ПО ШОКАНТНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА ИНСПЕКТОРАТОТ Поранешниот ректор на Државниот универзитет во Тетово Неџбедин Беадини, проректорите, деканите и целото раководство на ДУТ најверојатно кривично ќе одговараат за целиот хаос што се случувал во оваа високообразовна институција во последниве години, тврдат ...
Министерот за образование и наука, Сулејман Рушити, изјави дека Тетовскиот универзитет нема да биде затворен и оти Министерството ќе преземе активности за средување на состојбата, која Државниот просветен инспекторат ја сондираше во извештајот што и' го достави на Владата.
Државниот универзитет во Тетово нема да биде затворен, туку ќе се трансформира Државниот универзитет во Тетово нема да биде затворен, туку ќе се трансформира, а професорите и ректорската управа ќе одлучуваат дали ќе ги прогласат за невалидни дипломите издадени во изминатите две години.
Случајот со тетовскиот универзитет на најдрастичен начин покажа до кое ниско ниво може да падне една образовна институција кога ќе добие политичко-партиско патронство По три години излегоа на виделина основите врз кои функционирал Државниот универзитет во Тетово.
Државниот универзитет во Тетово не може да биде универзитет бидејќи условите за работа ги исполнуваат само три факултети, а не пет колку што предвидува Законот за високо образование, пишува во завршниот извештај на просветната инспекција.
Од извршениот увид во документацијата е констатирано дека само два од петте факултети и тоа Природно математичкиот и Факултетот за хумани науки и уметности и центарот за политехнички студии ги исполнуваат условите за вршење високообразовна дејност.
Државниот Тетовски универзитет не ги исполнува условите за универзитет, зошто само два факултети и центарот за политехнички науки ги задоволуваат критериумите за вршење високо образовна дејност. Само на овие студии имало легално вработени наставно научни кадри.
Продолжува хаосот и разногласието за Тетовскиот универзитет. Најновата информација од владата е дека за две недели ќе се одржат избори за нов сенат и ректор. Сугестијата доаѓа по наодот на просветниот инспекторат дека државната институција ја водат луѓе без легитимитет.