TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Средба меѓу просветарите и Владата

А1 - 26.06.2005

Засега нема никакви информации, со каков предлог истапува ниту Владата, ниту пак синдикалците. Она што неофицијално го дознаваме е дека преговорите одат тешко и неизвесно е дали денеска воопшто ќе биде најдено решение прифатливо за двете страни.

Нема компромис со Владата за најниската плата

Време - 24.06.2005

ПО ЗАВЧЕРАШНИТЕ ПРОТЕСТИ НА СОНК Ќе преговараме само ако Владата разговара за најниската плата, а ако повторно ни нудат само проценти, ќе ги напуштаме преговорите, рече вчера Дојчин Цветановски, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Муратовски во паника

Вест - 24.06.2005

ВО ССМ ВРИЕ Во Претседателството на Сојузот на синдикати на Македонија се формирала критична маса за разрешување на синдикалниот лидер Ванчо Муратовски. Било предложено и свикување на вонреден конгрес, на кој требало Во Претседателството на Сојузот на синдикати на Македонија се формирала критична ...

СОНК не сака компромиси за процентите

Утрински - 24.06.2005

Синдикатот на просветарите со цврст став пред почетокот на преговорите со Владата ССМ го подржува штрајкот, но Муратовски го нема никаде МАЈА ТОМИЌ Вработените во образованието, науката и културата нема да прифатат никакво процентуално зголемување на платите доколку такво нешто им биде понудено на ...

Положани вршеше притисок врз просветарите

Дневник - 24.06.2005

ЦВЕТАНОВСКИ ОБВИНУВА Дојчин Цветановски, претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), вчера ги отфрли обвинувањата од министерот Азиз Положани дека ги злоупотребувал средношколците за протести.

Муратовски имаше поважна работа од протестот

Дневник - 24.06.2005

ССМ ГО ПРАВДА ЛИДЕРОТ Секретарот на ССМ, Рифат Јуршид, вчера се обиде да ги релаксира затегнатите односи помеѓу Муратовски и СОНК, но не одговори какви деловни обврски имал вчера синдикалниот лидер поради што не можел да се приклучи на протестот.

Муратовски е лицемер!

Вечер Прес - 24.06.2005

За лидерот на "просветните синдикалци", Дојчин Цветановски, на престојните преговори со премиерот Владо Бучковски, нема да има никакви понуди и пазарења. "Барањето е засновано врз основа на законот на работни односи. Не можеме повеќе да чекаме и затоа ја прозиваме Владата да го реши проблемот", ...

Штрајкот на просветарите ги продлабочи разликите во ССМ

А1 - 23.06.2005

Штрајкот на просветарите ги продлабочи разликите во ССМ. Првиот човек, Ванчо Муратовски, не се појави на најмасовните протести во земјава. Во негова одбрана излезе генералниот секретар, Рифат Јуршит. Го правдаше дека имал работа и затоа не можел да дојде на протестите. Не сакаше да каже што правел.

Дојчин на горчливо кафе кај Бучко

Вест - 23.06.2005

СОЦИЈАЛНИОТ ПРОТЕСТ ЗАВРШИ СО ОДЛАГАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ Дојчин им рече на демонстрантите: "Сме чекале толку години, три дена не се ништо", а доби и реакција: "Дојчин, овие те лажат. Ќе почнат одмори и ќе се разотидат, и никакви преговори нема да има" Иако СОНК најави голем социјален протест, вчера ...

Горко кафе и ветувања за просветните и за научните работници

Време - 23.06.2005

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ НА ПРОСВЕТНИЦИТЕ Мери Јордановска Разочарани и огорчени вчера пред Владата и Собранието протестираа околу пет илјади просветни работници, негувателки, наставници и припадници на армијата од повеќе градови кои бараа зголемување на платите.

Протестот на наставниците заврши со договор за преговори

Утрински - 23.06.2005

Околу 10.000 наставници протестираа пред Владата поради ниските плати Од СОНК бараат утврдување на најниската плата, согласно со потпишаните колективни договори Под слоганот "Со еден отсто ни згазнавте 100 отсто во душатааи, околу 10.000 вработени во образованието, науката и културата вчера одржаа ...

Пет илјади просветари разочарани си отидоа дома

Дневник - 23.06.2005

СОЦИЈАЛНИОТ ПРОТЕСТ ПОЧНА И ЗАВРШИ ВЧЕРА Протестот на околу 5.000 вработени во образованието, науката, културата и во одбраната почна и заврши вчера откако нивните синдикати се договорија со премиерот Владо Бучковски в недела повторно да преговараат за поголеми плати.

Преговори со Бучковски

Вечер Прес - 23.06.2005

"Се надеваа дека клекнати ќе ги молиме да ни дадат трошки од нивните шведски трпези! Но погрешија! Денеска имаат можност да ги поправат грешките! Ако денес не се случи тоа, на 1 септември нема да има учебна година во РМ!", со овој повик Дојчин Цветановски, лидерот на СОНК, вчера во 12 часот ги ...

Заврши протестот на вработените во образованието

А1 - 22.06.2005

Солидарен прилог од по еден денар за да го наполнат буџетот и уште еднаш да си ги зголемат платите на Владата денеска и дадоа просветарите кои протестираа за поголеми плати. „Јас немам ни денар да фрлам. Ние им даваме од жал, затоа што немаат тие, од торбата даваме во вреќето“, изјавија дел од ...

Ако има храброст, Муратовски нека се појави

Вест - 22.06.2005

ДЕНЕС - СОЦИЈАЛЕН ПРОТЕСТ: ЦВЕТАНОВСКИ ГО ПРЕДИЗВИКУВА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ "Не му гарантирам безбедност на претседателот на ССМ Ванчо Муратовски", вели претседателот на СОНК Дојчин Цветановски "Многу би сакал претседателот на ССМ да собере храброст и да излезе со нас на протест, ама се сомневам ...

„Со еден отсто ни згазнавте 100 отсто од душата“

Време - 22.06.2005

ПРОТЕСТИ НА ПРОСВЕТНИЦИТЕ Мотото под кое 37.000 вработени во образованието, науката, културата, армијата и безбедноста денеска ќе излезат на масовни протести ќе биде „Со еден отсто ни згазнавте 100 отсто од душата“. Сите тие се незадоволни со завчерашната одлука на Владата да ги зголеми нивните ...

Просветните работници денеска на масовен протест

Утрински - 22.06.2005

Владата не ги прифати барањата на СОНК за утврдување минимална плата За вработените е неприфатлив предлогот на Владата за зголемување на платите за 5 отсто МАЈА ТОМИЌ Под мотото "Со еден отсто Владата ни згасна 100 отсто во душатааи, вработените во образованието, науката и културата денеска ќе ...

Голем штрајк на просветарите

Дневник - 22.06.2005

денеска во скопЈе Под слоганот "со еден отсто ни згазнавте 100 отсто во душата" денеска вработените во градинките, училиштата, културните и во просветните институции ќе излезат на голем социјален протест пред Владата и пред Собранието, на кој ќе го изразат револтот од ниските плати.

Денеска протест

Вечер Прес - 22.06.2005

Со собирање пред платото на МНТ, денеска во 12 часот ќе почне протестот на вработените во образованието, науката и културата, на кој ќе им се приклучат и вработените во одбраната. Демонстрантите прво ќе се упатат кон Собранието, а потоа протестот ќе се пресели и пред Владата.

Утре штрајк на просветарите

А1 - 21.06.2005

Нема толку автобуси колку што има заинтересирани просветари од внатрешноста на земјава за утрешниот протест. Револтот на вработените во образованието, науката и културата е се поголем по вчерашниот неприфатлив владин предлог - платите да се зголемат за 1% или од 50 до 120 денари месечно.

Владата ги потцени просветниците со 120 денари

Време - 21.06.2005

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО СКОПЈЕ Повеќе од 37.000 просветни работници утре ќе излезат на масовни протести затоа што Владата предложила нивните плати да се зголемат за само 120 денари, информираат од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Одиме на протест, одбиваме милост од 400 денари

Дневник - 21.06.2005

СОНК против ПРЕДЛОГОТ на владата Владата е подготвена да ги зголеми платите на вработените во градинките, училиштата и во научните институции за 400 до 600 денари, со што ги налути синдикалците, кои од вчера дефинитивно се подготвуваат за утрешниот протест.

Најавен масов штрајк на СОНК

Канал5 - 21.06.2005

Масовен ќе биде утрешниот протест на вработените во образованието, науката и културата. Ова го најави претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски, кој рече дека револтот кај овие луѓе уште повеќе се зголемил по понудата на владините преставници за зголемува Масовен ќе биде утрешниот протест на ...

Владата и СОНК не се договорија, ќе има штрајк

А1 - 20.06.2005

Откако не успеаа да се договорат со Владата за утврдување на најниската плата, професорите, наставниците, воспитувачките и сите вработени во образованието, науката и културата во среда и дефинитивно ќе протестираат. Владата денеска им понуди зголемување на платите за 5% или од 400 до 600 денари, но ...