TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Голема битка за премиерската фотелја во Украина

Утрински - 05.10.2007

Иако претседателот Јушченко два пати ги повика сите партии кои влегле во Врховната рада да направат заедничка влада, таа идеја е тешко остварлива Голем проблем е како да се задоволат амбициите на Виктор Јанукович и Јулија Тимошенко, бидејќи и двајцата сметаат дека треба да бидат нови претседатели ...

Со двајца кавга, со тројца мир!?

Вечер Прес - 05.10.2007

Трите политички сили кои добија околу 80 проценти од гласовите на бирачите добија мандат од граѓаните кои сакаат во земјата да има мир и стабилност, смета украинскиот претседател и ги повика Јанукович и Тимошенко да соработуваат Претседателот на Украина Виктор Јушченко побара трите партии кои ...

Посета на Јушченко на Париз

Макфакс - 05.10.2007

Киев Украинскиот претседател Виктор Јушченко денеска треба да допатува во посета на Париз на средба со францускиот претседател Никола Саркози. Ова синоќа го соопшти прес-службата на украинскиот претседател, без да прецизира која е причината за посетата на Јушченко на Франција.

Јушченко бара владина коалиција меѓу Јанукович и Тимошенко

Вест - 04.10.2007

КИЕВ, 4 октомври (Ројтерс) - Украинскиот претседател Виктор Јушченко, во потег што ќе ја зголеми политичката збрка во државата и уште повеќе ќе ги одложи економските реформи, вчера нареди раскараните партии да договорат коалиција што ќе формира власт КИЕВ, 4 октомври (Ројтерс) - Украинскиот ...

Портокаловата револуција, со мала предност, може да формира влада

Утрински - 04.10.2007

Јушченко вчера ги повика сите ривалски партии да почнат разговори за формирање коалиција КИЕВ - Партиите од Портокаловата револуција во Украина соопштија дека освоија доволен број гласови на изедначените предвремени избори за да формираат коалициона влада.

„Газпром“ ќе го наплаќа украинскиот долг

Дневник - 04.10.2007

Рускиот монопол потсети дека Киев за доставата на природен гас должи 1,3 милијарда долари и предупреди дека ќе биде принуден да ја намали доставата за украинските потрошувачи Рускиот гигант „Газпром“ сака од Украина да си го наплати долгот за испораката на гас за земјата, откако на парламентарните ...

Кучма: Изборите не и донесоа стабилност на Украина

А1 - 03.10.2007

Одржувањето на вонредните парламентарни избори не и донесе стабилност на Украина, ниту придонесе за надминување на политичката криза, оцени денеска поранешниот украински претседател Леонид Кучма. Анализирајќи ги прелиминарните резултати од неделните избори Кучма за рускиот весник „Известија“ ...

Парламентот обоен бледопортокалово

Време - 03.10.2007

ПО ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО УКРАИНА Парламентарните избори во Украина донесоа дополнителна неизвесност во политички поделената земја, откако при пребројувањето на гласовите постојано се менува предноста на партиите Блок Јулија Тимошенко и Партијата на регионите на премиерот Виктор Јанукович.

Јушченко бара истрага за пребројувањето на гласовите

Утрински - 03.10.2007

КИЕВ - Украинскиот претседател Виктор Јушченко побара итно спроведување на истрага за одолжувањето на пребројувањето на гласовите на неделните предвремени парламентарни избори. Ова дојде откако нецелосните резултати од источниот и јужниот дел на Украина покажаа дека проруски ориентираната партија ...

Јанукович ја зголемува предноста

Дневник - 03.10.2007

Партијата на регионите на украинскиот премиер Виктор Јанукович со 34,19 гласови речиси е недостижна за другите партии, покажуваат најновите прелиминарни резултати од вонредните парламентарни избори во Украина, што се одржаа во неделата, јави МИА.

Тимошенко против предлогот на Јушченко за коалициска влада

Макфакс - 03.10.2007

Киев Украинскиот претседател денеска ги повика трите водечки партии во државата да почнат преговори за формирање коалициска влада по парламентарните избори одржани во неделата, предлог што Јулија Тимошенко веднаш го отфрли, а досегашниот премиер Виктор Јанукович го поздрави.

Проруската партија води на изборите во Украина

Макфакс - 03.10.2007

Киев Партијата на проруски ориентираниот премиер на Украина Виктор Јанукович води на вонредните парламентарни избори во државата, одржани во неделата. Според претходните податоците објавени синоќа Партијата на регионот на Јанукович води со освоени 34,14 проценти од гласовите.

Победник Јанукович, премиер Тимошенко?

Вечер Прес - 03.10.2007

Дилемата се чини ќе ја разреши претседателот Виктор Јушченко кој со тешко срце, но прагматично, ќе ја избере "железната леди" Тимошенко Возбудлива изборна мртва трка се води во Украина. Јулија Тимошенко и Виктор Јанукович од час во час се сменуваат во водството, а веќе се јавуваат и сомнежи во ...

Политичките комбинаторики во Украина во полн ек

А1 - 02.10.2007

Кој со кого подобро ќе се испазари за да биде дел од новата Влада на Украина? Привршува броењето на гласовите од изборите. По нив, во мртва трка за победа се Партијата на регионите на прорускиот Виктор Јанукович и прозападниот Блок на „портокаловата“ Јулија Тимошенко, со разлика од нешто повеќе од ...

Води партијата на Јанукович, Јушченко нареди истрага

Вест - 02.10.2007

ПРЕСВРТ НА ИЗБОРИТЕ ВО УКРАИНА КИЕВ, 2 октомври (АП) - Украинскиот прозападен претседател Виктор Јушченко вчера нареди да се поведе истрага за пребројувањето на гласовите откако неговиот ривал премиерот Виктор Јанукович објави водство на парламентарните избори кои што беа свикани за да се реши ...

Победници на изборите се прогласија и Тимошенко и Јанукович

Утрински - 02.10.2007

Блокот на Јулија Тимошенко најубедливо водеше во претпладневните часови Блокот на Јулија Тимошенко најубедливо водеше во претпладневните часови, бидејќи не беа преброени гласовите во големите градови на источна Украина Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Уште додека не беа преброени сите ...

Партијата на регионите на Јанукович го зголемува водството

Канал5 - 02.10.2007

Партијата на регионите на украинскиот премиер Виктор Јанукович со 34,19 гласови речиси е недостижна за другите партии, покажуваат најновите прелиминарни резултати од вонредните парламентарни избори во Украина, што се одржаа во неделата.

Блокот на Тимошенко на врвот

Вечер Прес - 02.10.2007

Конечните резултати ќе бидат познати до 15 октомври, но, според излезната анкета, проевропските портокалови" сили водат пред проруско ориентираните партии Според излезната анкета од предвремените парламентарни избори во Украина, Блокот на Јулија Тимошенко освоил од 35,5 проценти од гласовите, ...

Прозападните партии во Украина најавуваат коалиција

А1 - 01.10.2007

Поделените портокалови прозападно ориентирани партии повторно во можна коалиција, со цел, остварување мнозинство во украинската врховна рада и право за формирање нова Влада. Блокот на Јулија Тимошенко ќе коалицира со „Наша Украина“ на претседателот Виктор Јушченко, со што сакаат да му ја одземат ...

Украина вчера гласаше за нов парламент

Вест - 01.10.2007

КИЕВ, 1 октомври (Ројтерс) - Гласачите во Украина по неколкумесечна политичка нестабилност вчера излегоа на избори за кои претседателот Виктор Јушченко рече дека нудат избор меѓу "лажна стабилност и промени". КИЕВ, 1 октомври (Ројтерс) - Гласачите во Украина по неколкумесечна политичка нестабилност ...

Украинскиот парламент поминува во рацете на помалите партии

Утрински - 01.10.2007

Лидерите на најголемите партии уште пред почетокот на гласањето меѓусебно се обвинија дека организирале кражба на гласови Не се точни тврдењата на некои новинари дека по вчерашните предвремени парламентарни избори Украина ќе се подели на православни и католици.

Украинците повторно избираат меѓу Европа и Русија

Дневник - 01.10.2007

Украинската тројка водечки политичари, која со години се врти на власт, повторно се натпреварува на чело на трите најголеми партии Украинците, уморни од политичките кризи, вчера излегоа на предвремени избори, по четврти пат во три години.

Јушченко:Украина сигурно ќе стане членка на ЕУ

Макфакс - 01.10.2007

Киев Украина сигурно ќе стане членка на Европската унија(ЕУ), изјави украинскиот претседател Виктор Јушченко. „Украина ќе биде членка на ЕУ, тоа е прашање само на време“, вели Јушченко во интервјуто за словачкиот весник „Правда“.

На изборите во Украина водат Тимошенко и Јанукович

Макфакс - 01.10.2007

Киев Јулија Тимошенко и Виктор Јанукович освоија најмногу гласови, покажуваат нецелосните податоци од вонредните парламентарни избори во Украина одржани во неделата. По преброени 70 отсто од гласовите, Блокот на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко освои 32,53 насто од гласовите, додека ...

Победа на Јанукович?

Вечер Прес - 01.10.2007

Околу 37,5 милиони граѓани на Украина со право на глас вчера гласаа на предвремените парламентарни избори, кои се четврти по ред за помалку од три години. Според анкетите се очекува победа на Партијата на регионите на премиерот Јанукович, која може да се надева на од 34 до 37 проценти од гласовите.

Тимошенко за сега води на изборите во Украина

Макфакс - 01.10.2007

Киев ) Блокот што го предводи поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, за сега води на парламентарните избори што вчера се одржаа во Украина. Ова денеска го соопшти Централната изборна комисија, која по 50 насто од пребројаните гласови констатираше дека блокот на Тимошенко освоил 33,31 ...