TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски не ја доби довербата од СДСМ

А1 - 08.10.2006

Бучковски остана без доверба ама не заминува. Шеќеринска не крие дека сака да го замени. По 12 часа конфронтации и групирања и лобирања по ходниците на МНТ, освен исходот од гласањето јасна беше и длабоката поделба во СДСМ. Во атмосфера на шок и еуфорија, три и пол часа по полноќ сите чекаа да ...

СДСМ првпат во своето постоење гласаше за доверба на лидерот

Канал5 - 08.10.2006

Зад СДСМ е поминат демократски тест. Промовиран е принцип на одговорност по изборен пораз. Ако стане практика, тоа е високодемократска вредност. Патем - катарза за членството, нов ентузијазам, шанса за нов замаец. Воздржаноста за дефинитивно позитивно демократско вреднување на вчерашниот чин, е ...

Бучковски не доби доверба на Конвенцијата на СДСМ

Канал5 - 08.10.2006

Во 3 и 30 по полноќ Мери Младеновска го соопшти резултатот од маратонската конвенција на СДСМ. Бучковски ја изгуби довербата од истите делегати, кои пред речиси две години го избраа за лидер на тогаш владејачките Социјалдемократи.

Изгласана недоверба на лидерот на СДСМ

Макфакс - 08.10.2006

Скопје Делегатите на опозициониот СДСМ на партиската конвенција доцна синоќа изгласаа недоверба кон лидерот Владо Бучковски и другите раководни тела на партијата. За недоверба на Бучковски гласаа 339 делегати, наспроти 200 кои му изразија поддршка..

СДСМ на конвенција ќе гласа за доверба на Бучковски

А1 - 07.10.2006

Инцидент на денешната конвенција на СДСМ нема, но има жестоки дебати, па дури и исвиркувања на некои од делегатите кои земале збор и застанале во одбрана на лидерот на партијата Владо Бучковски или, пак, зборувале за спротивниот табор и дале поддршка за Радмила Шеќеринска.

Бучковски постизборно ќе се соочи со базата

Време - 07.10.2006

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ НА КОНВЕНЦИЈА ЗА ДОВЕРБА Дали лидерот на СДСМ Владо Бучковски се уште ја има поддршката меѓу членството, по поразот на неговата партија на парламентарните избори, е дилемата што се очекува да се расчисти на денешната конвенција на која пресудни ќе бидат гласовите на околу 650 ...

Црвенковски и Бучковски во отворена војна пред денешната конвенција на СДСМ

Утрински - 07.10.2006

Бурен беше вчерашниот последен ден пред денешната партиска конвенција на СДСМ на која ќе му се гласа доверба на лидерот Владо Бучковски, при што низ размена на соопштенија целосно се открија картите на директна и отворена конфронтација меѓу претседателот Црвенковски и претседателот на СДСМ, ...

Бучковски во војна со Црвенковски

Дневник - 07.10.2006

Мора конечно да се види кој работеше за победата на СДСМ на изборите, а кој работеше за партиски конгрес на кој треба да се смени раководството, вели лидерот на СДСМ Време е отворено да се каже дека на изборите не ни беше главен противник ВМРО-ДПМНЕ, туку дел од СДСМ кој е поврзан со шефот на ...

Време за демократија

Дневник - 07.10.2006

Тешко е да се замисли Георгиевски како човек со поголем демократски капацитет од Бучковски, ама реалноста не' наведува токму на таква констатација. Чувството за одговорност е очигледно реткост, па демократскиот развој СДСМ ќе мора да го тера по потешкиот пат И не бадијала го избрав овој наслов.

Крај за Бучковски

Вечер Прес - 07.10.2006

Во својот говор, кој ќе биде доста емотивен, Бучковски ќе се брани дека е лидер кратко време и дека како трет премиер на владата на СДСМ не можел да стори ништо повеќе. По се изгледа денешното гласање за доверба на лидерот на СДСМ, Владо Бучковски, ќе биде формалност.

СДСМ расправа за доверба на Бучковски

Макфакс - 07.10.2006

Скопје Делегатите на конвенцијата на опозициониот СДСМ доцна вечерва треба да одлучат дали ќе му укажат доверба на лидерот Владо Бучковски да продолжи да ја води партијата по поразот на парламентарните избори. Според извештаите од конвенцијата што од рано претпладне се одржува во МНТ ,гласањето за ...

Легитимно е Кабинетот на Црвенковски да има став!

Вечер Прес - 07.10.2006

Претседателот Бранко Црвенковски, со завчерашно соопштение на неговиот кабинет во кое обвинува за "провидно сценарио на владејачката партија и нарачателите од СДСМ" за политичка дискредитација на Радмила Шекеринска и Јани Макрадули, ја одигра главната улога според сценариото на ВМРО-ДПМНЕ за ...

СДСМ одржува Конвенција за доверба на лидерот

Макфакс - 07.10.2006

Скопје Опозициониот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денесика во Скопје одржува Конвенција, на која ќе се расправа за доверба на лидерот Владо Бучковски. Бучковски се очекува да поднесе детален извештај за работата на партијата и за поразот на последните парламентарни избори резултат, ...

Преписките се вжештија пред конвенцијата на СДСМ

А1 - 06.10.2006

На една ноќ пред конвенцијата преписките се вжештија, сите се возбудија. Отворено се судрија Бучковски и Црвенковски. Сегашниот ги отфрли наводите на екс лидерот дека е нарачател на обвинувањата што ги упати Владата на адреса на Шеќеринска и Црвенковски. Но, преписката не заврши овде.

И младите социјалдемократи против Бучковски

Време - 06.10.2006

ЕДЕН ДЕН ПРЕД КОНВЕНЦИЈАТА НА СДСМ Ситуацијата во СДСМ е на точка на вриење, а довчерашните соборци веќе се поделени на сите нивоа, на ден пред конвенцијата во МНТ, на која првпат во историјата на партијата ќе му се гласа доверба на раководството по изборен пораз.

Младите побараа оставка од Бучковски

Дневник - 06.10.2006

Од таборот на лидерот Владо Бучковски вчера ги демантираа тврдењата дека зад барањето за оставка е целото раководство на подмладокот Раководството на подмладокот на СДСМ прексиноќа побарало оставка од лидерот Владо Бучковски.

Битката чувана зад кулисите на СДСМ излезе јавно Бучковски контра Црвенковски

Канал5 - 06.10.2006

Усвитена е атмосферата пред утрешната конвенција на СДСМ која треба да го промовира принципот на проверка на одговорноста на партиското раководство по изборен пораз. Усвитена е атмосферата пред утрешната конвенција на СДСМ која треба да го промовира принципот на проверка на одговорноста на ...

Бучковски пред дебакл!

Вечер Прес - 06.10.2006

Општински организации на СДСМ од 12 градови од Македонија, заедно со Социјалдемократската младина на Македонија, очекуваат мирна конвенција и бараат оставка од Владо Бучковски. Црвенковски соопштува дека поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за Бучковски е јасна порака до делегатите Републичкиот извршен одбор ...

Прв отворен судир Бучковски - Црвенковски

Макфакс - 06.10.2006

Скопје Екс премиерот Владо Бучковски, лидер на опозициониот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија(СДСМ), на ден пред гласањето доверба во партијата, влезе во прв јавен судир со претседателот на Републиката Бранко Црвенковски, кој 13 години беше лидер на истата партија.

Бранко го уништи СДСМ

Вест - 05.10.2006

ТИТО ГЛЕДА СЕИР ПРЕД ОКТОМВРИСКАТА РЕВОЛУЦИЈА Падот на СДСМ започна во моментот кога Бранко Црвенковски како тогашен претседател на партијата го наметна за премиер Хари Костов, тврди лидерот на НСДП Тито Петковски Лидерот на НСДП Тито Петковски вчера го обвини актуелниот претседател на државата ...

Кавадарци му откажа на Бучковски

Дневник - 05.10.2006

Мнозинството од вкупно 11 делегати на кавадарските социјалдемократи што ќе учествуваат на изборната конференција на СДСМ в сабота, одлучиле од лидерот на партијата, Владо Бучковски, да побараат да си поднесе оставка „заради зачувување на единството и достоинството во партијата“.

Бучковски: Го плаќам данокот на демократизацијата во СДСМ

А1 - 04.10.2006

„Во овој момент најбитно за мене како претседател на партијата е да ја сочувам партијата од поделба“, изјави во интервјуто за А1 Владо Бучковски, претседател на СДСМ. После се, јас имам чувство дека Груевски повеќе е на Ваша страна и лобира за Вас како лидер одошто луѓето во партијата.

Бучковски очекува поддршка од Куманово на конвенцијата

Утрински - 04.10.2006

КУМАНОВО - На прексиноќешната полутајна вечера во елитниот ресторан „Ексклузив" експремиерот и актуелен лидер на СДСМ, Владо Бучковски, изрази уверување дека ја има поддршката од делегатите на саботната конвенција од Куманово, Кратово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Ранковце и скопската општина ...

Бучковски на тајна вечера во Куманово

Дневник - 04.10.2006

Лидерот на СДСМ Владо Бучковски прексиноќа во Куманово се сретнал со дел од сопартијците, спроти партиската конвенција на која ќе се гласа за довербата во раководството. Средбата на која, според сознанијата, Бучковски побарал поддршка од делегатите на конвенцијата, се одржала во ресторанот ...

Бучко се предал!

Вечер Прес - 04.10.2006

Убедува дека "ќе се спасел", но никој не му верува оти тој е истиот Буковски што не убедуваше дека ќе го победиме ВМРО-ДПМНЕ со три пратеника разлика, па се случи тоа што се случи, коментираат во партијата Владо Бучковски, лидерот на СДСМ, веќе почнал да ја губи довербата и кај своите приврзници во ...

СДСМ на 7 октомври ќе гласа за доверба на Бучковски

А1 - 03.10.2006

Без официјално делегиран противник, Бучковски на теренот води кампања, да си ги врати позициите и довербата, да ги убеди делегатите дека има капацитет да ја зајакне партијата и да победи. Но, Шеќеринска но веќе ја почна битката за лидер. Веќе немаат исти пријатели, но дали имаат исти непријатели.

СДСМ се загрева пред саботното гласање

Утрински - 03.10.2006

Околу 680 делегати кон крајот на минатата седмица ги добија в раце „жешките материјали": в сабота, 7 октомври, опозициските социјалдемократи ќе му гласаат (не)доверба на лидерот Владо Бучковски по поразот на јулските парламентарни избори.

Битолските сдсмовци му ги затворија вратите на Бучковски

Утрински - 02.10.2006

Кога лидерот на СДСМ ја посетил Битола, зградата на општинската организација била во темница и под клуч БИТОЛА - Битолските социјалдемократи ги затворија вратите на партиското седиште за лидерот на СДСМ и експремиер Владо Бучковски.

Бучковски баци врата

Дневник - 02.10.2006

Битолските социјалдемократи го пречекаа претседателот на партијата Владо Бучковски со затворени врати Битолските социјалдемократи го пречекаа претседателот на партијата Владо Бучковски со затворени врати. Тој во петокот вечерта дојде да го испита пулсот на членството пред претстојната партиска ...