TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бурна ноќ во Атина

А1 - 14.12.2008

Изутрината во Атина е мирно, по бурната ноќ во која повторно се судрија десетици млади демонстранти со полицијата, во близината на политехничкото училиште. Судирите траеја до 1.30 часот по средноевропско време, а полицијата соопшти дека во текот на изминатата ноќ и во саботата се приведени 86 лица.

Напукна најслабата алка на еврозоната

Дневник - 14.12.2008

Напукна најслабата алка на еврозоната. Екстремната левица лесно може да мобилизира демонстранти зашто невработеноста меѓу младите е ендемична,а поради економските ограничувања, владата е принудена да применува надразнувачка политика во многу незгоден момент. Владите што се соочени со бунтови и се разнишани тешко може да се поврзат со буџетска ...

Демонстранти во Атина нападнале полициска станица

Нетпрес - 14.12.2008

Повеќе од десетина млади, меѓу кои некој била на мотори, синојка ја нападнале полициската станица во центарот на Атина, а од огинот е оштетена и владината зграда. Полицијата соопштила дека во нападите се оштетени и две банки.

Демонстрантите ги договараат натамошните акции

Макфакс - 14.12.2008

Координативниот штаб на учениците и студентите во Грција денеска треба да го утврдат обликот на натамошните акции меѓу кои се споменуваат окупација на школите, бојкот на наставата, блокади на улицата и митинзи.

Бурна ноќ во Атина

Макфакс - 14.12.2008

Изутрината во Атина е мирно, по бурната ноќ во која повторно се судрија десетици млади демонстранти со полицијата, во близината на политехничкото училиште. Судирите траеја до 1.30 часот по средноевропско време, а полицијата соопшти дека во текот на изминатата ноќ и во саботата се приведени 86 лица.

Продолжуваат протестите, армијата на готовс

Време - 13.12.2008

Судирите меѓу демонстрантите и полицијата кои во Грција траат цела недела вчера продолжија во Атина и во Солун, пренесува МИА. Во Атина полицијата неколку пати одговори со употреба на солзавец откако беше нападната со камења и со „молотови коктели“, а најостри судири имаше кај Врховниот суд кога демонстрантите фрлија повеќе „молотови коктели“ врз ...

По дождот, нови судири во Атина

Дневник - 13.12.2008

По дождот, нови судири во Атина. Млади демонстранти вчера пак фрлаа молотови коктели врз полициските кордони во Атина, откако прексиноќа дождот ги прекина нередите во Грција.Речиси 4.000 луѓе се собраа во центарот на грчкиот главен град на протести по повод загинувањето на 15-годишно момче застрелано од полицијата пред една недела.

Продолжуваат насилствата во Грција, армијата на готовс?

Н.Македонија - 13.12.2008

Грчката полиција вчера повторно се судри со демонстрантите во Атина, а медиумите јавија дека армијата ги зголемила безбедносните мерки во очекување нови инциденти и насилства. Истовремено, грчкиот премиер Костас Караманлис од Брисел порача дека нема време за оставка, иако тоа од него го побара опозицијата, јави АФП.

Протестите во Грција преминаа во општо незадоволство на народот

Алфа - 13.12.2008

Немирите во Грција, го разбрануваа целиот грчки народ-отворено да го покаже незадоволството што го чувствува за состојбата во која се наоѓа земјата. Група млади луѓе утрово упаднаа во локалната телевизиска станица „Супер Би“ во грчкиот град Патра и говореле во етер.

ВИДЕО: Продолжуваат протестите во Грција

Нетпрес - 13.12.2008

Протестите во Грција, по повод убиството на 15- годишниот Александрос Григоропулос, застрелан на 6 декември од страна на полицијата во Атина, ќе продолжат и денес, соопштуваат грчките медиуми. Телевизијата “Антена“ наведува дека и денес ќе има демонстрации во грчката престолнина. Планиран е и протест пред зградата на грчкиот парламент.

Мирни протести во Грција, состојбата полека се стабилизира

Макфакс - 13.12.2008

Грчките власти се чини можат да здивнат, откако по бранот безредија што измината недела ја зафати земјата, денеска во Атина се забележани неколку изолирани инциденти. Демонстрации беа организирани и денеска во неколку грчки градови, но помалку масовни во споредба со претходните денови.

Продолжува окупацијата на грчките универзитети

Време - 12.12.2008

Во Атина вчера шест полициски станици беа нападнати со камења и запаливи бомби од страна на демонстрантите, при што најмалку едно лице е повредено и хоспитализирано. Универзитетите и преку 100 училишта во Грција се уште се под опсада на демонстрантите во текот на шестиот ден од почетокот на насилните демонстрации, а судири со полицијата имаше и ...

Студентите напаѓаат полициски станици во Атина

Вест - 12.12.2008

АТИНА, 12 декември (АП) - Студентските демонстранти вчера гаѓаа 20 полициски станици со камења и шишиња, превртуваа автомобили и блокираа улици во центарот на Атина. Полицијата одговори со солзавец додека спорадичното насилство не стивнуваше во најголемите немири во Атина во последните децении.

Нападната полициска станица во Атина

Утрински - 12.12.2008

Опозицијата ја повика владата на Костас Караманлис да поднесе оставка. АТИНА - Грчките студенти ја нападнаа полицијата во главниот град Атина, во најновиот бран протести поради убиството на тинејџерот во саботата.

Судирите продолжуваат - армијата на готовност

Телма - 12.12.2008

Судирите на демонстрантите со полицијата продолжија денеска во Атина и во Солун. Полицијата неколку пати одговори со употреба на солзавец во Атина, откако беше нападната со камења и молотови коктели, а најостри судири имаше кај Врховниот суд, кога демонстрантите фрлија повеќе молотови коктели врз зградата на Судот.

Силен дожд ги прекина судирите во Атина

Алфа - 12.12.2008

Силниот дожд кој падна синоќа во грчката престолнина ги прекина судирите на анархистите со полицијата. Околу 20-тина демонтстранти, во близина на Политехничкиот институт во Атина, фрлале камења и молотови коктели на полицијата, која возвраќала со солзавец.

Грција гори, Караманлис на самит во Брисел

Н.Македонија - 12.12.2008

Насилните протести вчера во Грција зедоа уште поголем замав откако двајцата полицајци и формално беа обвинети за убиство, односно за соучество во убиството на 15-годишниот Александрос Григоропулос, минатата сабота во Атина. Истовремено демонстрациите се проширија и пред грчките дипломатски мисии во повеќе европски земји.

Продолжуваат масовните протести во Грција

Алфа - 12.12.2008

Седми ден масовни протеси и насилства во Атина и другите грчки градови. Илјадници луѓе денеска изразија револт фрлајќи камења, шишиња со запаливи течности, метални предмети и молотови коктели кон полицијата на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламент.

Закажани нови протести во Атина

Кирилица - 12.12.2008

Иако директен повод за демонстрациите беше убиството на тинејџерот, аналитичари укажуваат дека тие пред се се израз на незадоволството на грчкиот наорд поради големиот број невработени, ниските плати и серијата нерешени политички скандали.

Безредија во Атина предизвикани од навивачи на Панатинаикос

Канал5 - 12.12.2008

Околу 400 навивачи на грчкиот клуб Панатинаикос денеска предизвикале безредија пред зградата на судот во центарот на Атина, јавија локални медиуми. Тие фрлале со камења и шишиња со запалива течност кон силите на редот кои одговориле со солзавец. Обвинителството побарало од полицијата да изврши апсења на учесниците во неммирите.

Нови судири меѓу демонстранти и полицијата во Атина

Сител - 12.12.2008

Речиси 4.000 лица се собраа во центарот на грчкиот главен град на протести по повод загинувањето на 15-годишно момче застрелано од полицијата во саботата навечер. Демонстрантите се собраа пред Универзитетот во Атина и планирано е да се движат до парламентот на плоштадот Синтагма.

Нови судири меѓу демонстранти и полицијата во Атина

Канал5 - 12.12.2008

Млади лица фрлаа денеска Молотови коктели врз полицијата која одговори со солзавец за време на демонстрации на студенти и ученици во Атина. Речиси 4.000 лица се собраа во центарот на грчкиот главен град на протести по повод загинувањето на 15-годишно момче застрелано од полицијата во саботата навечер.

Нови судири во центарот на Атина

Нетпрес - 12.12.2008

Нови судири избувнале меѓу полицијата и ученици во Атина, објавуваат медиумите. Во моментов во престолнината на Грција се одржуваат демонстрации по повод убиството на 15-годишното момче на 6 декември. Според информација на АФП, насобраните младинци фрлале камења и молотови коктели врз полицајците, кои пак употребиле солзавец.

Караманлис: Државата има силна Влада

Нетпрес - 12.12.2008

Државата има силна Влада, изјавил во Брисел премиерот на Грција, Костас Караманлис, објави Њуз ин. На прес конференција по средбата на врвот на ЕУ, тој ги коментирал последните случувања во Грција. Прашан дали нередите се дело на професионални анархисти, Караманлис рекол дека никој нема право да шпекулира со борбите, проблемите и барањата на ...

Притвор за полицаецот кој го уби грчкиот тинејџер

А1 - 11.12.2008

Грчкиот суд го обвини за убиство со предумисла и неовластена употреба на службено оружје полицаецот Епаминондас Кокронеас кој го усмрти 15-годишното момче во Атина, а неговиот колега Василиос Саралиотис е обвинет за соучество. 37-годишниот полицаец и неговиот 6 години помлад колега се задржани во притвор.

Безредијата во Грција ескалираат

А1 - 11.12.2008

Директни напади на шест полициски станици во Атина, донесе шестиот ден од протестите во Грција. Три лица полесно и едно потешко, се повредени во судирите меѓу засилените полициски единици и демонстрантите, кои блокираа неколку главни улици во Атина, а под контрола држат неколку универзитети во Атина и Солун, во кои според грчките закони полицијата ...

Грчкиот полицаец обвинет за убиство

BBC - 11.12.2008

Грчкиот полицаец кој во саботата во Атина застрела едно момче, и службено е обвинет за убиството од кое почнаа пет дена протести во земјата. Судијата реши дека полицаецот треба да биде ставен во притвор а неговиот адвокат вели дека балистичкиот извештај, кој се' уште не е објавен, покажува оти момчето загинало откако куршумот се одбил.

Во грчката катарза има малку место за Македонија

Време - 11.12.2008

Игор Чавески Немирите во Грција ќе имаат влијание врз целиот регион, но тие најмногу ќе се почувствуваат во односите со Македонија, оценуваат експертите. Влијанието ќе биде најголемо доколку падне актуелната влада на премиерот Костас Караманлис и напролет се распишат нови избори што секако ќе ги одолжи и преговорите за името за неколку месеци.

Атина: Протестите продолжија

Р.С.Европа - 11.12.2008

Во Грција и денеска продолжија протсетите на студентите при што имало и судири со полицијата во неколку градови во земјата. Претходно, како што јавуваат агенциите, демонстрантите со молотови и коктели нападнале неколку полициски станици. Судири имало и пред затворот во близина на Атина.

Грција парализирана од немири и штрајк

Вест - 11.12.2008

АТИНА, 11 декември (Ројтерс) - Демонстрантите вчера фрлаа огнени бомби врз полицијата пред парламентот за време на општиот штрајк што ја парализираше Грција и го зголеми притисокот врз конзервативната влада што следеше по најголемите нереди во државата во последните децении.

Шести ден демонстрации во Грција

Телма - 11.12.2008

Демонстрантите во Грција, повеќето од нив средношколци и студенти, денеска излегоа повторно на протести поради убиството на 15 годишниот тинејџер. Медиумите јавуваат дека се нападнати повеќе полициски станици на подрачјето на Атина.

Гнев кон владата, камења кон полицијата

Дневник - 11.12.2008

Судири со полицијата, демолирања и грабежи на продавниците, продолжија и вчера во повеќе грчки градови. Четири дена не стивнува бранот насилни протести откако во Атина беше убиен 15-годишниот Александрос Григопулос, но аналитичари укажуваат дека трагичната смрт на момчето е само повод за насилствата, а вистинската причина се скандалите и ...

Грција: Демонстрантите продолжуваат со окупацијата на универзитетите

Алсат-М - 11.12.2008

Неколку универзитета и училишта во Грција и денеска се окупирани од студентите, шести ден од протестите кои што избија по убиството на 15 – годишно момче во Атина од страна на полицијата. Во близина на Политехничката школа во центарот на Атина, околу 40 млади утринава фрлале камења кон полицајците, кои возвратиле со солзавец. Три лица се повредени.

„Еурактив“: Грција ќе биде „болната страна“ на Европскиот совет

Алфа - 11.12.2008

Уличното насилство во Грција, кое потсетува на настаните од мај 1968 година во Франција, значи дека Атина ќе биде „болниот човек на Европа“ на средбата на врвот на Европската унија, која започнува денеска во Брисел, пишува електронското издание „Еурактив“.

Генералниот штрајк и насилните протести ја блокираа Грција

Н.Македонија - 11.12.2008

Грција западна во уште подлабока криза по петдневните улични пресметки меѓу полицијата и демонстрантите, кои протестираат против убиството на 15-годишниот Александрос Григоропулос. Земјата беше парализирана и од генералниот штрајк на двата најголеми синдикати, кој прерасна во насилен протест против Владата, јави АФП.

Во Атина продолжуваат протестите и судирите

Алсат-М - 11.12.2008

На улиците во Атина и денеска има протести и судири меѓу демонстранти и полицијата. Според грчки медиуми, судири има во близина на Земјоделскиот факултет, додека млади лица фрлаат со камења врз излози на продавнции во центарот на грчкиот главен град.

Во Атина и денеска има протести и судири меѓу демонстранти и полицијата

Алфа - 11.12.2008

На улиците во Атина и денеска има протести и судири меѓу демонстранти и полицијата. Според грчки медиуми, судири има во близина на Земјоделскиот факултет, додека млади лица фрлаат со камења врз излози на продавнции во центарот на грчкиот главен град.

Петти ден по ред масовни судири меѓу демонстрантите и полицијата

Алфа - 11.12.2008

Петти ден по ред масовни судири меѓу демонстрантите и полицијата на улиците на Атина и во другите грчки градови. Демонстраните ја предизвикуваа полицијата со камења, молотови коктели и други предмети, додека таа се обидуваше да ги растера со солзавец.

Грција ќе биде „болната страна“ на Европскиот совет

Кирилица - 11.12.2008

Освен во Атина, судири избувнаа и во Солун, Кавала, северно од Атина. И покрај нередите во земјата, владин портпарол соопшти дека премиерот на Грција Костас Караманлис ќе учествува на средбата на ЕУ во Брисел, како што беше претходно ...

Грција ќе биде „болната страна“ на европскиот совет

Сител - 11.12.2008

Уличното насилство во Грција, кое потсетува на настаните од мај 1968 година во Франција, значи дека Атина ќе биде „болниот човек на Европа“ на средбата на врвот на Европската унија, која започнува денеска во Брисел, пишува електронското издание „Еурактив“.

Демонстрации во Шпанија и Италија поради убиството на грчки тинејџер во Атина

Канал5 - 11.12.2008

Демонстрации во Мадрид и Барселона организирани против убиството на тинејџер во Атина во саботата, прераснаа синоќа во судири со шпанската полиција при што неколку полицајци беа повредени и 11 демонстранти беа уапсени. Во Мадрид околу 200 млади лица нападнаа полициска станица во центарот на градот.

Продолжуваат Судирите меѓу демонстрантите и полицијата пред затворот коридалос во Атина

Сител - 11.12.2008

Судирите меѓу демонстранти и полицијата продолжија попладнево пред затворот Каридалос во Атина, каде во текот на денов треба да биде префрлен полицаецот, обвинет за убиството на 15-годишно момче. Според судски извор, полицаецот, кој вчера беше обвинет за убиство со предумисла, денеска треба да биде префрлен на привремен притвор во затвор.

Интензитетот на насилните демонстрации во Грција намален во однос на претходните денови

Канал5 - 11.12.2008

Демонстрантите синхронизирано нападнаа пет полициски станици во Атина, при што едно лице е повредено. Инциденти се регистрирани кај универзитетот и во близина на најголемиот грчки затвор Кордалос во западниот дел на градот.

Мирни демонстрации вечерва во Атина и Солун

Канал5 - 11.12.2008

Околу 400 лица се собраа вечерва во центарот на Атина во знак на протест поради смртта на 15-годишното момче, кое во саботата беше убиено од страна на полицијата. Демонстрантите, кои се приврзаници на крајно левите групи, кои немаат свои претставници во Парламентот, се собраа пред универзитетот во Атина, со цел да тргнат кон зградата на ...

Продолжуваат немирите во Грција

Сител - 11.12.2008

Голема група ученици утринава ги нападнаа полициските станици во Атина со камења и молотови коктели. Во околината на политехничкиот факултет, каде од ноќеска се собрани голем број на демонстранти, полицијата употреби солзавец со цел да ја разбие, како што ја нарече атинската полиција, групата на насилници.

Атина ја прими дневната доза!

Вечер Прес - 11.12.2008

На улиците во Атина и вчера имаше протести, судири меѓу демонстранти и специјалци, напади на четири полициски станици и демолирања на продавници. За се да потсетува на претходните денови, имаше неколкумина повредени и приведени.

Грчки печат: Безредијата и последиците

Нетпрес - 11.12.2008

Грчките весници и во своите денешни изданија објавуваат за развојот на случувањата по убиството на 15-годишникот Александрос Григоропулос во Атина. Момчето беше застрелано од полицаец на 6 декември, годинава. Тоа предизвика масовни протести и безредија низ цела Грција.

Нереди пред затворот во Атина

Нетпрес - 11.12.2008

Потешкотии во движењето предизвикаа демонстрациите на учениците во Атина, објави грчкото радио “Скај“. И денеска, според информацијата, тие протестираат по повод убиството на 15-годишниот Александрос Григорпулос, кој беше застрелан од полицијата на 6 декември. Неговата смрт предизвикала масовни нереди.

Грција - “болниот човек“ на средбата на врвот на ЕУ

Нетпрес - 11.12.2008

Уличното насилство во Грција, незапаметено од мај 1968 година во Франција, означува дека Атина ќе биде “болниот човек на Европа“ на средбата на врвот на Европската унија, која што почнува денеска во Брисел, коментира електронското издание “Еурактив“.

Грците не веруваат во сопствената држава

Макфакс - 11.12.2008

Нивото на насилства на улиците на Атина и другите грчки градови, е незабележано уште од времето на граѓанската војна, од пред 60 години. Илјадници луѓе дивеат и уништуваат се што ќе им се најде на пат, во знак на освета за убиството на 15-годишното момче, кое настрада од полициски куршум.

Универзитетите во Атина и Солун и натаму „окупирани“

Макфакс - 11.12.2008

Неколку универзитета и училишта во Грција и денеска се окупирани од студентите, шести ден од протестите кои што избија по убиството на 15 – годишно момче во Атина од страна на полицијата. Во близина на Политехничката школа во центарот на Атина, околу 40 млади утринава фрлале камења кон полицајците, кои возвратиле со солзавец. Три лица се повредени.

Протести во Шпанија поради инцидентот во Грција, уапсени и ранети

Макфакс - 11.12.2008

Протести во Шпанија поради инцидентот во Грција, уапсени и ранети. Мадрид /11/12/ 08:28. Протестите одржани синоќа во шпанските градови Мадрид и Барселона против убиството на момчето во Атина, доведоа до судир меѓу демонстрантите и полицијата при што се уапсени 11 лица, а неколку полицајци се ранети.

Демонстрации во Грција - можна вонредна состојба

А1 - 10.12.2008

Околу сто луѓе денеска фрлаа молотови котели пред грчкиот Парламент за време на генералниот штрајк организиран во знак на протест поради економската политика на Владата. Полицијата употреби солзавец со цел да ги растера демонстрантите кои фрлаa со камења и други предмети.

Во Грција на протест и работниците

BBC - 10.12.2008

Во Грција треба да почне планираниот еднодневен генерален штрајк против економската политика на владата. Веројатно е тој да го блокира нормалното функционирање на државата. Штрајкот следи по четиридневните немири низ цела Грција, кои избија веднаш откако во саботата во Атина полицијата застрела едно момче.

Анархија во најстарата демократија

Време - 10.12.2008

Во центарот на Атина илјадници професори, ученици и студенти и вчера ги продолжија протестите поради убиството на 15-годишниот тинејџер Александрос Григоропулос. При демонстрациите дојде до нови судири меѓу полицијата и стотици демонстранти кои почнаа да фрлаат камења и шишиња врз полицискиот кордон околу грчкиот парламент, кој едвај успева да ги ...

Кошмар ја зафати Грција пред Божик

Утрински - 10.12.2008

Со традиција од бунтот против хунтата од 1973 година, студентите се единствениот коректор во монолитното општество. Димитар Чулев. Премиерот Костас Караманлис ги повика политичките лидери во Грција на единство во изнаоѓање најадекватни мерки за справување со најжестоките студентски безредија што почнаа минатата недела во студентскиот кварт ...

По немирната ноќ во протестите се вклучија и Синдикатите

Телма - 10.12.2008

Протестите предизвикани од саботното убиство на едно момче, продолжија и денеска во Атина и Солун, каде полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. Неколку стотина демонстрантите во Атина фрлаа со камења и запаливи бомби врз полицискиот кордон пред зградата на парламентот.

Грција се прости од убиениот малолетник, протестите продолжија

Н.Македонија - 10.12.2008

Во атинското предградие Палио Фалиро вчера беше погребен 15-годишниот Александрос Григоропулос, кој во саботата беше убиен од полициски куршум. Убиството на малолетникот предизвика насилни демонстрации низ Грција, кои вчера продолжија и во Атина и во Солун.

Судири меѓу полицијата и демонстранти во Солун, синдикатите мирно протестираа во Атина

Алсат-М - 10.12.2008

Судири избувнаа денеска меѓу млади лица и полицијата во Солун откако демонстранти пристигнале пред зграда на Министерството за Македонија и Тракија пред која имало полициски кордон. Демонстрантите, повеќето ученици и студенти, почнале да фрлаат по нив со камења по што полицијата одговорила со солзавец.

Масовни судири меѓу демонстрантите и полицијата во Грција

Алфа - 10.12.2008

Во грчките градови и денеска масовни судири меѓу полицијата и демонстрантите. Десетици илјади луѓе, излегоа низ улиците на Атина, Солун и другите грчки градови да изразат незадоволство од економската политика на владата на Караманлис.

Најмалку 67 уапсени за време на немирите во Атина минатата ноќ

Канал5 - 10.12.2008

Најмалку 67 лица се уапсени за време на синоќешните судири меѓу полицијата и група милитантни демонстранти во центарот на Атина, објавија грчките медиуми. Меѓу уапсените се и 12 лица, кои се обвинети за ограбување на продавници за време на немирите во грчкиот главен град. Од нив петмина се странски државјани.

Најмалку 67 уапсени за време на немирите во Атина минатата ноќ

Кирилица - 10.12.2008

Според податоци на полицијата, за време на протестите што започнаа во саботата вкупно се уапсени 108 лица, додека 29 се повредени. Во Атина се ограбени 322 продавници, а две трафики се искршени, додека во Солун се оштетени 69 продавници, а 14 се целосно ...

Во грција судирите меѓу демонстрантите и полицијата траеле до три часот по полноќ

Сител - 10.12.2008

Повремени судири меѓу демонстрантите и полицијата во неколку грчки градови синоќа имаше до три часот по полноќ. Покрај Атина и Солун, судири имаше и во Патра, во Лариса, во Каламата, во Јанина и на Островот Закинтос. Полицијата очекува повторно тензии и поради најавениот 24-часовен генерален штрајк.

Судири меѓу полицијата и демонстранти во Солун

Кирилица - 10.12.2008

Грчкиот премиер Костас Караманлис ги повика вчера синдикалните лидери да го откажат митингот, планиран да се одржи во рамки на 24-часовниот генерален штрајк, за да се избегне ново насилство по четирите дена судири.

Судири меѓу полицијата и демонстранти во Солун

Канал5 - 10.12.2008

Судири избувнаа денеска меѓу млади лица и полицијата во Солун, јавија грчки медиуми. Судирите почнале откако демонстранти пристигнале пред зграда на Министерството за Македонија и Тракија пред која имало полициски кордон. Демонстрантите, повеќето ученици и студенти, почнале да фрлаат по нив со камења по што полицијата одговорила со солзавец.

Синдикатите организираат масовни протести низ Грција

Сител - 10.12.2008

По четиридневните масовни демонстрации, во повеќето грчки градови денеска избувнаа масовни штрајкови организирани од двата најголеми грчки синдикати кои бараат зголемување на платите и поголема државна помош за семејствата со мали примања.

Скај: Напнатоста во Атина и Солун повторно расте

Нетпрес - 10.12.2008

Нови инциденти има во реонот на Атина и Солун, објави грчкото радио “Скај“. Инцидентите се случиле малку подоцна по завршувањето на демонстрациите организирани од двата најголеми синдикати - ГСЕЕ и АДЕДИ, кои биле во рамките на штрајкот против Буџетот за 2009 година.

Петти ден протести, на улица и синдикатот

Макфакс - 10.12.2008

Протестите предизвикани од саботното убиство на едно момче, продолжија и денеска во Атина и Солун, каде полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. Неколку стотина демонстрантите во Атина фрлаа со камења и запаливи бомби врз полицискиот кордон пред зградата на парламентот.

Без инциденти на синдикалните протести

Макфакс - 10.12.2008

Немаше инциденти на протестот што во центарот на Атина денеска го организираа двата најголеми синдикати во Грција, незадоволни од економската политика на владата. Учесниците на протестот истакнаа пароли за поголема демократија, и за политички, работнички и социјални права.

Педесетина повредени во протестите во Грција

А1 - 09.12.2008

Педесетина повредени демонстранти и полицајци, некои од нив со тешки респираторни проблеми и во тешка ситуација по закопот на 15-годишниот тинејџер убиен пред четири дена од припадник на атинската полиција. Тоа е билансот од денешните протести кои од Атина се проширија во Солун, Лариса, Јанина, Патра и десетина други грчки градови.

Атина: Денеска погреб на убиениот тинејџер

Р.С.Европа - 09.12.2008

Во Атина денеска ќе биде погребан тинејџерот кој беше убиен од полицаец, што според оценките на светските агенции, би можело да предизвика нови безредија во Грција, која е зафатена со тридневни протести поради убиството на момчето.

Горат сите големи грчки градови

Време - 09.12.2008

Вчера во Грција продолжија насилните демонстрации во знак на протест за смртта на 15-годишното момче Андреас Григоропулос, убиено во саботата од полицијата во централниот атински кварт Егзархија, најжестоки во историјата на Грција од крајот на Втората светска војна.

Грција гори

Вест - 09.12.2008

АТИНА, 9 декември (Ројтерс) - Стотици студенти вчера фрлаа огнени бомби врз полицијата во Солун на третиот ден од почетокот на нередите што почнаа откако полицијата застрела тинејџер и се разгореа со растечкото незадоволство со економската состојба.

Грција ја тресат насилни протести по убиството на тинејџерот

Утрински - 09.12.2008

Протестите започнаа по убиството на 15-годишник од страна на полицаец нападнат од 30 момчиња. АТИНА - Стотици студенти вчера фрлаа молотови коктели кон полицијата во северниот грчки град Солун во третиот ден од нередите предизвикани од убиството на тинејџер од страна на полицијата и разгорување на нередите од се' поголемите економски тешкотии.

Грција во хаос - на улиците излегоа и професорите и учениците

Телма - 09.12.2008

Неколку илјади професори, ученици и студенти се собраа денеска во центарот на Атина, каде протестираат поради убиството на 15 годишното момче, кое загина во саботата од полициски куршум, за време на немирите во главниот грчки град. Полицајците се обидуваат да ги спречат илјадниците професори, ученици и студенти да стигнат до грчкиот Парламент.

Протестите од Грција се проширија и во Берлин

Дневник - 09.12.2008

Во жестоките пресметки на демонстрантите и полицијата се опожарени околу 90 банки и деловни згради, а се уништени над 100 автомобили. Група грчки емигранти вчера го зазедоа грчкиот конзулат во Берлин приклучувајќи им се на протестите против полицијата, која во Атина уби 15-годишно момче.Во конзулатот влегоа петнаесетина демонстранти, кои на ...

Состојбата во Атина постепено се стабилизира, соопшти полицијата

Алфа - 09.12.2008

Состојбата во Атина по саботните немири постепено се стабилизира, соопшти грчката полиција. Портпаролот на полицијата Панајотис Статис изјави дека насилството, предизвикано од разгневените млади лица во Атина се намалува.

САД, Велика Британија и Франција: граѓаните да бидат внимателни поради немирите во Грција

Алфа - 09.12.2008

САД и Велика Британија повторно упатија повик кон своите граѓани, кои престојуваат во Грција, да ги откажат своите патувања поради нередите во земјата од страна на анрахистите поради убиството во саботата на 15-годишно момче од страна на полицијата.

Грција води улични војни против анархистите

Н.Македонија - 09.12.2008

Повеќе десетици лица, од кои најмалку 30 полицајци, биле повредени во насилните протести што веќе три дена траат во повеќе грчки градови, а кои започнаа поради убиството на 15-годишно момче, кое во саботата беше застрелано од полицијата во централниот атински кварт Егзархија, јави АФП.

Молотови коктели и камења врз полицијата во Атина и денес

Алфа - 09.12.2008

Неколку илјади демонстранти, кои се собраа денеска во центарот на Атина каде протестираат поради убиството на 15-годишното момче, кое загина во саботата од полициски куршум, за време на немирите во главниот грчки град, фрлаа молотови коктели, камења и други предмети врз полицијата.

Караманлис бара граѓаните да ги пријават сите вклучени во насилствата

Алсат-М - 09.12.2008

Грција денеска се подготвува за нов бран протести по погребот во Атина на 15-годишното момче, кое полицијата го застрела во саботата. Грчкиот премиер Костас Караманлис вчера одржа итна средба со претседателот на државата Каролос Папуљас и лидерите на сите политички партии за да усвојат координирана реакција на најстрашните немири во Грција во ...

Продолжуваат уличните судири во Грција

Алсат-М - 09.12.2008

Денеска беше погребан тинејџерот кого полицијата го уби во саботата, а продолжија судирите меѓу ултралевичарските демонстранти и полицијата. На демонстрантите им се приклучија и студенти и универзитетски професори.

Четвртти ден протести во Грција

Алфа - 09.12.2008

Неколку илјади професори, студенти и ученици се судрија со полицијата пред зградата на грчкиот парламент. На чело на толпата демонстрантите носеа голема плаката со натпис „Убијци, виновна е Владата. Околу две илјади ученици, студенти и приврзаници на левицата започнаа протетси и во Солун.

Солун во пламен, Грција во хаос

Дневник - 09.12.2008

„Убијци, одете си дома!“ пишуваше на затворен капак на искршен излог на стоковната куќа на „Зара“, во зградата во која, се и конзулатите на Република Македонија и на САД. Студентите ги организираат протестите комуницирајќи преку СМС, брзо се собираат и уште побрзо се распрснуваат низ уличките Искршени и запалени излози на продавници, семафори и ...

Петмина уапсени во насилничките демонстрации пред грчката амбасада во Лондон

Канал5 - 09.12.2008

Пет лица се уапсени по насилничките демонстрации на една група од над стотина луѓе пред зградата на амбасадата на Република Грција во Лондон, соопшти лондонската Метрополитен полиција. Како што јави дописникот на МИА од Лондон, претставник на полицијата изјави дека уапсените се дел од групата од околу четириестина најборбени демонстранти кои ...

Состојбата во Атина постепено се стабилизира

Кирилица - 09.12.2008

Статис изјави дека 89 лица се уапсени под обвиненија за напади против полицијата, за вандализам и за грабежи на продавници. Други 79 лица се приведени на сослушување поради немирите, во кои беа ранети 12 ...

Демонстранти фрлаат молотови коктели и камења врз полицијата во Атина

Кирилица - 09.12.2008

Неколку илјади демонстранти, кои се собраа денеска во центарот на Атина каде протестираат поради убиството на 15-годишното момче, кое загина во саботата од полициски куршум, за време на немирите во главниот грчки град, фрлаа молотови коктели, камења и други предмети врз ...

Петмина уапсени во демонстрациите пред грчката амбасада во Лондон

Кирилица - 09.12.2008

Петмината уапсени се обвинети за повреда на јавниот ред и мир. Поголемата група демонстранти своите протести ги почнала уште во центарот на Лондон, кај Хајд Парк, извикувајќи пароли против грчката Влада и пеејќи песни.

Демонстранти фрлаат молотови коктели и камења врз полицијата во Атина

Канал5 - 09.12.2008

Неколку илјади демонстранти, кои се собраа денеска во центарот на Атина каде протестираат поради убиството на 15-годишното момче, кое загина во саботата од полициски куршум, за време на немирите во главниот грчки град, фрлаа молотови коктели, камења и други предмети врз полицијата.

Демонстранти влегоа во грчкиот конзулат во Париз

Канал5 - 09.12.2008

Демонстранти денеска влегоа во грчкиот конзулат во Париз по неколкудневните протести во Грција поради убиството на 15-годишно момче кое загина во саботата од полициски куршум. Демонстрантите влегле во зградата но не стигнале до конзуларните канцеларии на првиот кат, соопшти претставникот за печат на грчката Амбасада.

Демонстранти влегоа во грчкиот конзулат во Париз

Сител - 09.12.2008

Демонстранти денеска влегоа во грчкиот конзулат во Париз по неколкудневните протести во Грција поради убиството на 15-годишно момче кое загина во саботата од полициски куршум. Демонстрантите влегле во зградата но не стигнале до конзуларните канцеларии на првиот кат, соопшти претставникот за печат на грчката Амбасада.

Грчката полиција употреби солзавец против демонстрантите во Атина и во Солун

Кирилица - 09.12.2008

Во демонстрациите во Атина учествуваа неколку илјади професори, студенти и ученици. Тие излегоаа на улица само неколку часа пред погребот на убиеното 15-годишно момче од страна на полицијата во саботата ...

Четврти ден траат уличните немири во Грција

Сител - 09.12.2008

Грција е во пламен, а владата на Караманлис е парализирана. Ова е оценката на грчките медиуми откако денеска четврти ден по ред траат уличните немири во неколку градови во Грција. Состојбата од час во час ескалира, а најпогодената од протестите, грчката престолнина Атина, се наоѓа на работ на вистинска улична војна меѓу демонстрантите и полицијата.

Атина се подготвува за нови протести

Нетпрес - 09.12.2008

Грчките власти денеска затворија многу од улиците во Атина, по третата ноќ на насилства, предизвикани од група младинци во врска со убиството на 15-годишно момче од страна на полицијата, пренесе АФП. Денеска, на денот на погребот на Алексис Григоропулос, се очекуваат уште протести.

Нови судири пред Парламентот во Атина

Нетпрес - 09.12.2008

Нови судири меѓу ученици и полицајци пред Парламентот во Атина, објавува грчкото радио “Скај“. На плоштадот пред Парламентот, ученици и професори изразиле револт поради убиството на 15-годишниот Александрос Григорпулос, момчето кое во саботата беше застрелано од страна на полицијата.

Нови протести во Атина и Солун

Макфакс - 09.12.2008

Нови протести започнаа денеска во Атина и Солун, а протести има и пред грчката Амбасада во Париз. Групи ученици, студенти и родители се собираат во центарот на Атина, а напоредно, на плоштадот „Омонија“протестен митинг организира Грчката комунистичка партија.

Безредијата ја ослабнаа грчката влада

Макфакс - 09.12.2008

Тродневните немири и протести на грчките млади ја ослабнаа конзервативната влада на Грција, велат аналитичарите. Според нив истрелите на полицијата се искра што ги предизвика немирите, но оти незадоволството долго време тлее поради економијата и серијата политички скандали во кои е вмешана владата.

Караманлис бара единство, Папандреу оставка

Макфакс - 09.12.2008

Грчкиот премиер Костас Караманлис повика денеска на национално единство, додека ширум Грција продолжуваат протестите, а во Атина има нови безредија. Во центарот на Атина протестираат неколку илјади професори, студенти и ученици.

Вандализам по улиците на Солун и Атина

А1 - 08.12.2008

Група млади луѓе вечерва ограбуваат десетици продавници во Солун, но полицијата не интервенира. Вандалските дејствија опфатија продавници за облека и за накит, откако левоориентираната опозиција во Солун организира две демонстрации со учество на над пет илјади луѓе по повод убиството од страна на полицијата на 15-годишно момче во саботата во Атина.

Грција ја очекуваат нови протести

BBC - 08.12.2008

Грчкиот премиер Костас Караманлис им изрази сочувство на родителите на тинејџерот кој во саботата беше убиен од полицаец, што предизвика немири низ Грција. Караманлис рече дека неговата влада ќе дејствува за да го спречи повторувањето на она што тој го нарече - трагедија.

Атина: протестите на младите продолжуваат

Р.С.Европа - 08.12.2008

Неколку стотици студенти денеска во Солун се судриле со полицијата на третиот ден од протестите до кои дојде откако пред два дена полицијата уби едно петнаесет годишно момче. Како што се додава, собирање на помали групи имало и во Атина.

Судирите со полицијата продолжија и денеска

Телма - 08.12.2008

Повеќе од 20 лица беа повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина во текот на ноќта. Повеќе групи млади лица се судрија со полицијата фрлајќи молотови коктели и камења. Медиумите јаувија и за повредени полицајци, оштетени продавници и банки, превртени автомобили.

Атина: Ноќеска продолжија уличните борби

Алсат-М - 08.12.2008

Повеќе од 20 лица се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина кои продолжија и во текот на ноќта. Судирите почнаа вчера откако полицајци во петокот за време на масовни протести на млади луѓе го застрелаа 15 годишникот Андреас Григоропулос во централниот атински кварт Екзархија.

Најмалку 20 повредени во Атина во судири меѓу полицијата и демонстрантите

Алфа - 08.12.2008

Повеќе од 20 лица се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина кои продолжија и во текот на ноќта. Судирите почнаа вчера откако полицајци во петокот за време на масовни протести на млади луѓе го застрелаа 15 годишникот Андреас Григоропулос во централниот атински кварт Екзархија.

Демонстранти се обидоа насила да влезат во Грчката амбасада во Лондон

Алфа - 08.12.2008

Повеќе од стотина насилнички настроени демонстранти се обидоа со употреба на сила да влезат во зградата на Грчката амбасада во Лондон, но беа спречени од британската полиција. Демонстрантите сепак успејаа да го симнат од зградата на Амбасадата грчкото знаме и откако го фрлија на земја, го искинаа.

Грција: Комунистичката партија и Пасок најавуваат масовни демонстрации

Алсат-М - 08.12.2008

Нови судири меѓу полицијата и демонстрантите избувнаа денеска во неколку грчки градови. Во демонстрациите се вклучува и опозицијата. Владата на Караманлис е притисната до ѕид. Немирите избувнаа уште во саботата откако полицијата уби на 15 годишно момче. Протестите против грчката држава се проширија и надвор од Грција, во Берлин и Лондон.

Продолжува уличната војна меѓу анархистите и полицијата во Грција

Алфа - 08.12.2008

„Криминал, хорор и насислство“ пишува на денешнита насловна страница на еден грчки весник, друг - случувањата во Грција ги опишува како Пекол. Трети ден - протестите во Грција не стивнуваат, напротив, тие се проширија низ цела Грција. Од саботата до сега повредени се над 34 цивили и 37 полицајци.

Нови инциденти во Солун, демонстрации во неколку грчки градови

Канал5 - 08.12.2008

Нови инциденти избувнаа денеска во Солун каде што околу 300 студенти и ученици уништија автомобили и искршија излози на неколку продавници, протестирајќи против смртта на 15-годишното момче Андреас Григоропулос убиено завчера од полицијата во централниот атински кварт Екзархија.

Нови инциденти во Солун, демонстрации во неколку грчки градови

Сител - 08.12.2008

Нови инциденти избувнаа денеска во Солун каде што околу 300 студенти и ученици уништија автомобили и искршија излози на неколку продавници, протестирајќи против смртта на 15-годишното момче Андреас Григоропулос убиено завчера од полицијата во централниот атински кварт Екзархија.

Најмалку 20 повредени во Атина во судири меѓу полицијата и демонстрантите

Сител - 08.12.2008

Повеќе од 20 лица се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина кои продолжија и во текот на ноќта. Судирите почнаа вчера откако полицајци во петокот за време на масовни протести на млади луѓе го застрелаа 15 годишникот Андреас Григоропулос во централниот атински кварт Екзархија.

Демонстранти се обидоа насила да влезат во грчката амбасада во Лондон

Сител - 08.12.2008

Повеќе од стотина насилнички настроени демонстранти се обидоа со употреба на сила да влезат во зградата на Грчката амбасада во Лондон, но беа спречени од британската полиција. Демонстрантите, сепак успеаја да го симнат од зградата на Амбасадата грчкото знаме и откако го фрлија на земја, го искинаа.

Тројца полицајци повредени во инциденти во централна Грција

Сител - 08.12.2008

Насилствата и нередите на улиците на грчките градови земаат се поголеми размери. По големите улични судири на демонстрантите и полицијата во центарот на Атина каде само ноќеска и во текот на утрото беа повредени 20 лица.

Нови судири меѓу полицајци и анархисти во Атина

Сител - 08.12.2008

Силите за борба проти нереди употребија солзавец врз околу триста млади луѓе кои се собраа вечерва на централниот плоштад Синтагма во Атина на нови демонстрации во знак на протест против убиството во саботата на 15-годишно момче, застрелано од полицијата.

Во Атина полошо и од времето на воената хунта!?

Вечер Прес - 08.12.2008

Откако грчката полиција во Атина уби 15-годишник, се случи силен бран демонстрации и насилства во Грција, "најголеми по завршувањето на Втората светска војна", оценува лондонски "Фајненшл тајмс". Вчера во Грција избија нови инциденти откако 15-годишниот Андреас Григоропулос во саботата вечер беше убиен од полициски куршум во Атина.

Караманлис: Владата ќе се справи со нередите

Нетпрес - 08.12.2008

Премиерот на Грција, Костас Караманлис, во изјава ветил дека ќе ги прекине “опасните“ нереди во државата, додавајќи дека предизвикувачите на нередите се екстремисти, пренесе АФП. “Неприфатливите и опасни состојби не може и нема да бидат толерирани“, рекол Караманлис во првата јавно дадена изјава од почетокот на нередите во ...

Продолжија протестите во Грција

Макфакс - 08.12.2008

Грчката престолнина Атина и вториот по големина град – Солун денеска ги зафати нов бран насилства во знак на протест поради убиство на тинејџер од страна на полицијата пред два дена. Повеќе илјади грчки средношколци и студенти денеска излегоа на улиците на главниот град на протест, јавија грчките гласила.

Протестите од Грција се проширија и во Берлин

Макфакс - 08.12.2008

Група демонстранти денеска го зазеде грчкиот генерален конзулат во Берлин, приклучувајќи им се на протестите против полицијата која во Атина усмрти 15-годишно момче. Протести во врска со убиството веќе трет ден ја потресуваат Грција, во кои се повредени 34 лица, запалени десетици згради и автомобили и приведени најмалку 20 луѓе.