TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ТАЈФУНОТ "МА-ОН" ЈА ЗАГРОЗУВА ТРКАТА

Вечер Прес - 09.10.2004

И двата вчерашни тренинга за неделната трка за Големата награда на Јапонија во Формула 1 на патеката во Сузука беа возени по многу силен дожд, така што немаше болид кој не се изврте барем еднаш. За среќа, потешки инциденти не се случија.

"КОПАЧИ НА ЗЛАТО" -КОЛУМНИ ЗА ТАТКОВИНАТА

Вечер Прес - 09.10.2004

Неодамна, во издание на "Тера магика", од печат излезе најновата книга на Петре Бакевски насловена како "Копачи на злато" или како што самиот автор ќе подвлече во поднасловот "Катадневни записи". За авторот Бакевски главна движечка сила за да ги собере овие како што ќе ги нарече "дипленици" од ...

"ШПЕДИТЕРИТЕ" ВОЗАТ ПО НОВА ТИТУЛА

Вечер Прес - 09.10.2004

Во сенка на бројните проблеми во Федерацијата, богами и во клубовите, денеска почнува новото првенство во Првата кошаркарска лига, за ма- жи. Содржински не веруваме дека ќе понуди нешто ново, квалитетно, бидејќи клубовите притиснати од беспарицата беа принудени да ги подмладуваат составите.

"КРСТЕ МИСИРКОВ" И "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" - ЗАБРАНЕТИ ЗА ВОЗИЛА

Вечер Прес - 09.10.2004

Сообраќајот на дел од булеварите "Крсте Мисирков" и "Гоце Делчев" кај Бит Пазар, денеска и утре ќе биде забранет. Возилата ќе се движат по околната улична мрежа, за што ќе биде поставена сообраќајна сигнализација. Автобусите што се дви- жат по булеварот "Гоце Делчев" во насока кон Карпош ќе се ...

СВЕЧЕНО ПУШТАЊЕ НА "ГАЗЕЛА"

Вечер Прес - 08.10.2004

Свеченото пуштање во употреба на мостот "Газела", кој ги поврзува населбите Злокуќани и Карпош 4, ќе се случи ве- черва, во 18 часот. На отварањето, се очекува да присуствуваат преставници од највисокиот државен врв, а во културно-забавниот дел ќе учествуваат групата "Синтезис", Севџул Абдула, Маја ...

"АЛФА БАНКА" ГО СПАСИ ЗАЛОГОТ

Вечер Прес - 08.10.2004

"Алфа банка" а.д. Скопје успеа да го спаси имотот во кумановската фирма "Искра Инженеринг" на кој има заложено право од прв ред потврдено од Основниот суд во Куманово. Стечајниот управник на фирмата Зоран Стојанкиќ, откако ризикуваш е да заработи кривич на пријава поради тоа што без согласност на ...

"АЛКАЛОИД" БАРА "ЧЕШЛАЊЕ" НА ЦЕНИТЕ НА ЛЕКОВИТЕ

Вечер Прес - 08.10.2004

Најголемиот домашен производител на лекови, скопски “Алкалоид" официјално побара од Државната антикорупциска комисија да ги “прочешла" цените и пласманот на лековите на македонскиот пазар. Покрај актуелните, со оваа иницијатива “Алкалоид" бара и компаративна анализа на цените по кои се плаќани ...

УТРЕВЕЧЕР ПОВТОРНО КИНОТО "ЏАБЕ"

Вечер Прес - 08.10.2004

Граѓаните на Скопје, утре во 19,30 часот ќе имаат задоволство да присуствуваат на повторното отворање на познатото скопско кино "Џабе", на плоштадот "Македонија". Старите скопјани ќе се потсетат на некогаш популарното кино на отворено, што се прикажуваше на ѕидот на Офицерскиот дом.

ИЗГРАДБАТА НА "ПРВОМАЈСКА" СЕ ОДОЛЖИ ВО НЕДОГЛЕД

Вечер Прес - 08.10.2004

Сообраќајниот хаос што со месеци се создава на улицата "Првомајска" во делот од Кисела Вода до булеварот Србија, никако да добие завршница. Градежните работи околу проширувањето на коловозот се одолговлекуваат во недоглед, а градските власти не можат да излезат од имотно-правниот лавиринт.

"СО НАШЕ ВОДСТВО - ГАРАНТИРАНО ВО ЕУ"

Вечер Прес - 07.10.2004

СОФИЈА, 7 ОКТОМВРИ (МАКФАКС) -" Ако оваа влада продолжи да управува до 31 декември 2006 година, ви гарантирам дека Бугарија ќе влезе во Европската унија следниот ден, на 1 јануари 2007 година". Ова прексиноќа го изјави министерот за надвореш ни работи на Бугарија, Соломон Паси, при посетата на ...

"ДИЛАЛ" ДРОГА СО ПОМОШ НА ДРЖАВАТА!

Вечер Прес - 07.10.2004

БЕЛГРАД, 7 ОКТОМВРИ (МАКФАКС). - Процесот против членови на "Земунскиот клан" продолжи вчера пред специјалниот суд во Белград, откако завчера првообвинетиот Милорад Улемек-Легија, во исказот го повтори тврдењето дека "дилал хероин", кој претходно бил запленет од полицијата.

ВО ХАГ ДЕЈСТВУВА ХРВАТСКИ "КРТ"?

Вечер Прес - 07.10.2004

ЗАГРЕБ, 7 ОКТОМВРИ (МИА) - Хрватските тајни служби во 1996 година почнале акција за прикривање на обвинетите од Хаг, пишува вчерашен "Јутарњи лист", додека неделникот "Глобус" нагласува дека во Хаг ровари хрватски "крт" кој доставува податоци за разузнавачко-криминалните кругови.

КОМБЕ "ДУКАТО" ЗА СПЕЦИЈАЛНА НАМЕНА

Вечер Прес - 07.10.2004

Сојузот на телесни инвалиди, вчера, како донација од Космофон доби возило комбе кое ќе биде специјално адаптирано за потребите на нивните членови. Во возилото, марка "фиат дукато", ќе биде вградена и хидраулична рампа, со цел да се овозможи полесен пристап и превоз на инвалидизираните лица.

ДПА ГИ РАЗРЕШИ "СВОИТЕ" ДИРЕКТОРИ

Вечер Прес - 07.10.2004

Со мнозинство гласови од доминантната советнич ка група на ДПА, на вчерашната седница на Советот на Општина Тетово, без образложение се разрешени досегашните директори на ЈКП "Тетово", Садик Беќири и на ЈП "Геоинженеринг", Идриз Муса, припадници на ДПА.

ПЕТРОВСКИ: "НЕКОЈ ВО ДРЖАВАВА САМО ЈАДЕ БУРЕК, А НЕКОЈ РАБОТИ!"

Вечер Прес - 06.10.2004

"Некој во државава само јаде бурек, а некој работи. Сопственичката структура на компанијата на сите им е позната и се знае како се одлучува во неа. Работните односи, пак, се дефинирани со менаџерски договори. Ниту сум размислувал, ниту имам намера да дадам оставка".