TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ем без пари, ем натепани

Вест - 22.04.2006

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ОТСТРАНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД ЖИТО БИТОЛА Вчера утрото полицајците по налог на основниот јавен обвинител буквално ги исфрлиле од кругот земјоделците, а откако ги легнале на земја ги газеле и ги удирале со клоци Вчераутро во раните утрински часови во најголемиот мелничко-пекарски комбинат ...

Обвинителот ги избрка земјоделците од „Жито Битола“

Време - 22.04.2006

ВЛАСТА СЕ ЗАКАНИ Полноќна драма во „Жито Битола“. Откако завчера земјоделците ги зазедоа објектите и највиталниот дел, пекарницата, во еден часот по полноќ нивните претставници ги повика основниот јавен обвинител Стевче Тасевски, заедно со полициските началници и со директорот на „Жито Битола“.

Земјоделците ја прекинаа блокадата на „Жито Битола“

Утрински - 22.04.2006

Откако беа предупредени од Обвинителството и од полицијата Владата разрешницата ја гледа во што побрза судска одлука Земјоделците кои со денови протестираа пред "Жито Битола" влегоа во овој мелнички капацитет, барајќи од неговиот сопственик да им го исплати одамна предаденото жито, вчера прекинаа ...

Селанскиот бунт заврши неуспешно

Дневник - 22.04.2006

Без успех заврши обидот на битолските и прилепските земјоделци да го преземат управувањето на мелничкиот комбинат „Жито Битола“. Откако со помош на земјоделска механизација го зазедоа во четвртокот, внатре останаа само четири часа.

Земјоделците под закана ја напуштија „Жито Битола“

А1 - 21.04.2006

Полноќна драма во „Жито Битола“. Откако вчера земјоделците ги завзедоа објектите и највиталниот дел, пекарницата во најголемата мелничко-пекарска компанија во југозападна Македонија, во еден часот по полноќ ги повика основниот јавен обвинител Стевче Тасевски.

По Велигден „неготинско“ сценарио

Време - 21.04.2006

„ЖИТО БИТОЛА“ Пелагониските земјоделци од Прилеп и Битола, вчера околу пладне, повторно насила влегоа во „Жито Битола“ за да ги наплатат парите од откупената пченица. Ако не ги добијат парите, тие се решени да останат таму. - Вчера не излажаа и веќе никому не веруваме.

Со комбајни упаднаа во Жито Битола

Вест - 21.04.2006

РАДИКАЛИЗИРАНИ ПРОТЕСТИТЕ НА ПЕЛАГОНИСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ Земјоделците формираа управен одбор кој ќе го преземе управувањето со комбинатот се додека не им бидат исплатени парите за пченицата Пелагониските земјоделци кои речиси осум месеци протестираат пред мелничко-пекарскиот комбинат Жито Битола и во ...

Земјоделците се закануваат дека целосно ќе ја преземат „Жито Битола“

Утрински - 21.04.2006

Продолжуваат блокадите во битолскиот мелнички комбинат Полицијата што беше присутна во голем број не се обиде да ги спречи незадоволните земјоделци да влезат во фабричкиот двор Битола - Незадоволни поради тоа што сў уште нема пари за предадената пченица, над стотина прилепски и битолски земјоделци ...

Земјоделците ја освоија „Жито Битола“

Дневник - 21.04.2006

Стотина земјоделци со трактори и со комбајни вчера насилно упаднаа во мелничкото претпријатие „Жито Битола“. Тие се решија на овој радикален чекор по седумчасовно чекање директорот Петар Илиев да се појави со парите за откупените пет милиони килограми пченица од минатогодишната реколта.

Земјоделците отстранети од “Жито Битола”, производството продолжува

Канал5 - 21.04.2006

Прилепските земјоделци доцна синоќа ја изнесоа земјоделската механизација од фабричкиот двор на Мелничкиот комбинат “Жито Битола”, каде производниот процес продолжува и покрај нивните обиди да го блокираат комбинатот и да оневозможат негово работење за време на Велигденските празници.

Земјоделците со трактори го зазедоа "Жито Битола"

Вечер Прес - 21.04.2006

Стотина прилепски земјоделци вчера со трактори и комбајни упаднаа во мелничкиот комбинат "Жито Битола" и формираа управен одбор, кој во наредните денови ќе раководи со Комбинатот и ќе бара чаре како да се најдат пари за исплата на пченицата од ланската реколта.

Земјоделците упаднаа во „Жито Битола“

А1 - 20.04.2006

Пелагониските земјоделци од Прилеп и Битола околу пладне насилно влегоа во „Жито Битола“ за да ги наплатат парите од откупената пченица. Ако не ги добијат парите, наредните денови ќе ги поминат во „Жито Битола“. „Еве денеска пак сме тука во „Жито Битола“, дури не ги дадат парите, нема излегување, ...

Штрајк со глад во „Жито Битола“

Време - 20.04.2006

НЕЗАДОВОЛни ЗЕМЈОДЕЛЦИ Стотина земјоделци од битолските села вчера ја зазедоа управната зграда на „Жито Битола“ барајќи пари за откупената пченица од минатогодишната реколта и најавија дека почнуваат штрајк со глад. Директорот Петар Илиев беше отсутен, а другите раководители на земјоделците им ...

Земјоделците ја зазедоа „Жито Битола“

Утрински - 20.04.2006

И по шест месеци се уште нема пари за предадената пченица Велигденските празници земјоделците ќе ги поминат штрајкувајќи со глад ЈОВАНЧО ПЕЈЧИНОВСКИ Незадоволни што сў уште нема исплата за предадената пченица од минатогодишната реколта, стотина битолски земјоделци и покрај полициското обезбедување, ...

Штрајк со глад во „Жито Битола“

Дневник - 20.04.2006

Прилепските земјоделци денеска ќе почнат штрајк со глад во „Жито Битола“ бидејќи дознаа дека нема пари за исплатата на пченицата што ја имаат предадено во комбинатот. Тие ќе штрајкуваат до конечна исплата на пченицата. Незадоволните фармери очекуваат со земјоделска механизација да им се приклучат и ...

Прилепските земјоделци го блокираа МК “Жито Битола”

Канал5 - 20.04.2006

Со тешка земјоделска механизација, комбајни, трактори и патнички автомобили, прилепските земјоделци денеска го блокираа Мелничкиот комбинат “Жито Битола” во Битола, незадоволни што веќе шест месеци не можат да си ги наплатат парите за пченицата од ланската реколта предадена во комбинатот.

Штрајк со глад во Жито Битола

Вечер Прес - 20.04.2006

Стотина прилепски земјоделци вчера почнаа штрајк со глад во "Жито Битола", откако претходно ја запоседнаа управната зграда на Мелничкиот комбинат поради неисплатената пченица од ланската реколта. Тие напомош ги повикаа сите прилепски земјоделци со трактори и механизација да го блокираат Комбинатот.

Прилепските земјоделци штрајкуваат со глад, за утре најавен генерален штрајк

Канал5 - 19.04.2006

Прилепските земјоделци организирани преку регионалниот земјоделски сојуз “Клас” од Битола денеска започнаа штрајк со глад во просториите на комбинатот “Жито Битола” во Битола, откако беа известени дека и денеска нема средства за исплатата на пченицата што ја имаат предадено во комбинатот.