TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Канта тропа

Вест - 22.12.2001

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Кога ќе се стопи снегот, белки ќе ја има Македонија 1 Колку е се релативно. Падна еден снег и се заборавивме. Паднаа снегови, покрија траги. Тоа што десет месеци имавме војна, не значи ништо во однос на проблемите што ни ги направи снегот.

Толевски се избори за канта сирење

Вест - 21.12.2001

ШТРАЈКОТ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА СТАВЕН ВО МИРУВАЊЕ Синдикатот ја прифати владината одлука регресот за годишен одмор на буџетарите да се исплати во канта сирење и 2.000 денари во кеш и го одложи штрајкот до февруари, до кога Владата треба да ја утврди најнискат Синдикатот ја прифаќа понудата на ...

Кантата сирење го одложи генералниот штрајк за два месеци

Дневник - 21.12.2001

СИНДИКАТОТ НА ТОЛЕВСКИ ТАКТИЗИРА Не е спорно како ќе биде исплатен регресот, бидејќи и според меѓународните конвенции, и платите и регресот може во одредени околности да бидат исплатени во натура - рече претседателот на ССМ Генералниот штрајк на вработените во јавниот сектор се става во мирување до ...

Административците го замрзнаа штрајкувањето до февруари

А1 - 20.12.2001

Организаторите на генералниот штрајк на стоилјадната јавна администрација се задоволни од одговорот на владата по нивнте барања и поради тоа штрајкот го ставаат во мирување до крајот на февруари идната година. Владата во вторникот донесе одлука, да им исплати на буџетарите К-15 и тоа 2 илјади ...

Синдикалните лидери се продадоа за канта сирење

Дневник - 20.12.2001

Коментар - Слободан Содиќ Во Македонија нема да има вистински синдикат се додека нашиве синдикални лидери бараат исплата на регресот за годишен одмор, популарно наречен "К-15". Колку е мрсно тоа сирење штом синдикалците размислуваат преку ноќ да ги заменат своите барања декларирани во воинствените ...

Буџетарите и годинава ќе добијат социјален третман

Капитал - 20.12.2001

Буџетарите и годинава ќе добијат социјален третманВладата одлучи регресот за годишен одмор или популарно наречениот К-15 на административците да им го исплати дел во пари, а дел во натура. Паричниот износ би бил 2.000 денари, а останатиот дел ќе се исплаќа во прехрамбени производи Биљана ...

Буџетарите ќе добијат по канта сирење и 2.000 денари во кеш

Вест - 19.12.2001

ВЛАДАТА ПОПУШТИ ЗА К-15 Владата вчера донесе одлука на вработените во државната администрација и јавниот сектор да им го исполни барањето за исплата на К-15. Според вчерашната владина одлука, на секој од овие вработени ќе му се дели по канта сирење или пита кашкавал плус 2.000 денари во кеш.

За буџетарите, наместо К-15, канта сирење и по 2.000 денари

Дневник - 19.12.2001

ВЛАДАТА И СИНДИКАТИТЕ СЕ СПОГОДИЈА Сто илјади вработени во јавната администрација ќе добијат по една канта сирење или пита кашкавал и по 2.000 денари, наместо регрес за годишен одмор, популарниот К-15, соопшти вчера Бедредин Ибраими, министерот за труд и социјална политика.

Административците ќе добијат К-15

А1 - 18.12.2001

Владата денеска донесе одлука да им исплати К-15 на 100 илјади вработени во јавната администрација. Регресот за годишен одмор кој е утврден на 6 илјади денари по работник, буџетарите ќе го добијат дел во парични средства, а дел во натура, изјави министерот за труд и социјална политика Бедредин ...