подготовките за почеток на разговорите меѓу Белград и Приштина е закажан за денеска, соопшти Кабинетот на косовскиот претседател Ибрахим Ругова. Состанокот на преговарачката група и координаторот на групата на експерти се одржува по ...

Анан: Преговорите за статусот на Косово да почнат поскоро

А1 - 07.10.2005

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Кофи Анан, денеска на Советот на ОН за безбедност ќе му порача, преговорите за идниот статус на Косово да почнат многу скоро. Денеска ќе го информирам Советот за безбедност за што скорешно отварање на разговорите за статусот на Косово, изјавил Анан ...

Српскиот координативен центар за Косово не го сака Ахтисари

А1 - 07.10.2005

Претседателот на српскиот Координативен центар за Косово, Санда Рашковиќ-Ивиќ се изјасни против именувањето на Марти Ахтисари за главен посредник на ОН во преговорите за идниот статус на Косово. „Незнам што ќе каже државниот врв, но јас би го одбегнала, затоа што е член на група која се залага за ...

Анан, веројатно, ќе побара преговори за Косово

Време - 07.10.2005

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ГО РАЗГЛЕДУВААТ КОСОВСКИОТ НАПРЕДОК Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан вчера најави дека, најверојатно, ќе предложи да почнат преговори за да се одреди идниот статус на спорната провинција Косово.

Анан ќе започне разговори за иднината на Косово

Утрински - 07.10.2005

По препораките и заклучоците на неговиот специјален пратеник Каи Еиде ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, изјави во средата дека, веројатно, ќе препорача да започнат разговори за идниот статус на Косово во согласност со заклучоците на неговиот специјален пратеник Каи Еиде.

Анан веројатно ќе предложи почеток на преговори за Косово

Дневник - 07.10.2005

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, изјави дека најверојатно ќе предложи почеток на преговорите за конечен статус на Косово, како што и се предлага во извештајот на неговиот специјален пратеник Каи Еиде, јави Ројтерс.

“Њујорк тајмс“:Решението за Косово е донесено-независност

Макфакс - 07.10.2005

Белград Решението за идниот статус на Косово е донесено и тоа е независност, пишува денеска весникот “Њујорк тајмс“. “Шест години по преземањето на управата над Косово, Советот за безбедност на Обединетите нации донесе одлука за почеток на преговорите за идниот статус на таа со крв прекриена ...

Анан - Во оптек од автономија до независност на Косово

Макфакс - 07.10.2005

Берн Сите опции за Косово се во оптек - од автономија до независност. Ова го соопшти Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Кофи Анан, кој денеска и официјално ќе му препорача на Советот за безбедност преговорите за статусот на Косово да почнат многу скоро.

Координативниот центар против именување на Ахтисари за преговарач

Макфакс - 07.10.2005

Белград Координативниот центар за Косово и Метохија на српската влада се противи на можното именување на Марти Ахтисари за главен посредник на ООН во преговорите за идниот статус на Косово. “Не знам што ќе рече државниот врв, но јас би го избегнала“, рече претседателката на Центарот Санда Рашковиќ ...

Контакт групата за условна независност на Косово

Макфакс - 07.10.2005

Белград Контакт групата смета дека условната независност за Косово е најизвесното решение за идниот статус, пишува денеска српскиот весник Блиц. “Тоа не треба да се сфати како готово решение за идниот статус, туку само како став на оваа меѓународна групата, која смета дека условната независност е ...

Анан – преговорите за статусот на Косово да почнат наскоро

Макфакс - 07.10.2005

Берн Препорачувам преговорите за статусот Косово да започнат во најскоро време, соопшти денеска Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Кофи Анан. Тој, врз основа на извештајот за стандардите што му го достави Kаи Еиде, укажа дека “денеска ќе го информира Советот за безбедност оти се ...

Позитивна оцена за Косово?

Време - 06.10.2005

ИСПРАТЕН ИЗВЕШТАЈОТ НА ДИПЛОМАТОТ КАИ ЕИДЕ Извештајот на норвешкиот дипломат Каи Еиде за Косово содржел позитивна оцена, со која може да почнат преговорите за идниот статус на таа спорна провинција. Во извештајот што Еиде го испрати до генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан, пишувало ...

Еиде препорача почеток на преговорите за Косово

Дневник - 06.10.2005

ВО ИЗВЕШТАЈОТ ДО КОФИ АНАН Специјалниот пратеник на ОН за Косово Каи Еиде прексиноќа на генералниот секретар на Светската организација, Кофи Анан, му го предаде извештајот за степенот на имплементираност на стандардите во Косово, јави МИА.

САД и ЕУ не се подготвени за преговори за Косово

Макфакс - 06.10.2005

Белград Постои опасност преговорите за статусот на Косово да не успеат бидејќи ниту САД, ниту ЕУ, не се подготвени за преговори, а нивниот евентуален неуспех може да предизвика нов бран насилства во регионот. Ова, како што пренесува Макфакс, е оценка на директорот за Балканот при Институтот за мир ...

Преговорите за статусот на Косово ќе ги води Марти Ахтисари

А1 - 05.10.2005

Поранешниот претседател на Финска Марти Ахтисари ќе ги води преговорите за идниот статус на Косово, во својство на специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, пишува денеска белградскиот весник „Вечерње новости“, повикувајќи се на дипломатски извори.

“Историска одлука“ за Косово

Макфакс - 05.10.2005

Приштина Косовските власти како “историска“ ја оценија одлуката Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за започнување преговори за статусот на Косово. Според претставниците на косовските институции, Советот за безбедност донел “историска одлука, што означува пресвртница и нова фаза во ...

Косуми бара средба на премиерите од регионот

Макфакс - 05.10.2005

Тирана Косовскиот премиер Бајрам Косуми најави дека на почетокот на ноември во Приштина ќе биде домаќин на средба со премиерите на Македонија, Албанија и на Црна Гора. Најавувајќи ја средбата, Косуми, кој денеска ја продолжува посетата на Тирана, додаде дека на состанокот добредојден е и српскиот ...

Советот за безбедност одобри започнување преговори за Косово

Макфакс - 05.10.2005

Њујорк Советот за безбедност на ОН синоќа го одобри почетокот на преговорите за иднината на статусот на Косово. - Советот за безбедност ја одобри намерата што ја изнесе генералниот секретар Кофи Анан за почнување на политички процеса за утврдување на идниот статус на Косово, изјави претседавачот со ...

Еиде го предаде извештајот за Косово на Анан

Макфакс - 05.10.2005

Њујорк Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН Кај Еиде го предаде на првиот човек на светската организација Кофи Анан извештајот за стандардите на Косово, со препораката дали треба да започнат преговорите за идниот статус на покраината.

Косуми - Албанија да биде повеќе од набљудувач во преговорите

Макфакс - 05.10.2005

Приштина Улогата на Албанија во разговорите за статусот на Косово треба да биде многу поголема од улога на набљудувач. Ова, синоќа во Приштина, го изјави косовскиот премиер Бајрам Косуми, пред да отпатува за Тирана каде од денеска ја започнува дводневната посета.

Преговорите да бидат кратки за да заврши флуидноста на албанскиот фактор

Макфакс - 05.10.2005

Тирана Официјалните албански власти го поздравија ставот на Советот за безбедност при Обединетите нации за почеток на преговорите за финалниот статус за Косово, јавува Макфакс од Тирана. “Процесот на преговорите не треба да биде предолг, бидејќи флуидноста на албанскиот фактор треба да заврши“, ...

Еиде го даде извештајот за Косово

Дневник - 04.10.2005

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ Специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за оценка на ситуацијата на Косово, Каи Еиде вчера на Кофи Анан му го предаде извештајот за провинцијата, јави МИА. Еиде неодамна изјави дека неговиот извештај ќе биде завршен во првата недела од октомври.

Идниот статус на Косово најдоцна за една година

Макфакс - 04.10.2005

Приштина Преговорите за идниот статус на Косово би требало да завршат за една година, изјави шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен во интервју за “Би-би-си“. “Разговорите за статусот ќе почнат во форма на шатл-дипломатија. Во следните две недели ќе биде именуван специјален пратеник за преговорите за ...

Почнуваат преговорите за идниот статус на Косово

Макфакс - 04.10.2005

Њујорк Седница на Советот за безбедност (СБ) при Обединетите нации (ОН), на која треба да биде означен почетокот на преговорите на идниот статус на Косово, ќе се одржи денеска во седиштето на ОН во Њујорк. Како што јавуваат српските медиуми, Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан му ...

Советот за безбедност одобри започнување на преговорите за Косово

Макфакс - 04.10.2005

Њујорк Советот за безбедност на ОН денеска го одобри почетокот на преговорите за иднината на статусот на Косово. Советот за безбедност ја одобри намерата што ја изнесе генералниот секретар Кофи Анан за почнување на политички процеса за утврдување на идниот статус на Косово, изјави претседавачот со ...

Почна седницата на СБ на ООН посветена на Косово

Макфакс - 04.10.2005

Њујорк Седницата на Советот за безбедност(СБ) на Обединетите нации(ОН) посветена на Косово, на која може да се донесе одлука за започнување преговори за статусот на покраината, започна попладнево во Њујорк. Членките на Советот, плус претставниците на Србија и на косовските власти, најпрво го ...

Косуми во посета на Тирана

Макфакс - 04.10.2005

Тирана Претседателот на косовската Влада Бајрам Косуми престојува денеска во посета на Албанија, пренесува Макфакс. Косуми и неговиот домаќин, албанскиот премиер Сали Бериша, ќе разговараат за билатералните односи и претстојните преговори за идниот статус на Косово, соопшти претпладнево кабинетот ...

Барнс - Почеток на преговорите за статусот на Косово за еден месец

Макфакс - 04.10.2005

Приштина Соединетите Американски држави (САД) веруваат дека за 30 дена ќе започнат преговорите за конечниот статус на Косово. Ова синоќа во Приштина го изјави американскиот државен потсекретар Николас Барнс и ги повика владите во Приштина и во Белград да бидат подготвени на компромиси.

Еиде е за преговори - Коштуница инсистира на суверенитетот на СЦГ

Макфакс - 04.10.2005

Њујорк Специјалниот известувач на ООН за Косово, Каи Еиде предложи вечерва започнување на преговори за конечниот статус на покраината, а српскиот премиер Воислав Коштуница, прифаќајќи го предлогот, побара почитување на територијалниот интегритет на Србија и Црна Гора како најважен услов.

Барнс: Преговорите за Косово на почетокот на ноември

Макфакс - 04.10.2005

Белград Преговорите за идниот статус на Косово би можеле да почнат уште идниот месец, по состанокот на Контакт група на втори ноември во Вашингтон. Ова денеска во Белград го изјави американскиот државен потсекретар Николас Барнс на средбата со шефот на дипломатијата на Србија и Црна Гора (СЦГ) Вук ...

Македонија и Хрватска не се противат на условната независност на Косово

Макфакс - 03.10.2005

Тирана Македонија и Хрватска не се спротивставиле на предлогот на Албанија, Косово да добие условна независност, бидејќи тоа решение може да донесе стабилност во регионот - изјави албанскиот министер за надворешни работи Бесник Мустафаи.