TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

708 жртви, над 8.100 заразени од САРС

А1 - 25.05.2003

Во светот досега како последица на САРС починале 708 лица, а повеќе од 8.100 лица се заразени. Најголем број лица починати од САРС се регистрирани во Кина - 308, каде има и најголем број на заболени - 5.309 лица. По Кина, следуваат Хонгконг со 1.724 заразени, потоа Тајван со 570 и Канада со 140.

Две нови жртви на САРС во Торонто

А1 - 24.05.2003

Локалните власти во Торонто предупредија денеска на можно ново ширење на вирусот што предизвикува атипично воспаление на белите дробови САРС, откако во градот умреа уште две лица кои беа заболени. Торонто беше пред неколку недели на второ место по број на заболени од САРС, но властите и Светската ...

Укинати забраните за патување во Хонгконг и во Гуангдонг

Утрински - 24.05.2003

Светска здравствена организација ЖЕНЕВА - Светската здравствена организација(СЗО) вчера ги повлече предупредувањата кои ги даде, а се однесуваа на тоа да не се патува во Хонгконг и во јужната кинеска провинција Гуангдонг, соопштувајќи дека таму САРС е под контрола.

Нова закана од САРС во Торонто

Дневник - 24.05.2003

ЕДНА НЕДЕЛА ДЕНА ПО ЕПИДЕМИЈАТА Лекарите од Торонто испитуваат четири нови случаи на пациенти, кои можеби боледуваат од смртоносната пневмонија САРС, иако пред една недела Канада беше прогласена за земја во која оваа болест е скротена, јави Ројтерс.

Нови 55 заболени од САРС во Тајван

А1 - 23.05.2003

Тајванските власти денеска пријавија 55 нови случаи на лица заболени од САРС, со што билансот на заразените од вирусот во Тајван достигна 538 лица. Според податоците на санитарните власти, на островот како последица на атипичната пневмонија на Тајван досега починаа 60 лица.

ОН планираат фонд од 100 милиони долари за САРС

Утрински - 23.05.2003

Планови ЊУЈОРК - Светската здравствена организација планира да собере 100 милиони долари од компаниите за да се бори против вирусот САРС, кој уби стотици лица, а илјадници инфицираше, првенствено во Кина и во Хонгконг, пишува во вчерашниот број на весникот "Волт стрит џурнал".

Српскиот институт Винча открил средство што го убива вирусот САРС?

Дневник - 23.05.2003

БОРБА ПРОТИВ СМРТОНОСНАТА ЕПИДЕМИЈА Во контакт со кожа контаминирана со САРС нашето средство се врзува за вирусот и го извлекува од кожата - соопшти Институтот во Винча Српскиот Институт за нуклеарни науки Винча соопшти дека развил средство за извлекување на вирусот на смртоносната пневмонија САРС ...

Пронајдено средство кое го отстранува САРС

А1 - 22.05.2003

Во лабораторијата за мултидисциплинарни истражувања на институтот за нуклеарни науки „Винча“ од Белград е пронајдено средство кое го отстранува смртоносниот вирус САРС од кожата на човекот. „Врз основа на резултатите од проучувањето на површинскиот протеин на вирусот САРС и негови компоненти е ...

Во Романија хоспитализиран Канаѓанец заради САРС

А1 - 21.05.2003

Канадски државјанин е хоспитализиран во болницата во романскиот град Баку со симптоми на атипичната пневмонија САРС. Канаѓанецот пристигнал во Романија на 16 мај, како претставник на канадската адвентистичка црква и имал симптоми карактеристични на акутниот респираторен синдром.

Наесен нов бран на САРС во Европа и САД

Вест - 21.05.2003

Брисел, 21 мај - Следната есен повеќекратно ќе се зголеми интензитетот на тешкиот акутен респираторен синдром и ќе предизвикува смртни случаи низ целиот свет, изјави вчера во Брисел американскиот секретар за здравство Томи Томпсон.

Стјуардесата во Атина, сепак, нема САРС

Дневник - 21.05.2003

ТРЕВОГАТА ВО ГРЦИЈА БИЛА ЛАЖНА Испитувањата извршени врз јужноафриканската стјуардеса, кај која пред 10 дена беа откриени можни симптоми на САРС, покажале дека таа не боледува од смртоносната пневмонија, јави МИА. Стјуардесата во Атина дојде од Хонг Конг, едно од жариштата на смртоносната болест, и ...

Нови случаи на САРС во Тајван

А1 - 20.05.2003

Во Тајван се регистрирани нови 39 случаи на САРС, со што бројот на заболени во земјата достигна 383, соопштија властите во Тајпеј. Повеќе од 90% од заболените се заразиле со САРС во болниците во Тајван, од каде поради страв од болеста си заминале 140 лекари.

Светот не е спремен за нови болести

Вест - 20.05.2003

ЖЕНЕВА, 20 мај (Ројтерс) - Државите во светот мора да ја зајакнат одбраната од инфективни болести бидејќи се појавуваат потенцијални смртни болести како што е САРС-от, соопштија вчера претставници на Светската здравствена организација.

Казни за четири лица кои не се јавиле на здравствен надзор за САРС

Утрински - 20.05.2003

ИНСПЕКТОРАТ СЃEЃEЃE- ДржавыGъC саыGтареЃEЃEздравствен инспектораЃEќе доставЃEбарање за ЃEведување ЃEекршъHъь ЃEстапЃE ЃEъCив четвъAицЃEЃEЃEдоыPЃE државјанЃEьC СЃEЃEЃEЃE БитьJЃEЃEради тоЃEштЃEЃE враќањетЃEьC едъь ьC ризичнитЃEзеЃEЃEсо САРС ыD се јавилЃEъь здравствен ъьдзъA.

"Паднаа" маските против САРС

Дневник - 20.05.2003

НАЈНОВА МЕРКА ПРОТИВ СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА Цариниците и полицајците што работат на граничните премини во земјава повеќе нема да носат маски против САРС. Вработените ќе се заштитуваат со маски само кога на аеродромите и на други места ќе има најава дека некој патник со симптоми на САРС ќе влезе во ...

Над 400.000 деца се вратија во училиштата во Хонг Конг

А1 - 19.05.2003

Повеќе од 400.000 деца се вратија во училиштата во Хонг Конг со маски на лицето, откако пред седум недели властите донесоа одлука за затворање на образовните установи како мерка за спречување на ширењето на САРС. Во изминативе 24 часа во Кина како последица на САРС починаа пет лица, а регистрирани ...

Четири лица не се јавиле на здравствен надзор за САРС

А1 - 19.05.2003

Државниот санитерен и здравствен инспектор ќе достави барање за покренување на прекршочна постапка против четворица македонски државјани од Скопје и Битола поради тоа што по враќањето од една од ризичните земји со САРС не се јавиле на здравствен надзор.