TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тромеѓникот меѓу Македонија, СРЈ и Бугарија на крајот на ноември

Вест - 16.11.2002

Македонија, СР Југославија и Бугарија ќе го постават првиот тромеѓен камен на заедничката граница во неделата по завршувањето на Самитот на НАТО во Прага. Како што велат во МНР, тоа би требало да се случи меѓу 23 и 25 ноември, по што министрите ќе имаат и тројна средба во Скопје.

Каменот е поставен - се договара официјализирање на демаркацијата

Утрински - 16.11.2002

Според изјавата на министерот Горан Свилановиќ Шефот на дипломатијата на Југославија, Горан Свилановиќ, изјави вчера дека на границата меѓу СРЈ, Македонија и Бугарија веќе е поставен тримеѓниот камен и дека начелно е договорено многу брзо да биде официјализирано започнувањето на демаркацијата меѓу ...

Митрева, Свилановиќ и Паси ќе го обележат тромеѓето

А1 - 15.11.2002

Македонија, Југославија и Бугарија го договорија 24-ти ноември како евентуален датум за поставување на тромеѓето на границите на земјите, изјави за А1 југословенскиот министер за надворешни работи Горан Свилановиќ по трилатералната средба со неговите колеги од Македонија и Бугарија Илинка Митрева и ...

Денеска ќе се договори датумот за демаркацијата

Утрински - 15.11.2002

БИЛАТЕРАЛА Министерката Илинка Митрева и шефовите на дипломатиите на СРЈ и на Бугарија, Горан Свилановиќ и Соломон Паси, денеска ќе имаат заедничка средба на која ќе го договорат датумот за свечено поставување на тримеѓниот камен, со кој на терен ќе почне демаркацијата на границата.