TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тетовскиот универзитет пред затворање

Време - 11.11.2006

ПО ШОКАНТНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА ИНСПЕКТОРАТОТ Поранешниот ректор на Државниот универзитет во Тетово Неџбедин Беадини, проректорите, деканите и целото раководство на ДУТ најверојатно кривично ќе одговараат за целиот хаос што се случувал во оваа високообразовна институција во последниве години, тврдат ...

Рушити

Утрински - 11.11.2006

Министерот за образование и наука, Сулејман Рушити, изјави дека Тетовскиот универзитет нема да биде затворен и оти Министерството ќе преземе активности за средување на состојбата, која Државниот просветен инспекторат ја сондираше во извештајот што и' го достави на Владата.

Тетовскиот универзитетот ќе се трансформира

Дневник - 11.11.2006

Државниот универзитет во Тетово нема да биде затворен, туку ќе се трансформира Државниот универзитет во Тетово нема да биде затворен, туку ќе се трансформира, а професорите и ректорската управа ќе одлучуваат дали ќе ги прогласат за невалидни дипломите издадени во изминатите две години.

Тетовскиот падна на испит

Дневник - 11.11.2006

Случајот со тетовскиот универзитет на најдрастичен начин покажа до кое ниско ниво може да падне една образовна институција кога ќе добие политичко-партиско патронство По три години излегоа на виделина основите врз кои функционирал Државниот универзитет во Тетово.

Тетовскиот не исполнува услови да биде универзитет

Дневник - 10.11.2006

Државниот универзитет во Тетово не може да биде универзитет бидејќи условите за работа ги исполнуваат само три факултети, а не пет колку што предвидува Законот за високо образование, пишува во завршниот извештај на просветната инспекција.

Тетовскиот универзитет дива лига

Вечер Прес - 10.11.2006

Од извршениот увид во документацијата е констатирано дека само два од петте факултети и тоа Природно математичкиот и Факултетот за хумани науки и уметности и центарот за политехнички студии ги исполнуваат условите за вршење високообразовна дејност.

Државниот Тетовски универзитет нема стандарди за работа

А1 - 09.11.2006

Државниот Тетовски универзитет не ги исполнува условите за универзитет, зошто само два факултети и центарот за политехнички науки ги задоволуваат критериумите за вршење високо образовна дејност. Само на овие студии имало легално вработени наставно научни кадри.

На 20 ти овој месец на тетовскиот универзитет да се избираат членови на сенатот

Канал5 - 06.11.2006

Продолжува хаосот и разногласието за Тетовскиот универзитет. Најновата информација од владата е дека за две недели ќе се одржат избори за нов сенат и ректор. Сугестијата доаѓа по наодот на просветниот инспекторат дека државната институција ја водат луѓе без легитимитет.