TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Политичарите и дипломатите со садење го најавија Денот на дрвото

Алсат-М - 16.11.2008

Министри и претставници на дипломатскиот хор во земјава денеска масовно ја поддржа иницијативата за садење на дрва, која се реализира во рамките на акцијата „Денот на дрвото“. Акцијата која на симболичен начин започна со садење на 100 садници пред спортската сала „Борис Трајковски„ во Скопје е претходница на кампањата која започнува на 19 ноември, ден, кога се очекува да се садат 6 ...

Дипломатите ја помогнаа акција за садење дрва

Алфа - 16.11.2008

Врнежливото време не го поколеба државниот врв и по трет пат да ја одложи акцијата Ден на Дрвото. Пред најавеното садење на 6 милиони дрвца в среда, денеска први тоа го направија – странските дипломати во Скопје, придружувани од македонските министри за одбрана, внатрешни и надворешни работи. Сите заедно засадија 50- тина дрва околу новата сала Борис Трајковски.

Дипломати и политичари садеа дрвца

Форум - 16.11.2008

Во рамки на акцијата „Ден на дрвото", денеска, пред салата „Борис Трајковски" дрвца засадија министри, претставници на дипломатскиот кор и естрадни уметници. Со тоа, тие практично ја поддржаа граѓанската иницијатива за пошумување што ќе се одржи во среда, на 19 ноември.

Министри, дипломати и естрадни уметници садеа дрвца пред спортската сала „Борис Трајковски“

Канал5 - 16.11.2008

Денешното садење на дрвцата е увертира во предвиденото пошумување што треба да се случи во среда на 19 ноември. На 100 локации ќе бидат засадени 6 милиони дрвца. Садниците и овој пат како и во претходните акции ги обезбеди Владата преку јавното претпријатие „Македонски шуми“. - Мислам дека овој ден треба на сите да ни е за славење и за обединување.

Акцијата за дрвото ќе успее, тврдат од „Шуми“

Утрински - 15.11.2008

Од ЈП „Македонски шуми“ велат дека акцијата не чини 5,5, туку 1,5 милиони евра. Горан Адамовски „Акцијата не чини 5,5 милиони евра, туку1,5 милиони евра и таа сума ја вклучува подготовката на терен, транспорт на садниците и нивното производство, кое чини 12 денари, а не 30 денари, како што велат од Научниот совет на Шумарскиот факултет“, велат од ЈП „Македонски шуми“, по вчерашниот напис во ...

На „Денот на дрвото“ не може да сади кој стигне

Утрински - 14.11.2008

Шумарски факултет остро реагира на нестручното садење дрвца и акцијата в среда е на пат да биде неуспешна. Горан Адамовски. Скапо и непланско пошумување на неквалитетни садници, кое не може да биде завршено за еден ден и во кое не треба да учествуваат нестручни лица, е сублимат на ставот на Научниот совет на Шумарскиот факултет во Скопје во пресрет на акцијата „Денот на дрвото“, која идната ...

Милион денари за нови дрвца

Н.Македонија - 10.11.2008

Градските власти ќе купат 1.000 зимзелени и 700 листопадни садници, како и 200 грмушки од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, според новата одлука на советот на градот. За оваа набавка ќе се потрошат милион денари. Од градот најавуваат дека дрвцата и грмушките потоа без надомест ќе им ги доделат на воспитно-образовни институции, здравствени установи, урбани заедници и на куќни совети.