TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Дежурниот телефон на "Топлификација" се вжешти

Утрински - 03.10.2002

Проблеми на предвремениот старт на грејната сезона Уште првиот ден од предвремениот старт на грејната сезона се појавија бројни проблеми за кои граѓаните се принудени да се обратат до Службата за интервенции и рекламации во "Топлификација".

Скопјани се жалат од студените радијатори, "Топлификација" работела 24 часа

Дневник - 02.10.2002

ВО ПОЧЕТОКОТ НА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА Поради неисправна вентилација, вчера без парно греење останале 140 објекти Околу 200 објекти во Скопје останаа без централно греење, иако вчера АД "Топлификација" поради студеното време ја почна грејната сезона половина месец порано.

Скопјани ги oчекуваат поголеми цени за парно греење

А1 - 01.10.2002

Граѓаните на Скопје денеска добија парно греење, а наскоро ќе добијат и нови, за 12% повисоки сметки. Во Топлификација очекуваат владата да им го одобри барањето за зголемување на цените на парното греење. Директорот Хаџимишев вели дека поради поскапувањето на мазутот уште во јули побарале од ...

Топлификација чека 12 степени

Вест - 01.10.2002

СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТА НА СТУДЕНИ РАДИЈАТОРИ Во петокот биле измерени 12,5 степени, во саботата 11,2, а во неделата 11 степени, па условот три вечери едноподруго температирата да биде под 12 степени не бил исполнет Во "Топлификација" сметаат дека условот за започнување на грејната сезона сеуште не е ...

Топлите домови се над правилниците

Дневник - 01.10.2002

Коментар - Мариела Трајковска Откако ниските температури ги измрзнаа скопјани, можеби АД "Топлификација" денеска ќе се смилува и ќе пушти парно во вкочанетите радијатори. Но, тоа ќе се случи само ако се исполни еден услов - и ноќеска да биде студено.

Дали денеска ќе има парно зависи од ноќта

Дневник - 01.10.2002

"ТОПЛИФИКАЦИЈА" Грејната сезона ќе почне денеска само ако ноќта температурата била под 12 Целзиусови степени, соопштија во АД "Топлификација". Според нивните информации, во последните три дена ноќните температури во Скопје не се спуштиле под 12-тиот степен и со тоа не биле исполнети условите ...

Стартува грејната сезона

А1 - 30.09.2002

Oд утре конечно стартува грејната сезона. Иако официјалниот почеток е на 15-ти октомври од Топлификација велат дека утре изутрина ќе почне со работа системот на греење поради студеното време. Чекавме три дена температурата да се симне под 12-тиот степен, за согласно правилата да почнеме да ...

Станарите на зградите ќе плаќаат греење по мерач

Вест - 30.09.2002

ОД ОВАА ГРЕЈНА СЕЗОНА На сметката ќе биде износот за вкупната потрошувачка на зградата, а потоа парите ќе се делат на бројот на становите Од оваа грејна сезона "Топлификација" и во колективните станбени објекти греењето ќе го наплаќа според состојбата на мерач.

"Топлификација" не гледа во термометарот, туку во календарот

Дневник - 30.09.2002

студот стигна, а НИТУ АБЕР ОД ПАРНОТО Во недостиг од парно греење, претплатниците на монополското АД "Топлификација" побараа спас во зимската облека АД "Топлификација" нема да го пушти парното греење до крајот на неделава, иако синоптичарите прогнозираат студено време и во наредните денови.