Ирак денеска соопшти дека урнал два американски хеликоптери во борбите кај Басра, јужен Ирак, при што загинале најмалку двајца членови на екипажот. Пентагон го демантира тврдењето. „Ирачките борци вчера урнаа хеликоптер „Апачи“ и убија двајца пилоти“, изјави ирачкиот министер за информации Саед ...
Неколку проектили попладнево паднале во еден станбен дел во центарот на Багдад, соопшти ирачкото Министерство за информации. Во директниот пренос од местото на настанот, телевизијата „Ал Џезира“ покажа голем пожар кој го зафатил кварталот Ал Карида и јави дека во нападот има загинати и повредени.
Сојузничките сили денеска вршат интензивни напади врз јужниот дел и центарот на Багдад, по што е активирана и ирачката противвоздушна одбрана. Детонациите на кусо време ја прекинале и прес - конференцијата на ирачкиот министер за информации Мохамед Саид ал-Сахаф, кој соопшти дека во воздушните ...
Седумте италијански новинари кои вчера ги уапси ирачката полиција на влезот во Басра, денеска се префрлени во Багдад каде ќе останат со дозвола од ирачките власти да ја продолжат работата, потврдено е денеска во Рим. Ирачката полиција синоќа ги смести новинарите во еден хотел во Басра со намера ...
ЕДНА НЕДЕЛА ВОЈНА ВО ИРАК Војната во Ирак влезе во втората недела, а сојузничките сили се уште не стигнаа ниту до прагот на Багдад, иако во почетокот напредуваа брзо и за само три дена поминаа половина од патот. Откако се соочија со жесток отпор на првиот теснец, на премините на реката Еуфрат, ...
30 ЗАГИНАТИ, НАД 50 МРТВИ ВО РАКЕТЕН НАПАД НА СТАМБЕНА ЗГРАДА Најмалку 28 лица загинале, а над 50 биле повредени вчера кога две ракети погодиле една станбена зграда во Багдад. При ракетирањето зградата била целосно уништена, а уште неколку објекти и приватни куќи во нејзината околина биле оштетени..
Американската војска призна дека жестокиот ирачки отпор го забавува напредувањето на инвазиските сили како што се борбите околу стратегиските градови кои се наоѓаат на југот. Еден висок американски командант на копненета војска на теренот, генерал Вилијам Валас, предупреди дека долгите линии на ...
ираЧко боиште Американските и британските бомбардери вчера продолжија да ги бијат ирачките воени позиции и владини објекти во Багдад. Во нападот учествувал и бомбардер Б-2, чија наведувана бомба уништила важен комуникациски центар на источниот брег на реката Тигар.
АНАЛИЗА ПО ПРВАТА НЕДЕЛА ОД ВОЈНАТА Војната во Ирак влезе во втората недела, а сојузничките сили се уште не стигнаа ниту до прагот на Багдад, иако во почетокот напредуваа брзо и за само три дена поминаа половина од патот. Откако се соочија со жесток отпор на првиот теснец, на премините на реката ...
Силни детонации денеска го потресоа курдското упориште Чамчамал во северен Ирак. Засега нема информации за загинати или повредени. Западните агенции јавуваат дека експлозиите најверојатно се предизвикани од гранати испукани од ирачката артилерија врз позциите на курдските бунтовници.
Најмалку 28 цивили загинаа, а 33 се повредени кога две ракети погодија денеска една стамбена област во Багдад во нападот што го извршија сојузничките сили, јавија западните агенции, повикувајќи се на изјави на очевидци. При ракетирањето зградата била целосно уништена, а уште неколку објекти во ...
Најмалку десет експлозии се слушнале денеска во јужноирачкиот град Насирија, како дел од американско-британските бомбардирања, при што е уништен еден ирачки команден центар. Американски воени претставници соопштија дека врз градот е фрлена бомба од 900 килограми.
ПО ПЕСОЧНАТА БУРА ВОЈНАТА ВО ИРАК ПОВТОРНО СЕ ВЖЕШТУВА Повеќе од 1.000 американски падобранци вчера рано изутрина извршија десант во местото Харир во северниот дел на Ирак за да отворат нов фронт за планираниот напад врз Багдад, но за момент потклекнаа на јужниот фронт, каде што ирачките сили ...
Американски сомневања за завчерашниот напад што однесе 15 цивилни жртви КАМП АС САЈЛИЈА - Соединетите Американски Држави вчера соопштија дека проектилот што падна по грешка врз пазар во Багдад, при што загинаа најмалку 15 лица можеби бил истрелан од Ирачаните, како смислен напад.
Американците се истоваруваат во планините кои се под контрола на курдските сојузници ХАРИР - Американските сили со падобрани вчера се спуштија на ирачките планини кои се под контрола на нивните курдски сојузници за да го отворат новиот фронт кој може да биде витален во војната за уривање на режимот ...
Двете завојувани страни во конфликтот во Ирак може да бидат виновни за воени злосторства, соопшти „Амнести интернешнал“. „Сојузничките сили би биле виновни поради бомбардирање на државната телевизија во Багдад. Нападите врз цивилни објекти и преземањето непропорционални напади исто така е воен ...
Британските сили во денешните судири јужно од Басра уништија 14 ирачки тенкови „Т-55“, соопшти претставник на командата на британската армија. Според него, британски тенкови од типот „Челинџер“ ги нападнале ирачките „Т-55“ и најголемиот дел од нив „повеќе не се употребливи“.
37 американски маринци се повредени, од кои тројца се во критична и двајца во сериозна состојба, во инцидент кога по грешка нивните единици отвориле оган една врз друга во близина на Насирија, потврди Американската централна команда во Катар.
Припадници на Патриотската унија на Курдистан денеска ги заземаа позициите на ирачките сили во близина на Киркук, јави „Франс прес“. Киркук во неколку наварти беше цел на американските воздушни напади. Сојузничките авиони претпладнето извршија четири бомбашки напади врз ирачки позиции околу ...
Сојузничките сили денеска нападнаа станбен комплекс во јужниот дел на Багдад, при што имало голем број загинати и ранети цивили, соопшти ирачки воен претставник. Други детали не се соопштени. Ирачки претставници соопштија дека сојузничките ракети ја погодиле и зградата на ирачката државна ...
американците СЕ ПРОБИВААТ КОН САДАМ Најмалку 15 мртви тела на цивили вчера лежеа во Багдад откако при засиленото бомбардирање на ирачките позиции во градот сојузнички проектили и бомби погодија и станбени квартови. Претходно од фронтот пристигнаа извештаи дека по пробивањето на ирачките позиции кај ...
БАГДАД - Американските авиони и проектили вчера ги гаѓаа ирачката телевизија и припадниците на Републиканската гарда кои го бранат Багдад во, како што се оценува, најголемата битка во досегашната војна. Ирачкиот меѓународен сателитски канал вчера повторно почна да емитува програма, само неколку ...
АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНЕЛ Лондон - Сојузничкото бомбардирање на Ирачката државна телевизија може да биде третирано како повреда на Женевската конвенција со која се забрануваат напади врз невоени цели, реагира денеска меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести Интернешенел.
СОЈУЗНИЦИТЕ СЕ ПРОБИВААТ КОН САДАМ Кон главниот град вчера продолжија да се приближуваат двете колони оклопни возила, но беа задржани и од бурата и од контранапади Најмалку 15 мртви тела на цивили вчера лежеа во Багдад откако при засиленото бомбардирање на ирачките позиции во градот сојузнички ...
БАГДАД Најмалку 14 цивили загинаа, а околу 30 се ранети кога две американско-британски ракети го погодија пазарот во населениот дел на Багдад, јави агенцијата Франс Прес. Нападот се случил околу 11 часот и 30 минути по локално време, во текот на жестоките бомбардирања врз ирачкиот главен град.
ПРОЕКТИЛИ ГАЃААТ И ЦИВИЛНИ ЦЕЛИ БАГДАД, 27 март (Ројтерс) - Најмалку 15 лица загинале вчера кога во воздушниот напад била погодена една прометна комерцијална улица во Багдад. По двојниот напад со проектили улицата останала прекриена со изгорени тела и уништени автомобили што ......
Британски тенкови по грешка стрелале еден кон друг ЛОНДОН - Официјални претставници во вторникот изјавија дека двајца британски војници кои беа во составот на екипажот на еден тенк се убиени од "пријателски оган" од друг британски тенк во близина на ирачкиот јужен град Басра.
Најмалку 15 цивили загинаа, а околу 30 се ранети кога две американско-британски ракети го погодиле пазарот во населениот дел на Багдад, јави агенцијата „Франс прес“. Нападот се случил околу 11 часот и 30 минути по локално време, во текот на жестоките бомбардирања врз ирачкиот главен град.
Рано изутрината сојузничките сили ја ракетирале зградата на Ирачката државна телевизија. „CNN“ и „ВСС“ јавија дека целта била да се онеспособи телевизијата, која по нападот повторно емитува програма. Нападите врз ирачката телевизија беа изведени само еден ден откако таа емитуваше снимки на ...
Американските маринци денеска наишле на силен ирачки отпор, со што е спречено нивното натамошно напредување северно од Насирија, јави „Ројтерс“. Според „Франс прес“, припадниците на американската поморска пешадија вршат евакуација на жителите на населба во источно предградие на градот.
Британските команданти признаа дека Ирачаните ја диктираат воената акција во Басра БАСРА - Британските сили соопштија дека преземањето на јужниот ирачки град Басра сега станува воена цел со намера да се донесе хуманитарната помош за тамошните цивили.
ден по инцидентот каЈ карбала Земјоделецот Али Обејд Мингаш завчера е прогласен за херој на Ирак и е награден со 50 милиони динари затоа што го соборил американскиот хеликоптер "апачи" јужно од Багдад, јави Ројтерс. Ирачките власти ги заробија пилотите и ги прикажаа на националната телевизија, како ...
ПИЛОТИ Двајца припадници на екипажот на американскиот хеликоптер кои беа заробени од ирачките сили се појавија пред телевизијата, при што беа идентификувани од страна на Пентагон. Американците ги идентификуваа лицата како Давид Вилијамс, офицер специјалист, и Роналд Јанг, исто така офицер ...
БАГДАД - Американските авиони прв пат нападнаа единици на елитната Републиканска гарда на Садам Хусеин која го брани Багдад, додека коалициските копнени сили наидоа на жесток отпор во напредувањето кон главниот град. Воени авиони и хеликоптери ги нападнаа ирачките позиции кои ги бранеа јужните ...
ИРАЧАНИТЕ И СОЈУЗНИЦИТЕ ИГРААТ НЕРЕШЕНО Ирачки жени со децата мавтаат со пушки извикувајќи антиамерикански слогани кај Јусифија, 30 км јужно од Багдад БАГДАД, 26 март (Ројтерс) - Најмалку 30 Ирачани кои тргнале во одбрана на градот Насирија загинале вчера во бомбашки напад на сојузничките сили.
ВОЈНА ВО ИРАК Сојузничките сили, по тридневен застој на реката Еуфрат, вчера се приближија до Багдад и најавија дека можеби уште денеска ќе го почнат нападот врз главниот град, најважната битка во операцијата за соборување на режимот на Садам Хусеин.
Седмиот тенковски полк на армијата на САД ја премина реката Еуфрат, во централен Ирак, и се движи кон Багдад, каде што и попладнево одекнуваат детонации од бомбите што врз градот ги исфрлаат сојузничките авиони, јавуваат американските медиуми.
Хронологија на воените операции во Ирак. 20 март : - Рокот што американскиот претседател Џорџ Буш му го постави на ирачкиот претседател Садам Хусеин да го напушти Ирак истекува без никаква реакција од Багдад. - САД ја започнаа војната против Ирак со ограничени воздушни напади врз Багдад, додека Буш ...
Сојузничките авиони попладнево го бомбардираат северниот ирачки гард Киркук, во чија близина се наоѓаат богати нафтни полиња, јави АФП. Ирачката противвоздушна одбрана одговара на нападите, а жителите на градот повторно се враќаат во засолништата во кои беа речиси цела ноќ поради постојаните ...
Ирачката државна телевизија објави снимка на две лица за кои тврди дека се пилотите на американскиот хеликоптер „Апачи“ што вчера беше соборен на околу 70 километри јужно од Багдад. На снимката беа прикажани две лица за кои се смета дека се пилотите на хелокоптерот, кои не зборуваа пред камерите на ...
ПЕТТИ ДЕН ОД ЗАЛИВСКАТА ВОЈНА Сојузничките сили продолжија да ги бомбардираат Багдад и другите стратегиски цели во Ирак, но, соочени со исклучително жесток отпор од непријателските сили, не успеаја да напредуваат на фронтот и претрпеа нови загуби, најтешки од почетокот на војната.
ВОЈНАТА ВО ИРАК ГО ТРЕСЕ И БАЛКАНОТ Се претпоставува дека во регионот се активни околу 400 ирачки офицери што работеле на формирање армија на "балкански џихад" Околу 400 офицери на ирачката армија биле распоредени во земјите на Балканот за да вршат напади врз американски и врз британски објекти и ...
БАГДАД, 25 март (Ројтерс) - Нови експлозии во погодиле вчера попладне главниот град на Ирак. Имало шест експлозии од исток и југоисток, но не можел да се види противавионски оган. Четири или пет слаби експлозии исто така се чуле јужно од Багдад.
Жестоката битка за ирачката престолнина тест за воената стратегија на САД Со наближувањето на американските сили кон Багдад, се наѕира можноста за жестока битка која ќе ја тестира не само воената стратегија на оваа војна туку и нејзините политички цели.
ВОЈНА ВО ИРАК Сојузничките сили продолжија да ги бомбардираат Багдад и другите стратегиски цели во Ирак, но, соочени со исклучително жесток отпор од непријателските сили, не успеаја да напредуваат на фронтот и претрпеа нови загуби, најтешки од почетокот на војната.
Земјоделците тврдат дека се соборени два хеликоптера "апачи", 120 км југозападно од Багдад ВАШИНГТОН, 25 март (Ројтерс) - Претставник на американската одбрана вчера потврди дека еден американски хеликоптер од типот "апачи лонгбау" бил соборен во Ирак, но не ги коментираше тврдењата на ирачката ...
Американските сили изгубија еден или два хеликоптера БАГДАД - Американската војска потврди дека еден од нејзините хеликоптери "апачи" бил соборен во Ирак. Ирачката телевизија прикажа снимки од хеликоптерот, кој бил соборен во близина на градот Кербала, 110 километри југозападно од Багдад.
Aмерикански хеликоптер „Апачи“ бил соборен во Ирак, соопшти денеска американски официјален претставник, откако националната телевизија во Багдад емитуваше снимки на остатоци од урнат хеликоптер. Ирачките власти, пак, известија дека нивните сили собориле два американски хеликоптери „Апачи“ и дека ...
Меѓу 15-те странци кои со своите тела ја штитат електричната централа во Багдад, се наоѓа и една бугарска државјанка, соопшти бугарското национално радио. Во телефонската изјава за радиото, таа изјавила дека е одлучна во својата намера, оти не се плаши и дека ќе остане во Багдад се до завршувањето ...
Жестокиот отпор на Ирачаните, како и нападите од нерегуларни сили кои се преправаат дека се предаваат и употребувањето на деца и жени како мамка, ги принуди британските сили да се повлечат денеска од Басра заради прегрупирање, јави „Франс Прес“.
Пет лица, меѓу кои и една жена, загинаа денеска кога ракета исфрлена од авион на сојузничките сили погоди неколку куќи во една населба во Багдад, јави „Франс прес“, повикувајќи се на изјави на очевидци. Во Багдад синоќа се слушнале најмалку шест експлозии во центарот, а уште пет други од јужните ...
БАГДАД, 24 март (ДПА) - Ирачкиот министер за информирање Мохамед Саид ал-Сахаф вчера соопшти дека сојузничките сили засега убиле 77, а раниле 503 цивили во градовите Басра и Багдад. Сите загинати биле во Багдад, додека од ранетите 106 лица настрадале во воздушните напади.
ЛОНДОН, 24 март (Ројтерс) - Копнената акција за заземање на Багдад би требала да почне утре, под услов коалиционите сили да не заглават со борби во вториот по големина град во Ирак, Басра, соопшти вчера извор близок до Британската одбрана.
соЈузниЧка инвазиЈа врз ирак Ирачките власти објавија дека во Багдад загинале само три лица, а 250 се ранети, вклучувајќи многу деца со тешки рани од шрапнели Американската моторизирана пешадија упорно напредува кон Багдад, пробивајќи ја релативно слабата ирачка одбрана, но сојузничките сили се ...
Багдад, 24 март - Британската телевизија Би-Би-Си јави дека вчера британски пилот се катапултирал над Багдад. Според катарската телевизија Ал Џезира, пак, над Багдад се катапултирале двајца британски пилоти, чиј авион бил погоден од ирачката противвоздушна одбрана.
ВО соЈузниЧката ИНВАЗИЈА ВРЗ ИРАК Американската моторизирана пешадија, која напредува кон Багдад, вчера водеше жестоки битки во централен Ирак, при што САД претрпеа поголеми човечки загуби, јави Ројтерс. Репортер што патува со одред американски маринци што го чистат патот на 3.
Според британски воени експерти ЛОНДОН - Копнената офанзива што ќе овозможи да се заземе Багдад треба да почне до вторник, со тоа што нема план за американските и британските сили како да излезат од борбите во мочуриштата во вториот по големина ирачки град Басра, изјави вчера извор на британската ...