Од денеска, па секоја следна сабота на плоштадот "Македонија" ќе се одржува интересна програма за сите генерации, наречена "Суперско". Организатор е весникот"Вечер", телевизија "Канал 5", "Сити радио", Дирекција за култура и уметност на Скопје, а покровител е Град Скопје.
"Конкурсот заврши денеска и за две до три недели ќе се знаат директорите на Музејот на современа уметност, на Националната галерија и на уште 14 институции од областа на културата во Македонија", информира вчера Тодорче Тасевски, портпарол на Министерството за култура.
Основниот суд Скопје 1 покрена постапка за преиспитување на претходно донесената одлука, која беше потврдена и од Врховниот суд, со која државата беше прогласена за виновна поради задржување на цистерни со гориво на дистрибутерот "Макпетрол", и за претрпените штети требаше да му исплати отштета во ...
Гостите на хотелот "Термал" во бугарското летувалиште "Златни песоци", како и останатите во целиот комплекс, минале една будна ноќ поради бурен секс меѓу Македонец и Бугарка. Како што пишува бугарскиот спортски весник "7 дни Спорт", "виновникот" од македонска страна е помошниот тренер на ...
Денеска во Владата, конечно, треба да се стави на тапет судбината на над 1 милијарда евра државен капитал, кој остана надвор од приватизациските процеси во изминатите 12 години транзиција. По којзнае кој пат Комисијата за приватизација треба да пресече дали дебелото државно портфолио на акции и ...
Министерството за финансии на Србија завчера го потпиша долго очекуваниот договор за продажба на 88,64 отсто од државниот капитал на "Јубанка" на стратешкиот партнер од Грција "Алфа банка" за 152 милиони евра. Со тоа, до трети февруари ќе треба да се уплатат парите и да се пренесе сопственоста на ...
Вкупно 31 војник од касарната "Свети Никола" во сплитска Лора, во последните три дена се заразени со полесен облик на цревна инфекција, чиј причинител се уште е непознат. Десетмина војници со потешки симптоми се префрлени на Одделот за заразни болести на сплитската Клиничка болница, а 21 војник со ...
Од вечерва (во 19 ч.) на програмата на телевизијата "Канал 5" ќе почне да се емитува емисијата "Музика на струја", чиј водител и автор е Вики Ристовска, дел од екипата на "Сити радио". Во оваа емисија ќе биде третирана македонската забавна музика, од сите аспекти, значи ќе бидат застапени сите ...
Кошаркарите на Ф. Работнички засекогаш ќе го паметат настапот на европската сцена во сезоната 2004/2005 година. За кусо време соборија два неславни рекорда што не веруваме дека некој друг ќе ги повтори, посебно ако станува збор за клупско натпреварување од типот ФИБА Евролига.
Една од трите нумери на Роберт Билбилов правени за албумот на Кнез ќе учествува во трката за српски претставник на Евровизија. Баладата за која аранжманот го правеше Билбилов, а која, како што ни кажа тој, особено му се допаднала на Кнез, пред се, поради тоа што е поразлична од се што досега сме ...
Седуммина малолетници завчераутро се приведени в полиција. Тие ноќта во средата, меѓу 1.03 минути, провалиле во две продавници во центарот на Скопје, во "Авис" и во "Палета". Причинетата материјална штета се проценува на триесетина илјади денари.
В сабота, на седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се очекува конечно да се заземе став за евентуалната кандидатура на Никола Груевски за градоначалник на Скопје. Дури и овој термин за очекувана разврска, во Партијата се чува како тајна.
Делегација на политички претставници избрани во локалните институции во Прешево, Бујановац и Медвеѓа, вчера имаше средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Мала Речица. По средбата портпаролот Ермира Мехмети изјави: - Целта на посетата беше Али Ахмети да ги ислуша нивните проблеми, кои ги засегаат ...
Тешка железничка несреќа се случи вчера околу 10,20 часот на пругата во Маџари, на преминот на улицата "Благоја Стевковски", кај Кванташки пазар. Локомотива налета и едноставно го преполови автомобилот "голф" со скопски регистерски таблички, што се обидуваше да мине на црвен сигнал, преку затворена ...
Димитар Бузлевски, поранешен пратеник од СДСМ, еден од директорите во Телеком и можен кандидат за градоначалник на Ресен, всушност е еден од исклучително влијателните личности во партијата, иако во овој мандат на владеење на СДСМ не е на истурена позиција.
Повторно министрите и државниците од Србија и Црна Гора се однесуваат расипнички.Во иста насока, две државни делегации со засебни авиони заминаа за Брисел. Министерот Вук Драшковиќ, со неколкучлената делегација патуваше со државниот "лир џет 31", а Човиќ и Самарџиќ со редовната линија на ЈАТ.
Ресите на ногавиците на панталоните, нитните, штрасот, тексас панталоните и ѕвонарките, и натаму остануваат како "активна" гардероба. Ако немате ништа од ова, пробајте од обични панталона да направите ѕвонарки: едноставно испарајте ги ногавиците од надворешната страна, да речеме околу 10 см.
По цели 15 години самонаметната изолација од хрватските и медиумите во цела бивша Југославија, Бранимир Џони Штулиќ, легендарниот водач на групата "Азра" разговараше со новинарите на хрватски "Јутарњи лист". Средбата без негово знаење ја договорила неговата сопруга Стефани, па во првиот контакт со ...
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против триесет и деветгодишниот Тони К. од Куклиш, Струмичко. Тони ќе треба да одговара за кривично дело - неовластено произвотство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Руски инвестициски фонд следната недела доаѓа во Македонија за да ги почне преговорите со државните институции за влез во Македонија. Ова вчера ни го потврдија високи владини функционери кои тврдат дека претставниците на "Лукоил" ќе дојдат на преговори во Агенцијата за приватизација, но и во други ...
Италијанскиот шампион Милан победи во пет од девет номинации на прексиноќешната церемонија, при врачувањето на наградите на Асоцијацијата на фудбалерите во Италија за најдобрите во 2004 г. "Плејмејкерот" на миланезите, Кака, кој постигна десет гола минатата сезона, е прогласен за најдобар играч во ...
Конкурсот за филмска дејност ќе биде отворен цела година и Министерството за култура ќе прима сценарија. Исто така, проекти од филмската дејност може да се пријавуваат и на една од петте сесии на "Еуроимаж", која во април ќе се одржи во Скопје.
Убедливо најоткачениот фудбалер на Рома, извонредниот напаѓач Антонио Касано, покрај своите "бубачки" на теренот, секако е познат и како маж кој често е во друштво на убави жени. Вниманието на италијанската јавност го привлече и минатата недела, кога на модната ревија на шведската креаторка Ј.
Во штотуку завршениот мини-зимски, преоден рок за кошаркари најбериќетен беше тимот на МЗТ Скопје 2000, кој успеа во своите редови да ги донесе Хаџивасилев, Гаштарски, Радуловиќ и Николовски. Иако имаше договорна обврска со клубот "штрковите" му дозволија на Димитар Караџовски предвреме да го ...
Претседателот Бранко Црвенковски оценува дека единствен начин да се расветли случајот "Раштански лозја" е да се заврши судската постапка и врз основа на сите докази, информации и сведочења, да се утврдат фактите. Чинот на помилување на поименично определени лица со цел ослободување од гонење, би го ...
Два дена откако помпезно беше претставен најголемиот патнички авион на светот "ербас А380", британските пилоти предупредија дека нема да летаат со ова летало се додека не добијат уверение дека се решени сите безбедносни проблеми.
Здружение за развој на турските медиуми на Македонија, вечерва во хотелот Холидеј ин од 19 часот ќе ја одржи церемонијата на доделувањето на наградите на најуспешните личности од турско потекло во Македонија, за 2004 година. Наградите, наречени "Кутлук Вели" (според името на значајниот спикер) ќе ...
Фирмата "Лијановиќ" - Загреб по "Стипината паштета", која политичко претставување доживеа на прославата на изборната победа на Стипе Месиќ, на пазарот во Хрватска наскоро планира да пласира нов производ под сугестивно име "Стипин гулаш".
"Ова е стравотен хаос, кој воопшто не асоцира на однесување на интелектуалци во академска институција, туку на примитивни животни кои не почитуваат никакви правила, освен правилото да се заврши побрзо обврската, па и по цена да се изгазат колегите", се жали една студентка пред шалтерот за ...
Крушево - Првата република на Балканот претставува свет за себе, каде што минатото на еден магичен начин живее заедно со сегашноста. Во ова гратче на мал простор се сместени многу споменици: куќата на Никола Карев, споменикот на НОВ, споменикот на Илинденското востание и Крушевската Република, ...
Случајот "печатница" на поранешниот НИП "Нова Македонија" заглави во правните лавиринти. Иако се очекуваше словенечката фирма "Цетис" од Велење, која единствена достави понуда по третиот тендер за продажба на најстарата печатница во државава, веднаш да ги уплати понудените 2,6 милиони евра и да ...
Една од најпрометните градски сообраќајници, улицата "Ѓорче Петров" годинава, конечно, има шанси да биде реконструирана. Таа во моментов е во мошне лоша состојба што е резултат на голема френкфенција на возила, но нејзината санација, според надлежните, ќе го почека пуштањето во промет на дел од ...
Пред неколку дена Ненад Ѓорѓиевски си го поднови својот возен парк. Тој за неколку илјади евра купи црвена опел астра, на старо од Здравко -член на групата "Арија". "Време беше и јас да купам некој фин автомобил. Немав пари да купам нов, но било каков автомобил е подобар од "101" кој го возев ...
По иницијатива на весникот "Вечер" , во организација со телевизијата "Канал 5", и "Сити радио", со поддршка од скопскиот градоначалник Ристо Пенов и Дирекција за култура и уметност на град Скопје од оваа сабота, 29 јануари на плоштадот "Македонија" ќе се одржува интересна програма наречена ...
Падот на царините од 1 јануари наваму им дојде како "кец на десетка" на увозниците и трговците во државата. Од почетокот на годината искористени се огромен број на квоти со земјите со кои имаме потпишано договори за слободна трговија.
БЕЛГРАД, 24 ЈАНУАРИ(МИА). - Црногорската Управа за борба против организираниот криминал до руската Финансиска разунавачка служба доставила барање за проверка на десетина лица од Русија и Белорусија, за кои постои сомневање дека "перат пари" во Црна Гора, објави белградскиот весник "Глас јавности".
Министерот за култура Благој Стефановски, саботата, во црквата "Свети Пантелејмон" ја отвори манифестацијата "Велес - град на културата", посакувајќи мноштво настани и враќање на градот на местото кое го заслужува на културната мапа на Македонија.
Со "падот" на еден дваесет и петгодишен американски морнар, кој поради детска порнографија е уапсен во Вирџинија Бич, јавноста дозна за опсежната, долготрајна и многу скапа тајна операција на специјалните служби на федералната полиција што ги следела компликуваните мрежи и тековите на детската ...
Од неодамна на територијата на Скопје, Куманово, Гостивар, Тетово, Охрид и Струга екпериментално почна да зрачи телевизијата "Алсат-М" која доби национална концесија и ќе биде резервирана да емитува програма претежно на албански јазик.