TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Башкиму извлече бод од Работнички на Градски

А1 - 29.04.2006

Реми и победа пред своја публика во скопје за двете водечки екипи во првата македонска фудбалска лига на отворањето на 29-то коло. Башкими му откина бод на лидерот Работнички Кометал во реми без голови, Македонија Ѓ.П во дербито ја совлада Победа со 3:0.

Башкими казнет 7 меча неиграње на свој терен

Дневник - 29.04.2006

Фудбалскиот прволигаш Башкими заработи 7 натпревари неиграње во Куманово, Цементарница помина со 500 евра казна, а второлигашот Металург два меча нема да ги игра на својот терен. Ова се одлуките на дисциплинскиот комесар Зејди Салиу, по изречените суспензии од страна на комесарот за натпревари.

За Башкими седум меча "надвор" и 5.000 евра

Утрински - 29.04.2006

Дисциплинскиот комесар Салиу ги санкционира инцидентите Дисциплинскиот Комесар при ФФМ Зејди Салиу вчера откако ги прегледа сите доспеани материјали и уште еднаш ги проанализира дополнителните изјави на актерите дадени по немилите сцени од минатонеделните првенствени дуели во првата фудбалска лига ...

Трикратниот шампион нема да ја напушти лигата

Утрински - 29.04.2006

Комесарот за натпреварување, Миле Спиркоски ја одби жалбата на кратовци Емил Китановски Трикратниот шампион на Македонија кратовски Силекс нема да прави опструкција во фудбалското првенство на Македонија, и оваа екипа ќе го одигра натпреварот од следното првенствено коло, е последниот став на ...

Башкими казнет со седум средби и 5.000 евра

Вест - 29.04.2006

ФФМ Поради случувањата на средбата со Вардар и инцидентот предизвикан по натпреварот, Башкими ќе мора да ги игра следните седум натпревари како домаќин на 100 километри од Куманово. Дисциплинскиот комесар на ФФМ, Зејди Салиу, ги казни кумановци и парична казна во износ од 5.000 евра.

Башкими нема да игра дома на 7 средби

Вечер Прес - 29.04.2006

Екипата на прволигашот Башкими не ќе може да игра на својот терен во Куманово на седум првенствени или куп натпревари. Освен тоа, касата на кумановци ќе биде олесната и за 5.000 евра во денарска противвредност. Ваквата казна им ја изрече дисциплинскиот комесар при ФФМ Зејди Салиу поради случувањата ...

Ф.Ф.М. ги санкционираше инцидентите во нашите фудбалски првенства

А1 - 28.04.2006

Комесарот за дисциплина во Ф.Ф.М. денеска ги санкционираше последните инцидентни ситуации во нашите фудбалски првенства. Најлошо минаа фудбалскиот клуб Башкими и играчот на Цементарница Ерџан Ариф. Поради случувањата на средбата со Вардар, кога беа нападнати судиите и каменувани гостинските ...

ФФМ подлегна на заканите на Силекс

Вест - 28.04.2006

СООПШТЕНИЕ НА ФК ЦЕМЕНТАРНИЦА Извршниот одбор на ФК Цементарница смета дека суспензијата на нејзиниот терен во Кисела Вода е избрзана и испровоцирана од заканите на Силекс. Клубот негира дека за време на мечот со Силекс имало неслужбени лица на теренот и ги обвини кратовци за смислени провокации со ...

Касата на Ренова олеснета за 500 евра

Време - 28.04.2006

КОМЕСАР ЗА ДИСЦИПЛИНА Комесарот за дисциплина Зејди Салиу ја казни Ренова со 500 евра затоа што не му дозволила на Вардар да го снима натпреварот, а ги потврди и суспензиите на терените на Цементарница, Башкими и на Металург, што во вторникот беа изречени од комесарот за натпревари Миле Спирковски.

Суспензијата на теренот - изнудена

Дневник - 28.04.2006

Суспензијата на теренот е избрзана, неаргументирана и изнудена одлука на комесарот за натпревари, по заканите од Силекс, смета раководството на Цементарница по пресметката на тие две екипи во К. Вода (3-2). Според изјавите на службените лица, на теренот немало ниту едно неслужбено лице.

Салиу ќе пресече најдоцна до понеделник

Утрински - 27.04.2006

Исчекување во Вардар Вујчиќ: Немаше да има инцидент ако средбата беше прогласена за "меч со висок ризик" Емил Китановски Поминаа пет дена од инциденот на првенствениот меч Башкими - Вардар кој се одигра во саботата во Куманово, а раководството на нашиот најтрофеен клуб со големо внимание ги следи ...

За Сеља и Спироски заврши сезоната

Дневник - 27.04.2006

За Илир Сеља и Миле Спироски годинашната фудбалска сезона е завршена. „Единиците“, доделени за арбитражата на натпреварот Цементарница - Силекс (3-2) од контролорот Стојан Стојанов ги потврди Стручниот судиски совет. За слабите оценки им следува автоматска казна од 4 кола неделегирање, но комесарот ...

Башкими треба да пријави алтернативен терен

Дневник - 27.04.2006

Прволигашот Башкими треба да пријави терен каде што ќе го игра првенствениот натпревар со штипска Брегалница Прволигашот Башкими од Куманово треба да пријави терен каде што ќе го игра како домаќин првенствениот натпревар од 30. коло со штипска Брегалница, закажан за 3 мај.

Силекс бара одложување на наредното коло

Време - 27.04.2006

ДОДЕКА НЕ СЕ РАЗРЕШИ СИТУАЦИЈАТА До конечната разврска на крајно замрсената ситуација во врска со последните случувања на прволигашките терени, управниот одбор на фудбалскиот клуб Силекс донесе одлука да побара привремено одложување на наредното првенствено коло.

Нема фудбал во Куманово, К. Вода и на Железарница

Вечер Прес - 27.04.2006

Терените на прволигашите Башкими и Цементарница и на второлигашот Металург се суспендирани, а против клубовите е поведена дисциплинска постапка. Со ова "дициплинецот" на ФФМ ја потврди одлуката на Комесарот за натпревари, по последните случувања на натпреварите од 28.

Силекс ќе ја напушти лигата

Вест - 26.04.2006

АКО ФФМ ЈА ОДБИЕ ЖАЛБАТА КРАТОВО. - Хајката која, како што тврдат челниците на клубот, се води против Силекс кулминирала на саботниот дуел против Цементарница и по неа тие се решени да истапат од Лигата. - По сите жалби и поплаки кои Силекс ги упати на адреса на Фудбалската федерација, нејзините ...

Суспендирани терените во Куманово, Кисела Вода и Автокоманда

Утрински - 26.04.2006

Итна реакција од ФФМ Комесарот за натпревари при ФФМ вчера донесе одлука за суспензија за терените во Куманово и Кисела Вода по саботните инциденти и немили сцени на натпреварите Башкими - Вардар и Цементарница 55 - Силекс кои сериозно ја загрозија регуларноста на првенството.

Мечевите против Вардар политички се злоупотребуваат

Време - 26.04.2006

ФУДБАЛ Одредени политички партии го користат фудбалот како средство за политичка агитација и пропаганда во пресрет на парламентарните избори, а тензиите особено се зголемени откако е обелоденет датумот на изборите, 5 јули, па одделни политички партии натпреварите од Првата македонска фудбалска лига ...

Суспендирани терените на Башкими и на Цементарница

Вест - 26.04.2006

ФФМ Комесарот за натпревари на ФФМ, Миле Спирковски, ги суспендираше терените на Башкими и на Цементарница, кои се предадени на понатамошна дисциплинска постапка. Теренот во Куманово е суспендиран поради физички напад на судиската четворка од страна на неодговорни гледачи и поради присуство на ...

Натпреварите се користат за предизборни цели

Вест - 26.04.2006

СТАВ НА ФК ВАРДАР Натпреварите на ФК Вардар, особено при гостувањата, се користат за пласирање на одделни политички пораки, инаку штетни за фудбалот, спортот и воопшто за животот во Република Македонија, сметаат во нашиот најтофеен фудбалски клуб, откако во саботата во Куманово биле каменувани од ...

Осудено дивеењето на навивачите, извинување до Вардар

Утрински - 26.04.2006

Вонредна седница на Управниот одбор на кумановскиот прволигаш Башкими Црвено-црните бараат брза реакција од ФФМ Миодраг МицковиЌ Веднаш по првенствениот натпревар со Вардар во Куманово, кога група неодговорни навивачи на Башкими физички ги нападнаа играчите на Вардар, судијата Зоран Бошков од ...

Башкими со соопштение до ФК Вардар се извини за однесувањето на толпата

Дневник - 26.04.2006

Башкими со соопштение до ФК Вардар се извини за однесувањето на толпата Вардар се пожали и кај претседателот и кај премиерот по инцидентот во Куманово, во кој „сериозно била загрозена безбедноста на фудбалерите од нападите на домашните навивачи“.

Суспендирани терените на Цементарница, Башкими и на Металург

Дневник - 26.04.2006

Комесарот за натпревари во ФФМ ги суспендира терените на фудбалските прволигаши Цементарница и Башкими, како и на второлигашот Металург по натпреварите од 28. коло. По средбите Цементарница - Силекс (3-2), Башкими - Вардар (1-1) и Металург - Тетекс (2-1), неслужбени лица се појавиле на теренот и ...

Политика заигра во фудбалот

Вечер Прес - 26.04.2006

Извршниот одбор на ФК Вардар ги разгледа настаните врзани со последните средби од Првата фудбалска лига и издаде соопштение за загрижноста поради сериозно загрозената безбедност на играчите и судиите. Во материјалот од четири страници, испратен до челните луѓе на ФФМ и на државата, се вели дека ...

Вардар изрази загриженост за безбедноста на натпреварите

А1 - 25.04.2006

Не е ништо ново во финишот на домашното фудбалско првенство да биде обременет со инциденти, чудно коректни натпревари, мирни без вистински натпреварувачки мотив. Очекувани резултати, особено победи на гостински екипи за израмнување на стари долгови а богами и создавање на нови пријателства.

"Единица" за судијата Илир Сеља

Утрински - 25.04.2006

Ригорозен став на контролорот Стојан Стојанов Како што неофицијално дознаваме, контролорот на средбата меѓу Цементарница и Силекс Стојан Стојанов од Валандово го оценил со негативна оценка главниот судија Илир Сеља од Струга - “единица° кој според мислењето на Стојанов не досудил пенал за ...

Значајни бодови за опстанок на Цементарница

Вест - 25.04.2006

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА Цементарница 55 извојува значајна победа против Силекс во борбата за обезбедување на прволигашкиот статус и за следната сезона. Натпреварот почна поволно за гостите од Кратово кои поведоа со голот на Тодоровски кој ја казни збунетата домашна одбрана.

Фудбалерите на Вардар и судиите нападнати во Куманово

Време - 25.04.2006

ФУДБАЛ Натпреварот помеѓу Башкими и Вардар во Куманово имал и „трето полувреме“. Инцидентни ситуации, влегување на публика на теренот, напад над судиите на чело со Зоран Бошков, напад над дел од фудбалерите на Вардар, каменување...

Инцидент на крајот на мечот

Утрински - 25.04.2006

Многу тензии на мечот меѓу Цементарница и Силекс (3:2) МИОДРАГ МИЦКОВИЌ Одамна на Цементарница не сме гледале толку возбудлив и интересен меч, за жал со многу картони и непотребна тензима меѓу кандидатите за испаѓање од Првата лица Цементарница и Силекс.

Хаос на стадионот на Башкими

Утрински - 25.04.2006

Немили сцени по завршувањето на првенствениот дуел во Куманово Емил Китановски Наместо благосостојба и желби за добро здравје предвечерието на големиот христијански празник Велигден за фудбалерите на нашиот најтрофеен клуб Вардар можеше да заврши кобно на жешкото гостување во Куманово.

Сезона на опасен фудбал

Вечер Прес - 25.04.2006

Во првенството на македонската Прва фудбалска лига, како што се ближи финишот, станува опасно да се игра, а се постигнуваат и чудни резултати. По 28. коло стигнуваат многу закани до Фудбалската федерација на Македонија, дури и такви со радикални чекори - напуштање на Лигата.