Во неделата во 15,40 часот во месноста Задол во атарот на скопското село Грачани трактор нагазил на мина. Мината експлодирала при што бил повреден 27-годишниот С.А. од Кондово. Тој бил сопатник на тракторот, а возачот Ф.Е. поминал без повреди. Двајцата, со тракторот пренесувале дрва.
Експлозија на патот Кондово-Грачани, Скопско Нагазна мина од кинеско производство, подметната од непознато лице или група, била поставена на селскиот пат Кондово-Грачани во близината на Скопје. При експлозијата тешко е повредн дваесет и седумгодишниот А.С. од Кондово.
ВО АТАРОТ НА граЧани Селанец од скопското село Кондово завчера попладне бил ранет од мина додека се возел на трактор во атарот на селото Грачани. Според полициските информации, експлозијата се случила во 15.40 часот во месноста Забел, кога трактор натоварен со дрва, во кој сега ранетиот се возел ...
Сехад A. (27) од село Кондово вчера заврши в болница кога тракторот во кој се возел нагазил мина вкопана на патот кон селото Грачани. Тракторот врвел по патот кој е во реонот на караулата Чашка, но според Министерството за одбрана не се работи за свежо поставена, туку за мина од 2001 година.