TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Потопли ветришта за Македонците во Бугарија

Утрински - 26.03.2005

По средбата на премиерот Бучковски со претставници на македонското малцинство во Бугарија Во Софија во последниве десетина години навраќале македонски претседатели повеќе пати, премиери и министри, но секогаш, по своја желба или, пак, по желба на домаќинот, заборавале дека во таа држава има луѓе ...

Бучковски повторно гарантира фер избори

А1 - 25.03.2005

Во координација со МВР, Јавното обвинителство и ДИК, Владата ќе го спречи полнењето на кутиите во вториот изборен круг. Премиерот ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање в недела. „Владата ќе биде бескомпромисна, односно МВР нема да дозволи групи или поединци на насилен начин да ги полнат ...

Во царски прегратки

Вест - 25.03.2005

Премиерот Владо Бучковски се гушка со премиерот на Бугарија Сакскобурготски вчера во Софија. Премиерот Владо Бучковски се гушка со премиерот на Бугарија Сакскобурготски вчера во Софија. На средбата, како што јави МИА, била разгледана можноста за бугарска донација во висина од 300.000 евра за ...

Со бугарски искуства кон ЕУ

Време - 25.03.2005

БУЧКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО САКСКОБУРГОТСКИ И СО ПРВАНОВ Македонија ќе ги користи бугарските искуства во реформите на правосудниот систем и во земјоделството за да го усогласи законодавството со Европската Унија, се договорија премиерите на двете земји, Симеон Сакскобурготски и Владо Бучковски, вчера во ...

Хаг требаше да ги испита и четирите други случаи

Време - 25.03.2005

БУЧКОВСКИ ВО СОФИЈА Скопје сака да се поведе истрага и за преостанатите четири случаи на воени злосторства, извршени од Албанци врз Македонци, за кои тој смета дека се превидени од Хашкиот трибунал, изјави премиерот Владо Бучковски за време на вчерашната посета на Софија, пренесува АФП.

Софија и Скопје бараат подобро инфраструктурно поврзување

Утрински - 25.03.2005

Македонскиот премиер Владо Бучковски вчера беше на разговори во Бугарија Од нашиот известувач Виктор Цветаноски СОФИЈА - Подобрувањето на инфраструктурното поврзување меѓу Македонија и Бугарија, кое претставува најважен предуслов за развој на економиите, беше главна тема на вчерашната средба на ...

Скопје и Софија ќе бараат пари за пругата

Дневник - 25.03.2005

ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ ВО БУГАРИЈА Бугарија може да донира 300 илјади евра за формирање визен информативен центар за исполнување на стандардите на пасошите и издавање на визите со што од 2006 година дел од македонските граѓани ќе бидат ослободени од шенгенскиот визен режим.

Бучковски во посета на Бугарија

А1 - 24.03.2005

„Посебно ми е драго што за 3 месеци по трет пат престојувам во Бугарија, а првпат во официјална посета. Тоа е доказ дека односите меѓу Македонија и Бугарија никогаш не биле на повисоко ниво. Тоа е сигнал и за граѓаните на двете земји дека владее поинаква клима меѓу двете држави“, истакна ...

Бучковски: Не би сакале да помислиме дека опозицијата има скриени намери

Време - 24.03.2005

Претседателите на ВМРО -ДПМНЕ и ДПА, со своето неприсуство на средбата , потврдија дека не с е заинтересирани преку демократски дијалог да с е надминат евентуалните проблеми и одредените неправилности од неколку избирачки места во првиот круг од локалните избори.

Турски компании заинтересирани за „Еурокомпозит“ и за комбинатот

Време - 24.03.2005

БУЧКОВСКИ ВО ПРИЛЕП Турски компании се потенцијални инвеститори во „Еурокомпозит“ и во „Тутунски комбинат“, но тие и не се единствените можни инвеститори од таа земја. Ова го изјави премиерот Бучковски по кратката затворена средба завчера со стопанствениците во Прилеп.

Средбата кај Бучковски доживеа фијаско

Утрински - 24.03.2005

Пропадна уште еден обид на премиерот за политички договор пред вториот изборен круг Џафери и Груевски не се појавија, а Јаневска ја напушти средбата ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Наместо договор за фер и демократски избори, како што оптимистички најави лидерот и претседател на СДСМ, Владо Бучковски, вчерашната ...

Премиерот Бучковски денеска во Бугарија

Утрински - 24.03.2005

Најава Премиерот Владо Бучковски престојува во официјална посета на Бугарија по покана од претседателот на бугарската влада, Симеон Сакскобурготски. Предвидено е Бучковски денеска да се сретне со бугарскиот претседател Георги Прванов и со претседателот на Народното собрание на Бугарија, Борислав ...

Бучковски појасни за "вечерната школа" на Груевски

Дневник - 24.03.2005

ПРИЛЕП Не го обезвреднувам Економскиот факултет во Прилеп, најмалку барем од две причини: прво, знам каков е квалитетот на Факултетот и, второ, двајца мои многу блиски луѓе работат таму, изјави Бучкоски за локалната ТВ Прилеп.

Груевски ја прекардаши работата

Дневник - 24.03.2005

БУЧКОВСКИ ВО БИТОЛА Со недоветните изјави, несериозен и дилетантски однос, Никола Груевски ја прекардаши работата и и нанесува штета на Република Македонија, изјави лидерот на СДСМ Владо Бучковски, завчеравечер, во Битола. - Само со однесувањето во духот на фер и демократски избори можеме да ја ...

Само Ахмети и Пенов кај премиерот Бучковски

Дневник - 24.03.2005

ОПОЗИЦИСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА БОЈКОТИРАА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА Пропадна лидерската средба кај премиерот Владо Бучковски, на која власта и опозицијата требаше да се договараат за вториот изборен круг. Претседателите на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА, Никола Груевски и Арбен Џафери, не дојдоа на состанокот, а ...

Македонија ќе отвори културен центар во Софија

Дневник - 24.03.2005

БУЧКОВСКИ ВО БУГАРИЈА Македонскиот премиер Владо Бучковски денеска ќе престојува во официјална посета на Бугарија по покана од претседателот на бугарската влада Симеон Сакскобурготски. Предвидено е Бучковски да се сретне и со бугарскиот претседател Георги Прванов и со претседателот на Народното ...

Странски инвеститори доаѓаат во Прилеп

Дневник - 24.03.2005

ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ НАЈАВУВА Премиерот Владо Бучковски завчера ги информираше прилепските стопанственици дека неколку странски инвеститори се заинтересирани за локалните фирми. Според него, најдоцна за три месеци во Тутунскиот комбинат ќе влезе стратегиски инвеститор.

Власта ја обвини опозицијата за фалсификат!

Вечер Прес - 24.03.2005

Втората лидерска средба кај премиерот Владо Бучковски вчера доживеа неуспех. Раководството на ДПА, Арбен Џафери и Мендух Тачи, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера не присуствуваа на средбата, а неа ја напушти и Весна Јаневска, в.д. претседател на ВМРО-Народна.

Пропадна и втората лидерска средба кај Бучковски

А1 - 23.03.2005

Не само што ДПА не се предомисли од намерата да бојкотира, туку на иницијативата на закон за поништување на изборите во западниот дел денеска се придружи и ВМРО Народна. ДПА не дојдоа кај Премиерот, Груевски на друго место прашан дали ќе оди, одмавнуваше со раката.

Меѓународната заедница длабоко загрижена за епилогот од изборите

А1 - 23.03.2005

Меѓународната заедница е длабоко загрижена за епилогот од изборите - нерегуларности и инциденти. Нејзиниот фокус сега е насочен кон вториот круг избори, велат дипломатски извори од Брисел за А1. Стравувањата се базираат врз искуството - дека Македонија во вториот круг е особено кревка и податна за ...

Бучковски: „Македонско-бугарските односи можат да бидат модел за соработка“

А1 - 23.03.2005

„Односите меѓу Република Македонија и Република Бугарија се развиваат во посакуваната насока и се еден од приоритетите на надворешната политика на Скопје“, изјави македонскиот премиер Владо Бучковски во интервју за Бугарското национално радио (БНР).

Неуспешна прва средба

Вест - 23.03.2005

Разговорите запнаа на барањето на ДПА за поништување на првиот круг и најавата за бојкот ако тоа не се направи Владата во вториот круг на изборите, преку Министерството за внатрешни работи, ќе ги преземе сите мерки и инструменти за да има фер и демократски избори, рече премиерот и лидер на СДСМ ...

Пропадна и лидерската средба на Бучковски

Време - 23.03.2005

ПО НАЈАВИТЕ ЗА ПОПРАВЕН НА ИЗБОРИТЕ Диана Младеновска Состанокот не беше успешен затоа што не успеавме да се договориме, пред се, со ДПА, па ќе се обидеме и утре. Тоа го изјави премиерот и лидер на СДСМ Владо Бучковски, по вчерашната, речиси тричасовна средба со претставниците на политичките партии ...

Ќе се обезбеди достапност до документите

Време - 23.03.2005

БУЧКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО АДВОКАТОТ НА ТАРЧУЛОВСКИ Премиерот Владо Бучковски вчера се сретна со Антонио Апостоловски, правен застапник на Јохан Тарчуловски. „Владата позитивно ќе одговори на барањето на правниот застапник за достапност до одредени документи од надлежните државни органи за да се ...

Бучковски не го убеди Тачи ДПА да не ги бојкотира изборите

Утрински - 23.03.2005

Средбата на премиерот со лидерите на политичките партии заврши безуспешно. Денеска нов состанок во скратен состав Бучковски: Погрешна е тактиката на ДПА и инсистирањето да се прегласува во 16 општини ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Лидерската средба во Владата од која вчера требаше да се упатат релаксирачки ...

Груевски е за во детска градинка

Дневник - 23.03.2005

БУЧКОВСКИ ВО ШТИП Никола Груевски не успеа да порасне и да сфати дека Македонија не е детска градинка и сега се обидува да ги воскресне ретроградните сили, порача на прексиноќешната трибина во Штип лидерот на СДСМ, Владо Бучковски. - Во Европа не можеме да одиме со олдтајмери и трабанти.

Лидерите не се договорија за изборите

Дневник - 23.03.2005

ПАРТИСКИТЕ ПРВЕНЦИ КАЈ ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ Мендух Тачи од ДПА ја напушти средбата откако бил одбиен предлогот да се поништат изборите во сите општини со мнозинство Албанци Лидерите на владејачките партии вчера на средбата кај премиерот Владо Бучковски не успеале да го убедат потпретседателот на ДПА ...

Ахмети и Тачи се фатија за гуша

Вечер Прес - 23.03.2005

На вчерашната лидерската средба кај премиерот Владо Бучковски не беше постигнат договор за фер и демократски избори на 27 март поради кавгата меѓу Али Ахмети, претседателот на ДУИ и Мендух Тачи, потпретседателот на ДПА, околу регуларноста на изборите од првиот круг гласање.

Неуспешна лидерска средба кај Бучковски

А1 - 22.03.2005

Она што требаше да биде лидерска средба за договор што да се направи да нема нерегуларности во вториот изборен круг, се претвори во терен за преговори на премиерот со ДПА да ги предомисли од намерата да го бојкотираат вториот изборен круг.

СДСМ и ДУИ во фаза на помирување

Време - 22.03.2005

ПО ИСКРИЧЕЊАТА ВО КОАЛИЦИЈАТА Александра М. Митевска Раководствата на владејачките СДСМ и ДУИ се обидуваат да ги надминат недоразбирањата и да се договорат за соработката за вториот изборен круг, по искричењата минатата недела, откако премиерот Владо Бучковски им порача на коалициските партнери да ...

Бучко во градинка

Вест - 22.03.2005

ПРОЛЕТ Детската градинка "Пролет" вчера го прослави својот четириестти роденден. На свечената прослава во Домот на АРМ присуствуваше и премиерот Владо Бучковски со сопругата Анета. Тие заедно со останатите родител Детската градинка "Пролет" вчера го прослави својот четириестти роденден.

Бучковски се уште не може да го затвори списокот на гостите

Време - 22.03.2005

ПРЕД ДЕНЕШНАТА ЛИДЕРСКА СРЕДБА Во штабот на СДСМ вчера се уште го немаа конечниот список на гости за денешната лидерска средба што премиерот и претседател на СДСМ Владо Бучковски пред неколку дена им ја закажа на партиите. Бучковски со лидерите на политичките партии сакал да постигне договор за ...

,,Третиот пат" ја повика опозицијата да настапи заедно во вториот круг

Утрински - 22.03.2005

Прес "Третиот паттт” ги повикува сите политички партии од опозицијата да настапат заедно во вториот круг на локалните избори. “Во вториот круг избори е неопходно да се обединиме. Само тоа може да гарантира победа на кандидатите за градоначалници од опозицијата, односно пораз на владејачката ...

Само Груевски не оди на средбата кај Бучковски

Утрински - 22.03.2005

Денеска на пладне премиерот свика лидерска средба во Владата Моето отсуство нека биде своевиден притисок кон Владата да сфати дека проблемите што се регистрирани се направени од нивна страна и тие мора да ги решат - Никола Груевски >?Кој со ѓаволот сади тикви, тиквите од глава ќе му се удраттт?.

"Вечерното училиште" во Прилеп

Дневник - 22.03.2005

Писмо Сакам едно да расчистиме. Факултетот во Прилеп е вечерно училиште или не е. Ако не е вечерно училиште, зошто тогаш не се јават сите професори, сите асистенти од факултетот со допис и барање до државните институции да се иследи случајот и господин Бучковски, премиер на државата, да си земе на ...

НАСЛОВ: СТО ДЕНА ЗАЛЕТ

Вечер Прес - 22.03.2005

пишува: Виолета ЦВЕТКОВСКА За една недела Владата ќе ги заокружи своите 100 дена гратис од народот. Оттогаш натаму се се плаќа. За овој тримесечен период, премиерот Бучковски имаше шанса да изгради еден компактен тим кој ќе ја концепира севкупната владина политика, со посебна нагласка на ...

Третиот пат повика на заеднички настап на опозицијата во вториот круг

А1 - 21.03.2005

Коалицијата „Третиот пат“ ги повикува сите политички партии од опозицијата да настапат заедно во вториот круг на локалните избори. „Во вториот круг избори е неопходно да се обединиме. Само тоа може да гарантира победа на кандидатите за градоначалници од опозицијата, односно пораз на владејачката ...

Ќе се води кампања „од човек на човек“

Време - 21.03.2005

ВЛАСТА СО НОВА ТАКТИКА ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ Александра М. Митевска Непосредна кампања со многу директни средби со граѓани најавуваат владејачките партии пред вториот круг избори. Паралелно со кампањата се прават и првичните процени за поддршката меѓу ДУИ и коалицијата „Заедно“ во општините со мешан ...

Глумат лудило, си играат каубои и неевропски се однесуваат

Време - 21.03.2005

ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈА ЈА ЗАОСТРУВААТ КАМПАЊАТА Во пресрет на утрешната лидерска средба кај премиерот и лидер на СДСМ Владо Бучковски, партиите од опозицијата не само што не му одговараат туку и ја заоструваат реториката насочена кон него пред вториот круг од локалните избори.

Груевски ја одби поканата на Бучковски за лидерска средба

Утрински - 21.03.2005

По поканата на премиерот до политичките партии пред вториот круг Никола Груевски ја одби поканата на Владо Бучковски за утрешната лидерска средба пред вториот круг од локалните избори. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема потреба од губење време и му порача на премиерот и претседател на СДСМ ...

Само Груевски ќе го бојкотира Бучковски

Дневник - 21.03.2005

НА УТРЕШНАТА ЛИДЕРСКА СРЕДБА Само лидерот на Здружената опозиција, Никола Груевски, ќе ја бојкотира средбата кај премиерот Владо Бучковски, на која треба да се зборува како да се обезбеди фер и демократски втор изборен круг. Претседателите на ВМРО-Народна и на ДУИ, Весна Јаневска и Али Ахмети, го ...