TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Двете декларации патуваат одделно во ЕУ, НАТО и во ЕУ

Време - 12.11.2004

ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА Александра М. Митевска Во седиштата на ЕУ, на НАТО и на ООН наскоро ќе пристигнат двете идентични декларации за стратегиските интереси на Македонија, кои политичките партии завчера ги потпишаа на два различни места - во Охрид и во Скопје.

Ако беше до тоа, ние одамна ќе бевме во ЕУ!

Време - 11.11.2004

ОПОЗИЦИЈАТА ЈА ПОТПИША ДЕКЛАРАЦИЈАТА Дваесетина партии, помеѓу кои и поголемите опозициски партии ВМРО- ДПМНЕ и ЛП, ја потпишаа вчера во Скопје Декларацијата за поддршка на стратегиските интереси на Република Македонија, која беше предложена од претседателот на државата Бранко Црвенковски.

Лидерите ја потпишаа декларацијата на Црвенковски

Време - 11.11.2004

ВЧЕРА ВО ВИЛАТА „БИЛЈАНА“ ВО ОХРИД Емил Зафировски Лидерите на политичките партии со декларација се обврзаа дека заеднички ќе работат на стратегиската цел Македонија да се интегрира во НАТО и во ЕУ. Средбата на лидерите се одржа вчера во Охрид, во претседателската вила „Билјана“.

Опозиционерите се потпишаа во Скопје

Вест - 11.11.2004

Македонските опозициони партии вчера во хотелот "Холидеј ин" во Скопје ја потпишаа Декларацијата за поддршка на стратегиските интереси на Република Македонија која ја најави претседателот Бранко Црвенковски. ВМРО-ДПМНЕ, која уште завчера најави дека нема да оди на состанокот свикан од Црвенковски, ...

Црвенковски: Заврши рамковна, продолжува европска Македонија

Вест - 11.11.2004

НОВ ОХРИДСКИ ДОГОВОР Со потпишувањето на Декларацијата за поддршка на стратегиските интереси во Охрид се преминува од проектот рамковна Македонија на проектот европска Македонија. "Сите присутни интегрално ја прифатија Декларацијата за поддршка на стратегиските интереси на Македонија и ја потпишаа, ...

Мислат исто, потпишуваат различно

Време - 11.11.2004

Александра М. Митевска <> Иста декларација, различни места на потпишување. Името и содржината се идентични, различни се адресите. Стратегиските интереси на Македонија нашите политичари ги бранат одделно. Како тогаш ќе ни покажат дека меѓу нив нема разлики кога се во прашање територијалниот ...

Во Охрид се постигна консензус за европска Македонија

Утрински - 11.11.2004

Шефот на државата и релевантните политички партии потпишаа Декларација за евроатланските стратегиски интереси на државата Под покровителство на претседателот Бранко Црвенковски, вчера во Охрид релевантните политички партии во државата потпишаа заедничка Декларација, во која е демонстрирано ...

Опозицијата ја поддржува Декларацијата, но сака да го делегетимира Црвенковски

Утрински - 11.11.2004

Груевски ги собра поддржувачите на референдумот во скопскиот хотел †Холидеј ин" Груевски: Вакви декларации како денешнава сме напишале многу пати. Опозиционерите ја поддржуваат евроатлантската интеграција на земјата, но не сакаат „нови договори од Охрид“ ниту, пак, сакаат да му дадат легитимитет на ...

Опозиционерите потпишаа во Скопје

Дневник - 11.11.2004

декларациЈа ВМРО-ДПМНЕ, Либералната партија и дваесетина други опозициски партии и здруженија вчера во Скопје ја потпишаа Декларацијата за поддршка на стратегиските интереси на Македонија, усвоена во Охрид. Најголемата опозициска партија одби да оди на партискиот самит во Охрид и организираше ...

Од рамковна кон европска Македонија

Дневник - 11.11.2004

порака од ЛИДЕРСКАта СРЕДБА ВО ОХРИД Проектот "Рамковна Македонија" успешно завршува и се преминува на стратегискиот проект "Европска Македонија", оцени вчера шефот на државата Бранко Црвенковски по лидерската средба во Охрид.

БОЈКОТ НА ЦРВЕНКОВСКИ, ПРОМОЦИЈА НА ГРУЕВСКИ?

Вечер Прес - 11.11.2004

Дваесетина политички партии од опозицијата и граѓански здруженија вчера потпишаа Декларација за поддршка на стратигиските интереси на Република Македонија, што ја предложи претседателот на државата Бранко Црвенковски. Политичките лидери декларацијата ја потпишаа во "Холидеј Ин", во Скопје како ...

ОД РАМКОВНА ДО ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА

Вечер Прес - 11.11.2004

ОХРИД. - Под покровителство на претседателот на државата Бранко Црвенковски, вчера во Охрид лидерите на политич ките партии потпишаа Декларација за поддршка на стратегиските интереси на Република Македонија, повторувајќи ги со тоа уште еднаш своите заложби за спроведување на Рамковниот договор и ...

Потпишана Декларацијата за стратегиските цели на Македонија

А1 - 10.11.2004

Политичките лидери, денеска во вилата „Билјана“ во Охрид, ја потпишаа Декларацијата за реафирмирање на консензусот околу стратешките државни интереси. Единствен од поканетите, кој не присуствуваше на средбата е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски.

Декларација за поддршка на стратегиските интереси на Македонија

А1 - 10.11.2004

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за поддршка на стратегиските интереси на Република Македонија : Истакнувајќи ја неповредливоста на суверенитетот, територијалниот интегритет и унитарниот карактер на државата, се обврзуваме дека грижата за нив се наш заеднички највисок приоритет и определба; Реафирмирајќи ги ...

Опозицијата со Декларација за стратешките приоритети на РМ

А1 - 10.11.2004

Партиите од здружениот опозициски блок, кои застанаа зад референдумот, денеска во Скопје потпишаа Декларација за стратешките приоритети на Македонија, пандан на таа, потпишана во Охрид, под покровителство на претседателот Црвенковски.

Груевски не сака да се слика со Црвенковски

Вест - 10.11.2004

НОВ ОХРИДСКИ ДОГОВОР? ВМРО -ДПМНЕ ќе ја потпише Декларацијата на Црвенковски, но нема да оди во Охрид ВМРО-ДПМНЕ ќе ја потпише декларацијата за поддршка на стратегиските интереси на Македонија предложена од претстедателот Бренко Црвенковски, не ја одбива неговата поканат за лидерската средба што ...

Лидерска средба во Охрид без лидери?

Време - 10.11.2004

ЦРВЕНКОВСКИ ВО ПОТРАГА ПО ПОЛИТИЧКО ЕДИНСТВО Александра М. Митевска Документот што треба да го потпишат претставници на партиите-потписнички на рамковниот договор, на ДУИ и на партиите на етничките заедници денеска во Охрид е декларација за поддршка на стратегиските интереси на Република Македонија.

Груевски не оди во Охрид

Утрински - 10.11.2004

По предлогот на претседателот за организирање средба на лидерите на партиите-потписнички на Рамковниот Опозицискиот лидер ќе ја потпише декларацијата Сашко Димевски По иницијатива на претседателот Бранко Црвенковски, денеска во вилата "Билјана" во Охрид ќе се одржи средба на лидерите на партиите - ...

Охридски консензус за иднината

Утрински - 10.11.2004

Што содржи предложената охридска декларација на претседателот на државата, Бранко Црвенковски Приоритети: финиширање на Рамковниот и евроинтеграциите Претседателот Бранко Црвенковски на денешната средба во вилата ?Билјана" во Охрид со лидерите на политичките партии - потписнички на Рамковниот ...

ВМРО-ДПМНЕ не оди на средбата кај Бранко

Дневник - 10.11.2004

ДЕНЕСКА ЛИДЕРСКА СРЕДБА ВО ОХРИД Најголемата опозициска партија ќе ја потпише декларацијата во Скопје Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски нема да учествува на денешната средба на партиите-потписнички на охридскиот договор, која ја закажа шефот на државата Бранко Црвенковски.

- ГРУЕВСКИ И НЕГОВОТО ДРУШТВО СИ НАПРАВИЈА СКОПСКА СРЕДБА ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА ДЕКЛАРАЦИЈАТА, НА НЕА СЕ СЛУЧИ ИНЦИДЕНТ

Канал5 - 10.11.2004

Не ни требаат нови охридски договори, вели македонската опозиција, затоа декларацијата ја потпишуваме во Скопје, потврдувајќи го нашиот евроинтеграцискиот курс. Сепак од 28 поканети потписници на декларацијата, отсуствуваа и ВМРО –Народна, Светскиот мак Не ни требаат нови охридски договори, вели ...

ГАРАНЦИЈА ЗА СТРАТЕГИСКИТЕ ИНТЕРЕСИ

Вечер Прес - 10.11.2004

Лидерска средба денес ќе има, но најверојатно без присуство на сите лидери. Според најавите се очекува лидерите на опозиционите ВМРО-ДПМНЕ и ДПА да ја потпишат декларацијата од претседателот Црвенковски, но не и да дојдат во Охрид.

Груевски не ја прифати поканата за средба во Охрид

А1 - 09.11.2004

Груевски не ја прифати поканата на Црвенковски и утре нема да дојде на заедничка средба на партиите потписнички на рамковниот договор, но ќе ја потпише Декларацијата, со која ќе се изрази политичката волја за приближување кон ЕУ и НАТО.

Црвенковски најави за утре лидерска средба во Охрид

Утрински - 09.11.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛ "В среда во Охрид ги поканувам лидерите на партиите што го потпишаа Рамковниот документ, ДУИ, претставници на политичките партии на малите етнички заедници, како и претставници на ЕУ и на Соединетите Американски Држави.

Црвенковски ги повика лидерите на средба во Охрид

Дневник - 09.11.2004

ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА БАРА ЕДИНСТВО Шефот на државата, Бранко Црвенковски, за утре ги повика на заедничка средба во Охрид лидерите на политичките партии потписнички на рамковниот договор, ДУИ, претставници на политичките партии на помалите етнички заедници и претставници на ЕУ и на САД.

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СТРАТЕГИСКИТЕ ЦЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Канал5 - 09.11.2004

На иницијатива на претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски за утре во Охрид е закажана заедничка средба на лидерите на политичките партии - потписнички на Рамковниот договор и на претставници на ДУИ, на политичките партии што ги претста На иницијатива на претседателот на Република ...

ЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА СО ЈАСНА ПОРАКА

Вечер Прес - 09.11.2004

Претседателот на државата Бранко Црвенковски, утре во Охрид, на заедничка средба, ги покани лидерите на политичките партии потписнички на Рамковниот договор, ДУИ, претставник на политич ките партии што ги претставуваат помалите етникуми и претставници на ЕУ и САД.

Црвенковски бара лидерска средба за да се покаже единство

А1 - 08.11.2004

Ден по референдумот претседателот Црвенковски повика на нова лидерска средба проценувајќи дека политичката битка пред референдумот ги поделила македонските граѓани, за да се покаже единство околу клучните државни интереси. Црвенковски ги повикува лидерите на партиите потписнички на Рамковниот ...

ЦРВЕНКОВСКИ: ОКОЛУ КЛУЧНИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ НЕ СМЕАТ ДА ПОСТОЈАТ ДЕЛБИ

Канал5 - 08.11.2004

Претседателот Бранко Црвенковски в среда во Охрид ќе ги покани на заедничка средба лидерите на политичките партии - потписнички на рамковниот договор, како и претставници на ДУИ, на политичките партии што ги претставуваат помалите етнички заедници, как Претседателот Бранко Црвенковски в среда во ...