TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во случајот со Тоше за жал не бил почитуван ниту еден од професионалните стандарди за ВИП личности

Канал5 - 28.10.2007

Тоше Проески не смеел да управува со Туарегот на патот кон Загреб туку требало да седи на задното седиште во будна состојба, џипот требало да го управува професионален возач а не негов другар, и пред нив да се движи второ возило претходница – ниту еден од овие професионални стандарди при ...

Тагуваат за Тошекако некогаш за Тито

Време - 27.10.2007

И „ГАРДИЈАН“ ПИШУВА ЗА МЕГАЅВЕЗДАТА И британскиот весник „Гардијан“ објави текст за македонската и балканска ѕвезда Тоше Проески, во кој се наведува дека на просторите од поранешна Југославија по Тоше се тагува како некогаш по Тито.

Тоше немал сини картони

Вест - 27.10.2007

SВЕЗДАТА ЗАГИНА БЕЗ ЗДРАВСТВЕНО И ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ За последната година од животот на Тоше не се плаќани никакви придонеси. До 30 септември 2006 година мегаsвездата се водел како вработен во "Фајнал кат. Т. продукција" на неговата менаџерка Љиљана Петровиќ, ко Тоше Проески загина без ...

Гажоска: Костовски ги навреди Тоше и неговите најблиски!

Време - 27.10.2007

РЕАКЦИИ ПО ИЗЈАВИТЕ НА СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК Изјавите на скопскиот градоначалник Трифун Костовски дека нашиот Тоше Проески бил погребен како криминалец, се избрзани и иритирачки, реагираше вчера крушевската градоначалничка Лефкија Гажоска, заедно со членовите на советот и целата администрација во ...

Љиља сакаше Тоше да биде слободен

Вест - 27.10.2007

АНДРИЈАНА БУДИМИР: - Менаџерката на Тоше Љиљана Петровиќ и уште некои луѓе околу Тоше инсистираа тој да има имиџ на слободно момче. Тој со тоа не се согласуваше, но ми рече да почекам до Нова година, да минат сите негови концерти, па ќе ги стави работите на свое место - вели Андријана Будимир за ...

„Гардијан“_ По Тоше тагуваат како по Тито

Утрински - 27.10.2007

Британскиот „Гардијан“ напиша сторија за Тоше Проески, детално ја опиша неговата кариера и сообраќајна несреќа која го однесе 26-годишниот поп-великан во смрт. Бран тага се чувствува низ Балканот, не само во татковината на Тоше, Македонија, туку и во Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија ...

„Глорија“_ Тоше ги имаше сите адути да стане светска ѕвезда

Утрински - 27.10.2007

„Осумдесет отсто од материјалот е завршен“, вели Миро Буљан, на кого Тоше му даде да ги преслуша сите песни за англискиот албум Реакциите околу загинувањето не стивнуваат. За него пишуваат сите медиуми од регионот, но и многу од светот Хрватската „Глорија“ во своето најново издание пишува за ...

Ликот на Тоше и на трибините во Белград

Дневник - 27.10.2007

Огромен постер со ликот на Тоше Проески, неколку пати се развиори на јужната трибина на Маракана. На оваа трибина беа сместени неколкуте стотици македонски навивачи што организирано допатуваа за ...

Тоше со три албуми на врвот на хрватската топ-листа

Дневник - 27.10.2007

Првите три позиции на официјалната хрватска топ-листа на албуми во изминатава недела му припаднаа на трагично загинатиот македонски пејач Тоше Проески. На самиот врв на рангирањето е последното цеде на 26-годишниот изведувач, „Игри без граници“, а веднаш зад него се наоѓаат „Божилак“ и „По тебе“.

Никој не го отвора чекмеџето за обнова на Универзална сала

Дневник - 27.10.2007

За спас на распадната сала се потребни 800.000 евра, но вчера никој не кажа дали и кога се планира обнова , имајќи го предвид предлогот таа да го носи името на Тоше Проески Околу 800.000 евра се потребни за целосно реновирање на Универзалната сала, за која се предлага да го носи името на трагично ...

Се бараат нови тиражи

Вечер Прес - 27.10.2007

Она што се случува со продажбата на албумите по трагичната смрт на Тоше Проески е вовед во она што требаше да биде потфат во неговата кариера. Она што требаше да следува од нашиот Тоше - пробој на странскиот пазар! Во изминативе неколку години тој беше недостижен за сите домашни изведувачи, за што ...

Универзалната сала да се вика сала „Тоше Проески“

Време - 26.10.2007

ИНИЦИЈАТИВА Универзалната сала да го носи името на големиот уметник Тоше Проески е иницијативата што вчера ја усвои советот на градот Скопје, по предлог на советничката група на Либералната партија. Во образложението се вели дека реакциите во целиот свет по неговата трагична смрт се само показател ...

Немаше кворум за Тоше

Вест - 26.10.2007

НА ВЧЕРАШНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ Место да расправаат за предлогот на Либералната партија Унивезрална сала да се вика Тоше Проески, советниците речиси цела седница ја преседоа во бифето на кафе и цигари, па претседавачот мораше да ја прекине Советничката група на Либералната партија вчера ...

Чистка за дивите продавачи на пиратски цедеа од Тоше

Време - 26.10.2007

ПАЗАРНИТЕ ИНСПЕКТОРИ НАЈАВИЈА АКЦИЈА Антонија Поповска Државните пазарни инспектори деновиве ќе организираат акција во која ќе ги гонат дивите продавачи што продаваат пиратски цедеа од концерти и песни на Тоше Проески. Од Инспекторатот велат дека акцијата ќе ја спроведат во Скопје, на пазарот во ...

На Љиља да и се простат 180.000 евра

Вест - 26.10.2007

СТЕЧАЈНИОТ НА ФАЈНАЛ КАТ БАРА ОД ДРЖАВАТА Четири дена по загинувањето на Тоше Проески, стечајниот управник на "Фајнал кат. Т. продукција" побарал од Даночната управа да се простат долговите во износ од 11.088.867 денари, затоа што ексклузивецот на прод Стечајниот управник на "Фајнал кат. Т.

Костовски: Тоше е погребан на несоодветно место

Време - 26.10.2007

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ РЕВОЛТИРАН Тоше Проески беше погребен како криминалец, набрзина и без да се остави можност да му оддадат почит сите што сакаат, рече вчера скопскиот градоначалник Трифун Костовски, револтиран од начинот на кој бил организиран погребот на македонската поп-ѕвезда.

„Тајмс“_ Балканот тагува за Тоше Проевски како светот за Присли и за Ленон

Утрински - 26.10.2007

„Тајмс“ Лондонскиот весник им ја претстави македонската поп-ѕвезда на своите читатели Портретот на Тоше Проески е поместен во рубриката посветена на животот и работата на познати британски и светски научници, политичари и уметници Тоше Проески беше најпопуларниот пејач на Балканот, кој во текот на ...

Универзална сала да го носи името „Тоше Проески“

Дневник - 26.10.2007

Универзалната сала да го носи името на трагично загинатиот пејач Тоше Проески, му предложи вчера советникот Иван Величковски на Советот на Град Скопје. Иницијативата е поднесена токму за Универзална сала, бидејќи таму Тоше Проески првпат настапил пред публиката уште како дете на фестивалниот ...

Универзална сала да се вика Тоше Проески

Вечер Прес - 26.10.2007

Универзална сала - Тоше Проески. Такво име заслужува скопскиот централен објект за организирање на приредби кој уште со самата градба е одраз на солидарноста и му е подарена на Градот во услови на голема тага и загуба по земјотресот во 1963 година.

Тоше Проески ги надмина разликите на народите на југот од Европа

Вечер Прес - 26.10.2007

Весникот "Тајмс" рубриката што ја посветува на животот и работата на познатите британски и светски научници, политичари или уметници, овој пат ја посвети на трагично починатиот македонски пејач Тоше Проески. Најпопуларниот пејач на Балканот, пишува "Тајмс", во текот на својот краток живот, кој на ...

Универзалната сала да се преименува во „Тоше Проески“

А1 - 25.10.2007

Едноминутно молчење и иницијатива - Универзалната сала да се преименува во „Тоше Проески“. Советниците на Либералната партија го предложија менувањето на името со образложение дека градот на ваков начин може да и оддаде признание на најголемата ѕвезда која воопшто ја имала државата.

Нина Јанева со песна за Тоше

Време - 25.10.2007

Нина Јанева, поранешна членка на женската група „4Плеј“, се враќа на македонската музичка сцена со песна посветена на мегаѕвездата Тоше Проески. Станува збор за балада со трогателен текст, кој го напиша самата. Музиката, аранжманот и продукцијата се на Бобан Апостолов-Џани.

Девет дена лелеци за Тоше

Вест - 25.10.2007

ВО КРУШЕВО ОДРЖАН ПОМЕН ЗА МЕГАSВЕЗДАТА Во траорна атмосфера, скршени од болка и вчера на деветдневниот помен за Тоше Проески во црквата Успение на Св. Богородица и на гробот на македонската мегаsвезда на Гумење во Крушево се собраа неговото семејство, роднини и пријатели, негови обожаватели, ...

Парите на Тоше од ЗАМП се службена тајна

Вест - 25.10.2007

Колку пари има Тоше Проески на име авторски права, во ЗАМП велат е службена тајна. Односно дека за тоа јавно може да прозбори само авторот или неговите наследници доколку авторот е починат, како што е во случајов Тоше Проески.

Достоинствено со името на ѕвездата

Утрински - 25.10.2007

Девет дена по трагичната загуба на омилениот македонски пејач Тоше Проески, тагата по него не стивнува. Како единствена тема речиси на сите контактни радио и ТВ-емисии е смртта на Тоше, а мобилните оператори не можат да постигнат да ги пренесат пораките со сочувства и жалење од народот, кој како ...

Чест и почест

Утрински - 25.10.2007

Кич-митологии ВЕНКО АНДОНОВСКИ Да ги чествуваме великите и додека се живи, зашто почеста е задоцнет знак на признавање: доаѓа по смртта Минатиот вторник, два часа откако ја предадов колумната за „Утрински“, стигна трагичната вест за смртта на Тоше Проески.

Девет тажни дена без Тоше

Утрински - 25.10.2007

Вчера, во неговото родно Крушево, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, се одржа деветдневен помен. На гробиштата, неговиот нов дом, родителите и роднините повторно му го натопија гробот со солзи. Нивната тага нема почеток, нема средина и нема крај, сеедно што секој од нас со Тоше загуби ...

Тоше праќа нови пораки

Утрински - 25.10.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ЕРОЛ РИЗАОВ Македонија тагува по Тоше со посилен интензитет од првиот ден по големата трагедија. Болката не стивнува. По шокот и невербата, сега Македонија се соочува со реалноста. Скопскиот плоштад станува ѕид на плачот, но и на почитта, а Крушево македонски Нешвил.

Владиката Петар ја злоупотребува трагедијата на Проески

Дневник - 25.10.2007

По повод недоличната изјава на недостојниот владика Петар, во која злонамерно ја лаже јавноста дека „одметнати припадници и расчинети свештеници на МПЦ организираат панихида за Тоше Проески на стадионот „Македонија“ во Сиднеј, за 26 октомври“ за недозволено да собираат донации за доградба на ...

Грција против спортската химна на Тоше

Дневник - 25.10.2007

Амбасадорката во Скопје, Александра Пападопулу, на странските амбасадори им се пожалила дека во спортската химна што ја изведува Проески се спомнува Александар Македонски Грција во битката за името се фати и за спортската химна „Македонија навива за вас“, која ја отпеа трагично загинатиот Тоше ...

Тоше го изгубивме поради непрофесионализам

Дневник - 25.10.2007

Не требаше да дозволиме македонската ѕвезда да патува без барем двајца професионални возачи, вели првиот братучед, кој ги носи истото име и презиме на трагично загинатиот пејач Го изгубивме поради непрофесионален однос на луѓето што се грижеа за него, обвини на вчерашниот деветдневен помен во ...

Универзалната сала да го носи името на Тоше Проески – предложија скопските либерали

Канал5 - 25.10.2007

Советот на град Скопје предлози иницијатива скопската Универзална сала да се преименува во универзална сала Тоше Проески. За да тргне реализацијата на оваа идеа на скопските либерали градоначалникот ќе побара согласност од семејството на Тоше и од комисијата за заштита на ликот и делото на Проески.

Камбек со песна за Тоше!

Вечер Прес - 25.10.2007

Нина Јанева во јавноста позната како членка на некогашниот женски состав "4 Плеј" реши да и се врати на музиката, како солист. По распаѓањето на бендот и Нина ја снема од музичката домашна сцена, но деновиве таа реши да се врати и тоа со песна посветена на легендарниот Тоше Проески.

Девет дена од загинувањето на Тоше

Вечер Прес - 25.10.2007

Родителите, најблиски роднини и пријатели и голем број обожаватели на Тоше Проески вчера присуствуваа на деветдневниот помен на трагично загинатата, најголема македонска музичка ѕвезда - Тоше Проески. Поменот се одржа во црквата "Успение на пресвета Богородица" во Крушево.

Не се дружам со хомосексуалци

Вечер Прес - 25.10.2007

Неколку дена пред трагичната смрт, македонската ѕвезда Тоше Проески за српскиот весник "Курир" го дал своето интервју во кое што зборувал за себе, за пријателите и за животот. Како што стои во "Курир", искрен до наивност, тој тврдел дека од пријателите никогаш нема да се откаже и дека за ...

Деветдневен помен од загинувањето на Тоше

А1 - 24.10.2007

Во црквата Успение на пресвета Богородица во Крушево денеска се одржа деветдневниот помен од трагичното загинување на најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески. Во болна тишина пред гробот на Тоше, освен неговите родители и најблиски роднини и пријатели, присуствуваа и голем број ...

Сите спиеле, никој не бил врзан

Време - 24.10.2007

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА НЕСРЕКАТА НА ТОШЕ Никој од тројцата патници во „туарегот“, поп-ѕвездата Тоше Проески, возачот Ѓорѓи Ѓорѓески и менаџерката Лилјана Петровиќ, не бил врзан со сигурносен појас во моментот на ударот во камионот, соопштуваат хрватските обвинители, кои се уште ја комплетираат ...

Цеца ќе организира голем концерт во чест на Тоше

Вест - 24.10.2007

Српската мегаsвезда Цеца Ражњатовиќ, заедно со неколкумина српски колеги, планира да организира голем концерт во чест на трагично починатата мегаsвезда Тоше Проески. Српската мегаsвезда Цеца Ражњатовиќ, заедно со неколкумина српски колеги, планира да организира голем концерт во чест на трагично ...

Струмица плачеше на песните на Тоше

Вест - 24.10.2007

ТВ-водителката Здравкица Билбиловска завчерашната караоке-журка во популарниот струмички ноќен клуб "Селект" и ја посвети на трагично починатата мегаsвезда Тоше Проески. Во преполниот клуб, вечерта се пееја само песните на Тоше.

Будимир_ Тоше сакаше да му родам дете!

Утрински - 24.10.2007

Пренесено Исповед на големата љубов на Тоше Андријана Будимир за хрватски „Национал“ Многу сакавме деца, но поради неговата кариера, тоа беше невозможно, вели Андријана Будимир „Принцезо моја единствена, убаво да нанкаш, а јас ќе те чувам во сонот. Се' има смисла откако си повторно во мојот живот.

Ширум отворени раце

Утрински - 24.10.2007

Контрапункт НИКОЛА ГЕЛЕВСКИ Се надеваме дека особености кои толку благородно се сплотуваа во нашиот сега веќе митски пејач нема да останат скината страница Сега сме сосем во шумот на говор што се моли, сега е сокрушен умот, сега се душите голи. Сега е длабок зборот и тој со шепот цели.

Англиските менаџери му предвидувале на Тоше светска кариера

Утрински - 24.10.2007

Менаџерката Петровиќ треба да одлучи дали и кога ќе биде издаден албумот на англиски Тоше Проески и Џана Нанини Катерина Шекеровска Трагичната смрт на Тоше Проески ги затече и неговите менаџери во Англија, кои на нашиот пејач му предвидуваа блескава кариера во светски рамки.

Пандев му го посвети на Тоше победоносниот гол за Лацио

Утрински - 24.10.2007

Македонскиот интернационалец во знак на почит спрема неговиот добар пријател и другар по постигнувањето на голот, го соблече дресот на Лацио, и ја покажа маичката на која се наоѓаше портретот на Тоше Проески Нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев, кој настапува во редовите на римскиот прволигаш ...

Заштита на ликот и делото на Тоше

Утрински - 24.10.2007

Владата на Македонија одлучи да формира работна група која ќе ги координира иницијативите за заштита на ликот и делото на трагично загинатиот Тоше Проески. Работната група, формирана по барање на родителите на Проески, ќе ја сочинуваат претставници од министерствата за култура, за правда и за ...

Возилото на Тоше се движело со брзина од 171 километар на час

Дневник - 24.10.2007

Полицијата не нашла докази дека патниците биле врзани со безбедносни појаси, поради што не се отвориле воздушните перничиња Возилото во кое настрада Тоше Проески во моментот на несреќата се движело со брзина од 171 километри на час, јавува хрватскиот портал „24 часа“, повикувајќи се на извори ...

Тоше беше моја љубов и мој живот

Дневник - 24.10.2007

Неколку дена пред несреќата Тоше ми кажа: „Уште една година и сакам да ми родиш дете“,изјави Будимир Ден по погребот на трагично загинатиот македонски пејач Тоше Проески, неговата девојка Андријана Будимир во неговата родна куќа во Крушево за хрватскиот магазин „Екстра“ ја раскажа приказната за ...

Пандев голот му го посвети на Тоше

Дневник - 24.10.2007

Голот на Горан Пандев во дуелот против Ливорно му беше посветен на неодамна загинатиот Тоше Проески . Веднаш по постигнувањето на погодокот, Пандев го соблече дресот, покажувајќи ја маичката со ликот на Тоше. За тој потег, Пандев доби жолт картон, но нашиот репрезентативец покажа во чија чест е ...

ЗБОГУМ, ТОШЕ...

Капитал - 24.10.2007

IN MEMORIAM ТОДОР ТОШЕ ПРОЕСКИ (1981-2007) ЗБОГУМ, ТОШЕ... Секогаш насмеан и добро расположен, пленеше со енергијата и својата добрина. Тоше за својот живот, сосема несвесно, беше еден од најдобрите амбасадори на Македонија во регионот и пошироко.

Семејството на Тоше Проески нема да бара дополнителна истрага за несреќата

Канал5 - 24.10.2007

Колку што времето одминува, толку тагата и болката по ѕвезденото момче Тоше Проески стануваат посилни. Во невообичаен мир, кој се чувствува во Крушево, на Гумење, крај неговиот гроб и денеска, девет дена по неговата смрт, неговите најблиски, стотици обожаватели, другари и пријатели од естрадата.

Цеца ќе организира концерт, а Жељко паузира од музика!

Вечер Прес - 24.10.2007

Во чест на нашиот Тоше Проески, Цеца Ражнатовиќ најавува дека со неколкумина свои колеги планира да организира концерт за сите почитувачи на неговиот лик и дело. "Тоше заслужи луѓето од Србија да му се оддолжат на таков начин.

Тоше вечна инспирација на Пандев

Вечер Прес - 24.10.2007

Успехот на римскиот Лацио на гостувањето во Бремен најмногу зависи од играта на репрезентативецот на Македонија Како никогаш досега, успехот на италијанскиот претставник Лацио, во 3. коло од Лигата на шампионите, најмногу ќе зависи од моменталната инспирација на најскапиот поединец во нивните ...

Будимир: Тоше беше мојата љубов и мојот живот

Вечер Прес - 24.10.2007

Ден по погребот на трагично загинатиот Тоше Проески, неговата девојка Андријана Будимир, во куќата на Тоше во Крушево, за хрватскиот весник "Екстра" ја раскажала драматичната приказна за нејзината скриена љубов. Интервјуто објавено во овој весник започнува со пораката: "Принцезо моја единствена.

Туарегот на Тоше возел со 171 км на час

А1 - 23.10.2007

Со брзина од 171 километар на час се движел џипот на Тоше Проески кога се случил судирот со камионот. По една недела вештачењето на Туарегот во Хрватска заврши. Брзото возење и недржењето потребно растојание и официјално е потврдено, се основните причини за стравотниот судир во кој загина Тоше.

Преголемата брзина и непрописното растојание причини за фаталната несреќа на Тоше Проески

Канал5 - 23.10.2007

Брзината од 171 километар на час со која „туарегот“ удрил во камионот и непрописното растојание меѓу двете возила биле фатални за Тоше Проески. Џипот бил технички исправен – утврдил сообраќајниот вештак од Славонски Брод. Брзината од 171 километар на час со која туарегот удрил во камионот и ...

Името на Тоше се користи за профит

А1 - 22.10.2007

Пиратски цедиња, слики со Тоше. Тоа деновиве е главниот бизнис на плоштадот „Македонија“ токму на местото каде уште се палат свеќи и се плаче за изгубениот живот на мега ѕвездата. Се продаваат за 50 денари, ги снемува за десетина минути.

Тоше возел од Скопје до хрватската граница

А1 - 22.10.2007

Тоше Проески управувал со својот џип од Скопје до хрватската граница. Откако го извозел поголемиот дел од патот кон Загреб, по минувањето на границата меѓу Србија и Хрватска, местото му го отстапил на неговиот другар Ѓорѓи Ѓорѓески.

Наследникот на Тоше можеби ќе пее и на грчки

Вест - 22.10.2007

Грчкиот дневен весник "Катимерини" во петокот објави коментар во кој смртта на Тоше Проевски ја врзува со грешките на грчката политика кон Македонија. "Да, една млада држава како оваа, која стана независна во 1991 година, заслужи да има 26-годишен херој и да жали за него.

Македонското вино е како песните на Тоше

Вест - 22.10.2007

ПРВ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА МАКЕДОНСКИ ВИНА Колку и да ги слушаш песните на Тоше нема да ти досадат, а виното колку и да го пиеме не можеме да престанеме, рече градоначалникот Трифун Костовски Со штандови поставени на Кејот 13 Ноември викендов се одржа првиот интрнационален фестивал за ...

Андријана има право на тага

Вест - 22.10.2007

МАЈКАТА НА БУДИМИР ЛУТА НА МЕДИУМИТЕ Ќерка ми има право на своја тага, затоа, ве молам, оставете ја да тагува и не зборувајте се и сешто, не заради неа, туку заради Тоше, изјави вчера за "Вест" Милена Будимир, мајката на Андријана Скршена од тага шест дена по смртта на Тоше Проески, Андријана ...

Бендот на Тоше_ чест ни е што бевме избрани од легендата

Утрински - 22.10.2007

Јасминка Павловска Како и да се викале некогаш, четворката Трајче Симоновски- Таци, Златко Михајловски - Бумбар, Предраг Икономовски и Драган Ѓуровски - Роки, од 16 октомври 2007 година ќе бидат познати како бендот на Тоше. Тоа се луѓето со кои Тоше Проески, во последните пет - шест години ја ...

Тоше

Утрински - 22.10.2007

Мислења ЃОРЃИ СПАСОВ Не мешајте ја лошата среќа со лошиот менаџмент Знам дека гневот не е добар советник на умот. Но сите деновиве сме и гневни, и несреќни, и тажни. Откако загина Тоше сите чувствуваме како да умрел дел од нас.

Колкава е оставината на Тоше Проески

Утрински - 22.10.2007

„Буба кабриолет“, вредна околу 20.000 евра, која сега е паркирана пред куќата во Злокуќани Покрај неговите песни, Тоше остави стан во скопско Црниче и луксузна куќа во Злокуќани ГОРАН АДАМОВСКИ АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВ Покрај огромното национално богатство што го остави Тоше Проески со своите песни, ...

Македонија и Крушево ќе го овековечат Тоше Проески

Утрински - 22.10.2007

Крушевчани тагуваат, но горди се на својот сограѓанин. Велат неговото дело и бескрајната хуманост ќе ги паметат вечно МОНИКА ТАЛЕСКА Крушево е без Тоше, но се чини крушевчани се со Тоше повеќе од кога и да е. Секојдневно со многу други граѓани, стари и млади, од сите градови на државава го ...

Семејството Проески и МПЦ се оградуваат од панихидата за Тоше во Сиднеј

Утрински - 22.10.2007

Администраторот на Епархијата, г. Петар Г. Петар: Злоупотреба на името и ликот на трагично загинатиот Тоше, организирана расчинети свештеници Австралиско-новозеландската епархија при Македонската православна црква и семејството на трагично загинатата поп-звезда Тоше Проески, се оградуваат од ...

Соседите пишуваат за идејата Тоше да биде прогласен за светец

Утрински - 22.10.2007

ПРЕНЕСЕНО Веста дека македонската поп-икона, Тоше Проески, кој трагично загина во несреќа во Хрватска, би можел да биде прогласен за светец, ја пренесоа повеќето хрватски и белградски медиуми. „Колку Тоше Проески и' значеше на неговата родна земја Македонија покажува веста дека тамошната ...

Возачот Георгиевски отпуштен од болницата

Дневник - 22.10.2007

Ѓорѓи Георгиевски, возачот на „туарегот“ во кој загина Тоше Проески, вчера во 9 часот ја напушти болницата во Нова Градишка и со санитетско возило требаше вчера доцна попладне да пристигне во Скопје, потврдија од болницата. Санитетското возило ја напушти болницата во Нова Градишка во придружба од ...

Се уште не е готов изшатајот од вештачењето за несреќата во која загина Тоше Проески

Канал5 - 22.10.2007

Извештајот на вештакот од Славонски Брод што треба да ги даде клучните одговори за причините за несреќата во која загина Тоше Проески не е готов и покрај најавите дека денеска ќе биде комплетиран. Извештајот на вештакот од Славонски Брод што треба да ги даде клучните одговори за причините за ...

Светска банка и економија го редуцираа за пет пати помалку бројот на стечајни управници

Канал5 - 22.10.2007

Во следниве две години Министерството за економија ќе ангажира само 100 стечајни управници кои ќе ја решаваат судбината на 3.300 македонски фирми. Во следниве две години Министерството за економија ќе ангажира само 100 стечајни управници кои ќе ја решаваат судбината на 3.300 македонски фирми.

Идоли

Вечер Прес - 22.10.2007

Тешко човек признава дека нешто е поголемо од него самиот. Обично величините над себе ги признава откако нема да бидат живи. Така му е полесно. Како млад го читав Ниче. Не му верував дека животот со митови и идоли е под човечкото достоинство. За среќа, не му поверував.

Разграбано ЦД-то со песната на Тоше

Вечер Прес - 22.10.2007

Поради големиот интерес за ЦД-то "Македонија навива" посветено на легендата Тоше Проески, чии примероци во саботата се делеа бесплатно на плоштадот Македонија во Скопје, Агенцијата за млади и спорт најавуваат дека ќе испечатат уште еден тираж на компакт дискот.