TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Прв потврден случај на САРС во Франција

А1 - 11.05.2003

Претставници на универзитетската болница во финскиот град Абао го потврдија првиот случај на САРС, јавија денеска локалните медиуми. Кон крајот на април во истата болница е примен млад Финец со симптоми на атипичната пневмонија, кој само што се вратил од Торонто.

Прв смртен случај од САРС и во Африка

А1 - 10.05.2003

Нигерија вчера ја известила Светската здравствена организација дека еден Кинез, кој неодамна пристигнал од Тајван, починал во болница откако манифестирал симптоми на атипичната пневмонија САРС. Доколку дијагнозата се потврди, тоа ќе биде првата жртва на оваа смртоносна болест во Африка.

САРС може да стане опасност за човештвото

Утрински - 10.05.2003

Закана сингапур - Истражувачите посочуваат дека вирусот САРС може да претставува закана за човештвото во годините што доаѓаат. Научниците ги споредија примероците од вирусот на тешкиот акутен респираторен синдром (САРС) од Сингапур со примероците од другите земји каде што тој се појави.

Грчките таверни затворени за Кинези

Дневник - 10.05.2003

СТРАВ ОД САРС ВО ЕВРОПА Италија, спротивно на Шенгенскиот договор, воведе аеродромска контрола на патниците што доаѓаат од "ризичните земји" Ширењето на смртоносната пневмонија САРС, која е најраширена во Кина, ја предизвика грчката Влада да им препорача на угостителите да не примаат Кинези, јави ...

Џаро бара Македонија да не ги прима кинеските ракометарки поради САРС

Дневник - 10.05.2003

ЗАШТИТА ОД ОПАСНАТА БОЛЕСТ Властите во Македонија итно треба да и откажат гостопримство на младинската репрезентација на Кина во ракомет, која во земјава треба да допатува како учесник во завршницата на светското првенство, кое ќе се одржи кај нас во август.

Опасност од САРС на Косово?

Дневник - 10.05.2003

Началникот на Инфективното одделение во болницата во Косовска Митровица предупредува дека постои реална опасност на Косово да избие епидемија на САРС, јави Макфакс. Началникот д-р Стеван Баљошевиќ укажува на големиот број странци што доаѓаат на Косово поради присуството на воените и цивилните ...

Нови шест починати од САРС во Кина

А1 - 09.05.2003

Во последните 24 часа во Кина шест лица починале од САРС, а 118 лица се пожалиле на симптоми карактеристични за вирусот, соопшти денеска кинеското Министерство за здравство. Само во Пекинг се хоспитализирани нови 48 лица заразени од САРС.

САРС ќе ги убие половината од болните старци

Вест - 09.05.2003

ПЕКИНГ, 9 мај, (АП) - Глобалниот биланс на жртвите од САРС се искачи на 500 додека бројот на заболени е околу 7.000 - соопшти вчера Светската здравствена организација која тврди дека епдемијата е посмртоносна отколку што претходно се мислеше.

Кина казни 120 лица поради САРС

Утрински - 09.05.2003

Кратко ПЕКИНГ - Кина казни повеќе од 120 официјални претставници во изминатиот месец поради криење на информациите за ширењето на вирусот САРС или поради неуспехот да го спречат ширењето на овој вирус сличен на настинка, стои во вчерашниот веб-сајт на новинската агенција Ксинхуа.

Во Русија регистриран првиот заболен од САРС

А1 - 08.05.2003

Во Русија е регистриран првиот случај заболен од САРС, објавува денеска весникот „Газета“. Смртниот биланс од болеста во светски рамки денеска ја надмина бројката од 500 лица. Атипичната пневмонија во Русија е откриена кај 25 годишен жител на Благовешченск, во близина на источната граница со Кина.

Триесет илјади истражувачи во потрага по заразени

Утрински - 08.05.2003

Мегамерки на официјален Пекинг за спречување на САРС Илјадници истражувачи на САРС се распоредени во областа Хаидијан и во главниот кинески град Пекинг, кој е најлошо погоден од болеста, во очајничкиот обид да се спречи распространувањето на болеста.

Наместо вирусот - изолирани инфектолозите

Дневник - 08.05.2003

Коментар - Љубица Балабан Вирусот на смртоносната пневмонија, која предизвика страв во светот, ги однесе првите "жртвени јагниња" и во Македонија. Тоа се инфектолозите, кои предупредија дека врвните здравствени институции не располагаат со елементарна заштитна опрема против САРС, по што експресно ...

Европската Унија со формулари ќе се брани од САРС

Дневник - 08.05.2003

ДОДЕКА БЕСНЕЕ ЕПИДЕМИЈА ВО ИСТОЧНА АЗИЈА Низ Кина се шират лажни "спасоносни" лекови против САРС - лук, морков, постојано пушење цигари и консумирање големи количества алкохол Министрите за здравство на Европската Унија завчера го отфрлија италијанското барање за строги контроли на аеродромите за ...

САРС се манифестира и во полесна форма

А1 - 07.05.2003

САРС може да се манифестира и во полесна форма, при што заболениот е само носител на вирусот, објавуваат денеска јапонските научници од Националниот институт за инфективни заболувања. Тие наведуваат дека во Виетнам бил регистриран случај кај кого отсуствувале досега познатите симптоми на атипична ...

Епидемијата на САРС се уште не е на врвот

Вест - 07.05.2003

БРИСЕЛ, 7 мај, (Ројтерс) - Шефот за здравство на ООН Гро Харлем Брундтланд вчера изјави дека епидемијата на САРС сеуште не го достигнала својот врв во Кина и дека сеуште е рано да се каже дали епидемијата опаѓа во глобални рамки.

Нови жртви од САРС во Кина

Утрински - 07.05.2003

Епидемија ПЕКИНГ - Кина вчера соопшти дека уште осум лица починаа од САРС, а други 138 лица се инфицирани, со што бројот на починати сега се искачи на 214 лица, а 4.409 се заразени од овој вирус. Министерството за здравство соопшти дека четворица од починатите се во Пекинг, кој моментално го зазема ...

Европа планира координиран одговор на вирусот САРС

Утрински - 07.05.2003

Вонреден состанок на дваесет и пет европски министри за здравство во Брисел Европските министри за здравство одржаа вонреден состанок за да спроведат координиран одговор за вирусот САРС. Министри од 25 европски земји присуствуваат на состанокот што се одржува во Брисел.

Епидемијата на САРС стивнува во Канада, но се шири во Кина

Дневник - 07.05.2003

СПОРЕД СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА Светската здравствена организација проценува дека епидемијата на смртоносната пневмонија САРС стивнува во Канада, но се уште не кулминирала во Кина, јави Ројтерс. - САРС е искоренет од Виетнам, во Канада се намалува бројот на заболените, но болеста се уште ...

54 лица под надзор заради САРС

А1 - 06.05.2003

54 лица од Македонија кои престојувале во ризичните земји се ставени под здравствен надзор, иако кај никој од нив нема симптоми од смртоносното заболување, тврдат во Градскиот завод за здравствена заштита. Кај 32 лица веќе завршил здравствениот надзор, а останатите 22 се уште се под лекарско ...

Уште осум лица починаа од САРС во Кина

А1 - 06.05.2003

Уште осум лица починаа од САРС во Кина, со што бројот на жртвите од атипична пневмонија во земјата досега изнесува 214, соопштија денеска кинеските власти. Според последните податоци, во Кина се регистрирани 138 новозаболени од САРС. Пекинг, со нови четири смртни случаи, и натаму е најпогоден град.

Што е САРС?

А1 - 06.05.2003

САРС спаѓа во групата на тешки акутни респираторни синдроми или атипична пневмонија за која лекарите ширум светот знаат многу малку. Вирусот може да живее на дрвена или пластична површина на собна температура околу 24 часа, како и да опстане неколку часа надвор од човековото тело, а дури четири ...

Нови 9 жртви од САРС во Кина

Дневник - 06.05.2003

ЕПИДЕМИЈАТА СЕ ШИРИ Кина вчера соопшти дека уште девет лица починале од смртоносната пневмонија САРС, а дека нови 160 лица се инфицирани, јави Ројтерс. Кинескиот главен град Пекинг останува најголемо жариште на епидемијата, бидејќи три од деветте нови жртви и речиси 100 од новоинфицираните се од ...

Момче од Приштина со непозната белодробна болест се лекува во Скопје

Дневник - 06.05.2003

СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА ГО СТЕГНУВА ОБРАЧОТ ОКОЛУ МАКЕДОНИЈА Тринаесетгодишно момче од Приштина во саботата било хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје со симптоми на непозната белодробна болест.

САРС се шири и преку непосреден контакт

А1 - 05.05.2003

САРС се рапространува и преку непосреден контакт, соопшти СЗО. Научниците тврдат дека вирусот може да остане активен и до 24 часа на дрвена и пластична површина, со што се објаснува големиот број на заразени лица кои немале контакт со заболено лице.

Инфективната клиника подготвена за САРС

А1 - 05.05.2003

На Инфективната клиника од денеска ги има неопходните средства за превентивна заштита од САРС на медицинскиот персонал, доколку се појави случај на заболен од смртоносната болест. Набавени се поголема количина на скафандери, трослојни маски со високо ниво на заштита, педесетина одела за една ...

САРС и натаму се шири

Вест - 05.05.2003

Жителите на Пекинг со маски вежбаат утринска гимнастика во парк ПЕКИНГ, 5 мај, (АП) - Кинеските власти соопштија вчера дека основните и средните училишта во Пекинг ќе останат затворени барем уште две недели за да се сопре ширењето на САРС. Оваа одлука се однесува на над еден милион ученици.

САРС пред кулминација во Кина

Утрински - 05.05.2003

Кинеските власти и натаму немаат контрола врз растечката епидемијата ПЕКИНГ - Училиштата во кинескиот главен град ќе останат затворени уште две недели, зашто државата и натаму се бори да ја спречи смртоносната болест атипична пневмонија Училиштата треба да почнат да работат на 8 мај доколку вирусот ...

Грција стравува од Албанци со САРС!

Дневник - 05.05.2003

ЕПИДЕМИЈАТА СЕ ШИРИ Вирусот што ја предизвикува пневмонијата САРС мутира, станува се поубиствен и се полесно се шири Грција ги засилила безбедносните мерки на сите гранични премини кон Албанија и на своите западни пристаништа, поради страв дека Албанци може да ја прошират смртоносната пневмонија ...