Бучковски остана без доверба ама не заминува. Шеќеринска не крие дека сака да го замени. По 12 часа конфронтации и групирања и лобирања по ходниците на МНТ, освен исходот од гласањето јасна беше и длабоката поделба во СДСМ. Во атмосфера на шок и еуфорија, три и пол часа по полноќ сите чекаа да ...
Зад СДСМ е поминат демократски тест. Промовиран е принцип на одговорност по изборен пораз. Ако стане практика, тоа е високодемократска вредност. Патем - катарза за членството, нов ентузијазам, шанса за нов замаец. Воздржаноста за дефинитивно позитивно демократско вреднување на вчерашниот чин, е ...
Во 3 и 30 по полноќ Мери Младеновска го соопшти резултатот од маратонската конвенција на СДСМ. Бучковски ја изгуби довербата од истите делегати, кои пред речиси две години го избраа за лидер на тогаш владејачките Социјалдемократи.
Скопје Делегатите на опозициониот СДСМ на партиската конвенција доцна синоќа изгласаа недоверба кон лидерот Владо Бучковски и другите раководни тела на партијата. За недоверба на Бучковски гласаа 339 делегати, наспроти 200 кои му изразија поддршка..
Инцидент на денешната конвенција на СДСМ нема, но има жестоки дебати, па дури и исвиркувања на некои од делегатите кои земале збор и застанале во одбрана на лидерот на партијата Владо Бучковски или, пак, зборувале за спротивниот табор и дале поддршка за Радмила Шеќеринска.
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ НА КОНВЕНЦИЈА ЗА ДОВЕРБА Дали лидерот на СДСМ Владо Бучковски се уште ја има поддршката меѓу членството, по поразот на неговата партија на парламентарните избори, е дилемата што се очекува да се расчисти на денешната конвенција на која пресудни ќе бидат гласовите на околу 650 ...
Бурен беше вчерашниот последен ден пред денешната партиска конвенција на СДСМ на која ќе му се гласа доверба на лидерот Владо Бучковски, при што низ размена на соопштенија целосно се открија картите на директна и отворена конфронтација меѓу претседателот Црвенковски и претседателот на СДСМ, ...
Мора конечно да се види кој работеше за победата на СДСМ на изборите, а кој работеше за партиски конгрес на кој треба да се смени раководството, вели лидерот на СДСМ Време е отворено да се каже дека на изборите не ни беше главен противник ВМРО-ДПМНЕ, туку дел од СДСМ кој е поврзан со шефот на ...
Тешко е да се замисли Георгиевски како човек со поголем демократски капацитет од Бучковски, ама реалноста не' наведува токму на таква констатација. Чувството за одговорност е очигледно реткост, па демократскиот развој СДСМ ќе мора да го тера по потешкиот пат И не бадијала го избрав овој наслов.
Во својот говор, кој ќе биде доста емотивен, Бучковски ќе се брани дека е лидер кратко време и дека како трет премиер на владата на СДСМ не можел да стори ништо повеќе. По се изгледа денешното гласање за доверба на лидерот на СДСМ, Владо Бучковски, ќе биде формалност.
Скопје Делегатите на конвенцијата на опозициониот СДСМ доцна вечерва треба да одлучат дали ќе му укажат доверба на лидерот Владо Бучковски да продолжи да ја води партијата по поразот на парламентарните избори. Според извештаите од конвенцијата што од рано претпладне се одржува во МНТ ,гласањето за ...
Претседателот Бранко Црвенковски, со завчерашно соопштение на неговиот кабинет во кое обвинува за "провидно сценарио на владејачката партија и нарачателите од СДСМ" за политичка дискредитација на Радмила Шекеринска и Јани Макрадули, ја одигра главната улога според сценариото на ВМРО-ДПМНЕ за ...
Скопје Опозициониот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денесика во Скопје одржува Конвенција, на која ќе се расправа за доверба на лидерот Владо Бучковски. Бучковски се очекува да поднесе детален извештај за работата на партијата и за поразот на последните парламентарни избори резултат, ...
На една ноќ пред конвенцијата преписките се вжештија, сите се возбудија. Отворено се судрија Бучковски и Црвенковски. Сегашниот ги отфрли наводите на екс лидерот дека е нарачател на обвинувањата што ги упати Владата на адреса на Шеќеринска и Црвенковски. Но, преписката не заврши овде.
ЕДЕН ДЕН ПРЕД КОНВЕНЦИЈАТА НА СДСМ Ситуацијата во СДСМ е на точка на вриење, а довчерашните соборци веќе се поделени на сите нивоа, на ден пред конвенцијата во МНТ, на која првпат во историјата на партијата ќе му се гласа доверба на раководството по изборен пораз.
Од таборот на лидерот Владо Бучковски вчера ги демантираа тврдењата дека зад барањето за оставка е целото раководство на подмладокот Раководството на подмладокот на СДСМ прексиноќа побарало оставка од лидерот Владо Бучковски.
Усвитена е атмосферата пред утрешната конвенција на СДСМ која треба да го промовира принципот на проверка на одговорноста на партиското раководство по изборен пораз. Усвитена е атмосферата пред утрешната конвенција на СДСМ која треба да го промовира принципот на проверка на одговорноста на ...
Општински организации на СДСМ од 12 градови од Македонија, заедно со Социјалдемократската младина на Македонија, очекуваат мирна конвенција и бараат оставка од Владо Бучковски. Црвенковски соопштува дека поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за Бучковски е јасна порака до делегатите Републичкиот извршен одбор ...
Скопје Екс премиерот Владо Бучковски, лидер на опозициониот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија(СДСМ), на ден пред гласањето доверба во партијата, влезе во прв јавен судир со претседателот на Републиката Бранко Црвенковски, кој 13 години беше лидер на истата партија.
ТИТО ГЛЕДА СЕИР ПРЕД ОКТОМВРИСКАТА РЕВОЛУЦИЈА Падот на СДСМ започна во моментот кога Бранко Црвенковски како тогашен претседател на партијата го наметна за премиер Хари Костов, тврди лидерот на НСДП Тито Петковски Лидерот на НСДП Тито Петковски вчера го обвини актуелниот претседател на државата ...
Мнозинството од вкупно 11 делегати на кавадарските социјалдемократи што ќе учествуваат на изборната конференција на СДСМ в сабота, одлучиле од лидерот на партијата, Владо Бучковски, да побараат да си поднесе оставка „заради зачувување на единството и достоинството во партијата“.
„Во овој момент најбитно за мене како претседател на партијата е да ја сочувам партијата од поделба“, изјави во интервјуто за А1 Владо Бучковски, претседател на СДСМ. После се, јас имам чувство дека Груевски повеќе е на Ваша страна и лобира за Вас како лидер одошто луѓето во партијата.
КУМАНОВО - На прексиноќешната полутајна вечера во елитниот ресторан „Ексклузив" експремиерот и актуелен лидер на СДСМ, Владо Бучковски, изрази уверување дека ја има поддршката од делегатите на саботната конвенција од Куманово, Кратово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Ранковце и скопската општина ...
Лидерот на СДСМ Владо Бучковски прексиноќа во Куманово се сретнал со дел од сопартијците, спроти партиската конвенција на која ќе се гласа за довербата во раководството. Средбата на која, според сознанијата, Бучковски побарал поддршка од делегатите на конвенцијата, се одржала во ресторанот ...
Убедува дека "ќе се спасел", но никој не му верува оти тој е истиот Буковски што не убедуваше дека ќе го победиме ВМРО-ДПМНЕ со три пратеника разлика, па се случи тоа што се случи, коментираат во партијата Владо Бучковски, лидерот на СДСМ, веќе почнал да ја губи довербата и кај своите приврзници во ...
Без официјално делегиран противник, Бучковски на теренот води кампања, да си ги врати позициите и довербата, да ги убеди делегатите дека има капацитет да ја зајакне партијата и да победи. Но, Шеќеринска но веќе ја почна битката за лидер. Веќе немаат исти пријатели, но дали имаат исти непријатели.
Околу 680 делегати кон крајот на минатата седмица ги добија в раце „жешките материјали": в сабота, 7 октомври, опозициските социјалдемократи ќе му гласаат (не)доверба на лидерот Владо Бучковски по поразот на јулските парламентарни избори.
Кога лидерот на СДСМ ја посетил Битола, зградата на општинската организација била во темница и под клуч БИТОЛА - Битолските социјалдемократи ги затворија вратите на партиското седиште за лидерот на СДСМ и експремиер Владо Бучковски.
Битолските социјалдемократи го пречекаа претседателот на партијата Владо Бучковски со затворени врати Битолските социјалдемократи го пречекаа претседателот на партијата Владо Бучковски со затворени врати. Тој во петокот вечерта дојде да го испита пулсот на членството пред претстојната партиска ...