TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Шпанија и Мароко ќе ги средуваат нарушените односи

А1 - 21.07.2002

Мароко и Шпанија треба да се сретнат во понеделник за да разговараат за нарушените односи, откако шпанските трупи го напуштија спорниот остров. Со тоа треба да му стават крај на нејаснотиите за камениот медитерански остров Перехил, коишто ескалираа во голем меѓународен инцидент.

Шпанија верува во брз договор со Мароко

А1 - 20.07.2002

Шпанските власти веруваат дека многу бргу ќе биде постигнат договор со Мароко за спорот околу малиот средоземноморски остров Перехил, откако САД интервенираа кај овие две соседни земји за решавање на проблемот, велат извори во шпанската администрација.

Доколку Шпанија ги повлече војниците, Мароко нема да испрати свои

Утрински - 20.07.2002

Маслиново гранче од Рабат за Мадрид МАРОКО - Министерот за надворешни работи на Мароко и понуди маслиново гранче на Шпанија, а тој се подготвува да ја посети Европа за да разговара за територијалниот спор околу островот Перехил.

Тензиите меѓу Шпанија и Мароко продолжуваат

А1 - 19.07.2002

Тензиите меѓу Шпанија и Мароко околу малиот остров Перехил продолжуваат. На најмалиот остров во Гибралтар се уште се наоѓаат 50 шпански војници. Владата во Мадрид ќе ги повлече воените сили откако Мароко ќе потврди дека нема повеќе да го зазема островот.

Шпанците се утврдуваат на островчето

Дневник - 19.07.2002

ГОЛЕМ СПОР ЗА МАЛИОТ ОСТРОВ ПЕРЕХИЛ Шпанските специјалци вчера се утврдија во ровови на островчето со спорен суверенитет Перехил, кое се наоѓа само стотина метри од брегот на Мароко, јави Ројтерс. Во молскавична акција шпанскиот диверзантски одред завчера ги истера од островот шесте марокански ...

Шпанија негира дека постоел договор со Мароко

А1 - 18.07.2002

Министерот за надворешни работи на Шпанија, Ана Паласио денеска негираше дека на интервенција на шпанската армија врз малиот остров Перејил и претходел меѓудржавен договор со мароканските власти. „Шпанија сакаше да се постигне договор, а не да презема таква операција“, изјави Паласио.

Шпанија ги истера мароканските војници од осторовчето Перехил, Мароко бара Шпанците да се повлечат

Вест - 18.07.2002

Шпански војници во полна воена опрема крај шпанското знаме на Перехил РАБАТ, 18 јули (Ројтерс) - Мароко вчера побара од Шпанја веднаш и безусловно да се повлече од спорниот медитерански остров откако шпанската војска протера шестмина марокански војници кои таму беа стационирани веќе една недела.

Шпанските војници ги протераа мароканските

Утрински - 18.07.2002

Тивка војна на ненаселениот остров на мароканското крајбрежје Откако Мароко испрати свои сили на островот, Шпанија не даде предупредување дека ќе се обиде да ги отстрани Мароканците со сила МАДРИД - Шпанските сили вчера го нападнаа спорниот остров на медитеранското крајбрежје на Мароко, ...

Мароко бара Шпанија да се повлече од Переил

А1 - 17.07.2002

Мароко денеска побара од Шпанија веднаш да ги повлече своите трупи од спорниот медитерански остров Переил и протестираше во Обединетите Нации поради шпанската агресија. Рабат бара итно и безусловно повлекување на шпанските трупи од островот Переил, соопшти денеска мароканското министерство за ...

Мароканците не го даваат пустото островче, иако Шпанија доби поддршка од НАТО

Дневник - 17.07.2002

ГОЛЕМ СПОР ЗА МАЛ ОСТРОВ Територијалниот спор меѓу Мароко и Шпанија за ненаселеното островче Перехил кај Гибралтарскиот протек завчера се продлабочи откако Рабат соопшти дека нема да го повлече својот извиднички одред од островот, а Мадрид доби морална поддршка од НАТО, јави Ројтерс.

Шпанија и Мароко на работ на војна за пусто островче

Дневник - 15.07.2002

ТЕРИТОРИЈАЛЕН СПОР Територијалниот спор за малото ненаселено островче Перхил кај Гибралтар ги доведе Шпанија и Мароко на работ на војна во саботата, но властите во Мадрид и во Рабат вчера се обидуваа да ја смират ситуацијата, јави Ројтерс.